تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law on animal by-products

صدر في 2007-09-06 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Закон за нуспроизводи од животинско потекло.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock, Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
basic legislation, animal by-products, animal health, inspection, transport/storage, food safety and quality, public health, offences/penalties, processing/handling, classification/declassification

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 1 од 21 Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Се прогласува Законот за нуспроизводи од животинско потекло, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 6 септември 2007 година. Бр. 07-3832/1 Претседател 6 септември 2007 година на Република Македонија, Скопје Бранко Црвенковски, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р. ЗАКОН ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ГЛАВА I ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Предмет (1) Со овој закон се уредуваат категоризацијата, собирањето, превезувањето, отстранувањето, преработката, употребата и складирањето на нуспроизводи од животинско потекло од аспект на здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здравство. (2) На нуспроизводите од животинско потекло, покрај одредбите од овој закон се применуваат и одредбите од другите закони од областа на ветеринарното здравство и заштитата на животната средина, доколку со овој закон поинаку не е уредено. (3) Одредбите од овој закон немаат одраз на прописите од областа на контролата и ерадикацијата на заразните болести кај животните. Член 2 Цели Цели на овој закон се: а) оневозможување на собирањето, превозот, складирањето, манупулирањето, преработката и употребата или отстранувањето на нуспроизводите од животинско потекло да претставува ризик за здравјето на животните или луѓето и б) овозможување на ставање во промет и во определени специфични случаи извоз, увоз и транзит на нуспроизводите од животинско потекло и на одделни производи добиени од нив. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 2 од 21 Член 3 Исклучоци Одредбите од овој закон не се однесуваат на: а) сурова храна за домашни миленици во продавници или други простории, каде што расекувањето и складирањето се изведува единствено за директно снабдување на потрошувачите на лице место; б) млеко или колострум кои се отстранети или употребени во фармата на потекло; в) цели трупови или делови од труп од диви животни за кои нема сомневање дека се инфицирани со болести кои се пренесуваат на луѓе или животни, освен риба уловена за комерцијална намена и цели трупови или дел од труп на диви животни наменети за трофеи; г) сурова храна за домашни милиеници за употреба на лице место, добиена од животни заклани на фармата на потекло за употреба како храна од страна на фармерот и неговото семејство; д) помии, освен доколку: не потекнуваат од превозни средства вклучени во меѓународен промет, се наменети за исхрана на животни или се наменети за употреба во објекти за производство на биогас или компост; ѓ) јајцеклетки, ембриони и семе наменети за репродукција и е) транзит по воздушен пат. Член 4 Дефиниции (1) Поимите дефинирани со Законот за ветеринарно здравство се применуваат и во овој закон, доколку со овој закон поинаку не се дефинирани. (2) Одделни изрази употребени во овој закон го имааат следново значење: 1. "Нуспроизводи од животинско потекло" се цели трупови или делови од трупови или производи од животинско потекло одредени согласно со овој закон како нуспроизводи од категориите 1, 2 или 3 кои не се наменети за исхрана на луѓе, вклучително и јајцеклетки, ембриони и семе; 2. "Животно" е секое 'рбетно или без'рбетно животно вклучувајки риби, влекачи и амфибии; 3. "Фармски животни" се сите животни кои се чуваат, товат или размножуваат од луѓето за производство на храна (месо, млеко и јајца), волна, крзно, пердуви, кожа или друг производ од животинско потекло; 4. "Диви животни" се сите животни кои не се одгледувани од луѓе; 5. "Домашни миленици" се сите животни кои припаѓаат на видови кои вообичаено се одгледуваат и чуваат од страна на луѓето за цели различни од фармското одгледување, но не се наменети за исхрана на луѓе; 6. "Kрзнени животни" се животни кои се чуваат, одгледуваат за производство на крзно, а не се користат за исхрана на луѓе; 7. "Ставање во промет" е секоја активност чија цел е продажба на нуспроизводи од животинско потекло, или производи добиени од нив во согласност со овој закон, на трета страна во земјата, или која било друга форма на снабдување на третата страна со наплатување или бесплатно или складирање со цел за снабдување на таква трета страна; 8. "Трговија" е ставање во промет, извоз и увоз на нуспроизводи од животинско потекло за комерцијални цели; 9. "Транзит" е движење низ територијата на Република Македонија од една во друга држава; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 