Law on fisheries and aquaculture
صدر في 2008-01 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за рибарство и аквакултура.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Fisheries and aquaculture
- الكلمات المفتاحية
- framework law, fish products, fishery management and conservation, inland fisheries, fishing authorization, freshwater fishes, sustainable development, sustainable use, aquaculture, aquatic animals, non-commercial fishing, data collection/reporting, policy/planning, protection of environment, protection of species, marine fisheries, authorization/permit, biodiversity
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
ЗАКОН ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 67/10, 47/11, 55/11, 95/12, 164/15, 116/14, 154/15, 195/15, 39/16 и 85/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21) . ОПШТИ ОДРЕДБИ (Содржина на Законот) Член 1 Со овој закон се уредува управувањето, стопанисувањето и аквакултурата на рибите, нивната заштита и ставање во промет, производството на порибителен материјал и порибувањето на водите во Република Северна Македонија, установите, здружувањето и финансирањето, како и други прашања од значење во областа на рибарството и аквакултурата. (Поими) Член 2 Во смисла на овој закон одделни поими го имаат следново значење: 1. Автохтони (домородни) видови риби се видови риби кои природно и примарно живеат во одредена риболовна вода; 2. Аквакултура е одгледување, репродукција и исхрана на риби во рибници, полурибници, кафези, оризишта и други одгледувалишта; 5. Алохтони (недомородни) видови риби се оние видови риби кои природно и примарно не живеат во одредена риболовна вода; 5-а. Брег е природно формирана граница меѓу риболовната вода и копното; 4, Вештачки езера се сите стоечки водни базени направени од човекот, акумулациони езераи езера настанати како резултат на искористување на минерални суровини; 5. Вештачко мрестилиште е рибник или дел од рибник каде што се обезбедени специфични хидрографски услови со кои се овозможува размножување на одделни видови риби; 6. Годишен извештај е документ кој задолжително го изработува концесионерот (корисникот на риболовното право) секоја година на крајот на риболовната сезона; 7. Годишен план е документ (акт) потребен за спроведување на риболовната основа во текот на календарската година; 8. Далјан е вештачка преграда на одреден водотек и служи исклучиво за лов на јагула; 9. Дневен улов е дозволениот улов на рибарот, односно риболовецот во текот на еден ден; 10. Загрозени видови риби се риби за кои е утврден тренд на драстично намалување на густините на нивните популации од овластена установа; 11. Дозвола за рекреативен риболов е исправа врз основа на која риболовците можат да вршат рекреативен риболов; 12. Заштита на рибите е збир на мерки кои се спроведуваат заради зачувување и одржување на условите за долгорочно и одржливо користење на рибите; 15. Излов е начин на лов кој се применува во рибници или при селективен и мелиоративен риболов во риболовните води; 14. Икра е полов продукт кој се добива од матици од женски пол; 15. Интродуцирани (внесени) видови риби се оние видови риби кои се внесени во одредена риболовна вода во која природно и примарно не живееле; 16. Информациски систем во рибарството е компјутерски поддржан систем за собирање, обработка и приказ на податоците, како и на информациите во врска со вршењето на сите активности кои ги уредува овој закон; 17. Ихтиомаса е вкупната количина на риба во одредена риболовна вода во одреден момент; 18. Јувенилни риби се сите облици на развојни фази на рибите кога се уште немаат достигнато полова зрелост; 19. Кафез е рибник или дел од рибник (платформа за аквакултура), во кој рибите се чуваат во ограден простор со мрежа, поставен во риболовна вода; 20. Конзервација е акт на конзервирање, заштита од наштетување или загуби во биолошката разновидност во природните ресурси; 21. Ларва е фаза на развиток на рипчето од неговото излупување од икра до ресорпција на вителусната (жолточната) кесичка; 22. Легитимација за стопански риболов е исправа врз основа на која рибарите можат да вршат стопански риболов; 25. Личинка е прва фаза на развој на подмладокот, мало рипче непосредно по конзумирањето на вителусната кесичка; 24. Ловостој е временски период во кој е забрането ловење и ставање во промет на одредени видови риби, освен рибите произведени од аквакултура; 25. Мамец е сето она со што се мами и лови риба, а е во рамките на дозволените риболовни средства и опрема за вршење на рекреативен и спортски риболов; 26. Матица е полово зрела риба без оглед на полот; 27. Матичен материјал се селектирани полово зрели матици од кои се добива икра и млеч; 28. Мелиоративен риболов е риболов кој се изведува со цел за драстично намалување на популацијата на одреден вид риба; 29. Млеч е полов продукт кој се добива од матици од машки пол; 50. Одржливо рибарство е стопанисување и експлоатација на рибите преку риболов со спроведување на соодветни интервенции, особено во репродукцијата и спроведувањето на соодветни мерки за зголемување на густините и интензификација на производството. Подразбира планирано внесување (порибување) на риби во риболовните води; 51. Оплодена икра е икра која е добиена по мешање на половите продукти од машките (млеч) и женските (икра) матици; 52. Подмладок се јувенилни риби, односно полово несозреани риби; 55. Полурибник е ограничен, затворен воден простор на земјоделско или друго земјиште, микроакумулација или вештачко езеро добиено со ископување на руда, земја или песок, кој се користи за одгледување на риби (аквакултура) и риболов, а не може да се празни и да се полни со вода по желба; 54. Порибителен материјал е оплодена икра, ларви, личинки, подмладок и матици кои потекнуваат од регистриран репроцентар и од регистриран рибник за производство на порибителен материјал наменет за промет; 55. Порибување е планско внесување на одредени видови риби во риболовна вода со цел да се зачува оптималната структура и густините на рибите, а се врши врз основа на риболовна основа и годишен план; 56. Природно плодиште е дел од риболовна вода или друг воден простор кој има специфични хидрогравски карактеристики со кои се овозможува размножување на одделни видови риби; 57. Оризиште е оризова нива во која како секундарна гранка може да се одгледуваат риби; 58. Рекреативен риболов е лов на риба со дозволен риболовен прибор и опрема заради рекреација; 59. Рекреативен риболовец е лице кое лови риба со дозволен риболовен прибор и опрема и поседува легитимација и дозвола за рекреативен риболов; 40. Рекреативна зона е дел или цела риболовна вода од езеро или национален парк на која може да се врши рекреативен и спортски риболов; 41. Репродуктивен материјал се икра, млеч и јувенилни риби, добиени при мрест на матичен материјал наменети за натамошно одгледување или порибување; 42. Рибар е стопански риболовец вработен кај правното лице - концесионер на рибите за стопански риболов; 43. Рибарски алат се риболовни средства дозволени за вршење стопански риболов; 44, Рибарски здруженија се сите облици на здружување на коцесионерите на рибите за стопански риболов основани заради здружено настапување пред надлежните органи, организација на ловот и внесувањето на рибите во промет запишани во регистарот на концесионери; 45. Регистар на концесионери е евиденција на рибарски и риболовни здруженија на кои им е дадена концесија на рибите од риболовните подрачја, риболовните зони, риболовни ревири и рекреативни зони кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; 46. Рибник е објект за аквакултура кој може по потреба да се празни и полни со вода, а во зависност од начинот на користење на водата рибниците можат да бидат рибници со затворен систем на одгледување и рибници со отворен систем на одгледување; 47. Риболов е стопанисување и експлоатација на рибите по пат на нивно ловење со дозволени риболовни средства, без да се прават интервенции во процесот на растењето и размножувањето на рибата; 48. Риболовен прибор се средства со кои се врши рекреативен и спортски риболов; 49. Риболовен ревир е дел или цела река со нејзините притоки на која може да се врши рекреативен и спортски риболов; 50. Риболовна зона е дел од риболовна вода на која може да се врши стопански риболов, а не е прогласена за риболовно подрачје; 51. Риболовна опрема е средство со кое се овозможува употреба на риболовен алат и прибор (чамец, пента); 52. Риболовна основа е стручна студија со која се определува начинот на стопанисување со рибите во одредена риболовна вода; 55. Риболовно здружение е облик на слободно здружување на граѓаните заради остварување и усогласување на своите интереси при вршење и организирање на риболов; 54. Риболовни средства се рибарски алат, риболовен прибор и риболовна опрема за вршење риболов; 55. Риболовно подрачје е риболовна вода или дел од риболовна вода на која има услови за изведување на стопански риболов, која е утврдена со овој закон, или која со одлука ја прогласува Владата на Република Северна Македонија; 56. Рибочувар е лице вработено кај концесионер на рибите, заради вршење непосредна (физичка) заштита на рибите и еколошка заштита на риболовната вода; 57. Селективен риболов е излов на строго дефинирана возрасна категорија од одреден вид риба, во одреден временски период; 58. Спортски риболов е организиран лов на риба со дозволена риболовна опрема и прибор во рамките на организирани натпревари од страна на риболовни здруженија и федерацијата; 59. Спортски риболовец е лице кое поседува спортска легитимација издадена од Македонската риболовна федерација и учествува на организирани натпревари за спортски риболов; 60. Ставање риба во промет е продавање и/или купување риба; 61. Стопански риболов е лов на риби со цел стекнување на економска добивка; 62. Тотален ловостој е временски период во кој е забрането ловење на сите видови риби од одредена риболовна вода; 65. Улов е вкупната уловена количина на риба при вршење на риболов и 64. Чамец е пловен објект изграден од различен материјал чија максимална должина е 15 метри. (Цели) Член 5 Цели на Законот се: планирање и управување со рибите во риболовните води, овозможување на трајно користење на рибите преку одржлив развој за стопански и рекреативен и спортски риболов, развој на стопански риболов и аквакултура, зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени риби, нивната видова разновидност, старосната структура и бројност и планирање, поттикнување и надзор над производството на порибителен материјал. (Општо добро) Член 4 Рибите од риболовните води, како добро од општ интерес за Републиката се под посебна заштита. (Јавен интерес) Член 5 Работи од јавен интерес во областа на рибарството се: заштита на рибите во риболовните води, порибување на риболовни води и изградба на риболовни пунктови. (Дејност рибарство) Член 6 Рибарство, во смисла на овој закон, е дејност која опфаќа: стопанисување со рибите во риболовните води на начин со кој се обезбедува трајна репродукција и заштита и аквакултура. (Риби) Член 7 Риби во смисла на овој закон, се риби, ракови, школки, жаби и други водни животни кои ги населуваат и живеат во риболовните води и се одгледуваат во рибници, полурибници, кафези, оризишта и во други одгледувалишта на риби (во натамошниот текст: риби). (Користење на води) Член 8 За рибарство може да се користат сите води во Република Северна акедонија, во рамки и под услови утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, доколку со други закони поинаку не е уредено. (Риболовни води) Член 9 Риболов се врши на риболовните води во Република Северна Македонија. Риболовни води се сите води во Република Северна Македонија со исклучок на: подземните води, водите во посебно заштитените делови прогласени врз основа на овој или друг закон, водите во рибници, полурибници, кафези, оризишта и други одгледувалишта и водите за кои постојат посебни акти за забрана. (Поделба) Член 10 Риболовните води се делат на риболовни подрачја, риболовни зони, риболовни ревири и рекреативни зони. (Риболовни подрачја) Член 1 Риболовни подрачја се: Охридското Езеро, Преспанското ЕЗерои Дојранското Езеро. Покрај подрачјата од ставот 1 на овој член риболовни подрачја се и оние риболовни води кои со одлука ќе ги прогласи Владата на Република Северна Македонија по предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Риболовна зона, риболовен ревир и рекреативна зона) Член 12 Риболовните зони, риболовните ревири и рекреативните зони ги определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог на овластената установа од членот 74 на овој закон. 1. УПРАВУВАЊЕ СО РИБИ (Управување со риби) Член 15 Со рибите од риболовните води управува Република Северна Македонија. Со рибите од рибниците, полурибниците, кафезите, оризиштата и другите одгледувалишта управуваат сопствениците на рибите. (Програма) Член 14 За остварување на целите од членот 3 на овој закон, Владата на Република Северна Македонија донесува "Програма за "унапредување . на . рибарството. и аквакултурата во Република Северна Македонија за период од 12 години (во натамошниот текст: Програмата). Програмата од ставот 1 на овој член особено содржи: оцена на состојбата, цели и насоки за заштита и трајно користење на риби, задачи и мерки за постигнување на целите на управувањето со риби, инвестиции во аквакултурата, оцена на очекуваните ефекти и потребните јавни финансиски средства за постигнување на целите, мерки за заштита на автохтоните и загрозените риби согласно со прописите за заштита на природата и носители на одделни задачи. (Годишна програма) Член 15 Врз основа на Програмата од членот 14 на овој закон, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија донесува годишна програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата (во натамошниот текст: годишна програма). (Риболовна основа) Член 16 За секоја риболовна вода на која се врши риболов се изработува риболовна основа. Риболовната основа е стручна студија за начинот на стопанисување со рибите во одредена риболовна вода и се изработува за период од шест години. Риболовната основа од ставот 2 на овој член ја донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог на овластената установа од член 74 на овој закон. Риболовната основа може да се ревидира доколку настанат одредени промени кои влијаат на рибите во риболовните води. Риболовната основа особено содржи: податоци за риболовната вода, основни хидрографски, физичко-хемиски и биолошки карактеристики на риболовната вода, видови и количини на рибите - ихтиомаса, мерки за заштита и одржување на рибите, количини на дозволен лов по видови риби, време во кое е дозволен лов на рибите И најмалата големина на рибите под која не смеат да се ловат по видови, минимум и максимум риболовни средства, програма на порибување (време, количина и видови на риби), мерки за заштита на природните плодишта, економска основа за користење на рибите во риболовната вода со предлог за висина на надоместокот за стопански риболов и метод за пресметување на висината на надоместокот за издавање на дозволите за рекреативен риболов, организација на рибочуварска служба и определување на риболовни подрачја, риболовни зони, риболовни ревири и рекреативни зони и модел за стопанисување. Нацртот на риболовната основа ги подготвува овластената установа од членот 74 на овој закон. Пред донесување на риболовната основа, овластената установа од членот 74 на овој закон ја запознава јавноста со содржината на нацртот на риболовната основа. Содржината на риболовната основа поблиску ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Риболовната основа се објавува во “Службен весник на Република Северна Македонија. (Годишен план) Член 17 Во согласност со секоја риболовна основа се изработува годишен план за заштита и стопанисување со рибите (во натамошниот текст: годишниот план). Годишниот план со позитивно мислење добиено од овластената установа - изработувач на риболовната основа за определената риболовна вода корисникот на риболовното право (во натамошниот текст: концесионерот) го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 ноември во тековната година за наредната календарската година. Годишниот план особено содржи: прираст и количини на риба во риболовната вода по видови, дозволен годишен и дневен улов по видови, план на порибување по количини и видови и потребни средства за порибување, мерки и начини на заштита на риболовната вода и организација на рибочуварската служба и планирани парични средства и намена на истите. Годишниот план го одобрува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот барањето за мислење го доставува до овластената установа од ставот 2 на овој член најдоцна до 15 септември во тековната година за наредната календарска година. Овластената установа од членот 74 на овој закон е должна да издаде мислење на концесионерот најдоцна во рок од 20 дена од денот на добивањето на барањето. Доколку овластената установа од членот 74 на овој закон не го достави мислењето во предвидениот рок се смета дека годишниот план е потврден. Содржината на годишниот план поблиску ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Извештај) Член 18 Концесионерот изготвува годишен извештај за реализација на годишниот план (во натамошниот текст: годишен извештај) и го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овластената установа од членот 74 на овој закон најдоцна до 51 јануари наредната година за претходната година. Содржината на годишниот извештај од ставот 1 на овој член поблиску ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Совет) Член 19 Советот за рибарство и аквакултура (во натамошниот текст: Советот) е стручно советодавно тело на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во областа на стопанисувањето со рибите и аквакултура. Советот дава предлози, совети и мислења во областа, и тоа за: риболовните основи, годишните планови и извешти, планираните мерки во програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, развојни и други проекти, предлог-плановите за порибување, прописи кои се носат врз основа на овој закон, предлозите за долгорочни развојни програми, по предлози за воведување на неавтохтони видови риби и други стручни совети и мислења од областа на рибарството и аквакултурата. (Состав и начин на работа на Советот) Член 20 Советот е составен од седум члена, и тоа од: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - два члена, Министерството за животна средина и просторно планирање - еден член, јавните научни и образовни установи - еден член, здруженија и асоцијации на вршители на стопански риболов и аквакултура - два члена и Македонската риболовна федерација - еден член. Членовите на советот ги предлагаат установите и организациите од ставот 1 на овој член, а ги именува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со решение за период од четири години со можност за повторно именување. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја свикува конститутивната седница, на која именуваните членови избираат претседател и негов заменик од членовите на советот. Советот усвојува деловник за работа, со кој се определува начинот на работа на советот. Средствата за надоместок на работата на членовите на Советот се обезбедуваат од годишната програма од членот 15 на овој закон. ШИ. СТОПАНИСУВАЊЕ СО РИБИ (Стопанисување) Член 21 Стопанисувањето со рибите претставува заштита и користење на рибите од риболовните води преку риболов и планско експлоатирање на одржлив начин. (Начин на стопанисување) Член 22 Со рибите од риболовните води се стопанисува согласно со одредбите на овој закон. (Риболов) Член 23 Риболовот може да биде: 1) стопански на риболовни подрачја и риболовни зони, 2) рекреативен и спортски на риболовни ревири и рекреативни зони, 5) мелиоративен и селективен на сите риболовни води, 4) за научно-истражувачи цели на сите риболовни води и 5) во подрачја прогласени за национални паркови. 1. Стопански риболов на риболовни подрачја и риболовни зони (Стопански риболов) Член 24 Стопански риболов се врши на риболовни подрачја и риболовни зони под услови утврдени со овој закон. Стопански риболов се врши и во објектот Далјан-Струга за лов на риба - јагула и тоа од регулациониот објект на ХЕЦ Глобочица кај Црквата “Света Петка“ до место викано Дивлјак Струга. (Вршење на стопански риболов) Член 25 Стопански риболов на риболовни подрачја и риболовни зони можат да вршат правни лица регистрирани за дејност рибарство. Стопански риболов се врши согласно со риболовната основа, одобрениот годишен план и склучениот договор за концесија за одделна риболовна вода. За вршење стопански риболов се плаќа надоместок утврден во риболовната основа и истиот е приход на Буџетот на Република Северна Македонија. (Концесија за стопански риболов на риболовни подрачја) Член 26 Рибите од риболовните подрачја за вршење стопански риболов се доделуваат на користење по пат на концесија на домашно и странско правно лица кое ги исполнува условите предвидени со овој закон и Законот за концесии и јавно приватно партнерство. Постапката за доделување на рибите на користење по пат на концесија се врши со Јавен повик и ја спроведува Комисија за спроведување на постапка за доделување на рибите на концесија (во натамошниот текст: Комисијата). Јавниот повик од ставот 2 на овој член особено содржи: предмет на концесијата (природа и елементи на концесијата и место и локација за кој се доделува концесијата), период за кој се доделува концесијата, рок за поднесување на пријави, адреса на која се доставуваат понудите, јазик на кој треба да биде напишани понудите, надоместок за тендерската документација, лични, технички и финансииски услови кои треба да ги исполнат кандидатите; критериуми според кои се врши изборот на најповолна понуда, минималниот износ на надоместок за концесија и име и адреса на надлежниот орган за одлучување по жалба и информации за крајни рокови за поднесување на жалби. Јавниот повик од став 2 на овој член се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“, во два дневни весника кои се издаваат на македонски јазик, во еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20“ од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик како и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Странските правни лица од ставот 1 на овој член имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија, согласно со Законот за трговските друштва. Постапката за доделување на рибите на користење по пат на концесија треба да започне шест месеци пред истекот на тековната концесија. Член 26-а Минималниот концесиски надоместок кој е основа за доставување на понуди по јавниот повик е утврден во риболовните основи. Концесискиот надоместок за користење на рибите за вршење стопански риболов се плаќа на шест еднакви годишни рати на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија. Годишниот концесисики надоместок се плаќа најдоцна до 51 декември за тековната година. Во постапката за доделување на рибите на користење за вршење стопански риболов по пат на концесија, Комисијата врши целосна евалуација на способноста на понудувачите и на првичните доставени понуди. Способноста на понудувачите од ставот 4 на овој член се докажува со следниве документи: изјава со која потврдува дека правното лице или член на негов орган на управување или надзорен орган не се осудени со правосилна судска пресуда за следниве кривични дела: корупција, измама и перење пари, потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган, потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган, потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган, потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. потврда за регистрирана дејност - рибарство (ПРД) издаден од Централен регистар на Република Северна Македонија, тековна состојба на правното лице - понудувач издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, МТи М2 образец и уверение за завршено високо образование од областа на природните науки за вработеното лице, или склучен договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството; изјави за техничката опременост и оспособеност на понудувачот, со прилог документи за доказ на потребната опрема утврдена во риболовната основа и изјава дека ќе формира рибочуварска служба и ќе го вработи потребниот број на лица за вршење физичка заштита на рибите утврден во риболовната основа. Понудувачите за учество во постапката се должни да обезбедат банкарска гаранција со вредност која треба да изнесува најмалку О,2595 од минималниот концесиски надоместок утврден во риболовната основа. Документите од ставот 5 на овој член детално ќе бидат образложени во тендерската документација. Критериумот за избор е највисок понуден концесиски надоместок. Врз основа на извршената евалуација, Комисијата ги поканува сите понудувачи кои поднеле прифатливи понуди да учествуваат на електронска аукција како завршна фаза пред доделување на рибите на користење за вршење стопански риболов по пат на концесија. Почетната цена и основа за наддавање во електронската аукција е највисокиот понуден концесиски надоместокот од страна на понудувачите кои поднеле прифатливи понуди во спроведената постапка за доделување на рибите на користење за вршење стопански риболов по пат на концесија. Електронска аукција е повторлив процес на позитивно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој подобните понудувачи имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства. Член 26-6 На подносителите на понудите кои се комплетни во јавното отварање од јавниот повик, Комисијата им доставува покана за учество на електронската аукција со корисничко име и шифра, датум и време кога ќе се спроведе аукцијата и упатство за користење на електронскиот систем за електронска аукција за доделување на на рибите на користење за вршење стопански риболов по пат на концесија, а на подносителите на понудите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување дека нема да учествуваат на електронската аукција. Подносителите на понуди кои доставиле комплетни понуди согласно со јавниот повик и тендерската документација, на денот на спроведување на јавната аукција се регистрираат на интернет страницата наведена во покана за учество на јавната аукција, по што имаат право на учество на јавното наддавање. Електронската аукција ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во јавниот повик и тендерската документација и направи едно постапно наддавање над почетната цена. Електронската аукција започнува со објавување на почетната цена и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. За успешно спроведена постапка на јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена, а не може да трае пократко од 15 минути. Висината на минималниот чекор на зголемување на вредноста изнесува најмалку 575 од почетната цена. Електронската аукција се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Електронската аукција продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Член 26-В За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена и која претставува највисока цена за доделување на рибите на користење за вршење стопански риболов по пат на концесија. Комисијата по завршувањето на јавната аукција изготвува записник за спроведеното јавно наддавање, кој е составен дел од писмениот извештајот за евалуација со предлог за избор на најповолна понуда. Извештајот се доставува до концедентот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воспоставува, управува и оперира со електронскиот систем за електронска аукција за давање на рибите за вршење на стопански риболов по пат на концесија. (Услови) Член 27 Заинтересираните правни лица кои учествуваат на јавниот повик од членот 26 став 2 на овој закон, освен условите пропишани со Законот за концесии и јавно приватно партнерство мора да ги исполнуваат следниве услови: да бидат регистрирани за вршење дејност рибарство, да имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки или договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството и да располагаат со минимум опрема потребна за вршење риболов. (Почеток и времетраење на концесија) Член 28 Врз основа на спроведениот јавен повик од членот 26 од овој закон, Владата на Република Северна Македонија донесува одлука за избор на најповолна понуда. Врз основа на одлуката од ставот 1 на овој член, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по овластување на Владата на Република Северна Македонија со избраниот понудувач склучува договор за концесија. Како почеток на концесијата се смета денот утврден во договорот од ставот 2 на овој член. Рибите од риболовните подрачја се даваат на концесија за период од шест години. Член 28-а Во случај на непотпишување на понудениот договор за концесија на риби по избор на правно лице како најповолен понудувач или во случај на раскинување на договорот, во случаите предвидени во членот 47 став 2 од овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува Решение за исклучување на правното лице од сите идни постапки за доделување на концесија на риби во период од три години од денот на донесување на решението. За втора негативна референца периодот на исклучување изнесува пет години, а при трета негативна референца на правното лице му се дава Решение за трајно исклучување за учество во понатамошните постапки за доделување на концесии за риби. Министерството изготвува листа со негативни референци на правни лица што се објавува на веб страната на министерството. Забраната за учество во сите идни постапки за доделување на концесија на риби се однесува на правното лице и на капитално, управувачки и роднински поврзани фирми, како и на основачите на правното лице кое има негативна референца, неговите содружници и членовите на органите на управување, како и поврзаните правни лица и заинтересираната страна согласно одредбите од Законот за трговски друштва. Министерството го известува правното лице за донесување на решението, а правното лице има право на жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. (Содржина на договорот) Член 29 Меѓусебните односи за користењето на рибите од риболовните подрачја се уредуваат со договорот за концесија за период од шест години. Договорот од ставот 1 на овој член содржи: 1) вовед; 2) договорни страни; 5) дефиниција на поимите; 4) цел и предмет на договорот; 5) период за кој договорот е склучен; б) е избришана; 7) поделбата на ризикот и придружните трошоци; 8) е избришана; 9) плаќања на договорните страни; 10) настани кои можат да предизвикаат штета и начинот на постапување на договорните страни во случаи на нивно настанување; П) е избришана; 12) е избришана; 15) последици од неисполнување на договорните обврски; 14) право на надзор од страна на концедентот; 15) виша сила; 16) престанок на договорот; 17) е ибришана; 18) доставување на известување во текот на договорениот период; 19) е избришана; 20) е избришана; 21) склучување поддоговори; 22) важечко право; 25) јазик на договорот; 24) решавање на споровите што произлегуваат од договорот и 25) влегување во сила на договорот. (Престанок на концесијата) Член 50 Концесијата престанува да важи во следниве случаи: истекот на рокот на важење на договорот за концесија, едностран раскин на договорот за концесија од страна на концедентот, едностран раскин на договорот за концесија од страна на концесионерот, спогодбено раскинување на договорот за концесија, стечај или ликвидација на концесионерот, ако со договорот за концесија не е поинаку уредено И други случаи предвидени со закон и договорот за концесија. (Измена и еднострано раскинување на договорот за концесија) Член 51 Договорот за концесија покрај во случаите утврдени во членот 41 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство може да се изменува и во случај на: промена на намената на одделни делови од риболовното подрачје, привремени ограничувања, прекини или приспособувања на водното право и заштита на природата или за изградба на објект или извршување на дејност од јавен интерес. Договорот за концесија