Law on the protection of whistle-blowers
صدر في 2015-11-10 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за заштита на укажувачите.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- General
- الكلمات المفتاحية
- governance, enforcement/compliance, procedural matters, offences/penalties, access-to-justice, corruption
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Закон за заштита на укажувачите (Службен весник на Република Македонија бр. 196/2015, 35/18). (пречистен текст) Цел на законот Член 1 Со овој закон се уредуваат заштитеното пријавување, во јавниот и приватниот сектор, заради заштита на јавниот интерес, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите. Значење на изразите Член 2 (1) Заштитено пријавување во смисла на овој закон е пријавување односно откривање со кое согласно со овој закон се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес. (2) Укажувач во смисла на овој закон е лице од категориите утврдени со ставот (3) на овој член кое со добра намера врши заштитено пријавување согласно со овој закон. (3) Категории на лица кои согласно со овој закон можат да се јават во својство на укажувачи се: - лицe коe има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во институцијата односно правното лице за каде пријавува; - лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - лице кое по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа од институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - лице кои по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - лице кое користи или користело услуги во институцијата, односно правното лице во јавниот и приватниот сектор за каде пријавува. (4) Под поимот институција во смисла на овој закон се подразбира орган на државната и локалната власт, друг државен орган основан согласно Уставот на Република Македонија и со закон, агенција, фонд, јавна установа или јавно претпријатие основано од Република Македонија или од општина, градот Скопје, и општина во градот Скопје, како и друга институција регистрирана како правно лице со доминантна или целосна сопственост на државата. (5) Под поимот правно лице во смисла на овој закон се подразбира правно лице регистрирано во трговскиот регистар или регистарот на други правни лица кои ги води Централниот регистар на Република Македонија, а кое не е опфатено со поимот институција од ставот (4) на овој член. (6) Под поимот јавен интерес во смисла на овој закон се подразбира заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот на Република Македонија, спречување на ризиците за здравјето, одбраната и безбедноста,
стр. 1 заштита на животната средина и на природата, заштита на сопственоста и на слободата на пазарот и претприемништвото, владеење на правото и спречување на криминалот и корупцијата. (7) Под поимот блиско лице се подразбираат брачниот и вонбрачниот другар, роднините по крв во права линија, роднините во странична линија заклучно до трет степен, како и роднините по сватовство заклучно до втор степен, посвоеник и посвоител и друго лице кое заштитеното лице го смета за блиско лице и за кое се бара да биде заштитено согласно со одредбите од членовите 8 и 9 од овој закон. Заштитено пријавување Член 3 (1) Заштитено пријавување се врши како заштитено внатрешно пријавување, заштитено надворешно пријавување или заштитено јавно пријавување, согласно со членовите 4, 5 и 6 од овој закон, анонимно или доверливо, со добра намера и врз основа на разумно уверување во времето на пријавувањето дека информациите содржани во пријавата се вистинити. (2) Укажувачот не е должен да ја докажува добрата намера и вистинитоста на пријавувањето од ставот (1) на овој член. (3) На укажувачот му се обезбедува заштита согласно со закон и му се гарантира доверливост. (4) Правото на доверливост на укажувачот може да се ограничи со судска одлука за која без одлагање се известува укажувачот. Заштитено внатрешно пријавување Член 4 (1) Заштитено пријавување укажувачот врши во институцијата, односно правното лице, за каде има сомневање или сознание дека е извршено, се врши или ќе се изврши казниво дело, или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес (во натамошниот текст: заштитено внатрешното пријавување). (2) Заштитено внатрешното пријавување укажувачот врши на начин усно на записник или во писмена форма до лице овластено од раководното лице во институцијата, односно правното лице за каде пријавува (во натамошниот текст: овластено лице за прием на пријави од укажувачи). (3) Во институцијата, односно правното лице каде нема овластено лице за прием на пријави од укажувачи, заштитено внатрешното пријавување се врши до раководното лице на институцијата, односно правното лице на начин односно во форма утврдена со ставот (2) на овој член. (4) Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи, односно раководното лице во институцијата, односно правното лице од ставот (3) на овој член, е должно: - да постапува по пријавувањето од ставот (1) на овој член со почитување на процедурите утврдени со актот за внатрешно пријавување; - да ги заштитат личните податоци на укажувачот, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кој пријавува анонимно или доверливо, согласно со прописите за заштита на личните податоци; - да го информира укажувачот кој е познат за преземените мерки во врска со пријавата без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата. (5) Заштитеното внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор се уредува со акт што на предлог на Државната комисија за спречување на корупцијата го донесува министерот за правда. стр. 2