3 од 21 10. "Производител" е секое лице од чии активности произлегуваат нуспроизводи од животинско потекло; 11. "ТСЕ" се сите трансмисивни спонгиоформни енцефалопати, освен оние кои се појавуваат кај луѓето; 12. "Специфично ризичен материјал" е материјал од животинско потекло кој особено е ризичен за пренос на ТСЕ; 13. "Производи од апикултура" се мед, пчелин восок, матичен млеч, прополис или полен кои се добиваат од пчелите; 14. "Серија" е единица на производство произведена во еден објект со користење на унифицирани производни параметри, или неколку такви единици, кога се складирани заедно и кои можат да бидат идентификувани ако се појави потреба за нивно повлекување, повторен третман или отстранување доколку резултатите од лабораториски испитувања тоа го налагаат; 15. "Објект за производство на биогас" е објект во кој се врши биолошка деградација на производи од животинско потекло во анаеробни услови за прозводство и собирање на биогас; 16. "Производи од крв" се производи добиени од крв или делови на крв, освен крвно брашно, вклучувајки сува/замрзната/течна плазма, исушена крв, исушени/замрзнати/течни црвени крвни клетки или нивни делови и мешавини; 17. " Kрв" е комплетна свежа крв; 18. "Kрвно брашно" е производ добиен со термичко третирање на крв наменето за исхрана на животни или за добивање на органски ѓубриња; 19. "Kонзервирана храна за домашни миленици" е термички обработена храна за домашни миленици спакувана во херметички затворени контејнери; 20. "Интермедијарен објект за Категорија 1 или Категорија 2 материјал" е објект во кој се манипулираат и/или привремено складираат непреработени материјали од категориите 1 и 2 за подоцна да бидат превезени до нивната крајна дестинација или објекти каде што на нив ќе бидат извршени промени како што се отстранување на кожа или подкожје или ќе се вршат испитувања постмортем; 21. "Преработувачки објект за Категорија 1 материјал" е објект во кој се преработува Категоријата 1 материјал пред да биде отстранет; 22. "Oлеохемиски објект за Категорија 2 материјал" е објект во кој се преработува сало добиено од Категоријата 2 материјал; 23. " Преработувачки објект за Категорија 2 материјал" е објект во кој се преработува Категоријата 2 материјал пред да биде отстранет, трансформиран или употребен; 24. "Интермедијарен објект за Категорија 3 материјал" е објект во кој непреработен Категоријата 3 материјал се сортира и/или сече и/или разладува или смрзнува во блокови и/или привремено складира заради натамошен превоз до неговата крајна дестинација; 25. "Oлеохемиски објект за Категорија 3 материјал" е објект кој преработува сало добиено од Категоријата 3 материјал; 26. "Преработувачки објект за Категорија 3 материјал" е објект во кој Категоријата 3 материјал се преработува во преработени животински протеини и други преработени производи кои можат да се употребат како добиточна храна; 27. "Помии" се отпад од храна вклучувајќи и употребено масло за готвење од ресторани, угостителски објекти и кујни, вклучувајќи и јавни кујни и кујни од домаќинствата; 28. "Инсталации за согорување (коинценератори)" се неподвижни или подвижни објекти и опрема чија основна намена е производство на енергија или материјални производи и кои употребуваат нуспроизводи од животинско потекло како редовно или вонредно гориво, или во кои нуспроизводи од животинско потекло се термички „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 4 од 21 обработени заради нивно отстранување. Ако согорувањето се врши на начин што основна цел на објектот не е производство на енергија или материјални производи, туку термичка обработка на нуспроизводи од животинско потекло, објектите ќе се сметаат дека се објекти на инсталации за горење. Оваа дефиниција се однесува и на локацијата, самиот објект и сите линии на согорување, приемот на нуспроизводи од животинско потекло, складирање, објекти за предтретман, системите за дотур на отпад, систем за довод на гориво и воздух, котел, единица за третирање на отпадните гасови, единици за третирање и складирање на остатоци од согорување и отпадните води, уредите и системите за контрола, евидентирање и мониторинг на условите на согорување; 29. "Согорување" е отстранување на нуспроизводи од животинско потекло или производи добиени од нив во инсталација за согорување; 30. "Собирни центри" се простории за собирање и третман на одделни нуспроизводи од животинско потекло наменети за употреба како добиточна храна согласно со овој закон; 31. "Oбјект за производство на компост" е објект во кој се врши биолошка деградација на производите од животинско потекло во аеробни услови; 32. "Kолаген" е протеински производ добиен од кожа, подкожје и тетиви од животни вклучувајќи и коски од свињи, живина и риби; 33. "Резидуи од разлагање" се резидуи добиени со трансформација на нуспроизводи од животинско потекло во објект за производство на биогас; 34. "Содржина од дигестивен систем" е содржина од дигестивен систем на преживари, ноеви, без разлика дали се