покрај во случаите утврдени во членот 44 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство може еднострано да се раскине од страна на концедентот и во случај концесионерот да: не ги спроведува мерките предвидени во риболовната основа од членот 16 и годишниот план од членот 17 од овој закони неоправдано не доставува податоци пропишани со одредбите од членот 53 од овој закон. (Задачи на концесионерот) Член 52 Задачите на концесионерот се: подготовка на годишен план, вршење на риболов; активности за заштита и добробит на рибите; изведување на задачи и активности при помор на риби; водење на пропишани евиденции и доставување податоци; известување; стручно оспособување на рибарите; изведување на задачи за надзор од страна на рибочуварската служба и вршење други работи поврзани со концесијата. Концесионерот не смее да издава дозволи за рекреативен риболов. (Евиденција) Член 53 Концесионерот е должен да води дневна евиденција за уловената риба во електронска форма. Концесионерот е должен на дневна основа да доставува евиденција за количината на уловот на риби до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантво и Државниот инспекторат за земјоделство. Евиденција од став 1 на овој член се води во електронска форма и особено ги содржи следните податоци: влез и излез на рибарите во риболовната вода, количина на улов по видови, количина на маломерна риба по видови, број и вид на риболовна опрема и алат, евиденција и документи за продажба на рибата по денови и податоци за рибарот. Формата и содржината на образецот за дневна евиденција на риболовните подрачја од став 1 на овој член како и начинот на нејзиното водење ќе го пропише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со Правилник на кој согласност дава Владата на Република Северна Македонија. (Рекреативен и спортски риболов во риболовни подрачја) Член 24 Концесионерот на рибите од риболовното подрачје е должен да дозволи вршење на рекреативен и спортски риболов на целото подрачје, доколку на подрачјето нема определено рекреативни зони. (Концесија за стопански риболов во риболовни зони) Член 55 Рибите од риболовните зони од членот 12 на овој закон се даваат на концесија на домашни и странски правни лица по пат на јавен повик на начин и под услови утврдени со овој закон. Рибите од риболовните зони се даваат на концесија за период од шест години. За давање на концесија на риболовните зони од ставот 1 на овој член се применуваат одредбите од членовите 26, 26-а, 26-6, 26-в, 27, 28, 29, 50, 21, 52 и 53 на овој закон. (Легитимации за стопански риболов) Член 26 Концесионерот на рибите стопанскиот риболов го врши преку вработени рибари кои поседуваат легитимација за стопански риболов издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Легитимацијата од ставот 1 на овој член се издава врз основа на претходно доставено барање од концесионерот на рибите за вработеното лице до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот кон барањето доставува доказ дека лицето за кое се бара легитимацијата е вработено кај концесионерот на рибите со полно работно време и доказ дека има положено испит за стопански риболов. Рибарите се должни при вршење на риболовот да ја носат легитимацијата од ставот 1 на овој член. Легитимацијата престанува да важи кога ќе престане работниот однос на рибарите на кои им е издадена. Рибарите треба да ја вратат легитимацијата на концесионерот со престанување на работниот однос, а концесионерот до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена по престанување на работниот однос на рибарите. Формата и содржината на образецот на барањето за издавање на легитимација за стопански риболов, формата и содржината на образецот на легитимацијата за стопански риболов и начинот на нејзиното издавање и враќање ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Начин на спроведување на испитот Член 56-а Испитот за стопански риболов се полага заради проверка на знаењето на кандидатите според програма за полагање на испит. Испитот за стопански риболов се состои од два делаи тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите со одговарање на определен број на прашања со тест и втор дел (практичен дел) со кој се проверува способноста за препознавање на видовите риби, техниките на риболов и практичната примена на одредбите од законската регулатива и се одговара усно. Испитот за стопански риболов се полага пред Комисија за полагање на испити од областа на рибарството (во натамошниот текст: Комисијата). Комисијата ја формира министерот за земојделство, шумарство и водостопанство. Комисијата е составена од пет члена, од кои три члена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, еден член од Државниот инспекторот за земјоделство и еден член од овластените установи од областа на рибарството. Комисијата изработува база на прашања за полагање на испитот за стопански риболов кои се објавуваат на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На членовите на Комисијата за секоја одржана испитна сесија им следува паричен надоместок во износ од една третина од просечната нето плата во Република Северна Македонија, за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение. Испитот за стопански риболов се спроведува најмалку двапати годишно. За спроведениот испит Комисијата води записник. За положениот ИСПИТ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издава Уверение за положен испит. Начинот на спроведување на испитот, содржината на програмата за полагање на испитот, како И формата и содржината на уверението за положен испит ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 26-6 Барањето за полагање на испитот од членот 56-а од овој закон, кандидатот го поднесува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Кон барањето за полагање на испитот од ставот 1 на овој член кандидатот приложува докази за исполнување на следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, дае полнолетени даима уплатени средства како надоместок за трошоци за полагање на испитот. Комисијата утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот за стопански риболов. Кандидатите накоииме одобрено барањето за полагање на испитот писмено се информираат за датумот и времето на полагање на испитот најмалку осум дена пред неговото одржување на адреса на живеење наведена на барањето за полагање на испитот од страна на кандидатоти преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ако кандидатот после информирањето за датумот и времето на полагање на испитот заради оправдани причини не може да присуствува на денот на полагањето (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), а за тоа го извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најмалку три дена пред одржувањето на испитот, има право да полага во наредната испитна сесија, за што ќе важи предходно донесеното решение. Надоместокот за трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот, а средствата се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Висината на надоместокот од ставот 7 на овој член ја определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базата на прашања, изготвување на материјали и уверенија за положен испит. Член 56-в е избришан. Член 56-г е избришан. Член 56-д е избришан. Член 56-ѓе избришан. Член 526-е е избришан. Член 56-ж е избришан. Член 56-3 е избришан. Член 56-5 е избришан. Член 36-и е избришан. Член 56-ј е избришан. Член 56-к е избришан. Член 56-л е избришан. Член 56-њ е избришан. Член 56-м е избришан. Член 56-н е избришан. Член 56-њ е избришан. Член 56-о е избришан. Член 56-п е избришан. Член 26-р е избришан. (Дозволен риболов) Член 57 Рибарите кои поседуваат легитимација за стопански риболов смеат да вршат риболов на риболовните подрачја или риболовни зони за кои е издадена легитимацијата и со дозволен рибарски алат и риболовна опрема утврдени во риболовната основа и впишани во легитимацијата. (Обележување на пловни објекти и рибарски алат) Член 58 Концесионерите на рибите од риболовните подрачја и риболовните зони вршат риболов со регистрирани и видливо обележани пловни објекти за стопански риболов и пломбиран и евидентиран рибарски алат. Начинот на обележување на пловните објекти и пломбирањето и евидентирањето на рибарскиот алат го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Забрана за риболов) Член 59 Ако за одредено риболовно подрачје или риболовна зона, поради одредени причини концесијата не е доделена или ако концесијата е одземена, до доделувањето на коцесијата на тоа риболовно подрачје или риболовна зона забранет е риболов. По исклучок од ставот 1 на овој член дозволено е организирње на спортски риболов доколку тоа е предвидено во планот на одржување на натпреварите од членот 54 на овој закон. 2. Рекреативен и спортски риболов (Рекреативен и спортски риболов) Член 40 Рекреативен риболов може да се организира на риболовните ревири и рекреативните зони од членот 12 на овој закон. Спортски риболов може да се организира согласно со членот 54 став 1 на овој закон. (Рекреативен риболов) Член А1 Рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони може да организираат правни лица регистрирани за дејност рибарство и риболовни здруженија. Рекреативен риболов се организира согласно со риболовната основа, одобрениот годишниот план и склучениот договор за концесија за одделна риболовна вода. (Концесија за рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони) Член 42 Рибите од риболовните ревири и рекреативните зони за организирање рекреативен риболов се доделуваат на користење по пат на концесија на домашно и странско правно лица кое ги исполнува условите предвидени со овој закон и Законот за концесии и јавно приватно партнерство. Постапката за доделување на рибите на користење по пат на концесија се врши со Јавен повик и ја спроведува Комисија за спроведување на постапка за доделување на рибите на концесија (во натамошниот текст: Комисијата). Јавниот повик од ставот 2 на овој член особено содржи: предмет на концесијата (природа и елементи на концесијата и место и локација за кој се доделува концесијата), период за кој се доделува концесијата, рок за поднесување на пријави, адреса на која се доставуваат понудите, јазик на кој треба да биде напишани понудите, надоместок за тендерската документација, лични, технички и финансииски услови кои треба да ги исполнат кандидатите, критериуми според кои се врши изборот на најповолна понуда, минималниот износ на надоместок за концесија и име и адреса на надлежниот орган за одлучување по жалба и информации за крајни рокови за поднесување на жалби. Јавниот повик од став 2 на овој член се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“, во два дневни весника кои се издаваат на македонски јазик, во еден дневен весник кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 2075 од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик како и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Странските правни лица од ставот 1 на овој член имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија, согласно со Законот за трговските друштва. Постапката за доделување на рибите на користење по пат на концесија започнува шест месеци пред истекот на тековната концесија. Член 42-а Минималниот концесиски надоместок кој е основа за доставување на понуди по јавниот повик е утврден во членот 46 од овој закон. Надоместокот за користење на рибите за организирање на рекреативен риболов се плаќа најдоцна до 51 јануари во тековната година за предходната година на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија. Во постапката за доделување на рибите на користење за организирање на рекреативен риболов по пат на концесија, Комисијата врши целосна евалуација на способноста на понудувачите и на првичните доставени понуди. Способноста на понудувачите од ставот 5 на овој член се докажува со следниве документи: изјава со која потврдува дека правното лице или член на негов орган на управување или надзорен орган не се осудени со правосилна судска пресуда за следниве кривични дела: корупција, измама и перење пари, потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган, потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган, потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган, потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност, потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, потврда за регистрирана дејност - рибарство (ПРД) издаден од Централен регистар на Република Северна Македонија, тековна состојба на правното лице - понудувач издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, изјава дека во моментот на поднесување на понудата во здружението членуваат најмалку 50 членови, изјави за техничката опременост и оспособеност на понудувачот, со прилог документи за доказ на потребната опрема утврдена во риболовната основа, изјава дека ќе формира рибочуварска служба и ќе го вработи потребниот број на лица за вршење физичка заштита на рибите утврден во риболовната основа и договор за порибување со регистриран репроцентар. Понудувачите за учество во постапката се должни да обезбедат банкарска гаранција во висина од 10.000,00 денари. Документите од став 4 на овој член детално ќе бидат образложени во тендерската документација. Критериумот за избор е највисок понуден концесиски надоместок. Врз основа на извршената евалуација, Комисијата ги поканува сите понудувачи кои поднеле прифатливи понуди да учествуваат на електронска аукција како завршна фаза пред доделување на рибите на користење за организирање на рекреативен риболов по пат на концесија. Почетната цена и основа за наддавање во електронската аукција е највисокиот понуден концесиски надоместокот од страна на понудувачите кои поднеле прифатливи понуди во спроведената постапка за доделување на рибите на користење за организирање на рекреативен риболов по пат на концесија. Електронска аукција е повторлив процес на позитивно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој подобните понудувачи имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства. Член 42-6 На подносителите на понудите кои се комплетни во јавното отварање од јавниот повик, Комисијата им доставува покана за учество на електронската аукција со корисничко име и шифра, датум и време кога ќе се спроведе аукцијата и упатство за користење на електронскиот систем за електронска аукција за доделување на на рибите на користење за вршење стопански риболов по пат на концесија, а на подносителите на понудите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување дека нема да учествуваат на електронската аукција. Подносителите на понуди кои доставиле комплетни понуди согласно со јавниот повик и тендерската документација, на денот на спроведување на јавната аукција се регистрираат на интернет страницата наведена во покана за учество на јавната аукција, по што имаат право на учество на јавното наддавање. Електронската аукција ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во јавниот повик и тендерската документација и направи едно постапно наддавање над почетната цена. Електронската аукција започнува со објавување на почетната цена и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. За успешно спроведена постапка на јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена, а не може да трае пократко од 15 минути. Висината на минималниот чекор на зголемување на вредноста изнесува најмалку 175 од процентот за концесиски надоместок утврден во член 46 од овој закон. Електронската аукција се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Електронската аукција продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Член 42-В За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил највисок процент како концесиски надоместок за доделување на рибите на користење за организирање на рекреативен риболов по пат на концесија. Комисијата по завршувањето на јавната аукција изготвува записник за спроведеното јавно наддавање, кој е составен дел од писмениот извештајот за евалуација со предлог за избор на најповолна понуда. Извештајот