تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law on the establishment of Agency for the promotion of the agriculture development

صدر في 1998-01-22 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Закон за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
agricultural development, institution, legal proceedings/administrative proceedings, sustainable development, sustainable use, governance

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk ЗАКОН ЗА ОСНОВАЊЕ АГЕНЦИЈА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО “Сл. весник на Р Македонија” бр. 3/98 од 22.01.1998 год. Член 1 Заради давање стручна помош на земјоделците и сточарите а со цел за зголемување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство и неговата поголема искористеност се основа Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (во натамошниот текст: Агенција). Член 2 Агенцијата ги врши следниве работи: 1) давање непосредна помош на земјоделците за примена на соодветни мерки: во поледелството, лозарството и овоштарството: воведување на нови технологии во одгледувањето, правилна употреба на ѓубрива, избор на видови и сорти, подигање и одгледување на насадите, поставување демонстративни опити со нови сорти и технологии и сортни испитувања и во сточарството: упатување на примена на мерки за подобрување на производните својства, обезбедување на правилна исхрана за добивање поквалитетни производи (млеко, месо, волна, јајца и друго); 2) соработка со здруженијата на земјоделците и единиците на локалната самоуправа; 3) насочување на земјоделските производители за производство на култури и производи според потребите на пазарот; 4) непосредно извршување на дел од мерките за спроведување на Програмата за поттикнување на развојот на земјоделството што се донесуваат согласно со Законот за поттикнување на развојот на земјоделството (во натамошниот текст: Програмата); 5) давање насоки за развој на земјоделството врз основа на сознанијата од теренот; 6) пренесување на стручни сознанија до непосредните земјоделски производители, како и научно- апликативните достигнувања во земјоделското производство; 7) давање насоки во изборот на соодветна земјоделска механизација и опрема за растително и сточарско производство и нејзино правилно и рационално користење; 8) вршење инструктажа, демонстрација за современи постапки за чување, преработка на земјоделски производи (од растително и животинско потекло) и подготовка за пласман; 9) стручно оспособување на земјоделските производители преку одржување на советувања, семинари, курсеви и слично; 1 превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 10) организирање на натпревари за високи приноси, учествување на саеми и изложби, организирање на сточарски смотри и тракторски натпревари; 11) подготвување на истражувачки предлози во земјоделството; 12) воспоставување и користење на информативни системи во земјоделското производство; 13) давање помош на земјоделските производители за установување евиденција во врска со земјоделското производство, неговата рентабилност и економичност; 14) изготвување на информативни и рекламни списанија, брошури, памфлети, прирачници во кои би биле опфатени новитетите од домашни и странски извори на информации од областа на земјоделството и 15) други стручни и апликативни мерки за кои ќе се јави потреба. Член 3 Агенцијата има својство на правно лице. Седиштето на Агенцијата е во Битола. Агенцијата е самостојна во својата работа. Член 4 Со Агенцијата раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија. Директорот се именува со мандат од четири години. Директорот раководи со работењето на Агенцијата и ја организира нејзината работа. Член 5 Со Агенцијата управува Управен одбор кој е составен од девет члена кои ги именува и разрешува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за период од четири години, и тоа шест члена од редот на земјоделските производители, еден член од Земјоделскиот институт, еден член од Институтот за сточарство и еден член од Земјоделскиот факултет. Со работата на Управниот одбор раководи претседател, кој од редот на членовите на Управниот одбор го именува Владата на Република Македонија за период од четири години. Член 6 Управниот одбор на Агенцијата ги врши следниве работи: 1) донесува Статут на Агенцијата; 2) донесува Годишна програма за работа на предлог на директорот; 3) донесува финансиски план и годишна пресметка; 4) донесува годишен извештај за работа; 5) утврдува цени на услугите за работи што не се утврдени со Програмата и 6) врши и други работи утврдени со Статутот. 2 превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk Член 7 Средствата за работа на Агенцијата се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија за извршување на дел од работите утврдени во Програмата, приходи што ги остварува од своето работење и други извори. Член 8½ Со Статутот поблиску се уредуваат организацијата и работењето на Агенцијата. На Статутот на Агенцијата согласност дава Владата на Република Македонија. Член 9 Владата на Република Македонија ги потврдува финансискиот план и годишната пресметка на Агенцијата. Член 10 Агенцијата за својата работа најмалку еднаш годишно доставува извештај до Владата на Република Македонија. Член 11 Правата, обврските, средствата и другиот имот од постојните служби центри за унапредување на индивидуалното земјоделство ги презема Агенцијата, според попис што ќе го изврши комисијата за попис, формирана од Владата на Република Македонија, во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 12 Со денот на отпочнување со работа на Агенцијата, работниците од постојните служби - центри за унапредување на индивидуалното земјоделство, ги презема Агенцијата согласно со актот за систематизација. Член 13 До денот на отпочнување со работа на Агенцијата, работите од нејзината надлежност ги вршат досегашните служби - центри за унапредување на индивидуалното земјоделство. Член 14 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за финансирање на мерките за унапредување на индивидуалното земјоделство (“Службен весник на СРМ” број 46/75). Член 15 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. 3

Law on the establishment of Agency for the promotion of the agriculture development · Nelum