одвоени од дигестивниот систем или не; 35. "Kучешки грицкалици" се нештавени производи за џвакање наменети за домашни миленици, добиени од кожа и подкожје од копитари и други животински материјали; 36. "Експериментални животни" се животни кои се употребуваат во експерименти; 37. "Материјал за добиточна храна" се различни производи од животинско потекло во нивна природна состојба, свежи или конзервирани и производи добиени со индустриска преработка на истите, органски и неоргански супстанции, со или без адитиви, кои се наменети за исхрана на животни преработени или непреработени, во подготовката на смеси или како носачи на премикси вклучувајќи и преработени животински производи, производи од крв, сало, рибино масло, деривати на масти, желатин, хидролизирани протеини, дикалциум фосфат, млеко, производи добиени врз основа на млеко и колострум; 38. "Рибино брашно" е преработен животински протеин добиен од морски животни освен морски цицачи; 39. "Додатоци за зачинување" се течни или дехидрирани преработени производи од животинско потекло употребени за подобрување на вкусот на храната за домашни миленици; 40. "Желатин" е природен, растворлив протеин, желатинизиран или не-желатинизиран, добиен со делумна хидролиза на колеген произведен од коски, кожи и подкожје, тетиви и синовии од животни вклучувајќи риби и живина; 41. "Mаснотии и маслени мешавини" се материи кои лебдат собрани од површината на отпадни води од систем за отстранување на маснотии каде што има потреба од предтретман; 42. "Чварки" се протеини кои содржат резидуи од топење добиени по делумна сепарација на сало и вода; 43. "Xерметички затворени контејнери" се контејнери кои се дизајнирани и наменети да бидат безбедни од влез на микроорганизми; 44. "Kожа и подкожје" е секое кожно и поткожно ткиво; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 5 од 21 45. "Инсталации за горење (инценератори)" се неподвижни или подвижни објекти и опрема чија основна намена е термичка обработка на нуспроизводи од животинско потекло, со или без добивање на топлина при горењето, вклучувајќи горење со оксидација, како и други термички третмани како пиролиза, гасификација или плазма процесите доколку со нив супстанциите добиени од овие процеси се последователно изгорени. Оваа дефиниција се однесува и на локацијата, самиот објект и сите линии на согорување, приемот на нуспроизводи од животинско потекло, складирање, објекти за предтретман, системите за дотур на отпад, систем за довод на гориво и воздух, котел, единица за третирање на отпадните гасови, единици за третирање и складирање на остатоци од согорување и отпадните води, уредите и системите за контрола, евидентирање и мониторинг на условите на согорување; 46. "Инсталации за горење со мал капацитет" се инсталции за горење со капацитет помал од 50 кг на нуспроизводи од животинско потекло на час; 47. "Инсталиција за горење со голем капацитет" се инсталации за горење со капацитет поголем од 50 кг на нуспроизводи од животинско потекло; 48. "Xидролизирани протеини" се полипептиди, пептиди и амино киселини и нивни мешавини добиени со хидролиза на нуспроизводи од животинско потекло; 49. "Горење" е отстранување на нуспроизводи од животинско потекло или нивни производи во инсталации за горење; 50. "Лабораториски реагенси" се спакувани производи, подготвени за употреба од крајниот корисник, кои содржат производи од крв и се наменети за употреба во лаборатории како реаганси или производи на реагенси, без разлика дали се користат самостојно или во комбинација; 51. "Депонија" е објект наменет за отстранување на нуспроизводи од животинско потекло, со негово истурање под земја или на површината на земјата, вклучувајќи: а) депонии за интерна употреба кога произведувачот управува со сопствена депонија во кругот на објектите за производство) и б) трајни депонии, за период подолг од една година кои се употребуваат за времено складирање на нуспроизводи од животинско потекло, со исклучок на: објекти каде што нуспроизводи од животинско потекло се растоварени за извршување на подготовки за натамошен превоз за нивно повторно оспособување, третман или отстранување на друго место или складирање на нуспроизводи од животинско потекло пред да бидат повторно оспособени или нивен третман во период помал од три години како општо правило или складирање на нуспроизводи од животинско потекло пред да бидат отстранети во период помал од една година; 52. "Ѓубре" е измет и/или урина од фармски животни, со или без постелката, кои можат да бидат или непреработени, преработени или трансформирани на друг начин во објект за производство на биогас или компост; 53. "Материјали од филтрација" се видливи цврсти материјали од животинско потекло или седименти задржани во системот за филтрација како предтретман; 54. "Oргански ѓубриња и збогатувачи на почвата" се материјали од животинско потекло употребени во одржување или збогатување на хранливоста на растенијата, физичките и хемиските карактеристики и биолошката активност на