Law on tobacco, tobacco products and related products
صدر في 2019-05-17 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за тутун , производи од тутун и сродни производи.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- tobacco, processing/handling, internal trade, international trade, offences/penalties, plant production, agricultural commodities
- الفئات
- *, agriculture
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Стр. 92 - Бр. 98 21 мај 2019 Neni 5 Në nenin 18 në alinenë 7 në fund të fjalisë lidhëza "dhe" zëvendësohet me pikëpresje: Në alinenë 8 pika në fund të fjalisë zëvendësohet me lidhëzën "dhe". Pas alinesë 8 shtohet aline e re 9, si vijon: "- çmimi ―Meto Jovanovski‖ me 10 dhjetor - Dita Ndërkombëtare e të Drejtave të njeriut.‖. Neni 6 Në nenin 19 në alinenë 1 pas fjalëve: ―Mito Haxhi Vasilev Jasmin‖ lidhëza "dhe― zëvendësohet me presje, ndërsa pas fjalëve: ―Nënë Tereza‖ shtohen fjalët: ―dhe Meto Jovanovski‖. Neni 7 Ky ligj hyn në fuqi në ditën e tetë nga dita e botimit në ―Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut‖. 1254. Врз основа на членот 75, ставови 1, 2 и 3 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Ре публика Северна Македонија и претседателот на Собра нието на Република Северна Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ (*) Се прогласува Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 24 април 2019 година. Бр. 08-2586/2 Претседател на Република 17 мај 2019 година Северна Македонија, Скопје Стево Пендаровски, с.р. Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, м-р Talat Xhaferi, с.р. З А К О Н ЗА ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ ( * ) I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој закон се уредуваат производството, отку пот, обработката и прометот на необработениот и обра ботениот тутун, производството и прометот на произ водите од тутун и сродните производи, како и догова Со овој закон се врши усогласување со ДИРЕКТИВА 2014/40/EУ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 3-ти април 2014 година за приближување на законите, регула тивите и административните одредби на земјите-членки за произ водството, претставување и продажба на тутунски и сродни про изводи и за укинување на Директивата 2001/37/EC, CELEX број 32014L0040 и ДИРЕКТИВА 2011/64/EУ НА СОВЕТОТ од 21 ју ни 2011 година за структурата и стапките на акциза кои се приме нуваат кај преработен тутун, CELEX број 32011L0064. рањето на производството и откупот на тутунот, регис тарот на откупувачи на тутун, начинот на спроведува ње на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун, регистарот на производители, из возници и увозници на производи од тутун и сродни производи, регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење, адитиви во производи од тутун, изглед и пакување на производи од тутун и сродни производи, предупредувања и информативни пораки на производи од тутун и сродни производи, фи нансирањето, контролата на тутунот, производите од тутун, сродните производи и адитивите. Член 2 Тутун во смисла на овој закон се сметаат лисја до биени од растенија на видот никотиана табакум (Nicotiana tabacum L) во сите форми и фази на произ водството и обработката (сушење, манипулација, фер ментација, пакување и чување) и кој не служи за крајна потрошувачка. Член 3 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следното значење: 1. Производи од тутун се производите подготвени од тутун за пушење, тутун за џвакање, тутун за шмрка ње и несогорлив тутун; 2. Сродни производи се производи кои се поврзани со производите од тутун, со електронските цигари, контејнерите за многукратно полнење, течностите што содржат никотин и производите слични на производи те од тутун, а кои се изработени од растителни (билни) материјали; 3. Пушење е поседување или користење на тутун ски производ кој согорува, без оглед дали чадот актив но се вдишува или издишува; 4. Тутунски чад е чад ослободен од тутунски про извод кој согорува при негово користење и чад ослобо ден од белите дробови за време на пушењето; 5. Пури се свитоци од тутун наменети за пушење, со една обвивка или со внатрешна и надворешна об вивка, кои се: направени исклучиво од природен тутун, со надворешна обвивка од природен тутун или свитоци на тутун со иситнето мешано полнење и со надворешна обвивка со кафена боја во сите нијанси, изработена од реконституиран тутун. Единечната маса не е помала од 2,3 g и не е поголема од 10 g, а обемот на производот најмалку на една третина од должината не е помал од 34 mm и тежината по парче е просечната тежина на 1000 парчиња; 6. Цигарилоси се свитоци од тутун наменети за пу шење, со една обвивка, кои се: направени исклучиво од природен тутун или свитоци на тутун со иситнето мешано полнење и со надворешна обвивка со кафена боја во сите нијанси изработена од реконституиран тутун, која целосно го опфаќа производот, вклучувајќи, каде што е соодветно и филтерот, но не го обвива усникот (чибук) кај цига рилосите со усник (чибук). Единечна маса без филте рот или усникот, не е помала од 1,2 g и не е поголема од 3 g и кај кои обемот на производот е поголем од 5 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 93 mm, а е помал од 34 mm и тежината по парче е просеч ната тежина на 1000 парчиња без филтер и додаток за во уста. 7. Тутун за луле е тутун за пушење кој може да се консумира преку постапка на горење и кој е наменет исклучиво за користење во луле; 8. Tутун за водено луле (наргиле) e тутунски про извод за пушење кој може да се консумира преку воде но луле (наргиле). Се состои од тутун со содржина или без содржина на глицерол, ароматични масла и ек стракти, меласа или шеќер, ароматизирана или неаро матизирана со овошје; 9. Реконституиран или хомогенизиран тутун е фолија со дебелина на тутунски лист изработена од тутунска прашина, тутунска ситневина и тутунски реб ра поврзани со соодветни скробни лепила; 10. Тутунски ребра се главна нерватура (жили) на тутунските лисја кои по соодветна обработка влегуваат во состав на тутунските производи; 11. Цигара е ролна од сечен тутун (или тутун и друга материја) што може да се пуши како што е, но што не е пура или цигарилос. Ролната од сечен тутун (или тутун и друга материја) е завиткана во цигарна хартија или вметната во цигарна хартија; 12. Тутун за пушење: сецкан или на друг начин иситнет, ткаен (развлак нет) или во плочи пресуван тутун кој може да се пуши без натамошна индустриска преработка, кога е наменет за пушење и малопродажба, а не спаѓа во пури и цига рилоси или во цигари, фино сецкан тутун за правење цигари кога 25% по маса од парчињата тутун имаат ширина помала од 1,5 мм, како и 25% по маса од парчињата тутун со ширина поголема од 1,5 мм и кој е продаден или наменет да се продаде за правење цигари и тутунот за пушење од алинејата 1 на оваа точка ќе се смета како и на друг начин подготвен тутун за пу шење, освен фино сецканиот тутун за виткање цигари од алинејата 2 на оваа точка; 13. Тутун за самостојно виткање цигари е тутун за пушење кој е изработен со индустриски процес (се чен, сосиран, ароматизиран, пакуван во мали единечни опаковки), наменет да се пушти во легален промет за рачно правење цигари, кои ги изработуваат самите пот рошувачи; 14. Режан тутун е тутун за пушење кој не е индус триски изработен, служи за рачно правење на цигари и пушење во луле и кој е наменет да се пушти во нелега лен промет; 15. Тутун без чад е производ кој при консумирање не согорува, вклучувајќи го тутунот за џвакање, тутун за шмркање и тутунот за орална употреба; 16. Тутун за шмркање е тутун во форма на прав или во форма на зрнца кој не е соодветен за пушење туку е за шмркање; 17. Тутун за џвакање е тутун во форма на стап чиња, коцки, крукчиња или фолии кои се така подгот вени да не се соодветни за пушење туку за џвакање; 18. Тутун за орална употреба ги опфаќа сите про изводи од тутун, наменети за шмркање или џвакање, направени целосно или делумно од тутун, во форма на прашок или во форма на парчиња или во каква било комбинација на тие форми, особено оние што се нудат во пакувани ќеси или порозни ќеси или во форма слич на на прехранбени производи; 19. Несогорлив тутун е вид на производ од тутун кој се користи со помош на уред во кој тутунот се заг рева, не согорува, а се инхалираат продуктите кои ис паруваат при загревањето; 20. Електронска цигара е производ кој може да се користи за консумирање на пареа која содржи никотин преку усник (чибук) или каков било друг составен дел на тој производ, вклучувајќи влошка, резервоар и апа рат без влошка и резервоар. Електронските цигари мо жат да бидат потрошни (за една употреба) или цигари кои повторно се полнат преку резервоарот за повторно полнење или кои можат повторно да се полнат со по мош на влошки за еднократна употреба. Електронските цигари се разликуваат од производите од тутун со тоа што не содржат тутун; 21. Контејнер за повеќекратно полнење е сад со течност, независно дали содржи или не содржи нико тин, кој може да се користи за полнење на електронска та цигара; 22. Растителни (билни) производи за пушење се производи изработени од исушени делови на растенија или овошја, кои не содржат тутун, а може да се консу мираат по пат на постапка на согорување или загре вање; 23. Катран е дехидриран суров кондензат од чадот, кој не содржи никотин; 24. Никотин е никотински алкалоид; 25. Јаглероден моноксид е токсичен гас кој е сос тавен дел од чадот што се јавува при пушењето; 26. Адитив на производот од тутун е секоја суп станца освен тутунот која се додава на производот од тутун со цел за подготовка, третман, преработка и па кување со намера да се влијае на органолептичките, хе миските, физичките и микробиолошките карактеристи ки на производот; 27. Пакување е единечна кутија или опаковка во која се продава производот од тутун, не земајќи ја предвид проѕирната опаковка; 28. Необработен тутун е тутун во листови, исушен, индустриски необработен и кој не може да се употреби за производство на тутунски преработки, а според на чинот на кој е изведено сушењето се групира на: тутун сушен во посебни објекти со контролирана циркулација на воздух, температура и влажност (flue – cured), светол тутун сушен под сенка (light air – cured), темен тутун сушен под сенка (dark air – cured), тутун сушен на сонце (sun – cured) и тутун сушен на оган согласно со царинската тари фна ознака 2401 (fire – cured); 29. Јарма бала е пакoвна единица од необработен тутун, спакуван во обвивка од конопено или памучно платно; 30. Картонска кутија е паковна единица на необ работен тутун и/или обработен тутун; 31. Дара е тежина на амбалажниот материјал (об вивка од конопено или памучно платно или картонска кутија) која се одбива од вкупната тежина на паковната единица; Стр. 94 - Бр. 98 21 мај 2019 32. Ферментиран тутун е полуфабрикат кој се до бива под дејство на надворешни (температура, рела тивна влага, аерација) и внатрешни (тутунски фер менти), фактори од моментот на изумирање на клетка та кај тутунскиот лист; 33. Тонга бала е пакoвна единица од индустриски класи на необработен или обработен тутун во лист, спакуван во обвивка од конопено или памучно платно или картонска кутија; 34. Тутунско семе е орган за размножување и е на менето за производство на тутун по пат на генеративно размножување; 35. Пелетирано (пилирано) тутунско семе е семе специјално обработено и обложено со материја; 36. Производство на тутун е производство на тутунски расад, расадување, одгледување на тутунски растенија на нива, откинување на лисјата од растени јата, сушење на тутунските лисја и примарна (до машна) манипулација на исушениот тутун; 37. Откуп на тутун е процена и преземање на ису шениот тутун (исушен на начин дефиниран во точка 26), во соодветни простории, со опрема и услови пред видени со овој закон; 38. Проценител на тутун е лице кое поседува ли ценца за процена на тутун и самостојно врши процена на тутунот при откупот; 39. Највисока асоцијација на тутунопроизводи тели е репрезентативен сојуз на здруженија на произ водителите на тутун кој е овластен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на начин и услови согласно со овој закон; 40. Обработен тутун претставува: а) за ориенталски и полуориенталски тутуни-цели суви листови кои се индустриски манипулирани во тр говски класи и/или се ферментирани (сезонски, вонсе зонски, ридраинг и софтдраинг постапка) и задолжи телно мораат да бидат пакувани во тонга бали или картонски кутии; б) за крупнолисни тутуни-суви листови во делови, кои по сушењето и/или ферментацијата на целите лис тови, се индустриски оджилени/стрипсирани (оголени), потсечени, кршени или исечкани (вклучувајќи исечка ни делови во различна форма, но не и готов тутун за пушење), класирани во индустриски класи и пакувани во тонга бали или картонски кутии; в) тутунски ребра-добиени по оджилувањето од листовите на крупнолисните типови тутун; г) тутунско фолио (реконструиран тутун) - добиен со индустриски процес од тутунски отпадоци и служи како суровина за изработка на производи од тутун и сродни производи; д) експандиран тутун (Expanded tobacco) или па фингиран тутун (Puffed tobacco) е индустриски обрабо тен тутун чијашто структура на листот и големината на честичките е зголемена со специјална обработка која се состои од комбинација на топлина, обработка со висок притисок и средство за експанзија. Се користи во туту нската мешавина заедно со останатите тутуни, при из работката на цигарите, со цел да се намали содржината на катран и никотин во чадот и ѓ) обработен тутун од точките в), г) и ѓ) може да би де и третиран (сосиран или натопен) со течност со со одветен состав, главно со цел да се спречи мувлосува њето и потсушувањето во текот на складирањето и транспортот и да се зачува миризливоста; 41. Обработка на тутун е индустриска манипулација и ферментација (сезонска, вонсезонска, ридраинг и софт драинг постапка) за добивање на обработен тутун; 42. Промет на необработен тутун е купопродажба на домашен пазар и увоз на необработен тутун; 43. Промет на обработен тутун е купопродажба на домашен пазар, извоз и увоз на обработен тутун; 44. Производство на производи од тутун е индус триска постапка за производство, пакување на произво дите направени од тутун, кои се наменети за пушење, џвакање и шмркање; 45. Произведена партија на производи од тутун е количество на производи од тутун од една иста тргов ска марка кои се произведени во текот на едно троме сечје од страна на регистриран производител на произ води од тутун; 46. Увезена партија на производи од тутун е ко личество на производи од тутун од една иста трговска марка со исто потекло и се увезени во текот на едно тромесечје од страна на еден регистриран увозник на производи од тутун; 47. Промет на производи од тутун и сродни про изводи е извоз, увоз, продажба, како и секоја друга ак тивност за промет на производи од тутун; 48. Следливост е постапка со која се следи и про верува тутунот, адитивите или штетните супстанции кои ги има или е очекувано да бидат вградени во про изводите од тутун преку сите фази на производство, промет и дистрибуција; 49. Квалитет на тутун е збир од позитивни фи зички, хемиски и дегустативни карактеристики. Од фи зичките карактеристики како поважни се бојата, сод ржајноста, миризливоста, инсерција, големината на лис товите, тип на тутун и класа. Од хемиските како поваж ни се: содржината на никотин, шеќери, полифеноли, белковини, минерални материи. Од дегустативните свој ства од особена важност се: аромата, вкусот и јачината кои се чувствуваат при пушењето и согорливоста; 50. Квалитет на производи од тутун е збир од по зитивни хемиски и дегустативни карактеристики. Од хемиските карактеристики како поважни се: хемискиот состав на полнежот на тутунскиот производ (главно содржината на никотин, шеќери, полифеноли, белко вини, минерални материи), хемискиот состав на тутун скиот чад (никотин, катран, јаглероден моноксид), де густативни карактеристики (аромата, вкусот, ирита ција, физиолошка сила-јачина кои се чувствуваат при пушењето и согорливоста); 51. Контрола на тутун, производи од тутун и сродни производи е утврдување на присуството на штетни материи и други загадувачи/контаминенти (фи зички, хемиски и биолошки) од аспект на обезбедува ње на квалитет и безбедност на истите; 52. Мониторинг е редовно (планирано) набљудува ње и бележење на активности кои се одвиваат во про изводството и обработката на тутунот и производите од тутун, од страна на надлежни државни органи сог ласно со овој закон; 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 95 53. Контаминент е секоја супстанца и/или матери јал од хемиска, биолошка или физичка природа, што ненаменски е присутна во тутунот и производот од тутун како резултат на производство, сушење, прера ботка и пакување вклучувајќи го и загадувањето од жи вотната средина; 54. Хемиски контаминенти во тутунот и произво дот од тутун се: пестициди и нивни остатоци (хербициди, инсектициди, фунгициди, родентициди, лимациди); 55. Физички контаминенти во тутунот и произ водот од тутун се: различни остатоци од органско и неорганско потекло (слама, текстил, пердуви, дрво, пластика, стакло, метал, неживи инсекти и делови од нив), како и контаминација со радиоактивни честички кои предизвикуваат различно јонизирачко зрачење; 56. Биолошки контаминенти во тутунот и произ водот од тутун се: живи инсекти, нивните ларви како и присуство на микроорганизми кои предизвикуваат за гадување; 57. Ароматична материја значи адитив кој се до дава во производот и со кој се делува на миризбата и/или вкусот на производот; 58. Карактеристична арома значи јасно примет лив мирис и вкус, освен тутунскиот, кој е резултат од адитивите или комбинациите од адитиви, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, аромата на овошје, за чини, билки, алкохол, слатки, ментол или ванила, која се приметува пред или за време на консумирањето на производот од тутун; 59. Нетутунски материи при откупот на тутунот се различни остатоци од органско и неорганско потек ло (слама, текстил, пердуви, дрво, пластика, стакло, ка мен, метал, неживи инсекти и делови од нив); 60. Примерок за анализа е количество од тутун и производ од тутун земен за вршење на анализа; 61. Мостри тутун се репрезентативни примероци на тутун по типови и класи согласно со мерилата за квалитативна и квантитативна процена на тутунот. Член 4 Тутунот, производите од тутун и сродните произво ди може да се произведуваат, откупуваат, обработу ваат, евидентираат и ставаат во промет согласно со од редбите од овој закон. За се што не е уредено со овој закон важат одредби те од Законот за трговија, Законот за облигационите односи и Царинскиот закон и други закони со кои се уредуваат односите во прометот. Член 5 Поимите дефинирани согласно со членот 3 од овој закон ќе бидат употребени за определување на надо месток кој ќе се применува кај различните групи на производи во согласност со Законот за акцизите. Член 6 Одредбите на овој закон не се однесуваат на зелени делови од тутунското растение, необработен или обра ботен тутун, производи од тутун и сродни производи наменети за наставно-научни цели (лабораториски ис тражувања, анализи, тестирањa, oпити и експери менти), за саемски манифестации и за трговски из ложби. II. ПРОИЗВОДСТВО НА ТУТУН Член 7 Производители на тутун во смисла на овој закон се носители на земјоделско стопанство кои се евиденти рани во Eдинствениот регистар на земјоделски стопан ства (во натамошен текст: ЕРЗС) и имаат договор за производство и откуп на тутун склучен со правен суб јект регистриран за откуп и обработка на тутун (отку пувач). За производство на тутун за потребите на наставно научните институции од областа на биотехничките на уки не се склучува договор. Во случај на промена на претходно пријавените по датоци во ЕРЗС, производителот е должен пред склу чувањето на договорот за производство на тутун, да ги обнови податоците, согласно со Законот за земјодел ство и рурален развој. Член 8 Откупувачот со склучувањето на договорот од членот 7 став 1 од овој закон, е должен веднаш, во електронска форма да ги внесе потребните податоци од ставот 5 на овој член за договореното производство на тутун во елек тронскиот систем од членот 10 од овој закон. Со внесување на податоците од ставот 1 на овој член се пријавува договореното производство на тутун од тековната реколта во електронскиот систем од чле нот 10 од овој закон. Откупувачот е должен по завршувањето на крајни от рок од склучувањето на договорите, до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумар ство и водостопанство одговорна за подрачјето на про изводство, во рок од десет работни дена, да достави список на сите склучени договори во електронска фор ма и по еден примерок од секој склучен договор. Откупувачот е должен да пријави во електронскиот систем од членот 10 од овој закон какви било промени во договореното нивско производство, односно целос на или делумна промена на пријавените катастарски парцели како и соодветна корекција во договорените количини на тутун до крајот на јули во тековната го дина. Видот на податоците од членот 7 став 3 од овој за кон и ставот 3 на овој член, начинот на запишување, промената, бришењето, потребната придружна доку ментација за запишување, начинот за ракување, упот ребата, објавувањето и чувањето на податоците од сис темот од членот 10 од овој закон ги пропишува минис терот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 9 Наставно-научните институции од членот 7 став 2 од овој закон произведеното количество на тутун мо жат да го дадат на продажба на регистрирани откупу вачи на тутун со меѓусебна спогодба, а остварените средства да бидат приход на наставно-научните инсти туции од областа на биотехничките науки. Наставно-научните институции од областа на био техничките науки го пријавуваат производството, пов ршините, типовите тутун, очекуваното производство на тутунско семе и необработениот тутун до Минис терството за земјоделство, шумарство и водостопан ство. Стр. 96 - Бр. 98 21 мај 2019 Наставно-научните институции од областа на био техничките науки пријавувањето на производството, површините, типовите тутун и очекуваното производ ство на тутунско семе го вршат согласно со Законот за семенски и саден материјал. Наставно-научните институции од областа на био техничките науки производството, површините, типо вите тутун и очекуваното производство на необработе ниот тутун го вршат со пријава на производство нај доцна до 30 јуни во тековната година. Формата и содржината на образецот на пријавата, како и начинот на доставување на пријавата од ставот 4 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 10 Министерството за земјоделство, шумарство и во достопанство води информативен систем за евиденција на тутун (во натамошниот текст: ИСЕТ) за пријавени, евидентирани, договорени површини и количини и от купени количини тутун по производители, откупувачи, по типови и класи на тутун, по реколти