се доставува до концедентот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воспоставува, управува и оперира со електронскиот систем за електронска аукција за давање на рибите за организирање на рекреативен риболов по пат на концесија. (Услови) Член 45 Риболовните здруженија од членот 41 став 1 на овој закон кои учествуваат на јавниот повик, треба да ги исполнуваат следниве услови: да имаат минимум 50 члена, да имаат најмалку еден вработен рибочувар и да имаат склучено договор за порибување со регистриран репроцентар. (Содржина на договорот) Член ДА Меѓусебните односи за користење на рибите од риболовните ревири и рекреативни зони се уредуваат со договор, кој содржи: 1) вовед; 2) договорни страни; 5) дефиниција на поимите; 4) цел и предмет на договорот; 5) период за кој договорот е склучен; б) е избришана; 7) поделбата на ризикот и придружните трошоци; 8) е избришана; 9) плаќања на договорните страни; 10) настани кои можат да предизвикаат штета и начинот на постапување на договорните страни во случаи на нивно настанување; П) е избришана; 12) е избришана; 15) последици од неисполнување на договорните обврски; 14) право на надзор од страна на концедентот; 15) виша сила; 16) престанок на договорот; 17) е избришана; 18) доставување на известување во текот на договорениот период; 19) е избришана; 20) е избришана; 21) склучување поддоговори; 22) важечко право; 25) јазик на договорот; 24) решавање на споровите што произлегуваат од договорот и 25) влегување во сила на договорот. (Почеток и времетраење на концесија) Член 45 Врз основа на спроведениот јавен повик од членот 42 од овој закон, Владата на Република Северна Македонија донесува одлука за избор на најповолна понуда. Врз основа на одлуката од ставот 1 на овој член, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по овластување на Владата на Република Северна Македонија со избраниот понудувач склучува договор за концесија. Како почеток на концесијата се смета денот утврден во договорот од ставот 2 на овој член. (Надомест) Член 46 Надоместокот за концесија за рекреативен риболов изнесува најмалку 1095 од наплатениот надоместок за вкупно издадените дозволи на годишно ниво. Надоместокот од ставот 1 на овој член е приход на Буџетот на Република Северна Македонија. (Измена и еднострано раскинување на договорот за концесија за рекреативен риболов) Член 47 Договорот за концесија за рекреативен риболов, покрај во случаите предвидени со членот 41 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство може да се изменува и во случај на: промена на намената на одделни делови од риболовната вода, привремени ограничувања, прекини или приспособувања на водното право и заштита на природата или за изградба на објект или извршување на дејност од јавен интерес. Договорот за концесија за рекреативен риболов, покрај во случаите предвидени со членот 44 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство може еднострано да се раскине од страна на концедентот и во случај концесионерот да: не ги спроведува мерките предвидени во риболовната основа од членот 16 и годишниот план од членот 17 од овој закони со незаконски начин на стопанисување ги влошува хидролошките, физичко-хемиските и биолошките особини на водата. (Забрана) Член 48 Рекреативен и спортски риболов не може да се врши заради стекнување на приходи, ставање риба во промет, како и ловење на поголеми количества на риба определени во риболовната основа и годишниот план. (Легитимација за рекреативен риболов) Член 49 Рекреативен риболов може да врши лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов. Легитимацијата од ставот 1 на овој член ја издава федерацијата од членот 80 на овој закон со времетраење од една календарска години и се продолжува за секоја наредна година. Во зависност од реалните трошоци потребни за изработка на легитимацијата на предлог на федерацијата министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го одредува надоместокот за нејзиното издавање и/или продолжување. Остварениот приход на годишно ниво од легитимациите федерацијата го наменува за: 709 за реализирање на работите од членот 82 на овој закон и 502, за Буџетот на Република Северна Македонија уплатени најдоцна до 51 декември за тековната година. Федерацијата остварениот приход од ставот 4 алинеја 1 на овој член го реализира по претходно поднесена и одобрена програма за реализација на работите од членот 82 на овој закон. Со програмата од ставот 5 на овој член федерацијата доставува и писмен доказ за уплатени средства во Буџетот на Република Северна Македонија од ставот 4 алинеја 2 на овој член. Програмата од ставот 5 на овој член федерацијата ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 15 јануари во тековната година и истата најмалку содржи планирани активности и потребни средства за реализација на активностите за тековната година. Доколку остварениот приход на годишно ниво од ставот 4 алинеја 1 на овој член не е доволен за реализација на активностите предвидени во програмата, истите активности федерацијата треба да ги предвиди во програмата за наредната година. Формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзиното издавање го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Дозвола за рекреативен риболов) Член 50 Рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони се врши врз основа на дозвола за рекреативен риболов. Дозволата за рекреативен риболов може да биде: годишна за сите риболовни води во Република Северна Македонија - државна дозвола, годишна за одреден риболовен ревир и рекреативна зона, петнаесетдневна, седумдневна и еднодневна. Дозвола за рекреативен риболов се издава на лице кое поседува легитимација за рекреативен риболов. По исклучок на ставот 3 од овој член дозвола за вршење рекреативен риболов без поседување на легитимација може да се издаде на рекреативни риболовци кои се странски државјани. Рекреативните риболовци се должни легитимацијата и дозволата за рекреативен риболов да ја носат при вршење на риболовот, редовно да водат евиденција за уловената риба и податоците да ги доставуваат до концесионерот. Формата и содржината на образецот на дозволата и образецот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Надоместок за издавање на дозволите за рекреативен риболов) Член 51 За издавање на дозволата за рекреативен риболов од член 50 став 2 се определува надоместок. Надоместокот за издавање на државната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 1 од овој закон со решение на годишно ниво го определува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Надоместокот е во висина на највисокиот определен надоместок за издавање на годишната дозвола од членот 50 став 2 алинеја 2 на овој закон зголемена за два пати не повеќе од 7.000,00 денари. Висината на надоместокот за издадената дозвола од членот 50 став 2 алинеи 2, 5, Ди 5 на годишно ниво ја определуваат концесионерите на риби по претходно добиена согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Издавање на дозволите за рекреативен риболов) Член 52 Дозволите од членот 50 став 2 на овој закон ги издава министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Дозволата од членот 50 став 2 алинеја 1 на овој закон се издава на рекреативните риболовци по претходно доставен доказ за уплатени средства согласно со членот 53 од овој закон. Дозволите од членот 50 став 2 алинеи 2, 5,4 и 5 од овој закон се издаваат на концесионерите на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони и корисниците на рибите од подрачјата на националните паркови со задолжување, за тековната календарска година ако имаат одобрен годишен план согласно со членот 17 од овој закон и со доставен доказ за платен надоместок за концесија за претходната година. Концесионерот на риби задолжените дозволи ги издава за риболовниот ревир или рекреативната зона за кои му е дадена концесијата. Концесионерот е должен да води евиденција за бројот за издадени дозволи и евиденција за количината на уловена риба и да ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот е должен да определи и видливо да обележи места на кои ќе ги издава дозволите за рекреативен риболов. Концесионерот смее да издава дозволи за рекреативен риболов само на определените места за издавање дозволи. Начинот на издавање на дозволите и потребната документација, формата и содржината на образецот за водење евиденција, како и начинот на водење на евиденцијата и доставување на податоците ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Распределба на средства) Член 55 Уплатата на надоместокот за издавање на дозволата од членот 50 став 2 алинеја 1 на овој закон, се врши на следниов начин: 7095 во Буџетот на Република Северна Македонија и 50Ф на сметка на концесионерот на рибите за организирање рекреативен риболов на риболовната вода на територијата на општината во која живее корисникот (сопственикот) на дозволата. (Натпревари во спортски риболов) Член 54 Спортски риболов се врши на сите риболовни води со согласност на концесионерите. Натпреварите во спортски риболов можат да се организираат само на натпреварувачки патеки кои за таа цел ги определува и означува концесионерот согласно со риболовната основа. Натпреварите во спортски риболов се организираат врз основа на правилата кои ги пропишува федерацијата од членот 80 на овој закон и на нив можат да учествуваат риболовци кои поседуваат спортска легитимација. Организаторот на натпреварите во спортски риболов е должен да достави план на одржување на натпреварите најмалку 15 дена пред започнувањето на натпреварите до Министеството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за млади и спорт. Извештајот за одржаните натпревари во спортски риболов е составен дел на годишниот извештај кој го поднесува Федерацијата од членот 80 на овој закон. (Лица кои вршат рекреативен риболов) Член 55 Дозволата за рекреативен риболов се издава на лице кое наполнило 15 години. Лица помлади од 15 години можат да вршат рекреативен риболов доколку поседуваат легитимација за рекреативен риболов и само во присуство на полнолетно лице кое поседува дозвола за рекреативен риболов. (Пристап до место за риболов) Член 56 Рекреативните и спортските риболовци имаат право да пристапат до местото на риболов преку одредени патеки што се наоѓаат на земјиштето покрај риболовната вода. Тоа право не се однесува на земјиште кое е во приватна сопственост, како и на земјиште на кое пристапот е забранет или ограничен со посебни прописи. 5. Мелиоративен и селективен риболов (Вршење мелиоративен и селективен риболов) Член 57 Мелиоративен и селективен риболов може да врши концесионерот на рибите врз основа на одобрение за мелиоративен, односно селективен риболов издадено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Концесионерот на рибите доставува барање за вршење на мелиоративен, односно селективен риболов со образложение кое треба да содржи: позитивно мислење за изведување на риболовот од овластена установа од членот 74 на овој закон, причина за изведување на мелиоративен или селективен риболов, видови на риби кои ќе се изловуваат, количини и возрасна група на рибите кои се цел на риболовот, риболовни средства со кои ќе се изведува риболовот и времетраење на риболовот. Риболовот од ставот 1 на овој член може да се врши и со риболовни средства кои не се дозволени за другите видови риболов, а се неопходни за изведување на риболовот. За извршениот риболов од ставот 1 на овој член корисникот е должен да поднесе извештај до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овластената установа од членот 74 на овој закон. За уловената риба од ставот 1 на овој член концесионерот на рибите плаќа надоместок во износ од 2072 од вредноста на уловената риба. Надоместокот од ставот 5 на овој член е приход на Буџетот на Република Северна Македонија. 4. Риболов за научно-истражувачки цели (Вршење риболов за научно-истражувачки цели) Член 58 Риболов за научно-истражувачки цели можат да вршат домашни научни установи врз основа на одобрение за вршење на риболов за научно-истражувачки цели издадено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. За вршење риболов од ставот 1 на овој член научните установи доставуваат барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое особено содржи: риболовната вода на која се изведува риболовот, времетраење на риболовот, лица кои ќе го изведуваат риболовот, видови, количина и возрасна структура на рибите и риболовни средства со кои ќе се изведува риболовот. Риболовот од ставот 1 на овој член може да се врши и со риболовни средства кои не се дозволени за другите видови риболов, а се неопходни за изведување на риболовот. За вршење на риболовот од ставот 1 на овој член не се плаќа надоместок. За секое вршење на риболовот од ставот 1 на овој член вршителот е должен писмено, во рок не пократок од пет дена пред започнување на риболовот, да го извести концесионерот на рибите, како и Државниот инспекторат за земјоделство. За извршените работи, како и за сознанијата од испитувањата научните установи од став 1 на овој член доставуваат извештај до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 5. Риболов во подрачја прогласени за национални паркови (Режим на вршење рекреативен и спортски риболов во национални паркови) Член 59 Корисници на рибите од подрачјата на националните паркови се правните лица кои управуваат со националните паркови. На водите кои припаѓаат на подрачјата прогласени за национални паркови е забрането вршење на стопански риболов. Рекреативен и спортски риболов на водите од ставот 1 на овој член е забранет освен во определени рекреативни зони согласно со општиот план за управување со националните паркови, а врз основа на риболовната основа од членот 16 на овој закон. Корисникот е должен за бројот на издадени дозволи за рекреативен риболов и уловената риба да води евиденција согласно со членот 50 од овој закон и да ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (МУ. АКВАКУЛТУРА (Води за аквакултура) Член 60 За аквакултура можат да се користат сите истечни, стоечки и подземни води доколку поинаку не е уредено со друг закон. (Вршење аквакултура) Член 61 Аквакултура може да вршат правни лица регистрирани за дејност слатководна аквакултура запишани во регистарот на одгледувачи на риби (во натамошниот текст: регистар). (Регистар) Член 62 Регистарот од членот 61 од овој закон се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во регистарот се запишуваат субјектите од членот 61 од овој закон по претходно доставено барање до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Кон барањето од ставот 2 на овој член се доставува и следнава документација: доказ за вршење дејност слатководна аквакултура или општа клаузула за бизнис, доказ дека е сопственик или корисник на рибникот, полурибникот, кафезот и оризиштето или на површината на која се наоѓаат рибникот, полурибникот и оризиштето и записник од Државниот инспекторат за земјоделство за констатирана состојба. Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за запишување во регистарот е должно документите од ставот 2 алинеи Ти 3 на овој член по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од ставот 2 алинеја Ј и 3 на овој член е должно да ги достави до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од три дена од приемот на барањето. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 50 дена од денот на поднесување на барањето за запишување во регистарот на одгледувачи на риби донесува решение за запишување во регистарот на одгледувачи на риби, односно решение за одбивање на барањето. Против решението за одбивање на барањето за запишување во регистарот на одгледувачи на риби може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Одгледувачот на риби смее да ги одгледува само оние видови риби кои се наведени во решението за запишување во регистарот на одгледувачи на риби и е обврзан секоја промена да ја пријави во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 15 дена од настанатата промена. Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од ставот 1 на овој член, формата и содржината на образецот на барањето како и потребните докази за исполнување на условите од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Дозвола за аквакултура) Член 65 Решение за издавање на Дозвола за аквакултура се издава на субјекти запишани во регистарот од членот 61 од овој закон по претходно поднесено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Кон барањето од ставот 1 на овој член се доставува и следната документација: доказ за регистрација согласно со одредбите од Законот за ветеринарно здравство, доказ за користење на водата согласно со одредбите од Законот за водите, доказ за исполнуваат на условите согласно со одредбите од Законот за заштита на животната средина, доказ за исполнување на условите согласно со Законот за градење, Законот за легализација на бесправно изградени објекти или Законот за земјоделското земјиште. Овластеното службено лице од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ја води постапката за запишување во регистарот е должно документите од ставот 2 на овој член по службена должност да ги побара од надлежниот јавен орган во рок од три дена од денот на приемот на барањето. Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани документите од ставот 2 на овој член е должно да ги достави до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од три дена од приемот на барањето. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 50 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на решението за издавање на дозволата за аквакултура донесува решение за издавање на дозвола за аквакултура, односно решение за одбивање на барањето. Против решението за одбивање на барањето за издавање на решението за издавање на дозволата за аквакултура може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Формата и содржината на барањето и дозволата од ставот 1 на овој член како и потребните докази за исполнување на условите од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Престанок на важење на дозвола за аквакултура) Член 64 Дозволата за аквакултура од членот 61 на овој закон престанува да важи: со престанокот на постоењето на правното лице или со смрт на физичкото лице носител на дејностаи доколку престане важноста на некој од прилозите на членот 63 став 2 алинеи 2, 3,4 и 5 од овој закон. (Одземање на дозвола за аквакултура) Член 65 Субјектот се брише од регистарот на одгледувачи на риби и му се одзема дозволата за аквакултура со решение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ако: субјектот достави барање за бришење, се утврди дека лицето одгледува риби кои не се впишани во дозволата, не доставува податоци за годишното производство на риби и не извести за настанатите промени во предвидениот рок. Против решението од ставот 1 на овој член дозволена е жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. (Обврски на одгледувачите) Член 66 Одгледувачите на риби се должни дозволата да ја истакнат на пригодно и видно место на местата каде што се одгледуваат риби. Одгледувачите се должни да водат евиденција за производство на риба, како и за количината продадена риба по видови. Евиденцијата од ставот 2 на овој член се доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 51 јануари во тековната година за претходната година. Формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот 2 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Дозволени видови риби за одгледување) Член 67 Одгледувачите смеат да ги одгледуваат само оние видови риби кои се впишани во дозволата за аквакултура од членот 63 на овој закон. (Забрана за ловење риба околу кафези) Член 68 На риболовната вода на која се одгледува риба во кафези забрането е ловење на риба и вршење на други активности кои можат да го попречуваат и отежнуваат одгледувањето на рибите во појас од 10 метри од кафезот. Одгледувачите на риба се должни видливо да го обележат појасот околу кафезот на оддалеченост не поголема од 15 метри од кафезот. Начинот на обележувањето од ставот 2 на овој член ќе го пропише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Рекреативен и спортски риболов на рибник) Член 69 На рибник и полурибник може да се организира рекреативен и спортски риболов со одобрение од сопственикот на истиот за одреден надоместок. У. ПРОМЕТ НА РИБА (Промет на риба) Член 70 Промет на риба е дозволен од риболовните пунктови, од местата во кои се одгледува рибата и во рибарници, маркети и угостителски објекти. Вршителите на промет на риба од ставот 1 на овој член се должни да имаат соодветен документ како доказ за потеклото на рибата. Во промет се става риба доколку исполнува услови по однос на квалитет, големина и тежинаи доколку е здравствено исправна. Поблиските услови од ставот 5 на овој член задолжително се декларирираат за рибата која е наменета за ставање во промет. Поблиските условите од ставот 5 и начинот на декларирање од ставот 4 на овој член у ќе ги пропише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Прва продажба) Член 71 Прва продажба на риба е продажбата на риба од риболовните пунктови и од местата во кои се одгледува рибата. (Пунктови) Член 72 Заради организирање на стопански риболов концесионерите на рибите од риболовните подрачја и риболовните зони се должни да користат риболовен пункт. Пунктот е место за: поаѓање и враќање од риболов, продавање на уловената риба и чување на рибарскиот алат и риболовната опрема. Пунктот од ставот 1 на овој член треба да ги исполнува техничките барања што ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пунктот од ставот 1 на овој член се гради на однапред определена локација од единиците на локалната самоуправа, а врз основа на риболовните основи. (Пропратни документи) Член 75 Концесионерот и одгледувачот на риби при првата продажба се должни на излезот на пунктот, односно од местата во кои се одгледува рибата, за уловената и испорачана риба, на првиот купувач да му издадат соодветен документ, како доказ за потеклото на рибата и да обезбеди соодветен документ согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Забранет е транспорт на риба во возила, чамци и други превозни средства без поседување на документите од ставот 1 на овој член како доказ за потекло на рибата или без поседување на дозвола за рекреативен риболов, ако рибата што се транспортира е уловена при вршење рекреативен риболов. Формата и содржината на документот за потеклото на рибата и начинот на неговото издавање и пополнување го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. МЕ. УСТАНОВИ И ЗДРУЖУВАЊЕ (Овластена установа) Член 74 Работите во областа на развојот и унапредувањето на рибарството ги врши овластена установа. Овластување за вршење на работи од областа на рибарството добива установа со решение кое го издава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по претходно поднесено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За да добие овластување установата од ставот 2 на овој член треба да ги исполнува следниве услови: да има вработено најмалку едно лице со МИ! степен образование од областа на рибарството, да има вработено најмалку едно лице со МИ степен образование од областа на рибарството, да има лабораторија за ихтиолошки и хидробиолошки анализи и да поседуваат соодветна опрема за извршување на задачите од областа на рибарството. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 20 дена од денот на поднесување на барањето за овластување за вршење на работи од областа на рибарството донесува решение за вршење на работи од областа на рибарството, односно решение за одбивање на барањето. Против решението за одбивање на барањето за вршење на работи од областа на рибарството може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. (Одземање на овластувањето) Член 75 Доколку овластената установа престане да исполнува некој од условите предвидени со членот 74 став 3 на овој закон или не ги извршува работите предвидени со членот 76 на овој закон, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за одземање на овластувањето. Против решението од ставот 1 на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. (Работи од областа на рибарството) Член 76 Работи од областа на рибарството кои ги врши овластена установа за потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се: следење на состојбите во рибарството и обработка на податоците, изработка на риболовни основи, давање мислења по однос на годишните планови, анализа на годишни извештаи, изработка на стручни студии и процени на состојбата со рибите, предлагање мерки за заштита и унапредување на риболовот, вршење ихтиолошки истражувања, вршење хемиски истражувања на водата во риболовните води и рибниците, вршење истражувања на полето на примарната органска продукција (бактериопланктон, фитопланктон и виша водна растителност) за потребите на рибарството, вршење истражувања на полето на секундарната органска продукција (зоопланктон и фауна на дно) за потребите на рибарството, вршење истражувања околу влијанието на внесените видови риби во риболовните води (интродукција и реинтродукција), вршење истражувања околу одгледување на автохтони и алохтони видови риби И вршење и други задачи од областа на рибарството и аквакултурата. Јавен конкурс) Член 77 За извршување на работите од членот 76 алинеи 1 и 2 на овој закон министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува јавен конкурс. На конкурсот можат да се јават овластените установи од членот 74 на овој закон. Врз основа на спроведениот јавен конкурс од ставот 1 на овој член министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за избор на овластена установа. (Договор со овластената установа) Член 78 По извршување на изборот од членот 77 став 3 на овој закон министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство склучува договор за извршување на работите кој особено содржи: почеток и рок за извршување на работите, висина на надоместок и рок на плаќање и надзор. (Престанок на договорот) Член 79 Договорот од членот 78 на овој закон престанува: по истекот на времето за кое бил склучен, со одземање на овластувањето и со раскинување. (Македонска риболовна федерација) Член 80 Македонска риболовна федерација (во натамошниот текст: Федерацијата) е облик на здружување на сите здруженија на рекреативните и спортските риболовци од Република Северна Македонија со цел за остварување и усогласување на своите и заедничките интереси и заради вршење на активности кои се стремеж кон збогатување на облиците на организирање и дејствување од областа на рекреативниот и спортскиот риболов. Членови на Федерацијата можат да бидат и други организации, друштва и клубови кои имаат врска со рекреативниот и спортскиот риболов. Јавно овластување) Член 81 Федерацијата од членот 80 на овој закон ги врши работите кои како јавни овластувања и се доверени со овој закон. Федерацијата од ставот 1 на овој член треба да: дејствува на подрачјето на целата држава, има квалификувани кадри за изведување на јавните овластувања и има воспоставено инфраструктура за изведување на јавните овластувања. (Работи на Федерацијата) Член 82 Федерацијата ги врши следниве работи: заштита на водитеи рибите ВО нив, заштита и унапредување на животната средина, дава помош, соработува и врши контрола на терен во организирањето на спортскиот и рекреативниот риболов на своите членки, издава легитимација за рекреативен риболов, води евиденција за издадени легитимации за рекреативен риболов, водење евиденција и статистика од областа на рекреативниот риболов, организирано јакнење на здруженијата на спортските риболовци и нивна меѓусебна соработка, насочување и координирање во работата на здруженијата на рекреативни и спортски риболовци, соработка со други организации, органи и здруженија, развивање и унапредување на рекреативниот и спортскиот риболов, унапредување на врвното спортување заради репрезентирање на спортски натпревари на домашен и меѓународен план, омасовување на рекреативниот риболов, издавање брошури и други стручно-информативни материјали, утврдување и реализирање на системот за натпревари во спортски риболов, подготвува програми и спроведува семинари и курсеви за стручно дооспособување на рибочуварите и преку програмата од членот 49 став 5 на овој закон обезбедува техничка помош во висина не поголема од 102 од остварениот приход од членот 49 став 4 алинеја 1 на овој закон за издадените легитимации. Федерацијата за извршувањето на работите од програмата од членот 49 став 5 на овој закон доставува извештај до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 51 јануари од тековната година за минатата година. (Финансирање на Федерацијата) Член 83 Федерацијата за остварување на работите од членот 82 на овој закон, се финансира од следниве извори од; наплатен надомест од издадените легитимации за рекреативен риболов, спроведување на семинари, курсеви, оспособување и донации, членарина и други извори на средства. (ддруженија на производители) Член ВА Заради усогласување на производството и понудата и обезбедување оптимални услови за продажба на риби, концесионерите и одгледувачите на риби можат да се здружат и се запишуваат како организации на производители во регистар кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Заради усогласување на производството, преработката и продажбата на рибите, како и за подобрување на достапност на информации за производството и пазарот, може да се здружат субјекти од областа на производството, преработката и трговијата и се запишуваат како организации за производство, преработка и продажба на риби во регистарот од ставот 1 на овој член. Во регистарот од ставот 1 на овој член се запишуваат организациите по претходно доставено барање до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и кои ги исполнуваат следните услови: да бидат регистрирани согласно со постоечките законски прописи, да ги почитуваат правилата во поглед на риболовот, производството и продажбата, во смисла на овој закони да имаат одредено најмал број членови и најмал обем на производство. Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од став 1 на овој член, како и постапката за запишување, односно бришење од регистарот ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Усогласувањето на производството и понудата здруженијата од ставовите Ти 2 на овој член особено го вршат преку: концентрација на понудата, а со тоа и стабилизација на цената, поттикнување, воспоставување и реализација на методи кои придонесуваат за одржливо рибарство и други активности. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 50 дена од денот на поднесување на барањето за запишување во регистарот на организации на производители донесува решение за запишување во регистарот на организации на производители, односно решение за одбивање на барањето. Против решението за одбивање на барањето за запишување во регистарот на организации на производители може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. МИ. ЗАШТИТА НА РИБИ (Забрана за риболов) Член 85 Во риболовните води кои не се доделени на концесија се забранува вршење на риболов. До доделување на концесија за риболов во риболовните води, заштитата на рибите во риболовните води ќе ја врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или друг субјект определен од овој орган. На риболовните води од ставот 1 на овој член дозволено е организирање на спортски риболов доколку тоа е предвидено во планот за одржување на натпреварите од членот 54 на овој закон. (Заштита на риби) Член 86 Заштита на рибите опфаќа непосредна (физичка) заштита на рибите, еколошка заштита на риболовната вода и околината и превентивни мерки за здравствена заштита. Физичката и еколошката заштита од ставот 1 на овој член ја вршат концесионерите на рибите преку рибочувари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку концесионерот на рибите издава легитимација за рибочувар по предходно доставено барање. Концесионерот кон барањето доставува доказ дека лицето за кое се бара легитимацијата е вработено со полно работно време и доказ дека има положено испит за рибочувар. Рибочуварите се должни легитимацијата за рибочувар да ја носат при вршење на контролите. Легитимацијата од ставот 3 на овој член се издава врз основа на уверение за положен испит за рибочувар. Легитимацијата престанува да важи кога ќе престане работниот однос на рибочуварот на кој му е издадена. Рибочуварот треба да ја врати легитимацијата на концесионерот со престанување на работниот однос, а концесионерот до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена по престанување на работниот однос на рибочуварот. За издадените легитимации од ставот 1 на овој член во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води евиденција. За спроведување на испитот за рибочувар се применуваат одредбите од членовите 56-а и 36-6 од овој закон. (Начин на вршење на рибочуварска служба) Член 87 При вршење на рибочуварската служба, рибочуварот има право од лицата кои ловат риба од брег и од пловен објект, како и од лицата кои се наоѓаат во непосредна близина на риболовната вода да: побара легитимација и дозвола за вршење риболов, врши преглед на риболовните средства и уловената риба, побара документ за лична идентификација, врши преглед на средствата со кои риболовецот дошол до риболовната вода и ги одземе привремено риболовните средства и уловената риба доколку утврди неправилности. При утврдување на неправилност рибочуварот на риболовната вода во рок од пет дена поднесува пријава и ги доставува привремено одземените риболовни средства до Државниот инспекторат за земјоделство. Начинот на вршење на рибочуварската служба, формата и содржината на образецот на легитимацијата за рибочувар, како и начинот на нејзиното давање и одземање ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Внесување на нови видови риби) Член 88 Внесување во риболовните води на нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби што во тие води дотогаш ги немало, како и внесување риби од една вода во друга вода, може да се врши со одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по претходно мислење од овластената установа од членот 74 на овој закон и Министерството за животна средина и просторно планирање. Новите видови риби кои одобрено се внесуваат во риболовните води треба да се придружени со соодветен документ согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Во водите и природниот слив на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро и во водите кои припаѓаат на териториите на националните паркови не смее да се внесуваат алохтони видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби. Аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа е дозволена по претходно добиено позитивно мислење од овластената установа од членот 74 на овој закон. (Забрана за промет со нови видови риби) Член 89 Заради заштита на риболовните води од неконтролирано внесување на нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби, забрането е нивно ставање во промет во жива состојба без поседување на одобрение од членот 88 став 1 на овој закон. (Превентивна мерка за заштита) Член 90 Корисниците на доводните, турбинските и други канали се должни да изградат и да одржуваат направи и инсталации за спречување и влегување на рибите во тие канали. Сите хидротехнички објекти кои го попречуваат нормалното движење на рибите во риболовните води, посебно при миграциите за размножување, треба да имаат инсталирано рибни патеки, превојници или водни лифтови со што ќе се овозможи нивно непречено движење. Корисниците на хидротехничките објекти кои го попречуваат нормалното движење во риболовните води за предизвиканата штета плаќаат надоместок за штета или обезбедуваат порибителен материјал за порибување на риболовната вода во висина на надоместокот за направената штета. Висината на надоместокот од ставот 3 на овој член се утврдува со отштетниот ценовник од членот 100 на овој закон. (Природни плодишта) Член 91 Министерот по претходно мислење од овластената установа од членот 74 на овој закон, одделни делови од риболовните води може трајно или времено да ги прогласи за природни плодишта. Во природните плодишта од ставот 1 на овој член забранет е риболов. (Дозволени риболовни средства, дозволена големина и количина на уловена риба) Член 92 Стопански, рекреативен и спортски риболов се врши со дозволени риболовни средства, а уловените риби се со одредена големина и во дозволена количина. Бројот на дозволени риболовни средства и дозволената количина на уловената риба се утврдени со риболовната основа за одделна риболовна вода. Дозволените риболовни средства за спортски риболов се одредени со правилата за вршење спортски риболов од членот 54 став 5 на овој закон. Дозволените риболовни средства и нивната употреба за вршење стопански и рекреативен риболов од ставот 1 на овој член поблиску ќе ги пропише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Големината на рибите под која не смеат да се ловат за стопански риболов и рекреативен риболов поблиску ќе ја пропише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Забрани) Член 93 Во риболовните води е забрането: стопанисување со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисување, доколку не е добиено одобрение на годишниот план, стопанисување, спротивно на риболовна основа и годишниот план, ловење риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој утврден во риболовната основа, ловење риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, ловење риби под одредена големина и над дозволена количина утврдена во риболовната основа, ловење риби со разни видови мрежи без дозвола за стопански риболов, или со други риболовни средства забранети за вршење риболов, како и со огнено оружје, експлозиви или хемиски и други средства со кои се повредуваат, убиваат, трујат или зашеметуваат рибите, електрориболов, ловење на риби со насилно закачување на рибата со риболовен прибор, ловење риби со ости, подводни пушки, непосредно со раце, трокуки, како и со мрежичка на трска, а за рекреативен риболов, загадување на риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, ловење риби со преградување, исцрпување и пренасочување на риболовната вода, порибување со нови видови риби без претходна согласност на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ловење риби во променет режим и квалитет на водите, ловење на ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води, ловење риба над предвиденото количество со риболовната основа, и годишниот план, движење или задржување во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства и движење или задржување на лица во непосредна близина на риболовните води со носење риболовен прибор, а не поседуваат дозвола за рекреативен риболов. (Мрежи за стопански риболов) Член ОД Мрежи наменети за риболов можат да поседуваат само концесионерите на риболовните подрачја, концесионерите во риболовните зони и одгледувачите на риби. Набавка на мрежи можат да вршат само концесионерите. По исклучок од ставот 2 на овој член набавка и продажба на мрежи можат да вршат правни лица за потребите на концесионерите од ставот 1 на овој член и за потребите на научни и образовни установи за вршење риболов од членот 58 на овој закон. Набавка на мрежи од увоз се врши со одобрение за увоз на мрежи издадено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по претходно доставено барање согласно со членот 54 став 2 од Законот за трговија. (Ограничувања) Член 95 Заради заштита на рибите министерот за земјоделство шумарство и водостопанство на предлог на концесионерот и позитивното мислење на овластената институција од членот 74 на овој закон и/или Советот од членот 19 на овој закон може да: забрани риболов на одредена риболовна вода, забрани риболов на одреден вид риба, ограничи или забрани употреба на одредени риболовни средства за одделни видови риба и го промени или продолжи периодот за забрана за вршење риболов за време на природниот мрест на рибите на одделни риболовни води. МИ. НАДОМЕСТОК НА ШТЕТА И ПРАВО НА ОТШТЕТА (Надоместок на штета при вршење риболов) Член 96 Концесионерите на рибите се должни на сопствениците и/или корисниците на земјиштето да им надоместат штета доколку е направена при вршење на риболовот. (Помор на риби) Член 97 Поморот на рибите од риболовните води може да биде последица од природна, еколошка или друга несреќа или кривично дело. Концесионерот го известува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање и овластената установа од членот 74 на овој закон по забележување на поморот. Овластената установа излегува на терен и зема примероци од вода, седимент и угинати риби по стандардна методологија за вакви случаи. При помор на рибите овластената установа од членот 74 на овој закон во соработка со концесионерот изработува скица на местото и записник за поморот. Во записникот треба да се наведат местото, времето, видовите и количините на угинати риби, притоа треба да се измери масата на угинатите риби и бројот на угинати риби за секој вид одделно. Скицата и записникот во рок од три дена по поморот овластената установа мора да ги испрати до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање. (Надоместок) Член 98 Правно или физичко лице кое ќе стори штета на рибите е должно да ја надомести штетата на концесионерот. Концесионерот е должен средствата од надоместокот на штетата да ги намени за порибување. (Штета) Член 99 Во однос на прашањата за надоместок на штета се применуваат одредбите на Законот за облигациони односи, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (Право на отштета) Член 100 За штета над рибите предизвикана од труење, загадување, односно прекумерно заматување на риболовните води, попречување на нивното нормално движење, како и за незаконско посегање по рибите право на отштета има концесионерот на рибите. Концесионерот на рибите, исто така, има право на отштета за незаконски уловените риби која се пресметува по ценовникот за оштета (во натамошниот текст: отштетен ценовник). Отштетниот ценовник го подготвува овластената установа од членот 74 на овој закон во соработка со Федерацијата од члента 80 на овој закон, Министерството за животна средина и просторно планирање и единицата на локалната самоуправа, а го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Определување на отштета) Член 101 Висината на отштетата од членот 100 ставови Ти 2 на овој закон се определува врз начелото за поврат на трошоците и намалување на приходите кое вклучува најмалку: вредност на угинатите риби по отштетен ценовник, трошоци на концесионерот за земање на пробите, информирањето, доставувањето на мострите и извештаите, трошоци на овластената институција и вештите лица за земањето на пробите, извршените анализи и пресметката на отштетата, трошоци за воспоставување на првичната состојба, трошоци за порибување и трошоци за промена на годишниот плани риболовната основа. (Х. ФИНАСИРАЊЕ ВО РИБАРСТВОТО (Финасирање во рибарството) Член 102 За спроведување на мерките од програма од членот 14 и годишната програма од членот 15 на овој закон се обезбедуваат средства од: Буџетот на Република Северна Македонија, фондовите на Европската унија, донации и корисникот на хидроелектраните. Финансиските средства обезбедени согласно со ставот 1 алинеја 1 на овој член претставуваат државна помош во рибарството и аквакултурата и нивната висина ја утврдува Владата на Република Северна Македонија, во рамките на планираните средства во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Државна помош) Член 102-а Државната помош во рибарството и аквакултурата е наменета за остварување на целите од членот 3 на овој закон преку обезбедување финансиска помош за: инвестиции во аквакутурата, инвестиции во преработка и маркетинг на риби и производи од риби, еколошки мерки во аквакултурата, јавно здравство и здравствена заштита во рибарството и аквакултурата, заштита и развој на водна флора и фауна, изградба на риболовни пунктови, развој на нови пазари и промотивни кампањи, пилот проекти, колективни меркии техничка поддршка во рибарството. Државната помош од ставот 1 алинеја 4 на овој член се доделува согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води евиденција на доделената државна помош од ставот 1 на овој член. Сите државни органи и единици на локалната самоуправа се должни по службена должност да го известат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за доделената државна помош на субјектите. (Инвестиции во аквакултурата) Член 102-6 Државната помош за инвестиции во аквакултурата е наменета за изградба на нови и проширување, реконструкција и модернизација на постојните капацитети за аквакултура во функција на остварување на една или повеќе од следниве цели: зголемување на квалитетот на производството, диверзификација кон нови производни видови или видови со пазарен потенцијал, примена на производни методи кои ги намалуваат негативните ефекти и придонесуваат за заштита на животната средина, набавка на опрема наменета за заштита на производството во аквакултурата од штетниции подобрување на работните и безбедносните услови на вработените. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се субјекти регистрирани за дејност аквакултура. Висината на помошта е во износ од 5095 од вредноста на прифатливите трошоци за инвестициите, а согласно со критериумите и начинот на користење утврдени во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Инвестиции во преработка и маркетинг на риби и производи од риби) Член 102-в Државната помош за инвестиции во преработка и маркетинг на риби и производи од риби е наменета за изградба на нови и проширување, реконструкција и модернизација на постојните капацитети за преработка и маркетинг во функција на остварување на една или повеќе од следниве цели: подобрување на работните услови, подобрување и следење на јавното здравје, хигиенските услови или квалитетот на производите, производство на квалитетни производи за нови пазари, намалување на негативното влијание кон животната средина, подобрување на искористување на помалку познати видови, споредни производи и отпади производство и/или маркетинг на нови производи, примена на нови технологии или развој на иновативни методи за производство. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се микро, мали и средни претпријатија. Висината на помошта е во износ од 502 од вредноста на прифатливите трошоци за инвестициите, а согласно критериумите и начинот на користење утврдени во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Помош за еколошки мерки во аквакултура) Член 102-г Државната помош за еколошките мерки во аквакултурата е наменета за надоместок на зголемените трошоци за примена на методи на производство кои придонесуваат за заштита на животната средина, а се во функција на: заштита и зачувување на животната средина, природните ресурси, генетскиот потенцијал и зачувување на пределот и традиционалните карактеристики на зоните за аквакултура и органско производство во аквакултурата. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се вршители на аквакултура запишани во регистарот на одгледувачи на риби. Висината на надоместокот за реализација на мерките од ставот 1 алинеја 1 на овој член изнесува 100“5 од дополнителните трошоци за примена на методите со кои се надминуваат утврдените стандарди согласно со закон и се исплаќа за временски период од три години. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. Корисниците на надоместокот од ставот 1 алинеја 1 на овој член, се обврзани да ги спроведуваат еколошките мерки во период од најмалку три години по годината на исплата на последниот надоместок. Висината на надоместокот за реализација на мерките од ставот 1 алинеја 2 на овој член се доделува согласно со прописите од областа на органското земјоделско производство. (Помош за заштита и развој на водната флора и фауна) Член 102-д Државна помош за заштита и развој на водната флора и фауна е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес од членот 5 алинеи 2и 3 на овој закон кои се однесуваат на: физичка заштита на риболовните води, изградба или инсталација на статични или подвижни објекти наменети за заштита и развој на водната флора и фауна, рехабилитација на риболовни води, вклучително и мрестилишта и миграциони патишта за миграторните видови и зголемување на густината на рибите во риболовните води преку обезбедување на порибителен материјал и порибување на риболовните води. Мерките од ставот 1 на овој член се реализираат преку овластени установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, регистрирани репроцентри, единиците на локалната самоуправа и други согласно со одредбите од Законот за рибарство и аквакултура. Висината на помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 1007 од прифатливите трошоци за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Помош за изградба на риболовни пунктови) Член 102 Државната помош за изградба на риболовни пунктови е мерка од јавен интерес од членот 5 алинеја 1 на овој закон е наменета за изградба на нови или реконструкција на постојни риболовни пунктови. Помошта од ставот 1 на овој член за изградба на пунктови е наменета за инвестиции кои се однесуваат на: изработка или промена на урбанистички проект за определување на локација за изградба на риболовен пункт, изработка на проект за изградба на риболовен пункт, набавка на материјали за изградба и изведување на изградба на риболовен пункт. Помошта од ставот 1 на овој член е наменета за инвестиции кои се наменети и се однесуваат за реконструкција на постојните риболовни пунктови: подобрување на условите за истовар, манипулација, складирање и продажба на рибите од риболовниот пункт, обезбедување на довод на вода и електрична енергија, набавка на опрема за поправки и одржување на опремата во пунктот и риболовна опрема, опремување со компјутери за водење на евиденции, подобрување на работните и сигурносните услови и складирање и третман на отпадот. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член е единицата на локалната самоуправа. Висината на помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 1007 од прифатливите трошоци за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на помошта се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Помош за развој на нови пазари и промотивни кампањи) Член 102-е Државна помош за развој на нови пазари и промотивни кампањи во рибарството и аквакултурата е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес кои се однесуваат на: спроведување на регионални, национални или меѓудржавни промотивни кампањи за производи од рибарство и аквакултура, спроведување на политика за квалитет за производи од рибарство и аквакултура, промоција на производи добиени по методи на производство кои имаат мало влијание кон животната средина, промоција на производи од рибарство и аквакултура со заштитено географско потекло или традиционална посебност, цертификување на квалитет, вклучително и креирање на етикетаи цертификување на производи уловени или произведени со еколошки методи на производство, кампањи за подобрување на имиџот на производите од рибарство и аквакултура и имиџот на секторот рибарство и спроведување на анализи и истражувања на пазарот. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, овластени установи од областа на рибарството и други научни и/или образовни установи и концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура. Висината на помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 10096 од прифатливите трошоци за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Помош за пилот проекти) Член 102-ж Државната помош за пилот проекти е наменета за добивање и дисеминација/промоција на технолошки новитети и сознанија. Пилот проектите од ставот 1 на овој член се апликативни и се наменети за испитување на: техничката и економска одржливост на иновативната технологија за целите на добивање и проширување на знаењето за тестираната технологија и алтернативни техники за управување со риби. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се овластени институции од областа на рибарството, научни и/или образовни установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија, организации на производителите концесионери на рибите и вршителите на аквакултура. Доколку пилот проектите од ставот 1 на овој член ги реализираат рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура, задолжително содржат соодветна научна верификација за целите на остварување на значителни резултати. Резултатите од пилот проектите финансирани од помошта од ставот 1 на овој член задолжително се публикуваат во технички извештаи достапни за јавноста. Помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 1005 од трошоците за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Помош за колективни мерки) Член 102-3 Државна помош за колективни мерки во рибарството и аквакултурата е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес кои се однесуваат на: подобро управување и зачувување на природните ресурси, отстранување на мрежи и останат рибарски алат од дното на риболовните води, подобрување на работни услови и безбедност, развој, реструктуирање и подобрување на аквакултурно производство во зоните предвидени за аквакултура, унапредување на професионални вештини и развој на нови методи и начини на обука и промоција на соработка меѓу науката и концесионерите и производителите на риби. Корисници на помошта од ставот 1 на овој член се рибарски и риболовни здруженија, организации на производители и концесионерите на риби и вршители на аквакултура за остварување на заеднички интерес. Помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 10075 од трошоците за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. (Помош за техничка поддршка во рибарството) Член 102-и Државната помош за техничка поддршка во рибарството и аквакултурата е наменета за финансирање на мерки од јавен интерес кои се однесуваат на подготвителни, административни и технички активности и активности за следење, процена и ревизија, неопходни за спроведување на овој закон. Мерките на техничка поддршка од ставот 1 на овој член се однесуваат на: подготовка на риболовните основи и плановите за управување со рибите, за целите на процена на финасиските импликациии влијанието врз животната средина, процени, стручни извештаи, статистики и студии во врска со реализацијата на годишната програма од членот 15 на овој закон, информативни мерки насочени кон корисниците на годишната програма од членот 15 на овој закон и општата јавност, мерки за размена на информации, зголемување на соработката и подигнување на свеста во државатаи воспоставување, поврзување и работа на инфоматички системи за управување, следење, инспекција и процена. Висината на помошта од ставот 1 на овој член на годишно ниво нема да надминува 57 од вкупниот износ на годишната програма од членот 15 на овој закон. Помошта од ставот 1 на овој член е во висина од 10075 од трошоците за реализација на мерките. Критериумите и начинот на користење на надоместокот се утврдуваат во годишната програма од членот 15 на овој закон. Х. РИБОЛОВ НА МЕ УДРЖАВНИТЕ ВОДИ Член 105 Користењето на рибите и нивната заштита во меѓудржавните води се врши во согласност со обврските на Република Северна Македонија што произлегуваат од меѓудржавните договори со соседните земји. Х. ПОРИБУВАЊЕ И ПРОИЗВОДСТВО НА ПОРИБИТЕЛЕН МАТЕРИЈАЛ (Порибување) Член 104 Порибувањето на риболовните води се врши со порибителен материјал проследен со соодветен документ како доказ за потеклото на рибата и соодветен документ за здравствена исправност согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Порибувањето на риболовните подрачја и зони го врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку регистрираните репроцентри од членот 105 на овој закон во присуство на надлежниот орган за инспекциски надзор и претставник на Министеротството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а порибувањето на риболовните ревири и рекреативните зони го врши концесионерот во присуство на надлежниот орган за инспекциски надзор, претставник на Министеротството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овластената установа од членот 74 на овој закон и за истото се изготвува записник. Формата и содржината на документот за потеклото на порибителниот материјал и начинот на неговото издавање и пополнување ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Репроцентар) Член 105 Репроцентар за риби е вештачко мрестилиште кое е запишано во регистарот на репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал и кое изведува вештачки мрест и порибува риболовни води со определени автохтони видови риби. Регистарот од ставот 1 на овој член го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барање за запишување во регистерот од ставот 1 на овој член поднесува правно лице регистрирано за вршење на дејноста од ставот 1 на овој член и кое ги исполнува следниве услови да има: вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки (рибарство) и мрестилиште со објекти за чување на матици, објекти и опрема за инкубирање на оплодената икра, објекти за чување на личинките и подмладокот и соодветна опрема за изведување на мрест. Репроцентарот може да формира матично јато од определени автохтони видови риби за производство на порибителен материјал. Порибителниот материјал од матичните јата на автохтоните видови риби може да се употреби и за насадување на рибници кои се запишани во Регистарот на одгледувачи на риба по претходно добиено одобрение од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 50 дена од денот на поднесување на барањето за запишување во регистарот на репроцентри донесува решение за запишување во регистарот на репроцентри, односно решение за одбивање на барањето. Доколку правното лице од ставот 3 на овој член ќе престане да исполнува некој од условите од ставот 5 на овој член министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за бришење од регистерот од ставот 1 на овој член. Против решението од ставот 5 на овој член дозволена е жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Формата и содржината и начинот на водење на регистерот од ставот 1 на овој член, како и формата и содржината на барањето од ставот 5 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Дозвола за производство на порибителен материјал од рибник) Член 106 Дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет му се издава на домашно или странско правно лице кое е регистрирано согласно со членот 61 став 1 на овој закон по претходно доставено барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За добивање дозвола од ставот 1 на овој член правните лица треба да ги исполнуваат следниве услови да има: вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки (рибарство) или да има склучено договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството и има објекти за чување на матици, објекти и опрема за инкубирање на оплодената икра, објекти за чување на личинките и подмладокот и соодветна опрема за изведување на мрест. Барањето за издавање дозвола за производство на порибителен материјал покрај основните податоци за рибникот треба да содржи и докази за исполнување на условите од ставот 2 на овој член и записник за констатирана состојба по однос на видовите риби, објектите и опремата изготвен од Државниот инспекторат за земјоделство. Минстерството води евиденција за издадените дозволи од ставот 1 на овој член. Во случај кога правното лице од ставот 1 на овој член престане да исполнува некој од условите од ставот 2 на овој член, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за одземање на дозволата за производство на порибителен материјал. Против решението од ставот 5 на овој член е дозволена жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Порибителниот материјал од ставот 1 на овој член треба да е проследен со образец за потеклото на порибителниот материјал од членот 104 став 3 на овој закон и соодветен документ за здравствена исправност согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член како и формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот 4 на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Хи. НАДЗОР (Надзор) Член 107 Надзор над спроведување на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Инспекциски надзор над спроведување на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државни инспектори за земјоделство. Државниот инспекторат за земјоделство до Владата на Република Северна Македонија на секои шест месеци доставува Извештај за извршен инспекциски надзор над спроведување на обврските на концесионерите утврдени во договорот за концесија. Надзор над спроведување на здравствената заштита на рибите врши Агенција за храна и ветеринарство. (Инспекциски надзор) Член 108 При вршењето на надзорот Државниот инспекторат за земјоделство ги врши следниве работи: преглед на вршењето риболов (ловењето риба), преглед на риболовните средства со кои се врши риболовот, преглед на легитимации за стопански и рекреативен риболов, дозволи за стопански и рекреативен риболовните документи од овој закон и дозволи, преглед на пунктовите, одгледувалиштата на риба и репроцентри, објектите во функција на риболовот и деловните простории на концесионерите, преглед на водењето евиденции, надзор над спроведување на годишните програми, преглед на уловот на рибите во риболовните пунктови, надзор на потеклото на рибата во угостителски објекти, продавници, рибарници, маркети во кои се продава риба и зелени пазари, надзор над порибувањето, привремено одземање на легитимациите за стопански риболов, легитимациите и дозволите за рекреативен риболов и риболовните средства, алат и прибор, забрани времено риболов доколку концесионерите не постапуваат согласно со договорите и годишната програма, привремено одземање на уловот и одземање на рибите и порибителниот материјал пуштени во промет без соодветни придружни документи и надзор над работењето на овластените институции и организации. (Постапка за едукација) Член 108-а За прекршоците предвидени во членовите 111-6, 112 и 115 од овој закон инспекторот со решение изрекува опомена и определува рок во кој субјектот на инспекциски надзор е должен да ги отстрани неправилностите и недостатоците, утврдени со записник. Решението од ставот 1 на овој член, се донесува веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на изготвувањето на записникот. Инспекторот е должен да води евиденција за изречените опомени. Формата и содржината на евиденцијата за изречените опомени ја пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 108-б е избришан. Член 109 Непосредните учесници во риболовот се должни по барање на надлежните инспекциски органи и други овластени лица да покажат легитимација за лична идентификација, како и легитимации и дозволи издадени согласно со овој закон, уловот и риболовните средства и опрема. ХИ. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ (Глоба) Член 110 Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице микро трговец и мал трговец, во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице среден трговец и во износ од 1.