(6) Заштитеното внатрешното пријавување во приватниот сектор се уредува со внатрешен акт на правното лице со најмалку 10 вработени лица. (7) Внатрешните акти од ставовите (5) и (6) на овој член се објавуваат и на друг начин, се прават јавно достапни до сите вработени во институцијата, односно правното лице. (8) Насоки за донесување на внатрешните акти од ставот (6) на овој член, донесува министерот за правда. Заштитено надворешно пријавување Член 5 (1) Заштитено пријавување укажувачот може да врши и со пријавување до Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител на Република Македонија или други надлежни институции, односно правни лица, доколку: - пријавувањето од членот 4 на овој закон е непосредно или посредно насочено против раководното лице во институцијата, односно правното лице каде пријавува или - укажувачот во врска со пријавувањето не добие информација за преземени мерки во рокот утврден во членот 4 став (4) алиенеја 3 од овој закон или - не се преземени мерки или укажувачот не е задоволен од постапувањето или се сомнева дека нема да се преземат мерки или дека пријавувањето од членот 4 став (1) од овој закон ќе предизвика штетни последници по него или по негово блиско лице (во натамошниот текст: заштитено надворешно пријавување). (2) Заштитено надворешно пријавување укажувачот врши усно на записник или писмено до овластено лице, односно раководно лице во институцијата односно правното лице каде пријавува. (3) Институциите односно правните лица до кои укажувачот извршил заштитено надворешно пријавување се должни во рамките на своите надлежности да постапат по пријавата од ставот (1) на овој член, да ги заштитат личните податоци на укажувачот, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кој пријавува анонимно или доверливо, согласно со прописите за заштита на личните податоци, а за преземените мерки да го информираат укажувачот без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата. (4) Заштитеното надворешното пријавување се уредува со акт што го донесува министерот за правда. (5) Ако институцијата односно правното лице до кое укажувачот ја доставил информацијата не е надлежно да постапува во врска со пријавувањето ќе ја проследи информацијата до надлежен орган во рок од осум дена од денот на приемот и за тоа истовремено ќе го извести укажувачот. (6) Надлежниот орган од ставот (5) на овој член е должен да ги применува мерките за заштита кои на укажувачот му ги обезбедил органот на кого му е отстапено известувањето. (7) Институцијата односно правното лице до кое укажувачот ја доставил пријавата е должно: - на барање на укажувачот да му даде известување за текот и дејствијата кои се преземени во постапувањето по пријавата, како и да му озвозможи на укажувачот увид во списи на предметот, согласно закон; - по завршувањето на постапката, да го извести укажувачот кој е познат за исходот на постапувањето по пријавата, согласно закон.
стр. 3 Заштитено јавно пријавување Член 6 (1) Укажувачот може да врши заштитено пријавување и со правење јавно достапни информации доколку: - пријавувањето од членовите 4 и 5 од овој закон е оневозможено поради невоспоставенa процедура, односно постапка за прием на пријави согласно закон или - укажувачот во врска со извршеното заштитено пријавување согласно членовите 4 и 5 од овој закон не добие информација за преземени мерки во законски утврдениот рок или - не се преземени мерки или постои лесно препознатлива опасност од уништување на докази или прикривање одговорност (во натамошниот текст: заштитено јавно пријавување). (2) Укажувач кој врши заштитено јавно пријавување не смее да ги прави јавно достапни: - личните податоци на субјектот кои не се од значење за заштитеното пријавување; - податоците односно информациите кои согласно закон се сметаат за класифицирани информации, согласно прописите за класифицирани информации, како и податоци односно информации со кои се загрозува водење на кривична, прекршочна или граѓанска постапка, доколку тоа е непосредно и лесно препознатливо; - податоците односно информации со чијашто јавна достапност се повредува или загрозува националната безбедност, одбраната на независноста или територијалниот интегритет на Република Македонија. (3) Укажувач кој ќе изврши пријавување со правење јавно достапни информации спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, нема право на заштита која се обезбедува согласно одредбите од членовите 8, 9 и 10 од овој закон. Заштита на податоците и идентитетот на укажувачот Член 7 (1) Се забранува откривање или овозможување откривање на идентитет на укажувач без негова согласност, освен кога тоа се бара со судска одлука кога е неопходно потребно за водење на постапка пред надлежен орган. (2) Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи е должно да ги заштити податоците за укажувачот, односно податоците врз основа на кои може да се открие идентитетот на укажувачот, освен ако укажувачот се согласи на откривање на тие податоци, а во согласност со закон со кој се уредува заштитата на личните податоци. (3) Секое лице кое ќе ги дознае податоците од ставот (1) на овој член е должно да ги штити тие податоци. (4) Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи е должно во текот на примањето на информациите да го извести укажувачот дека неговиот идентитет може да биде откриен на надлежниот орган согласно ставот (1) на овој член, како и да го извести за мерките за заштита на учесникот во кривичната постапка. (5) За откривањето на идентитетот на укажувачот врз основа на донесена судска одлука согласно ставот (1) на овој член, овластеното лице за прием на пријави од укажувачи е должно да го извести укажувачот пред откривањето на идентитетот. (6) Податоците од ставот (1) на овој член не смеат да се откријат на лицето за кое се укажува во информацијата.