поединечно, како и обработка на податоци и анализи. Минимално техничките стандарди и услови кои треба да ги исполнуваат опремата, хардверот и фун кционалноста на софтверот за електронскиот систем од ставот 1 на овој член, начинот на користење, одржува ње и надградба на електронскиот систем ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопан ство. Член 11 Производителите на тутун се должни да употребу ваат сертифициран семенски материјал од откупувачи те на тутун, а обезбеден од регистриран снабдувач на семенски материјал од тутун согласно со Законот за се менски и саден материјал. Откупувачот на тутун е должен да обезбеди серти фициран семенски материјал од тутун од регистриран снабдувач на семенски материјал од тутун, согласно со Законот за семенски и саден материјал, според догово рените површини, во количина најмалку од 90 г./ха за ориентален тутун, од 40 г./ха за полуориентален тутун и од 20 г./ха за крупнолисни сорти на тутун, а за пелет рирано семе во количина најмалку 250 г./ха за ориента лен тутун, 90 г./ха за полуориентален тутун и 40 г./ха за крупнолисни сорти на тутун. Откупувачот на тутун може да обезбеди и тутунски расад соодветно на договорените површини со произ водителите на тутун. Откупувачот на тутун со семенскиот материјал обезбеден согласно со ставот 2 на овој член може да организира производство на расад самостојно или во соработка со регистрираниот производител на тутун ски расад согласно со Законот за семенски и саден ма теријал. Откупувачот на тутун за издадениот семенски мате ријал на производителите на тутун им издава документ со датум и потпис потпишан од договорните страни во кои се наведени количеството, типот и сортата на тутун. За издадениот семенски материјал и/или расад, от купувачот на тутун составува список по производи тели. Откупувачот на тутун е должен репроматеријалот (семенски материјал и производи за заштита на расте нија во расадопроизводство), да им ги обезбеди без на доместок на тутунопроизводителите, најдоцна до 31 март во тековната година. Член 12 Производителот на тутун е должен, целокупниот произведен тутун да го продаде на откупувачот на тутун со кој склучил писмен договор за производство и откуп на тутун, а откупувачот на тутун е должен да го откупи истиот, под условите предвидени со договорот. По исклучок од ставот 1 на овој член, производите лот на тутун може да го продаде тутунот на друг отку пувач на тутун ако договорот е раскинат под условите предвидени со овој закон. III. ДОГОВОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ОТКУП НА ТУТУН Член 13 За производство и откуп на тутун, производителот на тутун склучува договор со откупувачот на тутун. За производство и откуп на тутун за една производ на година, за иста површина и производство, произво дителот на тутун не може да склучи договор со повеќе откупувачи на тутун. Откупувачот на тутун е должен содржината на до говорот јавно да ја објави најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на от купувачот на тутун и на локалната веб страница на от купувачот доколку истата постои. Откупувачот на тутун е должен содржината на до говорот да ја достави до највисоката асоцијација на тутунопроизводители кои ја објавуваат на својата ог ласна табла и на својата веб страница доколку истата постои. Член 14 Договорот од членот 13 став 1 од овој закон се склучува во писмена форма. Пред склучувањето на договорот, откупувачот на тутун е должен да побара писмено мислење за содржи ната на договорот од највисоката асоцијација на туту нопроизводителите, најдоцна до 20 февруари во теков ната година. Највисоката асоцијација на тутунопроизводителите е должна да достави мислење до откупувачот на тутун во рок од пет дена од денот на приемот на содржината од договорот. Доколку највисоката асоцијација на тутунопроизво дители не се произнесе во рокот од ставот 3 на овој член, ќе се смета дека нема забелешки по содржината на договорот. Откупувачот на тутун не смее да склучува договор за количини на тутун за кои прoизводителот на тутун има склучено договор со друг откупувач на тутун за една производна година, за иста површина и производ ство, освен во случаите предвидени со членот 12 став 2 од овој закон. 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 97 Откупувачот не смее да склучува договор за коли чини на тутун за кои производителот има склучено до говор со друг откупувач за една производна година и едно исто производство. Откупувачот склучува договор со производителот за еден или повеќе типови тутун. Договорот од ставот 1 на овој член се склучува нај доцна до 31 март во тековната година. На договорот од ставот 1 на овој член соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи доколку поинаку не е определено со овој закон. Доколку над откупувачот на тутун со кој бил склу чен договорот за откуп е отворена постапка за стечај, постапка за ликвидација, е избришан од регистарот на откупувачи на тутун или не обезбедил средства за от куп на тутун согласно со овој закон, производителот на тутун може да склучи нов договор со друг откупувач на тутун по истекот на рокот од ставот 7 на овој член. Член 15 Договорот за производство и откуп на тутун (во на тамошниот текст: договор) особено содржи: податоци за договорните страни, предмет на договорот (податоци за тип и сорта на тутун, површина и количина по катастарски парцели), откупна цена на тутунот по класи, времетраење на договорот, можност за откуп на вишок на производство на договорените површини повеќе од количеството наве дено во договорот, права и обврски на договорните страни, обврска за исплата на надоместокот за организи рањето и застапувањето на претставникот од највисо ката асоцијација на тутунопроизводители при откупот на највисоката асоцијација на тутунопроизводители, начин и рок на исплата на откупениот тутун, одредби за еднострано раскинување на договорот, одредби за евентуално пренесување на договорот на друг субјект, одредби за евентуално обезбедување и исплата на тутунски расад согласно со членот 11 став 4 од овој за кон, место и време на склучување на договорот, висината на авансот, начинот на авансирање и рок на враќање на авансот во случајот од членот 16 од овој закон, заштита на тутунскиот расад од болести, штетни ци и плевели, согласно со членот 11 став 7 од овој за кон и во согласност со прописите за добра земјоделска пракса и заштита на тутунот на нива од болести, штетници и плевели во согласност со прописите за добра земјо делска пракса. Член 16 За договореното производство од тековната ре колта, на производителот на тутун му се дава аванс од откупувачот на тутун кој може да биде во репромате ријали, земјоделски машини и други средства и опрема и/или финансиски средства. Висината на авансот за договореното производство од тековната реколта не може да биде пониска од 15% од вредноста на количеството на засадениот од догово рениот тутун за откуп, сметан според просечната от купна цена за договорениот тип постигната во послед ните три години на ниво на државата. Авансот од ставот 1 на овој член се засметува и од бива при исплатата на откупениот тутун. Доколку дојде до раскинување на договорот соглас но со овој закон, производителот кој примил аванс е должен истиот да го врати на откупувачот во соодветна противвредност во рок утврден со договорот. Член 17 Договорот се склучува за годишната реколта, а мо же да биде склучен и за повеќе производни години. Доколку договорот е склучен за повеќе производни години, правата, обврските и другите прашања се уре дуваат со анекс на договорот за секоја производна го дина. Член 18 На договорот за производство и откуп на тутун мо же да се вршат измени и дополнувања со склучување на анекс на договор. Измени и дополнувања на договорот од ставот 1 на овој член може да се вршат особено ако настанат про мени на предметот на договорот поради отстранување на нови настанати околности во производството и от куп на тутун, заради отстранување на грешки во пода тоците од договорот и други непредвидени причини, односно околности. Анекс на договорот од ставот 1 на овој член се склучува на ист начин и форма како и основниот дого вор. Член 19 Во случај на смрт, болест, подолготрајно отсуство, правосилна судска одлука, договор за физичка делба или бришење на производителот од единствениот ре гистар на земјоделски стопанства, кога производите лот на тутун објективно не може да го организира и из вршува производството на тутун, договорот за произ водство и откуп на тутун може да се пренесе. Во случај кога над откупувачот на тутун е отворена постапка за стечај, постапка за ликвидација, избришан од регистарот на откупувачи на тутун или не обезбедил средства за откуп на тутун согласно со овој закон, про изводителот на тутун може да го пренесе договорот на друг откупувач на тутун. Во случаите од ставот 1 на овој член во договорот за производство и откуп на тутун се врши промена на страната на производителот на тутун и правата и об врските од договорот се пренесуваат на друг член на семејството на производителот на тутун. Во случаите од ставот 2 на овој член во договорот за производство и откуп на тутун се врши промена на страната на откупувачот на тутун и правата и об врските од договорот се пренесуваат на друг откупувач на тутун. Член 20 Преносот на договорот за производство и откуп на тутун на страната на производителот на тутун и отку пувачот на тутун е можна ако е направена во соглас ност со Законот за облигационите односи. Стр. 98 - Бр. 98 21 мај 2019 Член 21 Преносот на договорот за производство и откуп на тутун се евидентира во електронскиот систем од чле нот 10 од овој закон. Член 22 Преносот на договорот направен од производителот на тутун и откупувачот на тутун е полноважен, ако со тоа се согласи страната која останува во договорот. Доколку постојат повеќе правни следбеници, од носно наследници преносот на договорот се склучува по претходно приложена спогодба од правните следбе ници, односно наследници. Согласноста за преносот на договорот е полно важна, ако е дадена во писмена форма и заверена на нотар oд страна на правниот наследник или наследни ците. Член 23 Договорот за производство и откуп на тутун прес танува со: исполнување на договорот, истекот на времето на кое е склучен, спогодбено меѓу договорните страни, со отворање на стечајна или ликвидациона поста пка на откупувачот на тутун, со бришење на откупувачот на тутун од региста рот на откупувачи, еднострано раскинување и по сила на законот. Член 24 Производителот на тутун и откупувачот на тутун може еднострано да го раскинат договорот под услови и на начин определени во истиот со отказен рок од се дум дена. Производителот на тутун еднострано може да го раскине договорот и доколку откупувачот на тутун не ма обезбедено средства за откуп на тутун согласно со овој закон. Во случајот од ставот 2 на овој член Државниот инспекторат за земјоделство доставува писмено извес тување до највисоката асоцијација на тутунопроизво дители. Највисоката асоцијација на тутунопроизводители дава јавно соопштение со кое тутунопроизводителите ќе бидат известени за новонастанатата ситуација. Откупувачот на тутун кој ги презел договорите е должен податоците за раскинувањето на договорот и склучувањето на новиот договор да ги внесе во ИСЕТ. Член 25 Евентуално настанатата штета во случај на еднос трано раскинување на договорот се надоместува спо ред општите правила за одговорност на штетата. IV. РЕГИСТАР НА ОТКУПУВАЧИ, ОТКУП И ОБРАБОТКА НА ТУТУН Член 26 Откуп и обработка на тутун можат да вршат тргов ски друштва (во натамошен текст: откупувачи на тутун) чија приоритетна дејност е трговија на големо со суров тутун и/или производство на тутунски произ води, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на тутун што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Регистарот на откупувачи на тутун се води во елек тронска форма. Откупувачите на тутун се должни во Министер ството за земјоделство, шумарство и водостопанство без одложување да ја пријават секоја промена на името, адресата, седиштето или дејноста и да достават барање за вршење увид на ново настанатата промена со доказ од Централниот регистар на Република Македо нија за настанатата промена. Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за упис во регистарот на откупувачи на тутун е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот 3 на овој член по службена должност да поднесе барање за прибавување на дока зот од Централниот регистар на Република Македонија и да достави барање до Државниот инспекторат за зем јоделство да изврши увид во новонастанатата промена. Овластеното службено лице од Централниот регис тар на Република Македонија е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот 4 на овој член да го достави бараниот доказ до Министер ството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Инспекторот од Државниот инспекторат за земјо делство е должен во рок од 15 дена од денот на прие мот на барањето за вршење на увид од ставот 4 на овој член да изврши увид и да достави записник до Минис терството за земјоделство, шумарство и водостопан ство. Министерството за земјоделство, шумарство и во достопанство во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето од ставот 3 на овој член донесува решение за упис на промените во регистарот на откупувачи, од носно решение за одбивање на барањето. Листата на откупувачите од Регистарот на откупу вачи на тутун се објавува на веб страницата на Минис терството за земјоделство, шумарство и водостопан ство. Против решението на Министерството за земјодел ство, шумарство и водостопанство за одбивање на ба рањето од ставот 7 на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на ре шението до Државната комисија за одлучување во уп равна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Содржината и начинот на водење на регистарот на откупувачи на тутун ја пропишува министерот за зем јоделство, шумарство и водостопанство. Член 27 Правното лице кое се запишува во регистарот на откупувачи на тутун треба да располага со: просторија за откуп во сопственост или со договор за закуп од најмалку три години, простории за сместување на откупениот тутун и простории за индустриска обработка на тутун во соп ственост или со договор за закуп од најмалку три го дини, 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 99 соодветна опрема за индустриска обработка на тутун во сопственост или со договор за закуп од нај малку три години, соодветен простор за сместување на обработениот тутун во сопственост или со договор за закуп од нај малку три години, вработени лица: најмалку едно лице со високо об разование од областа на растителната биотехнологија (полјоделство, производство и преработка на тутун или преработка на земјоделски-растителни производи) и најмалку едно лице со средно образование на неопре делено работно време, од областа на растителната био технологија како и од областа на производство и обра ботка на тутун, бизнис план во кој ќе се содржат податоци и пресметки за планираните површини и количини на тутун во првата производна година, со образложение за обезбедување на условите пропишани со овој закон, како и условите од алинеите 1, 2, 3 и 4 на овој член и финансиски документ за обезбедени средства за најмалку половина од планираната количина на тутун за првата производна реколта во висина на просечната откупна цена по килограм на ниво на државата од ми натите три реколти за соодветните типови на тутун. Член 28 Правното лице за упис во регистарот на откупувачи на тутун согласно со членот 27 од овој закон треба да поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со следната документа ција: имотен лист или договор за закуп за просторијата за откуп, имотен лист или договор за закуп од најмалку три години, за простории наменети за сместување, чување и индустриска обработка на тутун, како и соодветни простории за сместување на обработениот тутун, доказ дека располага со опрема за откуп и индус триска обработка на тутун, тековна состојба од Централниот регистар на Ре публика Македонија за вршење приоритетна дејност трговија на големо со суров тутун, образец М1/М2 за вработени лица од Агенцијата за вработување како доказ дека има вработено најмал ку едно лице со високо образование и најмалку едно лице со средно образование, документ дека има вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на растителната био технологија (полјоделство, производство и преработка на тутун или преработка на земјоделски-растителни производи) и најмалку едно лице со средно образова ние од областа на растителната биотехнологија како и од областа на производство и обработка на тутун, потврда издадена од Централниот регистар на Ре публика Македонија дека не е отворена постапка за ликвидација или стечајна постапка и бизнис план согласно со членот 27 став 1 алинеја 6 од овој закон и изјава на одговорното лице во прав ното лице заверена на нотар дека ќе ги откупи количи ните на тутун што планира да ги договори. Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за упис во Регистарот на откупувачи на тутун е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот 1 на овој член по службена должност да поднесе барање за прибавување на доку ментите од ставот 1 алинеи 3 и 6 на овој член од над лежниот јавен орган, а кои се потребни за докажување на исполнетоста на условите од членот 27 од овој за кон. Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од ставот 2 на овој член е должно да ги достави бараните документи во рок од три дена од денот на приемот на барањето. Инспекторот од Државниот инспекторат за земјо делство е должен во рок од 15 дена од денот на прие мот на барањето од ставот 2 на овој член да изврши увид и да достави записник до Министерството за зем јоделство, шумарство и водостопанство. Министерството за земјоделство, шумарство и во достопанство врз основа записникот од ставот 4 на овој член и претходно доставената документација од ставот 1 на овој член донесува решение за упис во Регистарот на откупувачи на тутун, односно решение за одбивање на барање за упис во рок од 30 дена од денот на прие мот на барањето. Против решението на Министерството за земјодел ство, шумарство и водостопанство за одбивање на ба рањето од ставот 4 на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на реше нието до Државната комисија за одлучување во управ на постапка и постапка од работен однос во втор сте пен. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член, како и потребната документација од овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумар ство и водостопанство. Член 29 Откупувачот на тутун запишан во Регистарот на от купувачи на тутун покрај условите предвидени од чле нот 27 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4 и 5 од овој закон за склу чување на договор за производство и откуп на тутун за тековната реколта треба да обезбеди и: доказ за обезбеден семенски материјал за догово рени површини на тутун согласно со членот 11 став 2 од овој закон и согласно со Законот за семенски и са ден материјал и извештај за исплатени финансиски обврски за от купениот тутун од претходната реколта и намирените обврски согласно со членот 37 од овој закон до Минис терство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 март во тековната година. Министерот за земјоделство, шумарство и водосто панство поблиску ги пропишува условите од членот 27 став 1 од овој закон и од ставот 1 на овој член. Член 30 Откупувачот на тутун е должен пред откупот на тутунот од тековната реколта, а најдоцна до 1 ноември да ги пријави до Министерството за земјоделство, шу марство и водостопанство и до Државниот инспекторат за земјоделство и да ги внесе во ИСЕТ локациите на сите простории за откуп во кои ќе се врши откуп на тутун заради вршење увид за исполнување на условите согласно со овој закон. Стр. 100 - Бр. 98 21 мај 2019 Откупувачот на тутун по исклучок од ставот 1 на овој член може дополнително да пријави простории за откуп во случаи кога некој од откупувачите на тутун не е во можност да го откупи договореното производство согласно со овој закон. Откупувачот на тутун е должен да отвори просто рии за откуп во населени места каде договорил произ водство над 100 тони тутун. Член 31 Откупувачот на тутун е должен пред почетокот на откупот на тутун да обезбеди финансиски документ за обезбедени средства за целокупната договорена коли чина на тутун од тековната реколта во висина на про сечната откупна цена по килограм на ниво на државата од минатите три реколти за соодветните типови на тутун. Со финансискиот документ откупувачот на тутун е должен да обезбеди динамика на прилив на средствата за време на откупот на тутунот, односно тоа може да бидат: финансиски средства на посебна наменска жиро сметка и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заве рена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите и де ка средствата од наменската сметка исклучиво ќе се ко ристат за исплата на договорениот тутун или финансиски средства наменети исклучиво за от куп на целокупната договорена количина на тутун по основ на договори за кредит од банка со динамика на прилив согласно динамиката на откуп на тутунот и из јава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност дека финансиски те средства одобрени со договорот за кредит се веро достојни и исклучиво ќе бидат наменети за исплата на откупениот тутун. За обезбедените средства и динамиката на прилив согласно со ставот 2 на овој член откупувачот на тутун е должен најдоцна пет работни дена пред почетокот на откупот на тутун писмено да ги извести Државниот инспекторат за земјоделство и Министерството за зем јоделство, шумарство и водостопанство. Доколку откупувачот на тутун презема тутун од производители на тутун кои имале претходно склучени договори со откупувач на тутун кој е избришан од Ре гистарот на откупувачи на тутун e должен да обезбеди дополнителни финансиски средства согласно со ставо вите 1 и 2 на овој член за дополнително планираната количина на тутун пред почетокот на откупот на до полнителните количини на тутун. За обезбедените средства согласно со ставот 4 на овој член откупувачот на тутун е должен најдоцна три дена пред почетокот на откупот на тутун писмено или по електронски пат да ги извести Државниот инспекто рат за земјоделство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Државниот инспектор за земјоделство врши про верка на обезбеденоста на вкупниот износ на финан сиски средства од ставовите 1 и 2 на овој член и соста вува записник за извршената проверка. Податоците од записникот од ставот 6 на овој член државниот инспектор за земјоделство ги внесува во електронскиот систем од членот 10 од овој закон. Откупувачот на тутун средствата од ставот 1 на овој член ги води на посебна сметка за исплата на от купениот тутун, а износот на исплатените средства и износот за исплатените аванси и надоместокот за орга низирањето и застапувањето на претставникот