почвата, оделно или заедно. Тука се вбројуваат ѓубриња, содржина на дигестивен систем, компост и резидуи од разлагање; 55. "Пасиште" е ливада покриена со трева или други растенија кои се пасат или се користат во исхраната на фармски животни; 56. "Oбјект за производство на храна за домашни миленици" е објект во кој се произведува храна за домашни миленици или кучешки грицкалици или додатоци за зачинување и во кои одредени нуспроизводи од животинско потекло се употребуваат во „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 6 од 21 подготвувањето на храна за домашни миленици, кучешки грицкалици или додатоци за зачинување; 57. " Xрана за домашни миленици" е храна за домашни миленици која содржи Категоријата 3 материјал; 58. "Пререботени животински протеини" се животински протеини добиени од Kатегоријата 3 материјал, кои се преработени во форма така што веднаш можат да бидат употребувани како добиточна храна или материјал за добиточна храна, вклучувајќи храна за домашни миленици, или органски ѓубриња и збогатувачи на почвата. Овде не се вклучени производи од крв, млеко, производи на база на млеко, колострум, желатин, хидролизирани протеини и дикалциум фосфат, јајца и производи од јајца, трикалциум фосфат и колаген; 59. "Сурова храна за домашни миленици" е храна за домашни миленици која не поминала низ некој процес за зачувување, освен разладување, замрзнување или брзо смрзнување; 60. "Преработена храна за домашни миленици" е храна за домашни миленици која е теремички обработена, со исклучок на спаѓа сурова храна за домашни миленици; 61. "Преработени производи" се нуспроизводи од животинско потекло кои поминале низ некој преработувачки процес или третман; 62. "Преработувачки методи" се методи со кои се врши преработка на нуспроизводи од животинско потекло; 63. "Преработувачки објекти" се преработувачки објекти за нуспроизводи од животинско потекло; 64. "Производи кои се употребуваат за ин витро дијагностика" се спакувани производи, готови за употреба од крајниот корисник, кои содржат производи на крв, а се употребуваат како реагенси, производи на реагенси, калибратори, китови или други системи, користени самостојно или во комбинација, наменети за употреба ин витро за испитување на мостри земени од луѓе или животни, со исклучок на донирани органи или крв, единствено или главно за дијагностика на физиолошка состојба, здравствена состојба, болести или генетски абнормалности или да се утврди безбедноста и компатибилноста со реагенсите; 65. "Oддалечени подрачја" се подрачја каде што популацијата на животни е во мал број, а преработувачките објекти се оддалечени така што собирањето и превозот не се исплатливи во споредба со отстранувањето во самото подрачје; 66. "Tопена маст" се маснотии добиени од преработка на категориите 2 и 3 материјал; 67. "Сепарати" се видливи цврсти животински материјали задржани во одпадни води при сепарација каде што е потребен предтретман; 68. "Tиња" се видливи цврсти животински материјали или седименти задржани во каналите за отпадни води каде што е потребен предтретман; 69. "Oбјект за складирање" е објект во кој преработените производи се привремено складирани пред нивната крајна употреба или дестинација; 70. "Штавење" е зацврстување на кожи, со употреба на средства за штавење од растително потекло, соли на хром или други супстанции како соли на алуминиум, соли на железо, соли на силициум, алдехиди и кинони (соединенија изведени од бензол), или други синтетички агенси за зацврстување на кожи; 71. "Tехнички објект" е објект во кој нуспроизводи од животинско потекло се преработуваат во технички производи; 72. "Tехнички производи" се производи директно добиени од одредени нуспроизводи од животинско потекло, кои не се наменети за исхрана на луѓе или животни, вклучувајќи и штавени и третирани кожи и подкожје, трофеи, преработена волна, влакна, четини, пердуви и делови од пердуви, серум од копитари, производи од крв, фармацевтски „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 7 од 21 производи, медицински помагала, козметика, производи од коски за порцелан, желатин и лепак, органски ѓубриња, збогатувачи на почва, сало, деривати на сало, преработено ѓубре, млеко и млечни производи; 73. "Непреработени пердуви и делови од пердуви" се пердуви или делови од пердуви кои не се третирани со пареа или некој друг метод со кој се обезбедува да се отстранат сите патогени агенси; 74. "Непреработена волна" е овча волна која не поминала низ фабричко миење, не е третирани со материи за штавење и не е третирана со некои други методи со кои се обезбедува да се отстранат сите патогени агенси; 75. "Непреработени влакна" се влакна од преживари кои не поминале низ фабричко миење, не се третирани со материи за штавење и не се третирани со некои други методи со кои се обезбедува да се отстранат сите патогени агенси и 76. "Непреработени свињски четини" се свињски четини кои не поминале низ фабричко миење, не се третирани со материи за штавење и не се третирани со