стр. 4 Обезбедување заштита на укажувачот Член 8 (1) На укажувачот и на нему блиско лице им се обезбедува заштита од било каков вид на повреда на право, при утврдување одговорност, санкција, престанок на работен однос, суспензија на работно место, распоредување на друго работно место кое е понеповолно, дискриминација или штетно дејствие или опасност од настапување на штетни дејствија заради извршеното заштитено внатрешно и надворешно пријавување или заштитено јавно пријавување. (2) Заштитата од ставот (1) на овој член се обезбедува од страна на институцијата, односно правното лице каде е извршено пријавување со преземање дејствие да се спречи повреда на правата од работен однос или на кое било право и воздржување од дејствија со кои се повредува или загрозува било кое право на укажувачот заради извршеното пријавување. (3) Доколку не е обезбедена заштитата од ставот (2) на овој член, укажувачот за ова пријавува во Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител на Република Македонија, Инспекцискиот совет, Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство на Република Македонија, кои по пријавата без одлагање постапуваат согласно со своите надлежности. (4) Правото на заштитата од овој член се проширува да ги опфати и лицата кои ќе сторат веројатно дека оној кој е пријавен може да се сомнева дека извршилe пријавување против него. Член 9 (1) По добивање на пријавата од членот 8 став (3) од овој закон, институциите од членот 8 став (3) од овој закон, без одлагање од институцијата, односно правното лице каде е извршено пријавување, бара известување за постоење на било каков вид на повреда на право на укажувачот и на членовите на неговото семејство, заради извршеното пријавување. 2 (2) Правното лице, односно институцијата е должна без одлагање да постапи по барањата од ставот (1) на овој член и без одлагање, а најдоцна во рок од осум дена, за ова да достави известување. (3) Доколку се утврди дека институцијата, односно правното лице каде е извршено пријавување повредило право на укажувачот, на член на неговото семејство или нему блиско лице, институциите од ставот (1) на овој член без одлагање се обраќаат до надлежните институции и органи со писмено барање за итно преземање мерки за заштита на укажувачот со прекинување на дејствијата, односно отстранување на пропустите со кои се повредуваат правата на укажувачот. (4) За преземените дејствија и утврдените наоди од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, институциите од ставот (1) на овој член без одлагање го известуваат укажувачот. (5) Доколку и покрај преземената активност на институциите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член продолжи повредата на правото на укажувачот, на член на неговото семејство или нему блиско лице, институциите без одлагање, а најдоцна во рок од осум дена покренуваат иницијатива за поведување постапка за кривично гонење, односно иницијатива за поведување постапка пред надлежните органи за разрешување, распоредување, сменување, или примена на други мерки на одговорност на избрани или именувани лица, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал. (6) Доколку е пријавено кривично дело против државата, против човечноста и меѓународното право, од областа на организираниот криминал и за кое со Кривичниот законик е пропишана
стр. 5 казна затвор од најмалку четири години, чиешто докажување е проследено со несразмерни тешкотии или не може да се изврши без исказ на укажувачот кој поради можната опасност да биде изложен на заплашување, закана со одмазда или опасност по животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имот од поголем обем, не се согласува во својство на сведок да даде исказ, институциите со прибавена писмена согласност од укажувачот доставуваат: - до Министерството за внатрешни работи или надлежен јавен обвинител иницијатива за доставување писмено барање за поднесување Предлог за вклучување во Програмата за заштита согласно со Законот за заштита на сведоци или - до Јавниот обвинител на Република Македонија иницијатива за поднесување Предлог за вклучување во Програмата за заштита согласно со Законот за заштита на сведоци. Судска заштита Член 10 (1) Укажувачот има право на судска заштита пред надлежен суд согласно со закон. (2) Укажувачот може пред надлежен суд со тужба да побара: - утврдување дека е преземено штетно дејствије или е повредено право заради заштитено пријавување; - забрана на вршење на штетно дејствие или повреда на право заради заштитено пријавување и повторување на штетно дејствие или повреда на право заради заштитено пријавување; - поништување на акт со кое е извршено штетното дејтвие или повреда на право заради заштитено пријавување; - отстранување на последиците од штетно дејствие или повреда на право заради заштитено пријавување; - надоместок на материјална и нематеријална штета заради заштитено пријавување. (3) Постапката по тужбата од ставот (2) на овој член е итна. (4) Во постапката за судска заштита во врска со пријавувањето дозволена е ревизија. Товар на докажувањето Член 11 Во случај на спор за постоење повреда на право на укажувачот и на негово блиско лице заради пријавување, товарот на докажување е на страна на институцијата, односно правното лице кое ги повредило правата на укажувачот и на членовите на неговото семејство. Ништовност на одредби во договори и акти Член 12 Одредбите во договорите и актите со кои се склучуваат, односно уредуваат работни односи и работни ангажмани, со кои се забранува пријавување на сомневање или сознание за казниво дело или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната или пак таквото пријавување се дефинира како прекршување на одредби за доверливост, лојалност и професионалност се сметаат за ништовни. Надомест на штета Член 13 (1) Укажувачот има право на надомест на штета што може да ја претрпи тој или нему блиско лица поради заштитено пријавување.