од нај високата асоцијација на тутунопроизводители ги вне сува во електронскиот систем од членот 10 од овој за кон. За стекнување со овластување, највисоката асоција ција на тутунопроизводители од ставот 8 на овој член доставува барање за добивање на овластување најмал ку 60 дена пред почетокот на откупот до Министер ството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Највисоката асоцијација на тутунопроизводители од ставот 9 на овој член ја овластува министерот до колку ги исполнува следните услови: да е регистрирана согласно со Законот за здруже нија и фондации, во својот состав да обединува најмалку две здру женија на тутунопроизводители во кои се вклучени најмалку 30% од вкупниот број евидентирани тутуноп роизводители во ИСЕТ и доставен список со име и пре зиме, адреса и ИДБР на производителот на тутун и производителот на тутун да е член само на едно здружение. Министерот за земјоделство, шумарство и водосто панство врз основа на поднесеното барање од ставот 9 на овој член и доставената документација за исполне тост на условите од ставот 10 на овој член во рок од 30 дена донесува решение за овластување. Член 32 Државниот инспекторат за земјоделство кај регис трираните откупувачи, врши увид на исполнувањето на условите од членот 29 од овој закон, задолжително пред почетокот на откупот на тутунот од тековната ре колта. Записникот за извршениот увид од членот 31 став 6 од овој закон се доставува до Министерството за зем јоделство, шумарство и водостопанство. Член 33 Министерството за земјоделство, шумарство и во достопанство врз основа на записник од Државниот инспекторат за земјоделство со решение го брише за пишаниот откупувач од Регистарот од членот 26 од овој закон во следниве случаи: по писмено барање од органот на управување на запишаниот откупувач, при отворање на стечајна постапка или постапка за ликвидација, доколку се утврди дека откупувачот дал неточни податоци при запишување во регистарот, не ги отвора одобрените откупни пунктови, врши откуп на тутун спротивно на одредбите од овој закон, не обезбедува сертифициран семенски материјал согласно со овој закон, 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 101 не врши процена согласно со Правилникот за ме рила и методи за квалитативна и квантитативна проце на на суровиот тутун, не обезбеди финансиски средства согласно со членот 31 од овој закон и кога ќе престане да исполнува најмалку еден од условите од членот 28 од овој закон. Против решението од ставот 2 на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на добива њето до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одложува извршувањето на решени ето. По правосилноста на решението од ставот 2 на овој член откупувачот се брише од Регистарот на откупува чи на тутун. Член 34 Откупот на тутунот произведен во тековната годи на започнува во сите откупни пунктови кои се пријаве ни согласно со членот 30 ставови 1 и 2 од овој закон, најдоцна од 15 декември во тековната производна го дина и завршува најдоцна до 28 февруари во наредната година. Откупувачот на тутун утврдува план за динамика на планираните количини за откуп на тутунот од теков ната реколта по региони и по производители пред по четокот на откуп и по истиот треба да се придржува. Планот за откуп од ставот 2 на овој член откупува чот на тутун го доставува до Државниот инспекторат за земјоделство и највисоката асоцијација на тутуноп роизводители најдоцна пет дена пред почетокот на от купот. Откупувачот на тутун е должен, во реален времен ски период, да ги извести писмено производителите на тутун со кои склучил договор, за деновите на презема њето на тутунот, пред планираниот почеток на откупот во рамките на рокот од ставот 1 на овој член. Доколку тутунот не може да се преземе во планира ниот рок, истиот се презема во наредните десет денови. Производителот на тутун е должен да го предаде тутунот во денот според известувањето доставено од откупувачот на тутун согласно со ставот 2 на овој член, а доколку е спречен да го достави тутунот во определе ниот термин, откупувачот на тутун му определува друг термин. Член 35 Откупот на тутун се врши според мерила и методи за квалитативна и квантитативна процена на тутунот, кои ги пропишува министерот за земјоделство, шумар ство и водостопанство. Член 36 Откупувачот на тутун е должен пред почетокот на откупот на тутунот во просториите за откуп да истакне заверени мостри на тутунот по типови и класи соглас но со мерилата од членот 35 од овој закон. Министерот за земјоделство, шумарство и водосто панство со решение формира комисија за верификација на мострите од ставот 1 на овој член составена од пет члена и тоа два претставника од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и по еден претставник од откупувачите на тутун, од највисоката асоцијација на тутунопроизводители и Државниот зем јоделски инспекторат. Откупувачите на тутун до комисијата од ставот 2 на овој член доставуваат известување за број на просто рии за откуп на тутун, број на мостри по типови на тутун како и број на ваги за откуп на тутун. Комисијата од ставот 2 на овој член врз основа на пријавените податоци од страна на откупувачите на тутун согласно со ставот 3 на овој член, изработува ше ма за изработка на единечна мостра и доставува извес тување со преглед за вкупен број на податоци од ста вот 3 на овој член до овластената институција од ста вот 5 на овој член. За организација, подготовка и заверка со потпис и печат на мострите од ставовите 1 и 15 на овој член ми нистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство овластува наставно-научна високо образовна институ ција од областа на тутунското производство по прет ходно спроведена постапка за овластување. Наставно-научната високо образовна институција од ставот 5 на овој член ја овластува министерот до колку ги исполнува следниве услови: има вработено најмалку две лица со високо обра зование, со научни звања од областа на земјоделските науки, со најмалку двегодишно работно искуство во областа на тутунското производство и располага со соодветни простории (за прием, прегледување и заверка, како и простории за чување на заверените мостри до денот на издавањето) и потребна опрема (материјално-технички средства) за спроведу вање на верификацијата. За добивање на овластување, наставно-научната ви соко образовна институција поднесува барање за ов ластување до Министерството за земјоделство, шумар ство и водостопанство и во прилог доставува докази за исполнување на условите утврдени во ставот 6 на овој член. По добивањето на барањето од ставот 7 на овој член министерот за земјоделство, шумарство и водос топанство во рок од 15 дена го издава решението за ов ластување на наставно-научната високо образовна инс титуција. Формата и содржината на барањето од ставот 7 на овој член ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Решението за овластување од ставот 8 на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македо нија―. Министерот за земјоделство, шумарство и водосто панство со решение ќе го одземе овластувањето од ов ластената наставно-научна високо образовна институ ција од областа на тутунското производство ако утврди дека престанала да ги исполнува условите утврдени во ставот 6 на овој член. Против решението од ставот 11 на овој член, под носителот на барањето може во рок од 15 дена од де нот на приемот на решението да изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна поста пка и постапка од работен однос во втор степен. Овластената наставно-научна високо образовна институција од областа на тутунското производство врз основа на поднесено известување од страна на ко Стр. 102 - Бр. 98 21 мај 2019 мисијата од ставот 2 на овој член, врши стручна кон трола на листовите од тутун по типови и класи од те ковната реколта и обезбедува услови согласно со ста вот 6 алинеjа 2 на овој член и материјално-техничките средства за работа на комисијата. Комисијата од ставот 2 на овој член по завршената заверка од страна на овластената наставно-научна ви соко образовна институција од областа на тутунското производство секоја мостра поединечно ја верифицира со потпис на секој од членовите на комисијата. Мострите од ставот 1 на овој член мора да бидат ве рифицирани и заверени, најдоцна до 15 ноември од ко мисијата од ставот 2 на овој член. По исклучок од ставот 15 на овој член комисијата може дополнително да изврши верификација и заверка на мостри за дополнително пријавените простории за откуп согласно со членот 30 став 2 од овој закон. Трошоците за организација, подготовка, верифика ција и заверка на мострите од ставот 1 на овој член се на товар на откупувачот на тутун и ги уплатува на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За висината на трошоците од ставот 17 на овој член ми нистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство до несува решение, по предлог на овластената институција. Извештајот за спроведената верификација на мос три од тутун од страна на овластената наставно-научна високо образовна институција од областа на тутунско то производство како и пресметка на трошоците во врска со работата од ставот 13 на овој член се доставу ваат до министерот за земјоделство, шумарство и во достопанство. Врз основа на пресметката на трошоците од ставот 19 на овој член Министерството за земјоделство, шу марство и водостопанство уплатува средства на овлас тената наставно-научна високо образовна институција од областа на тутунското производство од сметката од ставот 17 на овој член. Извештајот за спроведената верификација на мос три од тутун од страна на овластената институција го доставува до директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Верифицираните мостри се подигаат во ист ден од страна на сите откупувачи на тутун по претходно писмено известување од комисијата. На комисијата од ставот 2 на овој член и следува паричен надоместок во износ од една третина од про сечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водос топанство донесува решение. Член 37 Процената на тутунот ја врши проценител кој има лиценца за процена на тутун (лиценца) издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водос топанство согласно со членовите 46 и 47 од овој закон. Проценителот кој има лиценца за процена на тутун, процената ја врши во просторијата наменета за откуп на тутун. Проценителот, процената на тутунот ја врши јавно во присуство на производителот на тутун и претстав никот на највисоката асоцијација на тутунопроизводи тели кој има лиценца согласно со ставот 1 на овој член. Највисоката асоцијација на тутунопроизводители е должна да обезбеди постојано присуство на претстав ник на тутунопроизводители при процената на тутунот. Претставникот на највисоката асоцијација на туту нопроизводителите при откупот на тутунот од ставот 3 на овој член има право на надоместок. Надоместокот од ставот 5 на овој член за организи рање и застапување, на претставникот на највисоката асоцијација на тутунопроизводителите при откупот на тутунот е на товар на производителот, го засметува от купувачот при исплатата на откупениот тутун и го уп латува на сметката на највисоката асоцијација на туту нопроизводители. Висината на надоместокот од ставот 6 на овој член, врз основа на план и програма на највисоката асоција ција на тутунопроизводители, а во зависност од фак тичките реални трошоци за организирање и застапу вање, ја определува највисоката асоцијација на туту нопроизводители пред почетокот на откупот на туту нот, по претходна согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Највисоката асоцијација на тутунопроизводители пред почетокот на откупот на тутун ги известува отку пувачите на тутун за висината на надоместокот од ста вот 5 на овој член. Член 38 Проценителите на тутун од страна на откупувачот и претставникот на највисоката асоцијација на тутуноп роизводители својот идентитет и овластувања го дока жуваат со идентификациона картичка за процена на тутун, која треба задолжително да ја носат при откупот на тутун. Откупувачот на тутун ја изработува и доставува идентификационата картичка од ставот 1 на овој член на проценителите на тутун од страна на откупувачот на тутун. Највисоката асоцијација на тутунопроизводители ја изработува и доставува идентификационата картичка од ставот 1 на овој член на проценителите на тутун кои се нивни претставници во откупот. Формата и содржината на идентификационата кар тичка ги пропишува министерот за земјоделство, шу марство и водостопанство. Член 39 Проценителот ги одредува типот и класата на туту нот според мерила и методи за квалитативна и кванти тативна процена на тутунот и мострите од членот 35 од овој закон, количината, одбитоците и спорниот тутун за секоја паковна единица, тие податоци ги објавува јавно на самото место и ги забележува во книгата за процена што ја води откупувачот на тутун. Доколку производителот на тутун и/или претстав никот на здружението не се согласни со одредениот процент на одбитоци за песок и влага од страна на про ценителот од ставот 1 на овој член, откупувачот на тутун врши утврдување на количината на песок, влага и други страни материи на самото место со сита за пе сок и влагомер. Производителот на тутун добива од откупувачот на тутун заверена дневна потврда за предадениот тутун во која е наведена бруто и нето тежина, дара и одбитоци 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 103 (песок, влага и други страни материи) по класи и ки лограми и податоци за спорен тутун по класа и килог рами. Формата, содржината и начинот на водење на кни гата за процена и формата и содржината на дневната потврда за предадениот тутун ги пропишува министе рот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 40 Производителот на тутун или претставникот на нај високата асоцијација на тутунопроизводители може да даде приговор за процената во однос на квалитетот и квантитетот на тутунот за откуп во моментот на преда вањето на тутунот до откупувачот на тутун. Откупувачот на тутун е должен тутунот кој е пред мет на приговорот од ставот 1 на овој член да го прими, чува и да го евидентира во книгата за пригово ри и наредниот ден по електронски пат да го пријави до комисијата за повторна процена формирана од под рачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за подрачјето каде што се откупува тутунот. Во една подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може да се формираат една или повеќе комисии за спорни тутуни во зависност од бројот на откупувачи на тутун во рео нот. Производителот на тутун е должен спорниот тутун да го остави во откупниот пункт каде што е извршена процената. Комисијата од ставот 2 на овој член е составена од по еден претставник и по еден заменик на Министер ството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупувачот на тутун до кого е поднесен приговорот и највисоката асоцијација на тутунопроизводители. Претставникот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е претседател на комиси јата. Претставникот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има право на паричен на доместок што го определува и исплатува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Износот на паричниот надоместок од ставот 6 на овој член се определува со решение врз основа на бро јот на решени и заведени приговори во книгата за при говори согласно со ставот 12 на овој член. Годишниот паричен надоместок од ставот 7 на овој член не го надминува нивото на просечна плата испла тена во Република Македонија за претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Членовите на комисијата мора да ги исполнуваат условите за проценител од членот 37 став 1 од овој за кон. Откупувачот на тутун и највисоката асоцијација на тутунопроизводители се должни да обезбедат прет ставници за работа на комисијата и ги сносат трошоци те за нивното работење во комисијата од ставот 5 на овој член. Комисијата од ставот 2 на овој член во рок од еден ден од денот на приемот на приговорот врши повторна процена на оспорениот тутун и за својата работа води записник. Комисијата одлучува со мнозинство на гласови, а одлуката за процената на комисијата е конечна и се за ведува во книгата за приговори. Откупувачот на тутун и производителот на тутун не смеат да ја попречуваат работата на комисијата за повторна процена на тутун. Формата, содржината и начинот на водење на кни гата за приговори ја пропишува министерот за земјо делство, шумарство и водостопанство. Член 41 Откупувачот на тутун е должен да води посебна евиденција за откупените и обработените количини на тутун од тековната реколта и да ги внесе во ИСЕТ од членот 10 од овој закон. Откупените количини на тутун од тековната ре колта, откупувачот на тутун е должен да ги пријави најдоцна до 31 март во наредната година. Формата и содржината на евиденциите за откупени и обработени количини на тутун, начинот на водењето, како и доставувањето на евиденцијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопан ство. Член 42 Производителот на тутун е должен при транспортот на произведениот суров тутун во лист до просториите за откуп од членот 28 од овој закон, да ги носи догово рот и писменото известување од членот 34 став 4 од овој закон. Откупувачот на тутун е должен при транспортот на откупените количини до местото на складирање, да но си испратница по откупни класи и број на бали и/или картонски кутии, со кој ќе докаже дека тутунот е отку пен. V. ПРОМЕТ НА НЕОБРАБОТЕН И ОБРАБОТЕН ТУТУН Член 43 Промет на необработен тутун може да вршат прав ни лица регистрирани за откуп на тутун согласно со членот 26 од овој закон и правни лица регистрирани за производство на производи од тутун и сродни произво ди согласно со членовите 50 и 51 од овој закон. Промет на обработен тутун може да вршат правни лица регистрирани за промет и/или извоз во трговскиот регистар и да се запишани во Регистарот на откупувачи на тутун што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно со членот 26 од овој закон. Правните лица од ставот 1 на овој член покрај ис полнетоста на условите од ставот 1 на овој член, пот ребно е да имаат договор за обработка на необработе ниот увезен тутун со регистриран откупувач на тутун. Правните лица од ставот 1 на овој член необработе ниот увезен тутун пред да го стават во промет се долж ни да го обработат. Правните лица од ставот 2 на овој член обработени от тутун го увезуваат со цел да го доработат, стават во промет или да го преработат во производи од тутун и сродни производи. Стр. 104 - Бр. 98 21 мај 2019 За промет, извоз и увоз на правните лица од ставо вите 1 и 2 на овој член им се издава уверение за квали тет-сертификат согласно овој закон и согласно со Зако нот за државен инспекторат за земјоделство. Државниот инспекторат за земјоделство може да издаде уверение за квалитет-сертификат по барање на правното лице од ставовите 1 и 2 на овој член. Начинот на утврдување на квалитетот, начинот на пакување и начинот на утврдување на присуство на штетни материи и други загадувачи/контаминенти (фи зички, хемиски и биолошки) на тутунот наменет за из воз и увоз ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 44 Се забранува откупување, купување, прекупување, продажба, препродажба, транспорт и складирање на необработен тутун или режан тутун, како и неовласте но располагање со машини, алати, уреди и опрема кои се користат за изработка на производи од тутун и срод ни производи спротивно на одредбите на овој закон. Член 45 Се забранува извоз на необработен тутун, немани пулиран во индустриски класи и непакуван во картон ски кутии или во тонга бали. VI. НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА НЕОБ РАБОТЕН ТУТУН Член 46 За полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун кандидатот поднесува барање за по лагање на испитот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За добивање на лиценцата од членот 37 од овој за кон се полага испит пред комисија што ја формира ми нистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со решение. Комисијата од ставот 2 на овој член е составена од три претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и два претставника од ов ластената високо образовна наставно-научна установа од областа на тутунското производство согласно со членот 48 од овој закон. Испитот се состои од два дела и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува тео ретското знаење на кандидатите и способноста за при мена на овој закон и подзаконските акти од овој закон и втор дел (практичен дел) од испитот со кој се врши директна проверка на кандидатите во познавање то на тутунската суровина за квалитативно и квантита тивно проценување при откупот на тутунот, согласно со прописот за мерилата и методите за квалитативна и квантитативна процена на тутунот. На комисијата од ставот 2 на овој член за секоја од ржана испитна сесија им следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за зем јоделство, шумарство и водостопанство донесува ре шение. Член 47 Кандидатите за полагање на испит за добивање на лиценца може да бидат: со соодветно високо, вишо или средно четириго дишно образование од областа на растителна биотех нологија, технологија за производство и обработка на тутун или преработка на земјоделско-растителни про изводи со или без работно искуство или без соодветно високо образование, а со две години работно искуство, вишо образование со три години ра ботно искуство или средно четиригодишно образова ние со четири години работно искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун или со несоодветно високо, вишо или средно четири годишно образование и да е производител на тутун нај малку пет години. Кандидатите за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун претходно се должни да посетуваат обука за вршење на процена на тутун. Кон барањето од членот 46 став 1 од овој закон кан дидатот поднесува документација за докажување на еден од условите од ставот 1 на овој член и потврда за завршена обука од ставот 2 на овој член. Формата и содржината на барањето од членот 46 став 1 од овој закон, лиценцата за процена на тутун, на чинот на пријавувањето и спроведувањето на испитот како и програмата и потребната литература за полага ње на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот ги пропишува министерот за земјоделство, шу марство и водостопанство. Член 48 Трошоците за спроведување на обуката од членот 47 став 2 од овој закон и за полагањето на испитот за добивање на лиценца се на товар на кандидатот од чле нот 47 од овој закон. Кандидатот ги уплатува трошоците од ставот 1 на овој член на сметката на сопствени приходи на Минис терството за земјоделство, шумарство и водостопан ство. Обуката се изведува во наставно-научна високо об разовна институција од областа на тутунското произ водство најмалку еднаш годишно. Институцијата од ставот 3 на овој член издава пот врда за завршена обука за вршење на процена на тутун. Институцијата од ставот 3 на овој член ја овластува министерот за земјоделство, шумарство