некои други методи со кои се обезбедува да се отстранат сите патогени агенси. Член 5 Надлежен орган Надлежен орган за спроведување на овој закон е Управата за ветеринарство во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 6 Општи обврски (1) Нуспроизводите од животинско потекло и производите добиени од нив, се собираат, превезуваат, складираат, манипулираат, преработуваат, нештетно отстрануваат, ставаат во промет, увезуваат, извезуваат, транзитираат или употребуваат во согласност со овој закон. (2) Оставање, фрлање и неконтролирано отстранување на нуспроизводи од животинско потекло е забрането. (3) Одгледувачите на животни се обврзани да пријават до Управата за ветеринарство и правното лице определено за собирање на животинските мрши и нуспроизводи од животинско потекло за сите пцовисани животни независно од причината на пцовисувањето. (4) Правните и физичките лица кои при вршењето на дејноста создаваат нуспроизводи од животинско потекло, се должни на пропишан начин да обезбедат нештетно отстранување или преработка така што да не претставуваат ризик за здравјето на луѓето и животните, водата, воздухот, почвата и растенијата. (5) Општината, односно општините во градот Скопје и градот Скопје се надлежни за собирање и нештетно отстранување на животински мрши и нуспроизводи од животинско потекло од нивнотото подрачје, под услови и на начин утврдени со закон. (6) Министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство го пропишува начинот на собирање и нештетно отстранување на животинските мрши и нуспроизводи од животинско потекло и техничко технолошките услови кои во поглед на објектите, опремата и кадарот треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат собирање и нештетно отстранување на животинските мрши и нуспроизводите од животинско потекло, како и техничко-технолошките услови што треба да ги исполнуваат превозните средства за превоз на животински мрши и отпадоци од животинско потекло. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 8 од 21 Член 7 Стратегија за управување со нуспроизводи од животинско потекло (1) Владата на Република Македонија донесува Стратегија за интегриран систем на управување со нуспроизводи од животинско потекло и штетните влијанија од нив. Стратегијата содржи определби во однос на: а) развивање на технологии кои ќе ја намалат потрошувачката на природните ресурси; б) технички развој и продажба на производи дизајнирани со цел да не придонесуваат или придонесуваат во многу мала мера во зголемувањето на степенот на штетност и ризикот од загадување преку начинот на кој се произведени, употребени или отстранети; в) развој на најподобни техники за финално отстранување на опасни материјали содржани во нуспроизводи од животинско потекло кои се наменети за повторно оспособување; г) оспособување на нуспроизводи од животинско потекло преку рециклирање, повторна употреба или нивна употреба преку друг процес со кој се добива секундарен суров материјал; д) употреба на нуспроизводи од животинско потекло како извор на енергија и ѓ) мерки со кои се обезбедува нуспроизводите од животинско потекло да не: претставуваат ризик за водата, воздухот, почвата, растенијата и животните, предизвикаaт непријатности преку бучава или смрдеа и предизвикуваат несакани дејствија кон околината и местата од посебен интерес. (2) За спроведување на мерките од ставот (1) на овој член, средства се обезбедуваат од Програмата за ветеринарно јавно здравство и Програмата за здравствена заштита на животните согласно со Законот за ветеринарно здравство. Член 8 Планови за управување со нуспроизводите од животинско потекло (1) Управата за ветеринарство за реализирање на мерките од членот 7 став (1) на овој закон донесува годишни планови кои содржат: а) вид, количество и потекло на нуспроизводите од животинско потекло кои треба да се преработат или отстранат; б) општи технички услови; в) посебни услови за одделни нуспроизводи од животинско потекло; г) поволни места за депонии и инсталации за согорување; д) физички или правни лица кои вршат управување со нуспроизводи од животинско потекло; ѓ) предвидени трошоци за изведба на работите на преработување и отстранување и е) соодветни мерки на поддршка за рационлизација на собирање, категоризација и третман на нуспроизводи од животинско потекло. (2) Сопственикот на животните, правните и физичките лица кои при вршењето на дејноста создаваат нуспроизводи од животинско потекло ги поднесуваат трошоците за спроведување на соодветни мерки за управување со нуспроизводи од животинско потекло, освен кога средствата за тие намени се обезбедени согласно со програмите од членот 7 став (2) на овој закон. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 9 од 21 ГЛАВА II КАТЕГОРИЗАЦИЈА, СОБИРАЊЕ, ПРЕВОЗ, УПОТРЕБА, ОТСТРАНУВАЊЕ, ПРЕРАБОТКА И ИНТЕРМЕДИЈАРНО СКЛАДИРАЊЕ НА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 9 Категоризација на нуспроизводи од животинско потекло (1) Нуспроизводите од животинско потекло, производите добиени од нив и производите кои содржат делови од нив, во зависност од степенот на ризик по здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здравство, се категоризираат во: а) Категорија 1 материјали; б) Категорија 2 материјали и в) Категорија 3 материјали. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува во “Службен весник на Република Македонија“ Листа на нуспроизводи од животинско потекло според категоризацијата на материјалите од ставот (1) на овој член. Член 10 Специфичен ризичен материјал (1) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со решение, одредени нуспроизводи од животинско потекло ќe ги определи како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии. (2) Сопственикот на животното, правните и физичките лица кои при вршењето на дејноста создаваат специфичен ризичен материјал се должни да обезбедат соодветно собирање, превоз и нештетно отстранување на специфичниот ризичен материјал. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува посебните технички услови за постапување и нештетно отстранување на специфичниот ризичен материјал. Член 11 Собирање, превоз и складирање (1) Нуспроизводи од животинско потекло треба да бидат собрани, превезени, идентификувани и отстранети, без загрозување на здравјето на луѓето, здравствената заштита на животните и без штетни влијанија на животната средина. (2) Нуспроизводите од животинско потекло се собираат, превезуваат и идентификуваат без непотребно одложување, во објекти кои се одобрени согласно со овој закон. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го пропишува начинот на собирање, превезување и идентификување на посебните категории на нуспроизводи од животинско потекло. (4) За време на превозот, пратките на нуспроизводи од животинско потекло треба да бидат придружувани со комерцијален документ и во случаи кога е утврдено со закон и со ветеринарно-здравствен сертификат. Овие документи треба да се чуваат во период од најмалку две години и да бидaт достапни за увид на барање на Управата за ветеринарство. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 10 од 21 (5) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата, содржината и начинот на издавањето на комерцијалниот документ, како и на ветеринарно здравствениот сертификат за превоз на нуспроизводи од животинско потекло. (6) Собирањето и складирањето на нуспроизводи од животинско потекло се врши само во објекти кои се одобрени за собирање и складирање на соодветна категорија на нуспроизводи и кои ги исполнуваат условите за собирање и складирање на нуспроизводи од животинско потекло. (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува техничките услови и начинот на вршење на работите кои треба да ги исполнат објектите за собирање и складирање на нуспроизводи од животинско потекло. Член 12 Увоз, транзит и извоз на нуспроизводи од животинско потекло и преработени производи од нив (1) Увозот, транзитот и извозот на нуспроизводи од животинско потекло и преработени производи од нив се врши врз основа на претходно одобрение издадено од Управата за ветеринарство согласно со одредбите од овој закон и Законот за ветеринарно здравство. (2) Нуспроизводите од животинско потекло треба да бидат: а) произведени согласно со одредбите од овој закон; б) придружени со меѓународен ветеринарно-здравствен сертификат и в) пренесени директно во објектот на крајната дестинација, одобрен од Управата за ветеринарство во согласност со овој закон, односно директно во објект одобрен од надлежниот орган на земјата увозник. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги пропишува посебните услови кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите од животинско потекло кои се увезуваат, транизитираат односно извезуваат од Република Македонија, како и начинот и постапката на увозот, транзитот и извозот и формата и содржината на ветеринарно здравствениот сертификат. Член 13 Водење евиденција (1) Правните и физичките лица кои испраќаат, превезуваат или примаат нуспроизводи од животинско потекло, водат евиденција за пратките. Евиденцијата треба да се чува најмалку две години и е достапна на увид на барање од страна на Управата за ветеринарство. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот (1) на овој член. ГЛАВА III ИНТЕРМЕДИЈАРНИ ОБЈЕКТИ, ОБЈЕКТИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ, ИНСТАЛАЦИИ ЗА ГОРЕЊЕ И СОГОРУВАЊЕ, ПРЕРАБОТУВАЧКИ ОБЈЕКТИ, ОЛЕОХЕМИСКИ ОБЈЕКТИ И ОБЈЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БИОГАС И КОМПОСТ Член 14 Објекти (1) Нуспроизводи од животинско потекло можат да собираат, складираат, преработуваат и нештетно отстрануваат правни лица кои имаат одобрение за соодветната активност, издадено од Управата за ветеринарство. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 11 од 21 (2) Интеремедијарните објекти, објектите за складирање, инсталациите за горење и согорување, преработувачките објекти, олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост треба да ги исполнуваат минималните услови во однос на објектите, техничката опрема и процедура за соодветната активност согласно со овој закон и да бидат уредени така што да не претставуваат опасност по здравјето на животните и луѓето, да се спречи внесувањето и ширењето на болести, да се обезбеди хигиенски исправно производство и промет и да се спречи загадување на животната средина и природата. (3) За локацијата, изградбата, доградбата, реконструкцијата и техничко технолошките услови на објектите од ставот (2) на овој член Управата за ветеринарство издава ветеринарно-здравствена согласност. За објектите од ставот (2) на овој член потребно е да се обезбеди и дозвола согласно со прописите за животна средина. (4) Инвеститорот е должен да достави барање за ветеринарно-здравствена согласност и техничко-технолошка документација изработена согласно со ветеринарно-санитарните и техничко-технолошките услови пропишани за тој вид објекти. (5) Објект од ставот (2) на овој член не може да отпочне со работа без ветеринарно здравствено одобрение за работа издадена од директорот на Управата за ветеринарство, врз основа на претходно мислење од комисијата што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Трошоците на постапката во врска со издавањето на ветеринарно-здравствено одобрение за работа на објектот се на товар на сопственикот на објектот. (7) Одобрението за работа на објектот го издава директорот на Управата за ветеринарство за период од пет години. (8) Доколку барањето за издавање на одобрение за работа се одбие со решение од директорот на Управата за ветеринарство, незадоволната странка има право да поднесе жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (9) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, начинот и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат интеремедијарните објекти, објектите за складирање, инсталациите за горење и согорување, преработувачките објекти, олеохемсиките објекти и објектите за производство на биогас и компост и начинот на вршење на ветеринарен преглед и контрола на нуспроизводите од животинско потекло. (10) Управата за ветеринарство води Листа на одобрени објекти во согласност со овој закон. Секој објект добива службен број со кој се врши идентификација на објектот во зависност од видот на дејностите што се вршат. Листата на одобрени објекти се објавува на најмалку двапати годишно во “Службен весник на Република Македонија“. ГЛАВА IV СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И УПОТРЕБА НА ПРЕРАБОТЕНИ ЖИВОТИНСКИ ПРОТЕИНИ И ДРУГИ НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 15 Ставање во промет и употреба на нуспроизводи од животинско потекло (1) Преработените животински протеини и други нуспроизводи од животинско потекло може да се стават во промет и користат согласно со овој закон, под услови утврдени со овој закон. (2) Нуспроизводите од животинско потекло кои се ставаат во промет и користат треба да се добиени од животни кои: „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 12 од 21 а) доаѓаат од одгледувалишта, или дел од територијата на Република Македонија, или во случај на производи од аквакултура од фарма, зона или дел од зона, која не е под рестриктивни мерки за здравствена заштита на животните и б) не се заклани во објекти во кои инфицирани животни или животни сомнителни на инфекција со некоја од болестите кои се предмет на рестриктивни мерки за здравствена заштита на животните, биле присутни во времето на колењето. (3) По исклучок од ставот (2) на овој член, доколку се работи за животни кои потекнуваат од одгледувалишта, дел од територијата на Република Македонија, односно зона, предмет на рестриктивни мерки за здравствена заштита на животните, а кои не се инфицирани и не се сомнителни на инфекција, може да се одобри ставање во промет и користење, доколку нуспроизводите од животинско потекло се: добиени, манипулирани, превезени и складирани одвоено или во различни временски периоди, од производи кои ги исполнуваат сите услови, се подложени на третман кој обезбедува елиминирање на ризикот по здравствената заштита на животните, во објект кој е одобрен од Управата за ветеринарство за таа намена, се соодветно идентификувани и ги исполнуваат соодветните посебни услови за определен вид и категорија на производ. (4) По исклучок од ставот (2) на овој член, доколку се работи за животни кои се инфицирани или се сомнителни на инфекција, може да се одобри ставање во промет и користење, доколку нуспроизводите од животинско потекло се: добиени од животни кои не се инфицирани или сомнителни на инфекција со болести од листата на O.I.E кои се предмет на планирање на итни мерки согласно со Законот за ветеринарно здравство, добиени, манипулирани, превезени и складирани одвоено или во различни временски периоди од производи кои ги исполнуваат сите услови, се подложени на третман кој обезбедува елиминирање на ризикот по здравствената заштита на животните, во објект кој е одобрен од Управата за ветеринарство за таа