стр. 6 (2) Барањето за надомест на штета од ставот (1) на овој член се остварува со поднесување на тужба до надлежниот суд. Злоупотреба на пријавувањето на укажувачот Член 14 (1) Злоупотреба на пријавувањето на укажувачот е свесно пријавување невистинити информации за физичко или правно лице со цел предизвикување на штетни последици за истото. (2) Злоупотреба на пријавувањето на укажувачот е и доколку со должно внимание и совесно, до степен до кој тоа го дозволуваат околностите, не проверил дали тие се точни и веродостојни. (3) Со утврдување на злоупотребата од ставовите (1) и (2) на овој член се губи заштитата обезбедена согласно со членот 8 од овој закон. (4) Злоупотребата на пријавувањето на укажувачот поради која настанале штетни последици за физичкото или правното лице е основ за поведување на постапка за утврдување на негова одговорност согласно со закон. Известување за примени пријави од укажувачи Член 15 (1) Овластените, односно раководните лица на институциите, односно правните лица во јавниот сектор до кои се пријавува согласно со членовите 4 и 5 од овој закон, се должни до Државната комисија за спречување на корупцијата да доставуваат полугодишни извештаи за примени пријави од укажувачи. (2) Државната комисија за спречување на корупцијата е должнa до Собранието на Република Македонија да достави годишен извештај за примени пријави од укажувачи во рамки на својот годишен извештај за работа. (3) Формата и содржината на полугодишните извештаи од ставот (1) на овој член се уредува со внатрешните акти од членовите 4 и 5 од овој закон. Надзор над спроведувањето на законот Член 15-а Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон врши Министерството за правда. Прекршочни одредби Член 16 Глоба во износ од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното лице за прием на пријави од укажувачи, односно на раководното лице во институцијата, односно правното лице доколку постапи спротивно на членот 4 став (4) од овој закон. Член 17 (1) Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на институцијата, односно правното лице доколку постапи спротивно на членот 4 став (7) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за институцијата, односно правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во институцијата, односно правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.
стр. 7 Член 18 Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на институцијата, односно правното лице доколку постапи спротивно на членот 5 став (3) од овој закон. Член 19 Глоба во износ од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на секое лице кое ќе постапи спротивно на членот 7 став (2) од овој закон. Член 20 (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на институцијата односно правното лице доколку постапи спротивно на членот 9 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за институцијата, односно правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во институцијата, односно правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. Член 21 (1) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на институцијата, односно правното лице доколку постапи спротивно на членот 15 став (1) од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за институцијата, односно правното лице ќе му се изрече и на одговорното лице во институцијата односно правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. Член 22 Пред покренување на барање за поведување на прекршочна постапка ќе се спроведе постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците. Член 23 За прекршоците предвидени во овој закон прекршочна постапка ќе води и прекршочна санкција ќе изрече надлежен суд. Преодни и завршни одредби Член 24 (1) Не е дозволено за содржина на пријавата од членот 3 став (1) од овој закон да се користат материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации од периодот од 2008 до 2015 година. (2) За лице чија пријава е со содржина којашто не е дозволена согласно со ставот (1) на овој член не се обезбедува заштитата согласно со членовите 8, 9 и 10 на овој закон и не се применуваат одредбите од овој закон. Член 25 Министерот за правда ќе ги донесе актите од членовите 4 став (5) и 5 став (4) од овој закон во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 26 Министерот за правда ќе ги донесе насоките од членот 4 став (8) од овој закон во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
стр. 8 Член 27 Министерот за правда ќе ги донесе актите од член 5 став (4) од овој закон во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 28 Избришан Член 29 Законите со кои се уредуваат права и обврски од работен однос во јавниот и приватниот сектор ќе се усогласат со овој закон најдоцна три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 30 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува по четири месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. стр. 9