и водостопан ство со решение, по претходно спроведена постапка за овластување. Институцијата за да биде овластена треба да ги ис полнува следниве услови: да е наставно-научна високообразовна институција од областа на тутунското производство, да има вработено најмалку три доктори на науки за соодветниот вид обуки и најмалку две лица со високо образование од областа на земјоделските науки со нај малку двегодишно работно искуство во областа на тутунското производство, да поседува соодветни простории и опрема за изве дување на обуките и 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 105 да располагаат со соодветни простории опремени со потребна опрема и тутунска суровина за изведување на практичниот дел од испитот. За добивање на решението од ставот 5 на овој член наставно-научната високо образовна институција под несува барање за овластување кое во прилог ги содржи доказите за исполнување на условите утврдени во ста вот 6 на овој член. Формата и содржината на барањето од ставот 7 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерството за земјоделство, шумарство и во достопанство со решение ќе го одземе овластувањето од овластената наставно-научна високо образовна инс титуција од областа на тутунското производство ако утврди дека престанала да ги исполнува условите ут врдени во ставот 6 на овој член. VII. РЕГИСТАР НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ИЗВОЗНИЦИ И УВОЗНИЦИ НА ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ Член 49 Производство на производи од тутун и сродни про изводи може да врши правно лице регистрирано во тр говскиот регистар за вршење на дејност производство на тутунски производи и запишано во Регистарот на производители на производи од тутун и сродни произ води што го води Министерството за економија. Правното лице од ставот 1 на овој член треба: да користи или располага со инсталирана опрема која му овозможува да ги изработи сите фази на произ водството од подготовка и режење на тутунот до изра ботка и хигиенско пакување на производот или најмал ку да поседува опрема за изработка и пакување на про изводот од тутун и сродниот производ, да користи или располага со сопствена лаборато рија или има склучен договор со домашна лабораторија за анализа и контрола на квалитетот на производите од тутун и сродните производи, да користи или располага со соодветен простор за сместување на тутун, производи од тутун и сродни производи, да има вработено најмалку две лица со високо об разование (земјоделски инженер-технолог) во произ водството и надзорот над квалитетот и две лица со средно образование или имаат склучен договор за про изводство на производи од тутун со друго правно лице кое е регистрирано во Регистарот од ставот 1 на овој член и да поседува решение по одобрен елаборат за заш тита на животната средина за дејност/активност за про изводство на тутунски производи согласно со прописи те од областа на животната средина. Листата на производители од Регистарот од ставот 1 на овој член се објавува на веб страницата на Минис терството за економија. Производителот на производи од тутун и сродни производи е должен на пропишан образец да поднесе барање до Министерството за економија за запишува ње во Регистарот од ставот 1 на овој член. Овластеното службено лице од Министерството за економија кое ја води постапката за упис во Регистарот од ставот 1 на овој член е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот 4 на овој член по службена должност да поднесе барање за прибаву вање на доказите и документите за исполнетост на ус ловите од ставот 2 алинеја 4 на овој член од надлежни от јавен орган и да достави барање до Државниот паза рен инспекторат да изврши увид за исполнетост на овие услови. Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите и документите за ис полнетост на условите од ставот 2 на овој член е долж но да ги достави во рок од три дена од денот на прие мот на барањето, а инспекторот од Државниот пазарен инспекторат е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот 4 на овој член да из врши увид и записникот за извршениот увид да го дос тави до Министерство за економија. Министерството за економија врз основа записни кот од ставот 6 на овој член и претходно доставената документација за докажување на условите од ставовите 1 и 2 на овој член донесува решение за упис во Регис тарот од ставот 1 на овој член, односно решение за од бивање на барање за упис во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Против решението на Министерството за економија за одбивање на барањето за упис од ставот 7 на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната коми сија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Формата и содржината на барањето од ставот 4 на овој член, потребните докази и документација, како и поблиските услови од ставот 2 на овој член ги пропи шува министерот за економија во согласност со минис терот за информатичко општество и администрација. Член 50 Промет на производи од тутун и сродни производи може да врши правно лице регистрирано во трговскиот регистар за вршење на дејност трговија на големо со производи од тутун и запишано во Регистарот на из возници и увозници на производи од тутун и сродни производи што го води Министерството за економија. Правното лице од ставот 1 на овој член треба да ги исполнува следниве услови: да користи или располага со соодветен магацин ски простор, да користи или располага со соодветна опрема за складирање и да има вработено најмалку едно лице со високо образование и најмалку една година работно искуство во трговијата со тутунски и сродни производи. Поблиските услови од ставот 2 на овој член ги про пишува министерот за економија. Извозникот и увозникот на производи од тутун и сродни производи се должни на пропишан образец да поднесат барање до Министерството за економија за запишување во Регистарот од ставот 1 на овој член. Овластеното службено лице од Министерството за економија кое ја води постапката за упис во Регистарот од ставот 1 на овој член е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот 4 на овој член по службена должност да поднесе барање за вршење на увид за исполнетост на условите од ставот 2 на овој член од Државниот пазарен инспекторат. Стр. 106 - Бр. 98 21 мај 2019 Државниот пазарен инспекторат е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од ставот 5 на овој член да го достави записникот за извршениот увид до Министерство за економија. Министерството за економија врз основа записни кот од ставот 6 на овој член и претходно доставената документација за докажување на условите од ставовите 1 и 2 на овој член донесува решение за упис во Регис тарот од ставот 1 на овој член, односно решение за од бивање на барање за упис во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Против решението на Министерството за економија за одбивање на барањето за упис од ставот 7 на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната коми сија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Формата и содржината на барањето од ставот 4 на овој член, како и потребните докази и документација ги пропишува министерот за економија во согласност со министерот за информатичко општество и админис трација. VIII. РЕГИСТАР НА МАРКИ НА ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ Член 51 Министерството за економија води Регистар на марки на производи од тутун и сродни производи. Во Регистарот од ставот 1 на овој член се запишу ваат марките на производите од тутун кои се пуштаат во промет во Република Македонија. Производителите, извозниците и увозниците кои се запишани во Регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи се должни во Министерство то за економија без одложување да ја пријават секоја промена на името, адресата, седиштето или дејноста. Производителот односно увозникот на производи од тутун и сродни производи е должен на пропишан образец да поднесе барање за запишување во Региста рот од ставот 1 на овој член за секој производ од тутун, односно сроден производ што е во промет или кој тре ба да биде пуштен во промет на пазарот во Република Македонија. Министерството за економија на почетокот на секо ја година доставува до Државниот инспекторат за зем јоделство податоци за регистрираните марки на произ води од тутун и сродни производи. Формата, содржината и начинот на водење на Ре гистарот од ставот 1 на овој член, како и содржината на образецот на барањето од ставот 4 на овој член ги пропишува министерот за економија. Член 52 Производителите, увозниците и извозниците на производи од тутун и сродните производи се должни да водат евиденција за производството, извозот, увозот и залихите на производите од тутун и сродните произ води. Правните лица од ставот 1 на овој член се должни да доставуваат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за еко номија известување за состојбите од ставот 1 на овој член најдоцна до 31 март во тековната година за пода тоците од претходната година. По исклучок на ставот 2 на овој член правните лица се должни да достават известување за состојбите од ставот 1 на овој член по барање од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Минис терството за економија. Формата, содржината и начинот на водење еви денција од ставот 1 на овој член како и формата и сод ржината на известувањето од ставот 2 на овој член ги пропишуваат министерот за економија по претходна согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. IX. НЕСОГОРЛИВИ ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН Член 53 Производителите и увозниците на несогорливи про изводи од тутун се должни да достават известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водос топанство за сите несогорливи производи од тутун ко ишто имаат намера да ги стават во промет. Известувањето се поднесува во писмена форма 30 дена пред планираното пуштање во промет. Известувањето од ставот 1 на овој член содржи: а) име-назив и податоци за контакт на одговорното правно или физичко лице од производителот или увоз никот во Република Македонија; б) список на состојки содржани во потрошниот дел од несогорливиот производ од тутун и в) достапни научни истражувања за токсичноста, опасноста од зависност и атрактивноста на несогорли виот производ од тутун, особено во однос на состојки те и емисиите. Доколку известувањето не ги содржи податоците од ставот 3 на овој член, Министерството за земјодел ство, шумарство и водостопанство може да побара до полнителни податоци и информации за состојките на несогорливиот производ од тутун заради нивно сле дење. Министерството за земјоделство, шумарство и во достопанство со трговските тајни и другите доверливи информации постапува на доверлив начин пропишан согласно со прописите од областа на заштита на класи фицирани информации. Производителите и увозниците кои ставаат во про мет несогорливи производи од тутун се должни да се запишат во Регистарот на производители, Регистарот на извозници и увозници на производи од тутун и сродни производи и Регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи согласно со членовите 49, 50 и 51 од овој закон. Формата на известувањето од ставот 3 на овој член, како и начинот на нивното доставување и следење сог ласно со ставот 4 на овој член ги пропишува министе рот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 54 Производителите и увозниците на електронските уреди за употреба на несогорливите производи од тутун заедно со известувањето од членот 53 од овој за кон треба да достават сертификат дека: 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 107 а) електронскиот уред заедно со батериите и полна чите за батериитe се во согласност со стандардите, EN 60335-1:2013, EN 61558-1:2006+A1:2009, EN 62133:2013 и EN 62680-3:2014; б) примарното пакување на електронскиот уред за користење на несогорливи производи од тутун треба да ги исполнува стандардите за пакувања за сигурност за деца, и тоа: EN 862 и ISO 8317. Електронските уреди заедно со батериите и полна чите за батерии треба да бидат предмет на независна анализа од страна на акредитирано тело од областа на електричната енергија. Електронскиот уред за користење на несогорливи производи од тутун се продава во заштитено пакување. Информациите за безбедност наменети за потрошу вачите на електронскиот уред за користење на несогор ливи производи од тутун треба да бидат ставени во па кувањето на производот или во упатството кое го прид ружува производот. Член 55 Производителите и увозниците на електронскиот уред за користење на несогорлив производ од тутун се должни да обезбедат дека пакувањето на единечниот електронски уред содржи: а) упатство за употреба и чување на производот; б) препорака дека производот не се препорачува за употреба од непушачи и дека е само за полнолетни; в) детали за контакт на производителот или увоз никот и г) препорака да се чува производот надвор од до фат на деца. Упатството од ставот 1 точка а) на овој член не ги вклучува следниве елементи или карактеристики со кои: ја поттикнува неговата потрошувачка преку созда вање на погрешен впечаток за неговите карактерис тики, здравствени ефекти, ризици или емисии, етикетите не вклучуваат никакви информации за содржината на катран или јаглерод моноксид во произ водот и недокажано се сугерира дека одреден производ има витализирачки, енергетски, лекувачки, подмладу вачки, природни, органски својства со помош на збо рови, знаци или симболи. Електронскиот уред за користење на несогорлив производ од тутун не треба да: а) има изглед на храна или козметички производ и б) сугерира дека одреден производ има подобрена биоразградливост или други еколошки предности. Член 56 Несогорливиот производ од тутун што се пушта во промет (парчиња, стапчиња или капсули) треба да би дат во заштитено пакување. На единечното пакување на несогорливиот произ вод од тутун и на секоја надворешна амбалажа, со ис клучок на провидните опаковки и транспортните ку тии, што се пуштаат во промет треба да бидат втис нати/отпечатени следните информации: 1. име на производот; 2. име-назив на производителот и увозникот што овозможува идентификација и адреса; 3. број на парчиња; 4. сериски број или еквивалент што ќе овозможи да се одреди местото и датумот на производството; 5. предупредување за здравјето и 6. препорака дека производот е само за полнолетни. Член 57 На единечното пакување и кое било надворешно пакување на потрошниот дел од несогорливиот произ вод од тутун на предната страна се става следното здравствено предупредување: „Овој производ од тутун е штетен за здравјето и предизвикува зависност―. Предупредувањето од ставот 1 на овој член е: а) отпечатено на 30% од површината на предната страна вклучувајќи ја и рамката на единечното паку вање; б) отпечатено со задебелени букви во црна боја со фонт Хелветика на бела позадина во центарот на пов ршината која е резервирана за него, како и на кубоид ните пакувања и кои било надворешни пакувања, тие треба да бидат паралелни со страничниот раб на еди нечното пакување или надворешното пакување; в) опкружено е со црна рамка со широчина од нај малку 3 мм и не повеќе од 4 мм која е надвор од пов ршината резервирана за предупредувањето и г) освен на македонски јазик и кирилско писмо мо жат да бидат напишани и на друг јазик што го зборува ат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, во за висност од проценката на производителот или увозни кот. Предупредувањето може да биде втиснато и на на лепница, под услов налепницата да не може да се от страни. X. ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ Член 58 Производителите и увозниците кои ставаат во про мет електронски цигари и/или контејнерите за еднок ратно или повеќекратно полнење, поднесуваат барање за пуштање во промет до Министерството за здравство. Барањето од ставот 1 на овој член се поднесува во писмена форма најмалку три месеци пред планираното пуштање во промет на уредот. Барањето од ставот 1 на овој член особено содржи: 1) име-назив и адреса на производителот и/или увозникот што овозможува негова идентификација; 2) листа на состојки кои се содржани во произво дот; 3) листа на состојки на емисиите, како резултат на неговата употреба, за секоја марка и за секој тип, вклу чувајќи ги и нивните количини; 4) токсиколошки достапни податоци за состојките и емисиите на производот, вклучувајќи го нивното влија ние врз здравјето на потрошувачите при вдишување и евентуалниот ефект на зависност при нивно загревање; 5) информации за дозите на никотин и апсорбира њето кога се консумира во нормални или разумно предвидливи услови, односно според информациите наведени во упатството за употреба и чување на уре дот; Стр. 108 - Бр. 98 21 мај 2019 6) опис на уредот, опис на механизмот за отворање и за полнење на електронската цигара или на контејне рите за повеќекратно полнење; 7) за производителите на контејнерите за еднократ но или повеќекратно полнење опис на производниот процес и изјава дека производствениот процес се обез бедува во согласност со барањата на овој член и 8) изјава дека производителот и увозникот кои ста ваат во промет електронски цигари и/или контејнери за повеќекратно полнење, носат целосна одговорност за квалитетот и безбедноста на производот, кога се нуди на пазарот и се користи при нормални или разумно предвидливи услови, односно според информациите наведени во упатството за употреба и чување на уре дот. Во случај да доставените информации од ставот 3 точки 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 на овој член се некомплетни, Министерството за здравство може да побара дополну вање со релевантни информации. Министерството за здравство од производителите и увозниците врши наплата на трошоците за прием, скла дирање, ракување и анализа по примерок од контејнер за еднократно или повеќекратно полнење на информа циите од ставот 3 на овој член, чија висина ја утврдува министерот за здравство со решение. Формата и содржината на барањето и потребната документација од ставот 3 на овој член ги пропишува министерот за здравство. Министерството за здравство издава одобрение за ставање во промет на контејнерите за еднократно и по веќекратно полнење врз основа на барањето од ставот 1 на овој член. Производителите и увозниците кои ставаат во про мет електронски цигари и/или контејнерите за еднок ратно и повеќекратно полнење по добивањето на одоб рението од ставот 7 на овој член се должни да се запи шат во интегрален регистар што го води надлежната организациона единица при Министерството за здрав ство. За секоја суштинска измена на електронската цига ра и/или на контејнерот за повеќекратно пополнување производителите и увозниците поднесуваат дополни телно барање согласно со содржината од ставот 3 на овој член. Министерството за здравство во електронска форма води регистар на правните лица и производите соглас но со ставот 1 на овој член. Производителите и увозниците од ставот 1 на овој член може да наведат кои информации од ставот 3 на овој член претставуваат деловна тајна. Министерството за здравство ги објавува на својата веб страница податоците за правните лица и произво дите, со исклучок на информациите што претставуваат деловна тајна. Член 59 Производителите и увозниците пуштаат во промет течности наменети за електронски цигари: во специјални контејнери за повеќекратно полне ње со волумен не поголем од 10 ml, во електронски цигари за еднократна употреба или во патрони за еднократна употреба, а волуменот на патроните или резервоарите да не надминува 2 ml. Течностите од ставот 1 на овој член не треба да содржат повеќе од 20 мг/мл никотин и: а) витамини или други адитиви кои доведуваат во заблуда дека производот е корисен за здравјето или претставува намалена опасност по здравјето; б) кофеин или таурин, или други адитиви и стиму лирачки соединенија кои се поврзуваат со енергија и виталност; в) адитиви кои имаат својство на боење на емиси ите; г) адитиви кои ќе го олеснат дишењето или навле гувањето на никотин и д) адитиви кои имаат канцерогени, мутагени и реп родуктивно токсични материи во незапалива форма. Во производството на течностите кои содржат ни котин, се користат само состојки со висока чистота. Присуството на супстанции, различни од наведени те во ставот 3 точки а), б), в), г) и д) на овој член, доз волено е само во форма на остаток во супстанцијата и во количества кои технички е невозможно да бидат избегнати. Со исклучок на никотинoт, во течностите од полне њето, се користат само состојки кои не претставуваат опасност по здравјето на луѓето во загреана или незаг реана форма. Член 60 Производителите и увозниците кои ставаат во про мет електронски цигари и/или контејнерите за повеќек ратно полнење се должни да преземаат итни мерки за доведување на електронскиот уред со барањата за ква литетот и безбедноста на производот согласно со чле нот 58 став 3 точка 8) од овој закон или за неговото повлекување од пазарот. Производителите и увозниците кои ставаат во про мет електронски цигари треба навремено да ја известат надлежната организациона единица при Министер ството за здравство за преземените дејства во случаите кога сметаат или има причини да сметаат дека предло жените од нив електронски цигари или контејнерите за повеќекратно полнење не се безбедни или не се со до бар квалитет, или на друг начин не одговараат на бара њата од овој закон. Член 61 Производителите и увозниците треба да пуштаат во промет електронски цигари и контејнери за еднократно и повеќекратно полнење кои се отпорни на оштетување од деца, да не можат да се фалсификуваат, да се зашти тени од кршење и протекување и да имаат механизам кој обезбедува полнење без протекување. Член 62 Производителите и увозниците во корисничкото пакување на електронските цигари и/или контејнерите за повеќекратно полнење ставаат упатство со следната содржина: 1. упатство за употреба и чување на производот, со напомена дека овој производ не се препорачува за употреба од млади луѓе и непушачи; 2. контраиндикации; 3. предупредувања за одредени ризични групи; 4. можни несакани ефекти; 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 109 5. предупредувања за опасноста од зависност и ток сичност и 6. адреса за производителот и/или увозникот, што овозможува нивна индентификација. Секое пакување на контејнерите за еднократно или повеќекратно полнење треба да содржи: 1. листа на сите состојки во производот во опаѓачки редослед според нивната тежина; 2. содржина на никотин во производот и преземено количество никотин во една доза; 3. информации за содржината на подобрувачи на вкусот; 4. сериски број на пакувањето; 5. препорака за чување на контејнерот подалеку од деца и 6. информации за содржината на адитиви-подобру вачи на вкусот. Корисничкиот пакет и секое надворешно пакување на електронските цигари и на контејнерите за повеќек ратно полнење не треба да вклучуваат елементи или карактеристични ознаки кои: 1. ја рекламираат електронската цигара или ја про мовираат нејзината