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице голем трговец, кое: 1) врши стопански риболов надвор од објектот Далјан - Струга (член 24 став 2); 2) врши стопански риболов спротивно на риболовната основа, одобрениот годишен плани склучениот договор за концесија (член 25 став 2); 5) не плаќа надоместок за стопански риболов и рекреативен риболов (членови 25 став 3 и 46 став 1); 4) не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 51 став | и 47 став1); 5) пловните објекти не се регистрирани и видливо обележани и рибарскиот алат не е пломбиран и евидентиран (член 28 став 1); б) издава легитимации со повисок надоместок од предвидениот (член 49 став 3); 7) врши стопански риболов на води од подрачјата на националните паркови (член 59 став 2); 8) врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член 61); 9) лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1); 10) врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1); 11) врши промет на риба без соодветен документ како доказ за потеклото на рибата (член 70 став 2); 12) не издава придружни документи (член 73 став1); 15) врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2); 14) врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1); 15) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1); 16) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на Националните паркови (член 88 став 5); 17) врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4); 18) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба наменет за порибување на риболовни води без одобрение (член 89); 19) врши риболов во природни плодишта (член 1 став 2); 20) стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволената количина, ја загадува риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93); 21) поседува, набавува и врши продажба на мрежи спротивно на членот 94 ставови 1, 2и 3 од овој закон; 22) врши риболов спротивно на ограничувањата (член 95) и 23) врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1). Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. На правното лице покрај глобата од ставот 1 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење одделна дејност во траење од три месеци до две години. На одговорното лице во правното лице покрај глобата од ставот 2 на овој член ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење до 30 дена. Забраната од ставот 4 на овој член може да се замени со паричен надоместок само доколку прекршокот е сторен за првпат. Член 11 Глоба во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице микро трговец и мал трговец, во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице среден трговец и во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице голем трговец, ако: 1) во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став Хи 18 став 1); 2) врши стопански риболов спротивно на членот 56 став 1 од овој закон; 5) не ја врати легитимацијата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во предвидениот рок (член 56 став б); 4) го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон; 5) издава дозволи за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација за рекреативен риболов (член 50 став 3); 6) издава дозволи за рекреативен риболов на риболовни води за кои нема концесија (член 52 став 4); 7) не води и не доставува евиденција за бројот на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 52 став 5); 8) врши мелиоративен и селективен риболов без одобрение (член 57 став 1); 9) не плати надоместок во висина од 2096 од уловената риба (член 57 став 5); 10) врши риболов за научноистражувачки цели без одобрение (член 58 став 1); 11) не поднесе извештај за извршениот риболов (член 58 став б); 12) одгледува риби кои не се впишани во решението и дозволата (член 62 став 8 и член 67); 15) дозволата за аквакултура не ја истакне на видно место (член 61 став 1) 14) не го обележи појасот околу кафезот (член 68 став 2); 15) става риба во промет која не исполнува услови по однос на квалитет, големина и тежина (член 70 став 5); 16) нема издадено легитимација за рибочувар (член 86 став 3); 17) не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 7); 18) внесува одобрени нови видови риби без соодветен документ (член 88 став 2); 19) врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2); 20) врши порибување без соодветен документ и без присуство на надлежни органи (член 104 ставови Ти 2); 21) формира матично јато без одобрение (член 105 став 4) и 22) не издава документ како доказ за потекло на порибителен материјал (член 106 став 7). 25) средствата добиена од надоместок на штета не ги намени за порибување (член 98 став 2) Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. Член 11-а Глоба во износ од 250 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице микро трговец, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице мал трговец, од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице среден трговец, од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице голем трговец: 1) во определениот рок не поднесе годишен план за стопанисување со рибите и годишен извештај за реализација на годишниот план (членови 17 став Чи 18 став 1); 2) не ги спроведува мерките предвидени со риболовната основа и годишниот план (членови 51 став | и 47 став 1); 5) го наменува приходот спротивно на членот 49 став 4 од овој закон; 4) издава дозвола за рекреативен риболов на лице кое не поседува легитимација (член 50 став 4); 5) не води и не доставува евиденција за бројот на издадени дозволи и евиденција за уловената риба (член 52 став 5); б) не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4); 7) става риба во промет која не исполнува услови по однос на квалитетот, големината и тежината (член 70 став 5); 8) не користи пункт за организирање на стопански риболов на риболовните подрачја и риболовните зони (член 72 став 1); 9) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба без одобрение (член 89) и 10) врши стопански риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2). Глоба во износ од 50 до 150 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. Член 111-6 Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) не плаќа надоместок во предвидениот рок утврден во договорот за концесија (член 21 став 1); 2) не води евиденција и не доставува податоци во предвидениот рок (член 33 ставови Ти 3); 5) не определи и видливо обележи места на кои ќе се издаваат дозволите (член 52 став б); 4) издава дозволи за рекреативен риболов надвор од обележаните места (член 52 став 7); 5) организира натпревари во спортски риболов на патеки кои не се определени од концесионериот и спротивно на правилата (член 54 ставови 2 и 5); б) издава дозволи на лица под 15 години (член 55 став 1); 7) не поднесе извештај за извршениот риболов во рокот утврден во одобрението (член 57 став 4); 8) не води и доставува евиденција во предвидениот рок (член 66 став 2); 9) го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 ставови 2 и 3); 10) не врши заштита на рибите (член 86 став 2) и 1) не ги извршува работите и не доставува извештај за извршувањето на работите во предвидениот рок (член 82 став 2). Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. Член 112 Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) врши стопански риболов, а не поседува легитимација за стопански риболов (член 36 став 1); 2) врши стопански риболов спротивно на членот 37 од овој закон; 5) врши рекреативен и спортски риболов заради стекнување на приходи (член 48); 4) врши аквакултура, а не е запишан во регистарот на одгледувачи на риба (член 61); 5) лови риба и врши други активности во обележаниот појас околу кафезот (член 68 став 1); б) лови риба без одобрение на сопственикот (член 69); 7) врши промет на риба од недозволени места (член 70 став 1); 8) врши промет на риба без соодветен документ како доказ за потекло на рибата (член 70 став 2); 9) не издава придружни документи (член 73 став1); 10) врши транспорт на риба без соодветна документација (член 73 став 2); 11) врши риболов на риболовни води забранети за вршење риболов (член 85 став 1); 12) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од нови видови риби без одобрение (член 88 став 1); 15) внесува нови видови риби и/или порибителен материјал од алохтони видови риби во водите и природниот слив на риболовното подрачје на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро и во водите на териториите кои припаѓаат на Националните паркови (член 88 став 3); 14) врши аквакултура на нови видови риби и риби кои не се утврдени во риболовната основа без претходно добиено позитивно мислење (член 88 став 4); 15) става во промет нови видови риби и/или порибителен материјал во жива состојба наменет за порибување на риболовни води без одобрение (член 89); 16) врши риболов во природни плодишта (член 91 став 2); 17) стопанисува со рибите за кои нема изработено риболовна основа, стопанисува без одобрение на годишниот план, лови риби за време на мрестењето на рибите или за време на ловостој, лови риби во риболовни води кои се времено или трајно забранети за риболов, лови риби под одредена големина и над дозволена количина, ја загадува на риболовната вода со штетни и опасни материи кои можат да го изменат или влошат постојниот квалитет на риболовната вода или дел од истата и на тој начин да се загрозат рибите и другите животински или растителни организми, лови риби со преградување, исцрпување или пренасочување на риболовната вода, лови риби во променет режим и квалитет на водите, лови ретки и проредни видови риби на одделни делови или на сите риболовни води и се движи или задржува во непосредна близина на риболовните води со носење мрежа, експлозив или други забранети риболовни средства (член 93); 18) поседува, набавува и врши продажба на мрежи спротивно на членот 4 ставови 1, 2и 3 од овој закон; 19) врши риболов спротивно на ограничувањата од членот 95 на овој закон; 20) одбие да се легитимира и да покаже дозвола пред овластените органи (членови 87 став1Ти 109)и 21) врши промет на порибителен материјал без поседување дозвола (член 106 став 1). Член 112-а е избришан. Член 112-6 Глоба во износ од 25 до 50 евра денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доколку во рокот утврден во членовите 62 став 3 и 63 став 2 од овој закон не ги побара потребните документи. Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган ако во рокот утврден во членовите 62 став 3 и 63 став 4 од овој закон не ги достави бараните документи. Член 115 Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) не ја врати легитимацијата по престанување на работниот однос (член 56 став б); 2) врши рекреативен риболов надвор од риболовните ревири и определени рекреативни зони (член 40 став 1); 5) врши рекреативен риболов без легитимација и дозвола (членови 49 став 1 и 50 став 1); 4) врши рекреативен риболов, а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5); 5) не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5); б) врши рекреативен и спортски риболов вон определените рекреативни зони на водите од подрачјата на националните паркови (член 59 став 5); 7) одгледува риби кои не се впишани во изводот и дозволата (членови 62 став 4 и 67); 8) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место (член 66 став 1); 9) не води и доставува евиденција (член 66 став 2); 10) не го обележи појасот околу кафезот (член 68 став 2); 11) става риба во промет која не исполнува услови по квалитет, големина и тежина (член 70 став 3); 12) се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболо (член 95) и 15) не издава соодветен документ како доказ за потекло (член 106 став 7). Член 113-а Глоба во износ од 100 евра во денарска противредност ќе му се изрече на сторителот физичко лице за прекршок ако: 1) врши рекреативен риболов, а не носи легитимација и дозвола за рекреативен риболов (член 50 став 5); 2) не води евиденција за уловената риба и не ја доставува до концесионерот (член 50 став 5); 5) изводот и дозволата за аквакултура не ги истакне на видно место и не води евиденција (член 66 ставовиТи2)и 4) се движи или се задржува во непосредна близина на риболовните води со рибарски прибор, а не поседува дозвола за рекреативен риболов (член 93). Член 115-6 Глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото лице, ако: 1) не носи легитимација за стопански риболов (член 36 став 4); 2) не пријави промена во предвидениот рок (член 62 став 4); 5) не ја доставува евиденцијата во предвидерниот рок (член 66 став 5); 4) го обележи појасот околу кафезот спротивно од предвиденото (член 68 ставови 2 и 3); 5) не ја врати легитимацијата за рибочувар во предвидениот рок (член 86 став 8) и б) врши рекреативен риболов со риболовни средства во поголем број од дозволените во риболовната основа (член 92 став 2). (Одземање на улов, риболовни средства и опрема) Член 114 За сторените прекршоци од членовите 110, 111, 12 и 115 на овој закон покрај глобата, ќе се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на уловот, рибата и порибителниот материјал пуштени во промет, како и материјалната корист остварена со незаконски риболов, риболовните средства и опремата со кои е сторен прекршокот. (Прекршочна постапка и постапка за порамнување) Член 115 Пред поднесување на барањето за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени во овој закон, државниот инспектор за земјоделство на сторителот на прекршокот ќе му предложи постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог, согласно со Законот за прекршоци. Државниот инспектор за земјоделство е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози, како и за исходот на покренатите постапки. Во евиденцијата од ставот 2 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката. Личните податоци од ставот 3 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. За прекршоците утврдени со членовите 111-а, 111-6, 112, 115, 115-а и 115-б од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува прекршочна комисија формирана согласно со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, а за прекршоците утврдени со членовите 110, 111, 112-би 114 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд. Член 115-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците. ХМ. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 116 Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. До донесувањето на прописите предвидени со овој член ќе се применуваат прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 117 Склучените договори за користење на рибниот фонд од риболовните води врз основа на Законот за рибарство (“Службен весник на Република Македонија“ број 62/95) продолжуваат да важат до истекот на рокот на нивното важење. Член 118 Субјектите кои се занимаваат со аквакултура се должни во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогластат своето работење со одредбите на овој закон. Член 119 Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за рибарство ("Службен весник на Република Македонија“ број 62/93). Член 120 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“. ВАЖЕЧКИ ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ ОД НОВЕЛИТЕ НА ЗАКОНОТ . „Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/11 Член 5 Одредбите од членот 2 на овој закон со кој се менуваат членовите 65 став (3), 75 став (2), 105 став (5) и 106 став (6) ќе започнат да се применуваат со започнување на примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 1. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12 Член 17 На постапките за доделување на концесија на рибите, како и на договорите склучени до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ број 7/2008, 67/10, 47/11 и 55/11). 1. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 164/13 Член 7 Започнатите постапки за полагање на испит за добивање на уверение за вршење на стопански риболов и испитот за рибочувар до денот на започнувањето на примената на овој закон ќе завршат според одредбите на прописите по кои започнале. МУ. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/15 Член 50 Започнатите постапки за доделување на концесија на рибите, до денот на влегување во сила на овој закон ќе завршат согласно одредбите на Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија" број 7/2008, 67/10, 47/11, 55/11, 95/12, 164/15 и 116/14). У. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/16 Член 12 Започнатите постапки до денот на започнувањето со примената на овој закон ќе се завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 15 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе започне да се применува со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15). м1. „Службен весник на Република Македонија“ бр. 85/18 Член 15 Започнатите постапки за полагање на испитот за стопански риболов и испитот за рибочувар до денот на влегување во сила на овој закон ќе завршат согласно со одредбите од овој закон.