употреба, доведуваат во заблуда во врска со нејзините карактеристики, здравствените по следици, или емисиите; 2. доведуваат во заблуда дека некој уред е помалку штетен од други или дека доведува до намалување на последиците од некои штетни компоненти на чадот, или дека ја подобрува виталноста и енергичноста, дека има лековити, подмладувачки, природни или органски својства или носи други здравствени придобивки или начин на живот; 3. личат на храна или козметички производ и 4. доведуваат во заблуда дека уредот има еколошки предности. Член 63 На корисничкото пакување и на секое надворешно пакување на електронските цигари и на контејнерите за повеќекратно полнење се става здравствено предупре дување: „Овој производ содржи никотин, кој води до висока зависност. Не се препорачува за откажување од пушењето". Здравственото предупредување од ставот 1 на овој член е уредено со членот 73 став 10 од овој закон, при што текстот на предупредувањето треба да: а) се појавува на двете најголеми површини на пое динечното пакување и кое било надворешно пакување и б) покрие 30% од површината на поединечното па кување и кое било надворешно пакување. Процентот од ставот 2 точка б) на овој член може да се зголеми на 32% доколку информациите од овој член освен на македонски јазик и кирилско писмо мо же да бидат напишани и на друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, во завис ност од проценката на производителот или увозникот. Текстот на предупредувањето од ставот 2 на овој член до колку не е отпечатен на единечното пакување може да биде наведен на налепница, под услов налеп ницата да не може да се отстрани. XI. РАСТИТЕЛНИ (БИЛНИ) ПРОИЗВОДИ ЗА ПУШЕЊЕ Член 64 На единечното и групното пакување со растителен производ за пушење се става здравствено предупреду вање: „Пушењето на овој производ штети на вашето здравје". Текстот на здравственото предупредување од ста вот 1 на овој член треба да: а) се појавува како на предната, така и на задната површина на единицата и на секое групно пакување; б) опфаќа 30% од површината на секоја од тие пов ршини, пресметана во однос на површината кога паку вањето е затворено; в) биде во фонт црна хелветика, задебелен тип на бела позадина; г) големината на фонтот да гарантира дека текстот зазема најголем можен дел од површината резервирана за него и д) се појавува во центарот на таа површина. Единечното пакување на растителниот производ за пушење не смее да наведува дека производот вклучува некои од следните елементи или карактеристики: а) промовира или ја поттикнува неговата потрошу вачка преку создавање на погрешен впечаток за него вите карактеристики, здравствени ефекти, ризици или емисии; б) вклучува информации за содржината на никотин, катран или јаглерод моноксид во растителниот произ вод за пушење; в) наликува на храна или козметички производ или г) сугерира дека одреден растителен производ за пушење е: помалку штетен од други растителни производи за пушење, има за цел да го намали ефектот на некои штетни компоненти на чадот, има витализирачко, поттикнувачко, лековито, подмладувачко, поседува природни или органски свој ства или има придонес кон здравјето, начинот или стилот на живот. Елементите и карактеристиките наведени во ставот 3 на овој член вклучуваат (но не се ограничени на) тек стови, симболи, имиња, трговски марки, фигуративни знаци или други видови знаци. Доколку информациите од ставот 2 на овој член ос вен на македонски јазик и кирилско писмо може да би дат напишани и на друг јазик што го зборуваат најмал ку 20% од граѓаните и неговото писмо, во зависност од проценката на производителот или увозникот, а здрав ственото предупредување треба да опфаќа 32% од пов ршината на соодветната површина на поединечното пакување и на секое надворешно пакување. Предупредувањето може да биде втиснато и на на лепница, под услов налепницата да не може да се от страни. Стр. 110 - Бр. 98 21 мај 2019 XII. АДИТИВИ ВО ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ Член 65 Во изработката на производи од тутун и сродни производи може да се користат само дозволени адити ви согласно со ставот 8 на овој член. Производителите и увозниците на производи од тутун се должни еднаш годишно до Државниот инспекторат за земјоделство најдоцна до 31 март во те ковната година да достават на пропишан образец пода тоци за адитивите кои се користат во изработката на производите од тутун и сродните производи. Државниот инспекторат за земјоделство врши про верка дали адитивите се во листите за дозволени ади тиви. Производителите на производи од тутун се должни, за адитивите кои планираат да ги користат во изработ ката на производите од тутун и сродните производи од ставот 1 на овој член, да достават на пропишан образец податоци до Државниот инспекторат за земјоделство три месеци пред планираниот датум за нивна употреба во производството. Увозниците на производите од тутун и сродните производи од ставот 2 на овој член се должни три месе ци пред планираниот датум за нивно пуштање во про мет да достават на пропишан образец до Државниот инспекторат за земјоделство податоци за адитивите ко ристени во производите од тутун и сродните производи од ставот 1 на овој член. Државниот инспекторат за земјоделство во сора ботка со наставно научни институции од областа врши проверка дали тие адитиви се дозволени согласно со ставот 8 на овој член. Формата и содржината на обрасците од ставовите 2, 4 и 5 на овој член, начинот на неговото доставување и користењето на податоците за адитивите кои се корис тат во изработката на производите од тутун и сродните производи, освен несогорливиот тутун ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопан ство во соработка со министерот за здравство. Дозволените адитиви кои се користат во изработка та на производи од тутун и сродни производи и нивна та цел, освен за производите од несогорлив тутун, ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со министерот за здрав ство. XIII. КОНТАМИНЕНТИ ВО ОБРАБОТЕНИОТ ТУТУН И ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН Член 66 Обработениот тутун и производите од тутун не смеат да содржат штетни материи и други загадувачки материи/контаминенти (физички, хемиски и био лошки). Хартијата која се употребува за фабричка изработка на цигари и за рачно виткање на цигари, како и филтер стапчето не смеат да имаат непријатен мирис и вкус. Видот на штетни материи од ставот 1 на овој член, како и начинот и методите на земање примероци за ут врдување на штетните материи и други загаду вачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун ги пропишу ва министерот за земјоделство, шумарство и водосто панство во соработка со министерот за здравство. XIV. ИЗГЛЕД И ПАКУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ТУТУН НАМЕНЕТИ ЗА ПУШЕЊЕ Член 67 Единечното пакување на цигарите има форма на квадар со рамни или заоблени ивици и содржи најмал ку 20 цигари. Се забранува пуштање во промет на пакувањата на цигари кои немаат форма на квадар, кои содржат по малку од 20 цигари, со исклучок на пакувањата на ци гари коишто се наменети за извоз. Единечното пакување на цигари се состои од картон или мек материјал и не треба да има отвор кој ќе може повторно да се затвори или повторно да се за лепи откако е еднаш отворено, освен капакот со прек лоп (флип-топ) и капаците со преклопување. За пакувањата со флип-топ капак и капак со прек лоп, капакот ќе биде поврзан со пакувањето само на задниот дел на пакувањето. Член 68 На пакувањето на производите од тутун за пушење на секоја надворешна амбалажа, со исклучок на про видните опаковки и транспортните кутии, што се пуш таат во промет треба да бидат втиснати/отпечатени следните информации: 1. назив на производот од тутун; 2. опис на производот од тутун: цигара, пура, цига рилос, тутун за луле, тутун за цигари, тутун за џва кање, тутун за шмркање, тутун за наргиле; 3. име на производителот и увозникот што овозмо жува идентификација и адреса; 4. број на парчиња на цигари, пури, цигарилоси, или тежина (за тутун за наргиле, за шмркање и тутун за џвакање); 5. во случај на цигари, квантитативните вредности на катран, никотин и јаглерод моноксид во основниот чад и тоа: „Катран X мг/цигара― (каде што X е заокружен цел број); „Никотин Y мг/цигара― (каде што Y е број заокру жен на прва децимална точка); „Јаглероден моноксид Z мг/цигара― (каде што Z е заокружен цел број); 6. сериски број или еквивалент што ќе овозможи да се одреди местото и датумот на производството на про изводот од тутун и 7. предупредување за здравјето (со исклучок на бурмутот и тутунот за џвакање). Член 69 Се забранува пуштање во промет на цигари што на пакувањето немаат податоци за содржината на катран, никотин и јаглероден моноксид во милиграми по цига ра и/или ако се над дозволените количини утврдени во членот 76 од овој закон. 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 111 Член 70 Не е дозволено впишување на пакувањето на произ води од тутун за пушење на текстови, описи или други знаци кои содржат ознаки, зборови или изрази што упатуваат или сугерираат на тоа дека тој вид на произ вод е: а) помалку штетен од другите (пример: Lowtar, light, mild, ultra light, односно малку катран, лесен, благ, ултра лесен и други слични ознаки); б) укажува на тоа дека одреден производ од тутун има витализирачки, енергетски, исцелителски, подмла дувачки, природни и органски својства; в) личи на храна или козметички производ и г) укажува на тоа дека одреден производ од тутун има подобрена биоразградливост или други еколошки предности. Единечните пакувања и било какви надворешни па кувања не треба да укажуваат на економски предности со вметнување печатени ваучери, кои нудат попусти, бесплатна дистрибуција, две-за-еден или други слични понуди. XV. ПРЕДУПРЕДУВАЊА И ИНФОРМАТИВНИ ПОРАКИ НА ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН НАМЕНЕТИ ЗА ПУШЕЊЕ Член 71 На единечното пакување на производите од тутун за пушење се ставаат општо и комбинирано здравстве но предупредување. На единечното пакување на производите од тутун за пушење од предната страна се пишува едно од след ните општи предупредувања: пушењето убива/пушењето може да убие или пушењето е штетно за вас и за луѓето околу вас. За производите од тутун кои имаат форма на зглоб но пакување кое се отвора со кинење на страничните површини на два дела, општото предупредување ги оп фаќа во целост поголемите делови од овие разделни површини. Општото предупредување треба да се појавува во внатрешноста на врвот на површината која е видлива кога пакувањето е отворено. Страничните површини на овој тип на пакување имаат висина која не е помала од 16 мм. Секое единечно пакување и кое било надворешно пакување на тутунот за самостојно виткање цигари и тутун за луле кој се пушта во промет во торбички или други пакувања, содржи општо предупредување на предната страна и порака за информирање и комбини рано предупредување согласно со членот 72 став 1 од овој закон, на задната страна без слика. На пакувањето од ставот 6 на овој член се става по рака за информирање: „Tутунскиот чад содржи повеќе од 70 супстанции, за кои се знае дека предизвикуваат рак.". Општото предупредување и пораката за информи рање од ставот 6 на овој член се наоѓаат на површината која осигурува целосна видливост на тие здравствени предупредувања. На тутунот за самостојно виткање цигари и тутунот за луле во цилиндрично пакување, општото предупре дување се наоѓа на надворешната површина од покло пецот, а пораката за информирање на внатрешната пов ршина од поклопецот. Општото предупредување мора да покрива најмал ку 30% вклучувајќи ја и рамката на предната страна ко ја не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4 мм. За пакувањата на тутун за самостојно виткање цига ри во кубоидни пакувања, општото и комбинираното предупредување се позиционирани на долниот дел на една од страничните површини на поединечното паку вање, а пораката за информирање е позиционирана на долниот дел од другата странична површина. Здравствените предупредувања од ставот 7 на овој член треба да имаат ширина која не е помала од 20 мм. Општото и комбинираното предупредување како и пораките за информирање секоја засебно покриваат 30% од површините на кои се печатат заедно со рамка та во која се сместени. Општото предупредување и пораката за информи рање од овој член се: а) отпечатени со задебелени букви во црна боја со фонт Хелветика на бела позадина; б) во центарот на површината која е резервирана за нив, како и на кубоидните пакувања и кои било надво решни пакувања, тие треба да бидат паралелни со стра ничниот раб на единечното пакување или надворешно то пакување и в) општото предупредување и пораката за инфор мирање освен на македонски јазик и кирилско писмо може да бидат напишани и на друг јазик што го збору ваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, во зависност од проценката на производителот или увоз никот. Член 72 Единечното пакување на производите од тутун за пушење содржи комбинирано предупредување позици онирано на задната страна од пакувањето каде е напи шана една од следните информативни пораки: пушачите умираат помлади, пушењето предизвикува болести на срцето и ин фаркт, пушењето предизвикува рак на белите дробови, пушењето за време на бременост му штети на ва шето бебе, заштитете ги децата, не дозволувајте да вдишува ат чад, вашиот лекар може да ви помогне да се откажете од пушењето, пушењето е болест на зависност, со престанувањето со пушење ќе го смалите ризи кот од сериозни болести, пушењето може да предизвика бавна и болна смрт, побарајте помош за да престанете да пушите, пушењето може да го намали протокот на крв и да предизвика импотенција, пушењето предизвикува стареење на кожата, пушењето може да ја намали плодноста, Стр. 112 - Бр. 98 21 мај 2019 чадот од цигарите содржи бензен, нитросамин, формалдехид и цијановодород и фотографија (на задната страна) од која е јасно видливо штетното дејство на пушењето преку која е отпечатена една од пораките на овој став. Пораката од комбинираното предупредување кое е вклучено во фотографијата е позиционирано на задната страна од пакувањето опфаќаат површина од најмалку 40% на единечното пакување на производот од тутун на кои се втиснати/отпечатени вклучувајќи ја и рамка та која не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4 мм. Доколку информациите од ставот 2 на овој член се пишуваат освен на македонски јазик и кирилско писмо може да бидат напишани и на друг јазик што го збору ваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, ком бинираното предупредување опфаќа најмалку 45% на задната страна на соодветната површина на единечното пакување на производот од тутун на кој е втиснато. Примената на комбинираното предупредување тре ба да биде наизменична (ротирачка) на начин што ќе овозможи секое предупредување да се појави подед накво на произведените количини. Член 73 Производите од тутун за пушење, освен цигарите, тутунот за самостојно виткање цигари и тутунот за пу шење со водени лулиња содржат општо и текстуално предупредување за здравјето кои треба да се позицио нирани на највидливата површина на единечното паку вање и на кое било надворешно пакување. Општото предупредување треба да се појави на нај видливата површина на единечното пакување и на кое било надворешно пакување. Текстуалното предупредување за здравјето е ут врдено со членот 71 став 7 од овој закон. Предупредувањата од ставот 3 на овој член се поја вуваат на највидливата површина на единечното паку вање и кое било надворешно пакување. За единечни пакувања со преклопен капак највид ливата површина е онаа која станува видлива кога па кувањето е отворено. Општото предупредување од ставот 1 на овој член покрива 30% од релевантната површина на единечното пакување и кое било надворешно пакување. Текстуалното предупредување за здравјето од ста вот 1 на овој член треба да покрие 40% од релевантна та површина на единечното пакување и кое било над ворешно пакување. Кога предупредувањата за здравјето од ставот 1 на овој член треба да се појават на површина поголема од 150 cm2, предупредувањето треба да опфаќа површина од 45 см2. Површината од ставот 8 на овој член се зголемува на 48 см2 ако освен на македонски јазик и кирилско писмо се напишани и на друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо. Општото и текстуалното предупредување за здрав јето од ставот 1 на овој член се: а) отпечатени со задебелени букви во црна боја со фонт Хелветика на бела позадина; б) во центарот на површината која е резервирана за нив, како и на кубоидните пакувања и кои било надво решни пакувања, тие треба да бидат паралелни со стра ничниот раб на единечното пакување или надворешно то пакување; в) опкружени со црна рамка со широчина од нај малку 3 мм и не повеќе од 4 мм која е надвор од пов ршината резервирана за здравственото предупредување и г) освен на македонски јазик и кирилско писмо мо же да бидат напишани и на друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, во завис ност од проценката на производителот или увозникот. Текстовите на податоците од членовите 71 и 72 од овој закон мора да бидат ставени во рамка, при што ширината на рамката не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4 мм. Предупредувањата од членовите 71 став 2 и 72 став 1 од овој закон не смеат да бидат отпечатени под ак цизната марка залепена на пакувањето на производот од тутун. Предупредувањата од членовите 71 став 2 и 72 став 1 од овој закон доколку не се отпечатени на единечно то пакување можат да бидат наведени на налепница, под услов налепницата да не може да се отстрани. XVI. ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОД НИ ПРОИЗВОДИ Член 74 Производите од тутун за пушење можат да се пуш тат во промет ако ги содржат податоците согласно со членовите 71, 72 и 73 од овој закон и податоците од Ре гистарот на марки од членот 51 од овој закон. Член 75 За пуштање во промет на производи од тутун и сродни производи се издава уверение за квалитет-сер тификат согласно со членот 80 од овој закон и согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство. Член 76 Цигарите што се пуштени во промет не смеат да содржат повеќе од: 10 мг катран/цигара, 1 мг никотин/цигара и 10 мг јаглероден моноксид/цигара. Податоците од ставот 1 на овој член мора да бидат втиснати/отпечатени на бочната страна на пакувањето и да покриваат најмалку 10% вклучувајќи ја и рамката која не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4 мм од страната на која се втиснати. Податоците од ставот 1 на овој член можат да бидат втиснати/отпечатени на бочната страна на пакувањето и да покриваат најмалку 12%, доколку покрај македон скиот јазик и кирилско писмо се употребува и друг ја зик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и не говото писмо, во зависност од проценката на произво дителот или увозникот. 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 113 Член 77 Се забранува продажба на одделни цигари и/или други производи од тутун надвор од оригиналното па кување на производителот, со исклучок на пурите. Член 78 Се забранува ставање во промет на тутун за орална употреба. XVII. ФИНАНСИРАЊЕ Член 79 За финансирање на активностите во тутунското производство Владата на Република Македонија на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува Стратегија за производство на тутун за период од седум години со акционен план. Врз основа на Стратегијата од ставот 1 на овој член Владата на Република Македонија на предлог на ми нистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува Годишна програма за финансирање на актив ностите во тутунското производство (во натамошниот текст: програма). Целите на Стратегијата за производство на тутун за период од седум години се: утврдување на мерки и подмерки за поддршка на доходот на земјоделските стопанства и државна помош кои се занимаваат со тутунско производство, обезбедување на континуиран и одржлив развој на тутунското производство и зголемување на конкурентноста и одржување на традиционалното реноме на пазарот на тутун. Акциониот план особено содржи краткорочни и среднорочните насоки за развој, рокови и активности за нивна реализација и индикативни финансиски сред ства за спроведување на Стратегијата. Активностите и мерките утврдени во програмата од ставот 2 на овој член се финансираат со средства обез бедени од: Буџетот на Република Македонија, донации и други извори согласно со закон. ХVIII. КОНТРОЛА НА ТУТУН, ОБРАБОТЕН ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН, СРОДНИ ПРОИЗВОДИ И АДИТИВИ Член 80 Контрола и следење на квалитетот на обработениот тутун при извоз и увоз како и на тутунот при увоз врши Државниот инспекторат за земјоделство по под несено барање од правното лице. Анализа на земените примероци од страна на државниот инспектор за земјоделство за контрола на квалитетот врши акредитирана лабораторија од облас та на тутунот која поднесува извештај за извршена кон трола на квалитетот на примероците до Државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспектор за земјоделство кој ги земал примероците за анализа. Врз основа на извештајот од ставот 2 на овој член, Државниот инспекторат за земјоделство издава увере ние за квалитет-сертификат со важност од 60 дена. Трошоците за издавање на уверение-сертификат за квалитет се на товар на правното лице од ставот 1 на овој член, пропишани согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство. Трошоците за извршената лабораториска анализа по единица примерок, на земените примероци од Државниот инспекторат за земјоделство се на товар на правното лице од ставот 1 на овој член, а ги утврдува акредитираната лабораторија од областа на тутунот. По добивањето на резултатите од анализата може да се поднесе барање од правното лице или Државниот инспекторат за земјоделство, во рок од 24 часа по нив ното примање, за вршење на суперанализа до друга ак редитирана лабораторија од областа на тутунот. Трошоците за суперанализата се на товар на бара телот. Резултатите од суперанализата се конечни. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член, начинот на вршење на контрола на квалите тот на тутунот од ставот 2 на овој член, како и начинот и методите на земање примероци, време, место, начин на чување и уништување на примероците, како и мето дите за анализа на квалитет на тутунот ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопан ство. Член 81 Контрола на квалитетот на производите од тутун и несогорливиот тутун, врши Државниот инспектор за земјоделство по поднесено барање од правно лице сог ласно со Законот за Државниот инспекторат за земјо делство. Контрола на квалитетот на електронските цигари го вршат надлежни инспектори за хемикалии и контроли рани супстанци при Министерство за здравство. Содржината на катран, никотин и јаглероден мо ноксид во основниот чад на цигарите и растителните цигари треба да биде проверена и потврдена од акреди тирана лабораторија. Содржината на никотин во електронските цигари за еднократна употреба и контејнери за еднократна упот реба како и други контејнери со течност за надополну вање треба да биде проверена и потврдена од акреди тирана лабораторија. Акредитираната лабораторија врши испитување на содржината на катран, никотин и јаглероден моноксид согласно со членот 76 став 1 од овој закон и поднесува извештај за квалитетот до Државниот инспекторат за земјоделство. Акредитираната лабораторија врши испитување на содржината на никотин согласно со членот 59 став 2 од овој закон и поднесува извештај до инспекторот за хе микалии и контролирани супстанци при Министер ство за здравство. За производите од тутун кои не се цигари како и за растителни (билни) производи за пушење, за секоја марка еднаш годишно или пред првото пуштање во промет, по претходно барање од правното лице кое врши промет се обезбедува мислење од наставно-науч на институција од областа на тутунската наука. За несогорливите тутунски производи, информаци ите што се доставуваат до наставно-научната институ ција заради издавање на мислење пред да бидат ставе Стр. 114 - Бр. 98 21 мај 2019 ни на пазарот, покрај условите утврдени во членот 53 од овој закон, мора да содржат и научни докази кои до кажуваат дека уредот со кој се користи не го согорува тутунот и не произведува чад што може да го вдиши корисникот како: а) проценка на емисии на производи според валиди рани научни методи, покажувајќи значително намалу вање на просечните нивоа на токсични компоненти во аеросолот од несогорливите производи во споредба со чадот од цигарите; б) резултати од предклинички студии со користење на релевантни анализи кои се меѓународно прифатени за целта и следејќи ги Добрите лабораториски практи ки (Principles of Good Laboratory Practices - GLP) на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) кои покажуваат значително намалување на токсичноста на аеросолниот производ во споредба со тутунскиот чад; в) резултати од клинички студии спроведени во согласност со Добрите лабараториски практики (GLP), кои покажуваат значително намалување на изложенос та на тоскични честички во споредба со чадот од цига ри и потенцијалот на производот за намалување на ри зикот од болести поврзани со пушењето во споредба со пушењето на цигари. Трошоците за издавање на уверение-сертификат за квалитет се на товар на правното лице од ставот 1 на овој член, пропишани согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство. Трошоците за извршената лабораториска анализа на земените примероци од Државниот инспекторат за земјоделство и инспекторите за хемикалии и контроли рани супстанции при Министерство за здравство се на товар на правното лице од ставовите 1 и 6 на овој член, а ги утврдува акредитираната лабораторија од ставот 4 на овој член. Член 82 Производителот или увозникот на производи од тутун и сродни производи, освен за несогорливиот тутун, во писмена форма на образец ги доставува пода тоците за сите состојки и адитиви кои се употребени во производството и нивното количество во опаѓачки ре дослед според тежината, за секоја состојка вклучена во производот, согласно со членот 65 ставови 4 и 5 од овој закон. Кон образецот од ставот 1 на овој член се доста вува: а) изјава во која се изложени причините за вклучу вањето на овие состојки во соодветните производи од тутун; б) статусот на состојките, во согласност со Региста рот за хемикалии и супстанции кој се води според За конот за хемикалии; в) класификација на состојките; г) за цигарите и тутунот за самостојно виткање, производителот или увозникот доставуваат технички документ за користените адитиви и нивните својства. Наставно-научна институција од областа на тутун ската наука врши проверка на доставената документа ција, врши определување на типот и квалитетот на про изводот од тутун и дава мислење врз основа на из вршен лабораториски наод до Државниот инспекторат за земјоделство. Врз основа на мислењето добиено од лабораторис киот наод од ставот 3 на овој член, Државниот инспек торат за земјоделство издава уверение за квалитет-сер тификат со важност од една година. Трошоците за издавање на уверение-сертификат за квалитет се на товар на правното лице од ставот 1 на овој член, пропишани согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство. Трошоците за мислењето од ставот 2 на овој член се на товар на правното лице од ставот 1 на овој член, а ги утврдува наставно-научна институција од областа на тутунската наука. Утврдувањето на содржината на катран, никотин и јаглерод моноксид кај цигарите се врши врз основа на меѓународно признати стандарди: ISO 4387 за содржи ната на катран, ISO 3400 или ISO 10315 за содржината на никотин и ISO 8454 за содржината на јаглерод мо ноксид. Адекватноста на содржината на катран, никотин и јаглерод моноксид наведени на пакувањето се потврду ваат во согласност со стандардот ISO 8243. Член 83 Производителите и увозниците на цигари и елек тронски цигари се должни да извршат мерење на сос тојките од членовите 59 став 2 и 76 став 1 од овој закон во акредитирана лабораторија на сите регистрирани марки цигари и електронски цигари од секоја произве дена, односно увезена партија пред пуштање во промет согласно со членот 81 став 6 од овој закон. Член 84 Државниот инспекторат за земјоделство врз основа на претходно изготвена Годишна програма за монито ринг на производи од тутун и сродни производи, спро ведува мониторинг кај домашниот производител и увозникот на производите од тутун и сродните произ води најмалку еднаш во календарската година. Со мониторингот од ставот 1 на овој член се прове рува и точноста на податоците од мерењата извршени согласно со членот 83 од овој закон. Начинот на вршење на контрола на квалитет и мерењето на состојките од членот 81 став 6 од овој за кон, трошоците за земање на примероци и нивна ана лиза, како и начинот и методите на земање примероци за анализа и суперанализа на квалитет на производите од тутун и сродните производи, како и време, место и начин на чување и уништување на примероците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. ХIX. НАДЗОР Член 85 Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот врши Министерството за земјоделство, шумарство и водос топанство во деловите кои се однесуваат на производ ството на тутун, регистарот на откупувачи, откуп и об работка на тутун, прометот на необработен и обрабо 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 115 тен тутун, начинот на спроведување на испитот за до бивање на лиценца за процена на необработен тутун, несогорливите производи од тутун, растителните (билни) производи за пушење, адитивите во произво дите од тутун и сродни производи, контаминентите во обработениот тутун и производи од тутун, изгледот и пакувањето на производите од тутун наменети за пу шење, предупредувањата и информативните пораки на производи од тутун наменети за пушење, прометот на производи од тутун и сродни производи, финасира њето, контролата на тутун, обработен тутун, произво ди од тутун, сродни производи и адитиви. Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот врши Министерството за економија во деловите кои се одне суваат на регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи и регистарот на производители, из возници и увозници на производи од тутун и сродни производи. Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот врши Министерството за здравство во деловите кои се одне суваат на производството на електронските цигари и адитивите во производи од тутун и сродни производи. Инспекциски надзор над спроведувањето на одред бите на овој закон и прописите донесени врз основа на истиот врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство (инспектор) во деловите кои се однесуваат на производството на производство на тутун, регистар на откупувачи, откуп и обработка на тутун, промет на необработен и обрабо тен тутун, начин на спроведување на испитот за доби вање на лиценца за процена на необработен тутун, не согорливи производи од тутун, растителни (билни) производи за пушење, адитиви во производи од тутун и сродни производи, контаминенти во обработениот тутун и производи од тутун, изглед и пакување на про изводите од тутун наменети за пушење, предупредува ња и информативни пораки на производи од тутун на менети за пушење, промет на производи од тутун и сродни производи, финансирање, контрола на тутун, обработен тутун, производи од тутун, сродни произво ди и адитиви. Инспекциски надзор над спроведувањето на одред бите на овој закон и прописите донесени врз основа на истиот врши Државниот пазарен инспекторат во дело вите кои се однесуваат на регистар на марки на произ води од тутун и сродни производи и регистарот на про изводители, извозници и увозници на производи од тутун и сродни производи. Инспекциски надзор над спроведувањето на одред бите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот врши Министерство за здравство преку инспек тори за хемикалии и контролирани супстанци во дело вите кои се однесуваат на електронски цигари и адити ви во производи од тутун и сродни производи. Инспекциски надзор над спроведувањето на одред бите на овој закон и прописите донесени врз основа на истиот врши Управната инспекција во деловите кои се однесуваат на запишување во регистарот на откупува чи на тутун, регистарот на производители, извозници и увозници на производи од тутун и сродни производи, несогорливите производи од тутун и регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи. Член 86 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение со кое привремено се одзема тутунот и задолжи телно го предаде на најблискиот откупувач на тутун, ако: 1) утврди дека производителот на тутун врши про изводство без да склучи договор за производство и от куп на тутун со откупувачот на тутун (член 7 од овој закон) и 2) производителот на тутун и откупувачот на тутун при транспортот на тутунот ги немаат соодветните до кументи (член 42 од овој закон). Откупувачот на тутун од ставот 1 на овој член е должен да го преземе привремено одземениот тутун на начин предвиден за редовен откуп на тутун. Откупувачот на тутун од ставот 1 на овој член е должен да го смести и негува привремено одземениот тутун на начин предвиден за редовен откуп на тутун до моментот на отстранување на недостатоците. По правосилноста на решението донесено од стра на на државниот инспектор за земјоделство, привреме но одземениот тутун може комисиски да се уништи или да се понуди на продажба на откупувачот на тутун каде што е сместен привремено одземениот тутун. Трошоците за сместување и негување на привремо одземениот тутун производителот на тутун е должен да му ги надомести на откупувачот на тутун врз основа на доставена фактура. Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот инспекторат за земјоделство до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 87 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение со кое ќе забрани промет на необработен, обра ботен тутун, производи од тутун и сродни производи на правното лице, ако: 1) пушти во промет необработен и обработен тутун без да биде регистриран во трговскиот регистар, без да е запишан во регистарот на откупувачи на тутун што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и без уверение за квалитет-сертификат (член 43 од овој закон); 2) во промет се пуштени пакувања на цигари кои немаат форма на квадар и содржат помалку од 20 цига ри (член 67 став 2 од овој закон); 3) во промет се пуштени цигари што на пакувањето немаат податоци за содржината на катран, никотин и јаглероден моноксид во милиграми по цигара и/или ако се над дозволените количини согласно со членот 76 од овој закон (член 69 од овој закон); 4) пушти во промет производи од тутун за пушење на чие пакување се впишани текстови, описи или други знаци (член 70 став 1 од овој закон); Стр. 116 - Бр. 98 21 мај 2019 5) единечните пакувања и било какви надворешни пакувања укажуваат на економски предности со вмет нување печатени ваучери, кои нудат попусти, бесплат на дистрибуција, две-за-еден или други слични понуди (член 70 став 2 од овој закон); 6) пушти во промет производи од тутун и сродни производи без уверение за квалитет-сертификат (член 75 од овој закон); 7) во промет е пуштен тутун за орална употреба (член 78 од овој закон); 8) не ги спроведе потребните испитувања за сод ржината на никотин во електронските цигари за еднок ратна употреба и контејнери за еднократна употреба како и други контејнери со течност за надополнување во акредитирана лабораторија (член 81 став 4 од овој закон) и 9) не обезбеди мерење на состојките од членот 76 став 1 од овој закон на сите регистрирани марки цига ри од секоја произведена односно увезена партија пред пуштање во промет (член 83 од овој закон). Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение за привремено одземање на тутунот, производи те од тутун и сродните производи од ставот 1 на овој член и задолжително го предаде на најблискиот отку пувач на туутн, односно производител на производи од тутун. Правното лице од ставот 2 на овој член е должен да го преземе, смести и негува привремено одземениот тутун, производите од тутун и сродни производи. Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот инспекторат за земјоделство до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 88 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение за забрана на откуп и/или обработка на тутун, производство и промет на обработен тутун на правното лице, ако: 1) не обезбеди сертифициран семенски материјал од регистриран производител на тутунско семе (член 11 став 2 од овој закон); 2) врши откуп и обработка на тутун без приоритет на дејност-трговија на големо со суров тутун и/или производство на тутунски производи и без да е запи шан во регистарот на откупувачи на тутун што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водос топанство (член 26 став 1 од овој закон); 3) не ги исполнува условите од членовите 27 и 29 од овој закон и 4) обработениот тутун содржи штетни материи и други загадувачки материи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) (член 66 став 1 од овој закон). Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот инспекторат за земјоделство до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 89 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение со кое ќе наложи на лицето кое врши производ ство на тутун без склучен договор за производство и откуп на тутун да го уништи насадот. Тутунскиот насад го уништува лицето кое го поса дило истиот или по кој било основ го поседува или ко ристи земјиштето. Ако тутунскиот насад не биде уништен од лицето од ставот 2 на овој член, истиот ќе биде уништен коми сиски од страна на Државниот инспектор за земјодел ство заедно со претставници од Министерството за внатрешни работи на сметка на сопственикот или ко рисникот на земјиштето. Државниот инспектор за земјоделство со потврда за привремено одземени предмети ќе го одземе тутунот (необработен, обработен и/или режан тутун) кој е пред мет на сторен прекршок и ќе го предаде на најблискиот откупувач на тутун. Доколку одземениот необработен, обработен и/или режан тутун има употребна вредност и може да се употреби за производство на производи од тутун по извршената проценка од вешто лице, ќе биде понуден за продажба на откупувачот на тутун каде што е смес тен тутунот. Доколку одземениот тутун од ставот 4 на овој член е без употребна вредност по извршената проценка од вешто лице, истиот се уништува комисиски со прет ставниците од став 3 на овој член. Доколку одземениот тутун се продаде, реално нап равените трошоци за сместување, чување и одржување, кај откупувачот на тутун каде бил сместен одземениот тутун се на терет на сторителот на прекршокот. Против решението од ставовите 1 и 2 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку Државниот инспекто рат за земјоделство до Државна комисија за одлучува ње во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставовите 1 и 2 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 90 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение со кое ќе определи рок за отстранување на ут врдените недостатоци и ќе го забрани отпочнувањето на откупот, ако откупувачот на тутун: 1) не ја пријави секоја промена на името, адресата, седиштето или дејноста (член 26 став 3 од овој закон); 2) не ги пријави локациите на сите простории за от куп до Државниот инспекторат за земјоделство и не ги внесе во ИСЕТ (член 30 став 1 од овој закон); 3) не отвори простории за откуп во населени места со договорено производство над 100 тони тутун (член 30 став 3 од овој закон); 4) не обезбеди финансиски документ пред почето кот на откупот на тутунот за целокупната договорена количина на тутун од тековната реколта и динамика на прилив на средства за време на откупот на тутунот (член 31 ставови 1 и 2 од овој закон); 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 117 5) не обезбеди дополнителни финансиски средства за дополнително планираната количина на тутун пред почетокот на откупот на тутунот и писмено или по елeктронски пат не ги извести Државниот инспекторат за земјоделство и Министерството за земјоделство, шу марство и водостопанство (член 31 ставови 4 и 5 од овој закон); 6) не утврди динамика на откуп на тутунот од те ковната реколта, односно не се придржува кон истата (член 34 став 2 од овој закон); 7) пред почетокот на откуп на тутун, во простории те за откуп не истакне заверени мостри на тутунот по типови и класи (член 36 став 1 од овој закон); 8) процената на тутунот ја врши со проценител кој нема лиценца за процена на тутун и идентификациона картичка за процена на тутун (членови 37 став 1 и 38 став 1 од овој закон); 9) процената на тутун не ја врши во просторија на менета за откуп на тутун, јавно, во присуство на произ водителот и претставникот на здружението на тутуноп роизводители кој има лиценца (член 37 ставови 2 и 3 од овој закон); 10) не води книга за процена на тутун (член 39 од овој закон); 11) не го прима, чува и не го евидентира оспорени от тутун во книгата за приговори (член 40 став 2 од овој закон) и 12) не води посебна евиденција за откупените и об работените количини на тутун од тековната реколта и истите не ги внесува во електронскиот систем на Ми нистерството за земјоделство, шумарство и водосто панство (член 41 од овој закон). Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот инспекторат за земјоделство до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 91 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение со кое ќе забрани: 1) вршење на дејност производство на тутунски производи и привремено да ги одземе производите од тутун и сродни производи доколку утврди дека произ водителот врши производство без да е запишан во ре гистарот на производители на тутунски и сродни про изводи (член 49 став 1 од овој закон); 2) вршење на дејност производство на тутунски производи и привремено да ги одземе производите од тутун и сродни производи доколку утврди дека произ водителот врши производство без да ги исполнува ус ловите од членот 49 став 2 на овој закон; 3) вршење на дејност извоз или увоз на производи од тутун и сродни производи и привремено да ги одзе ме доколку утврди дека извозникот или увозникот врши извоз или увоз без да е регистриран во региста рот за производители, регистарот на извозници и увоз ници на производи од тутун и сродни производи (член 50 став 1 од овој закон); 4) вршење на дејност извоз или увоз на тутунски производи и привремено да ги одземе производите од тутун и сродни производи доколку утврди дека извоз никот или увозникот врши извоз или увоз без да ги ис полнува условите од членот 50 став 2 од овој закон; Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот инспекторат за земјоделство до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. За одземените производи од тутун и сродни произ води во случаите од ставот 1 на овој член, државниот земјоделски инспектор е должен да издаде потврда за привремено одземени предмети. Државниот земјоделски инспектор привремено од земените тутунски производи и сродни производи сог ласно со Законот за Државен инспекторат за земјодел ство и Законот за инспекциски надзор ќе ги предаде на Агенција за управување со одземен имот. Член 92 Државниот пазарен инспектор ќе донесе решение со кое ќе забрани: 1) пуштање во промет на производи од тутун и сродни производи и привремено да ги одземе доколку производителот, односно увозникот не се запишани во регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи (член 51 став 3 од овој закон); 2) пуштање во промет на несогорливи тутунски производи и привремено да ги одземе истите, доколку не се запишани во Регистарот на марки на тутунски производи од тутун и сродни производи согласно со членовите 49, 50 и 51 од овој закон (член 53 став 5 од овој закон). 3) пуштање во промет на течности наменети за електронски цигари кои не се во специјални контејнери за повеќекратно полнење и се со волумен поголем од 10 ml и електронски цигари за еднократна употреба со патрони за еднократна употреба, а волуменот на патро ните или резервоарите надминува 2 ml и привремено да ги одземе истите (член 59 став 1 од овој закон); 4) пуштање во промет на цигари спротивно на од редбите од членот 76 од овој закон и привремено да ги одземе истите и 5) продажба на одделни цигари и/или други произ води од тутун надвор од оригиналното пакување на производителот и привремено да ги одземе истите, со исклучок на пурите (член 77 од овој закон) . Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот пазарен инспекто рат до Државната комисија за одлучување во втор сте пен во областа на инспекцискиот надзор и прекршоч ната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. За одземените производи од тутун и сродни произ води во случаите од ставот 1 на овој член, државниот пазарен инспектор е должен да издаде потврда за прив ремено одземени предмети. Стр. 118 - Бр. 98 21 мај 2019 Државниот пазарен инспектор привремено одземе ните производи од тутун и сродни производи задолжи телно ќе ги предаде на Агенција за управување со одзе мен имот согласно со Законот за државен пазарен инспекторат. Член 93 Државниот пазарен инспектор ќе донесе решение со кое ќе определи рок за отстранување на утврдените недостатоци, ако: 1) производителите, извозниците и увозниците на производи од тутун и сродни производи не водат еви денција за производството, извозот, увозот и залихите на производи од тутун и сродни производи (член 52 став 1 од овој закон) и 2) производителите, извозниците и увозниците за пишани во Регистарот на марки на тутунски производи од тутун и сродни производи не ја пријавиле промена та на името, адресата, седиштето или дејноста до Ми нистерството за економија (член 51 став 3 од овој за кон). Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот пазарен инспекто рат до Државната комисија за одлучување во втор сте пен во областа на инспекцискиот надзор и прекршоч ната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 94 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение за забрана за пуштање во промет на производи од тутун и сродни производи и ќе определи рок за от странување на утврдените недостатоци, ако: 1) производителите и увозниците на производи од тутун не достават на пропишан образец податоци за адитивите кои се користат во изработката на произво дите од тутун до Државниот инспекторат за земјодел ство (член 65 став 2 од овој закон); 2) на пакувањето на производите од тутун за пуше ње не се содржани информациите од членот 68 од овој закон; 3) на пакувањето на производите од тутун за пуше ње се впишуваат текстови, описи или други знаци кои содржат ознаки, зборови или изрази што упатуваат или сугерираат на тоа дека тој вид е помалку штетен од другите (на пример: low tar, light, mild, ultralight, однос но малку катран, лесен, благ, ултра лесен и други слич ни ознаки), (член 70 став 1 од овој закон); 4) на единечните пакувања и било какви надвореш ни пакувања се содржани податоци кои укажуваат на економски предности со вметнување печатени ваучери, кои нудат попусти, бесплатна дистрибуција, две-за еден или други слични понуди (член 70 став 2 од овој закон); 5) општото предупредување на пакувањето не е во согласност со членот 71 ставови 2 и 10 од овој закон; 6) комбинираното предупредување не е во соглас ност со членот 72 став 2 од овој закон; 7) доколку информациите од членот 72 став 1 од овој закон се пишуваат покрај на македонскиот уште на еден јазик комбинираното предупредување мора да покрива најмалку 45% на задната страна на единечното пакување (член 72 став 3 од овој закон); 8) комбинираното предупредување не се применува наизменично (ротирачки) на начин што ќе овозможи секое предупредување да се појави подеднакво на про изведените количини (член 72 став 4 од овој закон); 9) пакувањето на производите од тутун за пушење, освен цигарите, тутунот за самостојно виткање цигари и тутунот за пушење со водени лулиња не ги содржи општо и текстуално предупредување и не се во форма и димензии согласно со членот 73 од овој закон; 10) текстовите на предупредувањата од членовите 71 и 72 од овој закон се на акцизната марка која е зале пена на пакувањето на тутунскиот производ (член 73 став 12 од овој закон); 11) текстовите на предупредувањата од членовите 71 став 2 и 72 став 1 од овој закон не се отпечатени на единечното пакување или се наведени на налепница која може да се отстрани (член 73 став 13 од овој за кон); 12) цигарите содржат повеќе од 10 мг катран/ци гара, 1 мг никотин/цигара и 10 мг јаглероден монок сид/цигара (член 76 став 1 од овој закон) и 13) податоците не се втиснати/отпечатени на бочна та страна на пакувањето и не покриваат најмалку 10% вклучувајќи ја и рамката која не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4 мм од страната на која се втиснати, а ако се употребува покрај македонскиот уш те еден јазик најмалку 12% од страната на која се втис нати (член 76 ставови 2 и 3 од овој закон). Доколку правното лице не постапи по решението и во дадениот рок не ги отстрани утврдените недостато ци Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение за забрана на вршење на дејноста производство на тутунски производи. Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку Државниот инспекторат за земјоделство до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Државниот инспектор за земјоделство со потврда за привремено одземени предмети ќе ги одземе произво дите од тутун и задолжително ќе ги предаде на Агенцијата за управување со одземен имот согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство и За конот за инспекциски надзор. Член 95 Државниот инспектор за земјоделство ќе донесе ре шение со кое ќе забрани пуштање во промет несогор ливи производи од тутун и уреди за нивно користење, ако: 1) производителите и увозниците на несогорливи производи од тутун не достават известување до Ми нистерството за земјоделство, шумарство и водосто панство за сите несогорливи производи од тутун коиш то имаат намера да ги стават во промет (член 53 став 1 од овој закон); 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 119 2) производителите и увозниците кои ставаат во промет несогорливи тутунски производи, а не се запи шани во Регистарот на производители, Регистарот на извозници и увозници на производи од тутун и сродни производи согласно со членовите 49, 50 и 51 од овој за кон (член 53 став 6 од овој закон); 3) производителите и увозниците на електронските уреди за употреба на несогорливите производи од тутун заедно со известувањето од членот 53 од овој за кон не достават сертификат (член 54 став 1 од овој за кон); 4) електронскиот уред за користење на несогорлив тутун не се продава во заштитено пакување (член 54 став 3 од овој закон); 5) електронскиот уред наменет за користење на не согорливиот производ од тутун не содржи информации за безбедност за потрошувачите (член 54 став 4 од овој закон); 6) единечниот електронски уред наменет за корис тење на несогорливиот производ од тутун не ги сод ржи информациите во пакувањето (член 55 став 1 од овој закон); 7) електронскиот уред наменет за користење на не согорливиот производ од тутун има изглед на храна или козметички производ и сугерира дека одреден про извод има подобрена биоразградливост или други еко лошки предности (член 55 став 2 од овој закон); 8) несогорливиот производ од тутун што се пушта во промет (парчиња, стапчиња или капсули) не е во заштитено пакување (член 56 став 1 од овој закон); 9) на единечното пакувањето на несогорливиот производ од тутун и на секоја надворешна амбалажа, со исклучок на провидните опаковки и транспортните кутии, што се пуштаат во промет не се втиснати/отпе чатени информациите од точките 1, 2, 3, 4, 5 и 6 (член 56 став 2 од овој закон) и 10) единечното пакување и кое било надворешно пакување на потрошниот дел од несогорливиот тутун на предната страна не го содржи здравственото пре дупредување (член 57 став 1 од овој закон). Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку Државниот инспекторат за земјоделство до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 96 Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот при Државниот инспекторат за земјодел ство утврди дека за прв пат е сторена неправилност од членовите 101 и 104 од овој закон е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправил ност во рок од 15 дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ја про пишува министерот за земјоделство, шумарство и во достопанство. Едукацијата ја организира и спроведува инспекто рот при Државниот инспекторат за земјоделство во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврде ни исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. Доколку во закажаниот термин лицето или субјек тот над кој се спроведува едукација не се јави на едука цијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. Доколку лицето или субјектот над кој се спроведу ва едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на ут врдената неправилност. Доколку инспекторот при Државниот инспекторат за земјоделство при спроведување на контролниот над зор утврди дека се отстранети утврдените неправил ности од ставот 1 на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. Доколку инспекторот при Државниот инспекторат за земјоделство при спроведување на контролниот над зор утврди дека не се отстранети утврдените неправил ности од ставот 1 на овој член, поднесува барање за по ведување на прекршочна постапка пред прекршочна комисија. Државниот инспекторат за земјоделство води еви денција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот за земјоделство, шумарство и водосто панство. Член 97 Државниот инспекторат за земјоделство за изврше ните контроли изготвува квартални извештаи и ги обја вува на веб страницата на Државниот инспекторат за земјоделство. Член 98 Инспекторот за хемикалии и контролирани суп станции при Министерство за здравство ќе донесе ре шение со кое ќе забрани пуштање во промет, ако про изводителите и увозниците: 1) пуштаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење без претходно да поднесат барање за ставање во про мет до Министерството за здравство (член 58 став 1 од овој закон); 2) пуштаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење без да поднесат барање во писмена форма најмалку три месеци пред планираното ставање во промет на уредот (член 58 став 2 од овој закон); 3) пуштаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно и повеќекратно полнење без да се запишани во интегралниот регистар (член 58 став 8 од овој закон); 4) пуштаат во промет течности кои се наменети за електронски цигари, а содржат никотин, во специјални контејнери за повеќекратно полнење со волумен пого лем од 10 ml или во електронски цигари за еднократна Стр. 120 - Бр. 98 21 мај 2019 употреба или во патрони за еднократна употреба, а во луменот на патроните или резервоарите надминува 2 ml (член 59 став 1 од овој закон); 5) пуштаат во промет електронски цигари и/или контејнери за повеќекратно полнење без да преземат итни мерки за доведување на соодветниот уред со ба рањата на законот или за неговото повлекување од па зарот (член 60 став 1 од овој закон); 6) пуштаат во промет електронски цигари и контеј нери за еднократно и повеќекратно полнење кои не се отпорни на оштетување од деца, можат да се фалсифи куваат, не се заштитени од кршење и протекување и немаат механизам кој обезбедува полнење без протеку вање (член 61 од овој закон); 7) во корисничкото пакување на електронските ци гари и/или контејнерите за повеќекратно полнење не ставаат упатство со содржината од точките 1, 2, 3, 4, 5 и 6 (член 62 став 1 од овој закон); 8) во корисничкиот пакет и на секое надворешно пакување на електронските цигари и на контејнерите за повеќекратно полнење вклучуваат елементи или карак теристични ознаки од точките 1, 2, 3 и 4 (член 62 став 3 од овој закон); 9) на корисничкото пакување и на секое надвореш но пакување на електронските цигари и на контејнери те за повеќекратно полнење нема здравствено предуп редување (член 63 став 1 од овој закон); 10) на корисничкото пакување и на секое надво решно пакување на електронските цигари и на контеј нерите за повеќекратно полнење нема здравствено пре дупредување согласно со членовите 71 или 72 од овој закон и текстот на предупредувањето не е според точ ките а) и б) (член 63 став 2 од овој закон); 11) текстот на предупредувањето на корисничкото пакување и на секое надворешно пакување е наведен на налепница која може да се отстрани (член 63 став 4 од овој закон) и 12) не ги спроведе потребните испитувања на сод ржината на никотин во електронските цигари за еднок ратна употреба и контејнери за еднократна употреба како и други контејнери со течност за надополнување во акредитирана лабораторија (член 81 став 6 од овој закон). Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на прие мот на решението преку инспекторот за хемикалии и контролирани супстанции до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски от надзор и прекршочната постапка. Жалбата изјавена против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. XX. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 99 Глоба на правно лице во износ од 1.000 до 2.000 ев ра во денарска противвредност ќе му се изрече на мало трговско друштво, а глоба на правно лице во износ од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на средно и големо трговско друштво за прекршок, ако: 1) не употребува семенски материјал од откупувачите на тутун обезбеден од регистриран снабдувач на семенски материјал од тутун (член 11 став 1 од овој закон); 2) не обезбеди семенски материјал од регистриран снабдувач на семенски материјал од тутун во предви дените количини (член 11 став 2 од овој закон); 3) не обезбеди без надоместок репроматеријал на тутунопроизводителите, најдоцна до 31 март во теков ната година (член 11 став 7 од овој закон); 4) врши производство на тутун без да склучи дого вор за производство и откуп со откупувачот на тутун (член 13 став 1 од овој закон); 5) не е запишан во Регистарот на откупувачи (член 26 став 1 од овој закон); 6) не ги исполнува условите од членот 29 од овој закон; 7) не поднесе барање за запишување во регистарот на откупувачи на тутун што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (член 28 став 1 од овој закон); 8) не обезбеди финансиски документ за обезбедени средства за целокупната договорена количина на тутун од тековната реколта во висина на просечната откупна цена по килограм на ниво на државата од минатите три реколти за соодветните типови на тутун (член 31 ставо ви 1 и 2 од овој закон); 9) откупот не го врши според мерилата и методите за квалитативна и квантитативна процена (член 35 став 1 од овој закон); 10) процената на тутунот ја врши проценителот кој нема лиценца издадена од Министерството за земјо делство, шумарство и водостопанство (член 37 став 1 од овој закон); 11) проценителот, процената на тутунот не ја врши јавно и во просторија наменета за откуп на тутун (член 37 ставови 2 и 3 од овој закон); 12) не го прими, не го евидентира тутунот кој е предмет на приговор во книгата за приговори и наред ниот ден по електронски пат не го пријави до комисија за повторна процена (член 40 став 2 од овој закон); 13) не обезбедува претставник во комисијата за повторна процена (член 40 став 11 од овој закон); 14) врши промет на необработен тутун без да е ре гистриран за откуп на тутун согласно со членот 26 од овој закон и без да е регистриран за производство на производи од тутун и сродни производи согласно со членовите 49 и 50 од овој закон (член 43 став 1 од овој закон); 15) врши промет на обработен тутун без да е регис триран за промет и/или извоз во трговскиот регистар и без да е запишан во Регистарот на откупувачи на тутун што го води Министерството за земјоделство, шумар ство и водостопанство согласно со членот 26 од овој закон (член 43 став 2 од овој закон); 16) нема договор за обработка на увезениот тутун со регистриран откупувач на тутун (член 43 став 3 од овој закон); 17) пред да го пушти во промет увезениот тутун не го обработи (член 43 став 4 од овој закон); 18) обработениот тутун го увезува без да го дора боти, стави во промет или да го преработи во произво ди од тутун и сродни производи (член 43 став 5 од овој закон); 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 121 19) врши промет, извоз и увоз без уверение за ква литет-сертификат согласно со овој закон и согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство (член 43 став 6 од овој закон); 20) врши откупување, купување, прекупување, про дажба, препродажба, транспорт и складирање на тутун или режан тутун, како и неовластено располагање со машини, алати, уреди и опрема кои се користат за из работка на производи од тутун и сродни производи спротивно на одредбите од овој закон (член 44 од овој закон); 21) врши извоз на необработен тутун неманипули ран во индустриски класи и непакуван во картонски кутии или во тонга бали (член 45 од овој закон); 22) врши производство на производи од тутун и сродни производи без да е регистриран во трговскиот регистар за вршење на дејност производство на тутун ски производи и без да е запишан во Регистарот на производители на производи од тутун и сродни произ водители (член 49 став 1 од овој закон); 23) не ги исполнува условите од членот 49 став 2 од овој закон; 24) не поднесе барање до Министерството за земјо делство, шумарство и водостопанство за запишување во Регистарот (член 49 став 4 од овој закон); 25) врши промет на производи од тутун и сродни производи без да е регистриран во трговскиот регистар за вршење на дејност трговија на големо со производи од тутун и без да е запишан во Регистарот на извозни ци и увозници на производи од тутун и сродни произ води (член 50 став 1 од овој закон); 26) не ги исполнува условите од членот 50 став 2 од овој закон; 27) не поднесе барање до Министерството за земјо делство, шумарство и водостопанство за запишување во Регистарот (член 50 став 4 од овој закон); 28) не поднесе барање до Министерството за еконо мија за запишување во Регистарот (член 51 став 4 од овој закон); 29) не достави известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите не согорливи производи од тутун коишто имаат намера да ги стават во промет во печатена форма 30 дена пред планираното пуштање во промет (член 53 ставови 1 и 2 од овој закон); 30) пушта во промет несогорливи производи од тутун без да е запишан во Регистарот на производи тели, Регистарот на извозници и увозници на произво ди од тутун и сродни производи и Регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи согласно со ченовите 49, 50 и 51 од овој закон (член 53 став 5 од овој закон); 31) не достави сертификат (член 54 став 1 од овој закон); 32) не достави најдоцна до 31-ви март во тековната година на пропишан образец податоци за адитивите кои се користат во изработката на производите од тутун и сродните производи (член 65 став 2 од овој за кон); 33) не достави на пропишан образец податоци за адитивите кои планира да ги користи во изработката на производите од тутун и сродните производи до Држав ниот инспекторат за земјоделство три месеци пред пла нираниот датум за нивна употреба во производството (член 65 став 4 од овој закон); 34) не достави на пропишан образец податоци за адитивите користени во производите од тутун и срод ните производи до Државниот инспекторат за земјо делство три месеци пред планираниот датум за нивно пуштање во промет (член 65 став 5 од овој закон); 35) пушта во промет пакувања на цигари кои нема ат форма на квадар и содржат помалку од 20 цигари, со исклучок на пакувањата на цигари коишто се наменети за извоз (член 67 став 2 од овој закон); 36) пушта во промет производи од тутун за пушење спротивно на членот 68 од овој закон; 37) пушта во промет цигари кои содржат повеќе од 10 мг катран/цигара, 1 мг никотин/цигара и 10 мг јагле роден моноксид/цигара (член 76 став 1 од овој закон); 38) пушта во промет пакувања на цигари на кои по датоците не се втиснати/отпечатени на бочната страна на пакувањето и не покриваат најмалку 10% вклучувај ќи ја и рамката која не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4 мм од страната на која се втиснати, а ако се употребува покрај македонскиот уште еден ја зик најмалку 12% од страната на која се втиснати (член 76 став 2 од овој закон); 39) не ги спроведе потребните испитувања на сод ржината на катран, никотин и јаглероден моноксид во цигарите и растителните цигари во акредитирана лабо раторија (член 81 став 2 од овој закон) и 40) не изврши мерење на состојките од членовите 59 став 2 и 76 став 1 од овој закон во акредитирана ла бораторија на сите регистрирани марки цигари и елек тронски цигари од секоја произведена односно увезена партија пред пуштање во промет согласно со членот 81 од овој закон (член 83 од овој закон). Покрај глобата за прекршоци од ставот 1 на овој член ќе се изрече посебна прекршочна мерка одземање на тутун, производи од тутун, несогорлив тутун, елек тронски цигари, растителни цигари, предмети, сред ства и производи што се употребени за извршување на прекршокот. За прекршокот од ставот 1 на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна сан кција забрана за вршење дејност во траење од три ме сеци до две години, од денот на правосилноста на од луката. Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 150 до 250 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече на физичко лице за прекр шоците од ставот (1) на овој член. Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече за прекршокот од ставот 1 точки 10, 11 и 12 на овој член и на проценителот во от купниот пункт. Член 100 Глоба на правно лице во износ од 1.000 до 1.500 ев ра во денарска противвредност ќе му се изрече на мало трговско друштво, а глоба на правно лице во износ од Стр. 122 - Бр. 98 21 мај 2019 3.500 до 7.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на средно и големо трговско друштво за прекршок, ако: 1) не ги внесе во електронска форма потребните по датоци веднаш со склучувањето на договорот за дого вореното производство на тутун во електронскиот сис тем од членот 10 од овој закон (член 8 став 1 од овој за кон); 2) не ги достави во електронска форма потребните податоци до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна во рок од 5 работни дена по завршувањето на крајниот рок за склучување на договори (член 8 став 2 од овој закон); 3) не ги пријави во електронскиот систем настана тите промени или корекции (член 8 став 4 од овој за кон); 4) не го продаде целокупниот произведен тутун на откупувачот со кој склучил писмен договор за произ водство и откуп на тутун, односно не го откупи цело купниот договорен тутун, под условите предвидени со договорот (член 12 став 1 од овој закон); 5) склучи договор за количини на тутун за кои про изводителот на тутун има склучено договор со друг от купувач на тутун за една производна година, за иста површина и производство (член 14 став 5 од овој за кон); 6) склучува договор по истекот на рокот за склучу вање на договор (член 14 став 7 од овој закон); 7) не ги пријави во електронскиот систем локации те на сите откупни пунктови во кои ќе врши откуп на тутун во определениот рок (член 30 став 1 од овој за кон); 8) не отвори откупни пунктови во населени места со договорено производство над 100 тони тутун (член 30 став 3 од овој закон); 9) со откуп на тутун не започне во сите пријавени откупни пунктови најдоцна од 15 декември во тековна та производна година и не заврши најдоцна до крајот на февруари во наредната година (член 34 став 1 од овој закон); 10) не утврди план за динамика за планираните ко личини за откуп на тутунот од тековната реколта по ре гиони и по производители пред почетокот на откуп и по истиот не се придржува (член 34 став 2 од овој за кон); 11) не го достави планот за откуп до Државниот инспекторат за земјоделство и највисоката асоцијација на тутунопроизводители најдоцна пет дена пред поче токот на откупот и не ги извести писмено производите лите за денот на преземање на тутунот (член 34 ставо ви 3 и 4 од овој закон); 12) пред почетокот на откупот на тутунот во прос ториите за откуп не истакне заверени мостри на туту нот по типови и класи (член 36 став 1 од овој закон); 13) нема обезбедено книга согласно со овој закон и податоците не ги објавува јавно, не ги забележува во книгата за процена и не издава на производителот заве рена дневна потврда за предадениот тутун во која е на ведена бруто и нето тежина, дара и одбитоци (песок, влага и други страни материи) по класи и килограми и податоци за спорен тутун по класа и килограми (член 39 од овој закон); 14) ја попречува работата на комисијата за повтор на процена на тутун (член 40 став 14 од овој закон); 15) не води евиденција за производство, извоз, увоз и залихи на производи од тутун и сродни производи и не доставува до Министерството за земјоделство, шу марство и водостопанство и Министерството за еконо мија евиденција за состојбите од ставот 1 на овој член најдоцна до 31 март во тековната година за податоците од претходната година (член 52 ставови 1 и 2 од овој закон); 16) не обезбеди дека пакувањето на единечниот електронски уред за користење на несогорлив произ вод од тутун содржи информации од точките а), б), в), г) и д) (член 55 став 1 од овој закон); 17) пушта во промет несогорлив производ од тутун кој не е во заштитено пакување (член 56 став 1 од овој закон); 18) пушта во промет единечно пакување на несо горлив производ од тутун и на секоја надворешна ам балажа, со исклучок на провидните опаковки и тран спортните кутии без втиснати/отпечатени информации од точките 1, 2, 3, 4, 5 и 6 (член 56 став 2 од овој за кон); 19) секое единечно пакување и кое било надвореш но пакување на потрошниот дел од несогорливиот про извод од тутун на предната страна не е ставено здрав ствено предупредување (член 57 став 1 од овој закон); 20) на единечното и групно пакување на растител ниот производ за пушење не става здравствено предуп редување и текстот на здравственото предупредување не е според точките а), б), в), г) и д) (член 64 ставови 1 и 2 од овој закон); 21) единечното пакување на растителниот производ за пушење има елементи или карактеристики наведени во точките а), б), в) и г) (член 64 став 3 од овој закон); 22) обработениот тутун и тутунски производи сод ржат штетни материи и други загадувачки мате рии/контаминенти (член 66 став 1 од овој закон); 23) хартијата која се употребува за фабричка изра ботка на цигари и за рачно виткање на цигари, како и филтер стапчето имаат непријатен мирис и вкус (член 66 став 2); 24) на пакувањето на производите од тутун за пу шење се впишани текстови, описи или други знаци кои содржат ознаки, зборови или изрази што упатуваат или сугерираат на тоа дека тој вид на производ е спротивно од наведените точки а), б), в), г) и д) (член 70 став 1 од овој закон); 25) единечните пакувања и било какви надворешни пакувања укажуваат на економски предности со вмет нување печатени ваучери, кои нудат попусти, бесплат на дистрибуција, две-за-еден или други слични понуди (член 70 став 2 од овој закон); 26) на единечното пакување на производите од тутун за пушење не се ставени општо и комбинирано здравствено предупредување (член 71 став 1 од овој за кон); 27) општото предупредување не покрива најмалку 30% вклучувајќи ја и рамката на предната страна која не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4мм (член 71 став 10 од овој закон); 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 123 28) пораката од комбинираното предупредување не опфаќа најмалку 40% вклучувајќи ја и рамката на зад ната страна која не може да биде помала од 3 мм, ниту поголема од 4мм (член 72 став 2 од овој закон); 29) доколку информациите од членот 72 став 1 од овој закон се пишуваат покрај на македонскиот уште на еден јазик комбинираното предупредување не опфа ќа најмалку 45% на задната страна на соодветната пов ршина на единечното пакување на производот од тутун на кој е втиснато (член 72 став 3 од овој закон); 30) примената на комбинираното предупредување не е наизменична (ротирачка) и не овозможува секое предупредување да се појави подеднакво на произведе ните количини (член 72 став 4 од овој закон); 31) општото предупредување не опфаќа 30% од ре левантната површина на единечното пакување и било кое надворешно пакување и текстуалното предупреду вање за здравјето не опфаќа 40% од релевантната пов ршина на единечното пакување и кое било надворешно пакување (член 73 ставови 6 и 7 од овој закон); 32) текстовите на податоците од членовите 71 и 72 на овој закон не се ставени во рамка, при што ширина та на рамката е помала од 3 мм, поголема од 4 мм (член 73 став 11 од овој закон); 33) предупредувањата од членовите 72 став 2 и 73 став 1 од овој закон се отпечатени под акцизната марка која е залепена на пакувањето на производот од тутун (член 74 став 12 од овој закон); 34) предупредувањата од членовите 71 став 2 и 72 став 1 од овој закон се втиснати на налепница, која мо же да се отстрани (член 73 став 13 од овој закон); 35) пушта во промет производи од тутун и сродни производи без уверение за квалитет-сертификат соглас но со членот 80 од овој закон и согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство (член 75 од овој закон) и 36) пушта во промет тутун за орална употреба (член 78 од овој закон). Покрај глобата за прекршоци од ставот 1 на овој член ќе се изрече посебна прекршочна мерка одземање на тутун, производи од тутун, несогорлив тутун, елек тронски цигари, растителни цигари, предмети, сред ства и производи и друго што се употребени за из вршување на прекршокот. За прекршокот од ставот 1 на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна сан кција забрана за вршење дејност во траење од три ме сеци до две години, од денот на правосилноста на од луката. Глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече на физичко лице за прекр шоците од ставот 1 на овој член. Член 101 Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече за прекршок на овластено то службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако: 1) не ги прибави доказите, односно документите по службена должност во рок од три дена од денот на при емот на барањето спротивно на членовите 26 став 4, 29 став 2, 49 став 5 и 50 став 5 од овој закон и 2) не одлучи по барањето во рок од 30 дена од де нот на приемот на барањето спротивно на членовите 26 став 7, 28 став 5 49 став 7 и 50 став 7 од овој закон. Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече за прекршок на овластено то службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите, односно документите ако не ги достави бараните докази и документи во рок од три де на спротивно на членовите 26 став 4, 28 став 2, 49 став 6 и 50 став 5 од овој закон. Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече за прекршок на инспекто рот ако не изврши увид и не достави записник во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето спротивно на членовите 26 став 6, 28 став 4, 49 став 6 и 50 став 6 од овој закон. Член 102 Глоба на правно лице во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на мало трговско друштво, а глоба на правно лице во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на средно и големо трговско друштво за прекршок, ако: 1) не побара писмено мислење за содржината на до говорот од највисоката асоцијација на тутунопроизво дителите, најдоцна до 20 февруари во тековната година (член 14 став 2 од овој закон); 2) не ги внесе во ИСЕТ податоците за раскинување то на договорот и склучувањето на новиот договор (член 24 став 5 од овој закон); 3) не обезбеди постојано присуство на претставник од здружението на тутунопроизводители при процена та на тутунот (член 37 став 4 од овој закон); 4) не води посебна евиденција за откупените и об работените количини на тутун од тековната реколта и не ги внесе во електронскиот систем од членот 10 од овој закон (член 41 став 1 од овој закон); 5) откупените количини на тутун од тековната ре колта не ги пријави најдоцна до крајот на месец март во наредната година (член 41 став 2 од овој закон) и 6) откупувачот при транспорт на откупените коли чини тутун до местото на складирање не носи испрат ница по откупни класи и број на бали и/или картонски кутии, со кој ќе докаже дека тутунот е откупен (член 42 став 2 од овој закон). За прекршокот од ставот 1 на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна сан кција забрана за вршење дејност во траење од три ме сеци до две години, од денот на правосилноста на од луката. Глоба во износ од 250 до 450 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. Покрај глобата од ставот 1 на овој член за дејстви јата од ставот 1 точка 5) на овој член ќе се изрече и по себна прекршочна мерка одземање на тутунот. Стр. 124 - Бр. 98 21 мај 2019 Член 103 Глоба на правно лице во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на мало трговско друштво, а глоба на правно лице во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на средно и големо трговско друштво за прекр шок, ако: 1) содржината на договорот не ја објави јавно нај доцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страница на откупувачот, доколку истата постои (член 13 став 3 од овој закон); 2) содржината на договорот не ја достави до најви соката асоцијација на тутунопроизводители (член 13 став 4 од овој закон); 3) склучи договор кој не ги содржи одредбите од членот 15 од овој закон и 4) преносот на договорот за производство и откуп на тутун не ги евидентира во електронскиот систем од членот 10 од овој закон (член 21 од овој закон). Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. Член 104 Глоба во износ од 150 до 250 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице, ако: 1) пред склучувањето на договорот за производство на тутун не ги обнови податоците за промена на прет ходно пријавените податоци во ЕРЗС (член 7 став 3 од овој закон); 2) целокупниот произведен тутун не го продаде на откупувачот со кој склучил писмен договор за произ водство и откуп на тутун под условите предвидени со договорот (член 12 став 1 од овој закон); 3) произведува тутун без склучен договор за произ водство и откуп на тутун со откупувачот на тутун и склучува договор за една производна година и за исто производство со повеќе откупувачи (член 13 ставови 1 и 2 од овој закон); 4) при транспортот на произведениот суров тутун во лист до просториите од членот 29 од овој закон, не носи договор и писменото известување од членот 34 став 4 од овој закон (член 42 став 1 од овој закон) и 5) врши откупување, купување, прекупување, про дажба, препродажба, транспорт и складирање на необ работен тутун или режан тутун како и неовластено рас полагање со машини, алати, уреди и опрема кои се ко ристат за изработка на производи од тутун спротивно на одредбите на овој закон (член 44 од овој закон). Покрај глобата од ставот 1 на овој член за дејстви јата од ставот 1 на овој член ќе се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на тутунот. Член 105 Глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице, ако: 1) врши процена без лиценца за процена на тутунот (член 37 став 1 од овој закон) и 2) не ја носи идентификационата картичка при вршењето на процената на тутунот за целото време на вршење на откупот на тутунот (член 38 став 4 од овој закон). Член 106 Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице, ако: 1) не го предаде тутунот во денот според известува њето доставено од откупувачот (член 34 став 6 од овој закон); 2) не го остави спорниот тутун во откупниот пункт каде што е извршена процената (член 40 став 4 од овој закон) и 3) ја попречува работата на комисијата за повторна процена на тутун (член 40 став 14 од овој закон). Член 107 Глоба на правно лице во износ од 1.000 до 1.500 ев ра во денарска противвредност ќе му се изрече на мало трговско друштво, а глоба на правно лице во износ од 3.500 до 7.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на средно и големо трговско друштво за прекршок, ако: 1) не ја пријави секоја промена на името, адресата, седиштето или дејноста (член 51 став 3 од овој закон); 2) не поднесе барање до Министерството за еконо мија за запишување во Регистарот за марки на произво ди од тутун и сродни производи (член 51 став 4 од овој закон); 3) не води евиденција за производството, извозот, увозот и залихите на производи од тутун и сродни про изводи (член 52 став 1 од овој закон); 4) текстовите на предупредувањата од членовите 71 став 2 и 72 став 1 на овој закон не се втиснати на начин определен во членот 73 од овој закон; 5) пушта во промет цигари што на пакувањето не содржат податоци за содржината на катран, никотин и јаглероден моноксид во милиграми по цигара (член 76 став 1 од овој закон); 6) врши продажба на одделни цигари и/или други производи од тутун надвор од оригиналното пакување на производителот, со исклучок на пурите (член 77 од овој закон од овој закон). Покрај глобата за прекршоци од ставот 1 на овој член ќе се изрече посебна прекршочна мерка произво ди од тутун, несогорлив тутун, електронски цигари, растителни цигари, предмети, средства и производи што се употребени за извршување на прекршокот. За прекршокот од ставот 1 на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна сан кција забрана за вршење дејност во траење од три ме сеци до две години, од денот на правосилноста на од луката. Глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече на физичко лице за прекр шоците од ставот 1 на овој член. 21 мај 2019 Бр. 98 - Стр. 125 Член 108 Глоба на правно лице во износ од 1.000 до 1.500 ев ра во денарска противвредност ќе му се изрече на мало трговско друштво, а глоба на правно лице во износ од 3.500 до 7.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на средно и големо трговско друштво за прекршок, ако: 1) пушти во промет електронски цигари и/или кон тејнери за еднократно или повеќекратно полнење без претходно да поднесе барање за пуштање во промет до надлежната организациона единица при Министер ството за здравство (член 58 став 1 од овој закон); 2) не поднесе барање во писмена форма најмалку три месеци пред планираното пуштање во промет на уредот (член 58 став 2 од овој закон); 3) пушта во промет течности наменети за електрон ски цигари спротивно на членот 59 ставови 1 и 2 од овој закон; 4) пушта во промет електронски цигари и/или кон тејнери за еднократно или повеќекратно полнење без да е запишан во интегралниот регистар што го води надлежната организациона единица при Министер ството за здравство (член 60 став 8 од овој закон); 5) не презема навремени мерки согласно со членот 60 ставови 1 и 2 од овој закон; 6) пушта во промет електронски цигари и контејне ри за еднократно и повеќекратно полнење кои не се от порни на оштетување од деца, можат да се фалсифику ваат, не се заштитени од кршење и протекување и не маат механизам кој обезбедува полнење без протекува ње (член 61 од овој закон); 7) во корисничкото пакување на електронските ци гари и/или контејнерите за повеќекратно полнење ста ва упатство кое не содржи информации согласно со членот 62 став 1 од овој закон; 8) секое пакување на контејнерите за еднократно или повеќекратно полнење не го обезбеди со информа ции согласно со членот 62 став 2 од овој закон; 9) на корисничкото пакување и на секое надвореш но пакување на електронските цигари и на контејнери те за повеќекратно полнење не става здравствено пре дупредување во согласност со членот 73 став 10 од овој закон (член 63 ставови 1 и 2 од овој закон) и 10) текстот на предупредувањето е втиснат и на на лепница која може да се отстрани (член 63 став 4 од овој закон). Покрај глобата за прекршоци од ставот 1 на овој член ќе се изрече посебна прекршочна мерка произво ди од тутун, електронски цигари, предмети, средства и производи што се употребени за извршување на прекр шокот. За прекршокот од ставот 1 на овој член освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна сан кција забрана за вршење дејност во траење од три ме сеци до две години, од денот на правосилноста на од луката. Глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска про тиввредност ќе му се изрече на физичко лице за прекр шоците од ставот 1 на овој член. Член 109 За прекршоците утврдени во членовите 99 ставови 1 и 3, 100 ставови 1 и 3, 102, 107 и 108 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција из рекува надлежниот суд. За прекршоците од членовите 99 ставови 4 и 5, 100 став 4, 103, 104, 105 и 106 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува прекр шочна комисија формирана согласно со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство. За прекршоците од членовите 105 став 1 точка 2 и 106 од овој закон може да се изрече и опомена за сто рен прекршок. Пред поднесување на барање за прекршочна поста пка за прекршоци утврдени во ставот 2 на овој член се врши постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците. За прекршоците утврдени во ставот 2 од овој член, земјоделскиот инспектор на сторителот на прекршокот ќе му издаде прекршочен платен налог согласно со За конот за прекршоци, при што составува записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршо кот, описот на дејствието на прекршокот и лицата за текнати на самото место. Доколку сторителот го прими прекршочниот пла тен налог, истиот треба да го потпише, а примањето на прекршочниот платен налог од сторителот на прекршо кот се забележува во записникот. Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се от странат штетните последици од прекршокот, како и на чинот на надминување на последиците од сторениот прекршок. Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и прекршочниот платен налог го пот пишува службено, односно одговорното лице кое се нашло на самото место при инспекцискиот надзор или друго службено или одговорно лице кое изјавило дека има право да го потпише записникот и да го прими прекршочниот платен налог. Изјавата од ставот 6 на овој член се забележува во записникот. Инспекторот е должен да води евиденција за изда дените прекршочни платни налози и за нивниот исход. Во евиденцијата од ставот 8 на овој член се соби раат, обработуваат и чуваат следниве податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. Личните податоци од ставот 9 на овој член се чува ат пет години од денот на внесување во евиденцијата. Против одлуката на прекршочната комисија од ста вот 1 на овој член може да се поднесе жалба до Држав на комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочната постапка. За прекршоците утврдени во членот 101 од овој за кон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за земјоделство, шу марство и водостопанство. Стр. 126 - Бр. 98 21 мај 2019 Член 110 Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците. XXI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 111 Правните лица (откупувачи на тутун и производи тели на тутун) и физичките лица (производители на тутун) согласно со овој закон, се должни да го усогла сат своето работење согласно со одредбите на овој за кон во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен со одредбите од членовите 8 и 10 од овој закон каде своето работење треба да го усогласат во рок од една година од денот на влегување то во сила на овој закон. Проценителите на тутун кои се здобиле со лиценца за процена на тутун до денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни да се пријават во овластената институција од членот 48 од овој закон за посета на обука во рок од 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Откупувачите на тутун што се регистрирани во ре гистарот на откупувачи на тутун во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до денот на влегувањето во сила на овој закон нема да подлежат на повторно регистрирање согласно со членот 27 од овој закон. Производителите, извозниците и увозниците на тутунски производи регистрирани во регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски про изводи во Министерството за економија до денот на влегувањето во сила на овој закон нема да подлежат на повторно регистрирање согласно со членовите 49 и 50 од овој закон. Производите од тутун што се регистрирани во ре гистарот на марки на тутунски производи во Минис терството за економија до денот на влегувањето во си ла на овој закон нема да подлежат на повторно регис трирање согласно со членот 51 од овој закон. Производите од тутун и сродните производи кои се пуштени во промет во малопродажба и не содржат ин формации во согласност со членовите 56, 57, 62, 64, 71 и 72 од овој закон, по влегувањето во сила на овој за кон ќе останат во промет до исцрпување на количи ните. Член 112 Производителите на цигари и тутун за рачно витка ње на цигари треба да го усогласат своето работење согласно со членот 67 ставови 2 и 3 од овој закон во рок од 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Увозниците на цигари и тутун за рачно виткање на цигари треба да го усогласат своето работење согласно со членот 67 ставови 2 и 3 од овој закон во рок од 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Единечните пакувања на цигари и тутун за рачно виткање на цигари кои се пуштени во промет во малоп родажба до денот на влегувањето во сила на овој за кон, ќе останат во промет до исцрпување на количи ните, а најдоцна во рок од една година по истекот на рокот утврден во ставовите 1 и 2 на овој член. Член 113 Одредбите од членот 5 од овој закон кои се однесу ваат на поимите дефинирани во точките 19 и 20 од чле нот 3 од овој закон за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надо месток согласно со Законот за акцизите од 1 јули 2019 година. Член 114 Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 18 месеци од денот на влегува њето во сила на овој закон. До денот на влегувањето во сила на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат постојните прописи. Член 115 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за тутун и тутунски произ води („Службен весник на Република Македонија" број 24/2006, 88/2008, 31/10, 36/11, 53/11, 93/13, 99/13, 164/13, 151/14, 193/15, 213/15 и 39/16) и одредбите од Законот за контрола на квалитетот на земјоделските и прехранбените производи во надворешно-трговскиот промет („Службен весник на Република Македонија" број 5/1998 и 13/1999) кои се однесуваат на промет на необработен, обработен тутун, тутунски и сродни про изводи, односно тутун во лист и режан тутун. Член 116 Одредбите од членот 82 став 2 точка в) од овој за кон ќе започнат да се применуваат со денот на приста пувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 117 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Маке донија―. L I GJ PËR DUHAN, PRODHIME NGA DUHANI DHE PRODHIME TË NGJASHME ( * ) I. DISPOZITA TË PËRGJITHSHME Neni 1 Me këtë ligj rregullohen prodhimi, grumbullimi, përpunimi dhe qarkullimi i duhanit të papërpunuar dhe të përpunuar, prodhimi dhe qarkullimi i prodhimeve nga duhani dhe prodhimeve të ngjashme, si dhe kontraktimi i prodhimit dhe grumbullimit të duhanit, regjistri i grumbulluesve të duhanit, mënyra e zbatimit të provimit për marrjen e licencës për vlerësimin e duhanit të papërpunuar, regjistri i prodhuesve, eksportuesve dhe * Me këtë ligj bëhet harmonizimi me DIREKTIVËN 2014/40/BE TË PARLAMENTIT EVROPIAN DHE TË KËSHILLIT nga 3 prill 2014 për afrimin e ligjeve, rregullativave dhe dispozitave administrative të vendeve-anëtare për prodhimin, prezantimin dhe shitjen e prodhimeve të duhanit dhe prodhimeve të ngjashme dhe për ndërprerjen e Direktivës 2001/37/EC, CELEX numër 32014L0040 dhe DIREKTIVËS 2011/64/BE TË KËSHILLIT nga 21 qershor 2011 për strukturën dhe shkallët e akcizës që zbatohen te duhani i përpunuar, CELEX numër 32011L0064.