намена, се соодветно идентификувани и е постапено согласно со прописите за здравствена заштита на животните и ги исполнуваат соодветните посебни услови за определен вид и категорија на производ. (5) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува посебните услови и начинот на добивање, манипулиција, третман, превоз и складирање на нуспроизводите од ставовите (3) и (4) на овој член и определува објекти кои можат да се користат за таа намена. Член 16 Ставање во промет, увоз и извоз на преработени животински протеини и други преработени нуспроизводи од животинско потекло кои можат да бидат употребени како материјал за добиточна храна (1) Преработените протеини од животинско потекло и другите нуспроизводи од животинско потекло кои се користат за исхраната на животните можaт да се стават во промет, увезуваат и извезуваат само доколку: а) се подготвени во преработувачки објект за Категоријата 3 материјал одобрен и под контрола на Управата за ветеринарство, односно се увезуваат и извезуваат согласно со членот 12 на овој закон; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 13 од 21 б) се подготвени единствено од Категоријата 3 материјал во согласност со соодветните процедури од овој закон; в) се манипулирани, преработени, складирани и превезени согласно со овој закон и г) ги исполнуваат соодветните посебни услови за определен вид и категорија на производ. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува условите кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите од животинско потекло за исхрана на животните и посебните технички услови и постапките за преработка, манипулирање, складирање и превоз при нивното ставање во промет, увоз и извоз. Член 17 Ставање во промет, увоз и извоз на технички производи добиени од нуспроизводи од животинско потекло (1) Техничките производи добиени од нуспроизводи од животинско потекло можат да се стават во промет, увезуваат и извезуваат само доколку: а) се подготвени во преработувачки објект за Категоријата 2 материјал одобрен и под контрола на Управата за ветеринарство, односно се увезуваат и извезуваат согласно со членот 12 на овој закон; б) се манипулирани, преработени, складирани и превезени согласно со овој закон и в) ги исполнуваат соодветните посебни услови за определен вид и категорија на производ. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува условите кои треба да ги исполнуваат техничките производи добиени од нуспроизводите од животинско потекло и посебните технички услови и постапките за преработка, манипулирање, складирање и превоз при нивното ставање во промет, увоз и извоз. Член 18 Ограничувања на употребатa на нуспроизводи од животинско потекло во исхраната на животните (1) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заради здравствена заштита на животните, спречување на појава на заразна болест кај животните и заштита на ветеринарното јавно здравство може да забрани: употреба на нуспроизводи од животинско потекло во исхраната на животните и употреба на одредени технички производи од нуспроизводи од животинско потекло. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните од ставот (1) на овој член за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните и употребата на одредени технички производи од нуспроизводи од животинско потекло. ГЛАВА V ИСКЛУЧОЦИ Член 19 Исклучоци во однос на употребата на нуспроизводите од животинско потекло (1) По исклучок од одредбите од членoвите 14, 15, 16 и 17 на овој закон, а по претходна контрола, Управата за ветеринарство може да даде одобрение за: а) употреба на нуспроизводи од животинско потекло во дијагностички, образовни или научно-истражувачки цели; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 14 од 21 б) употреба на нуспроизводи од животинско потекло за препарирање во објекти за производство на технички производи; в) употреба на нуспроизводи од животинско потекло за исхрана на животни чии производи не се употребуваат во исхраната на луѓето, во согласност со прописите од ставот (2) на овој член и г) употреба на нуспроизводи од животинско потекла за хранење на птици некрофаги кои се сметаат за заштитен или загрозен вид. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува начинот и постапката за спроведување на исклучоците од ставот (1) на овој член. (3) Управата за ветеринарство води Листа на одобрени корисници и правни лица од ставот (1) на овој член. Секој корисник и правно лице добива службен број со кој се врши идентификација на објектот во зависност од видот на дејностите што се вршат. Листата на одобрени објекти се објавува најмалку два пати годишно во “Службен весник на Република Македонија“. Член 20 Исклучоци во однос на отстранувањето на нуспроизводите од животинско потекло (1) По исклучок од одредбите од членот 6 на овој закон, а по посебено одобрение и контрола, Управата за ветеринарство може да одобри: а) мртвите домашни миленици да бидат директно отстранети како отпад со закопување; б) одделни категории нуспроизводи од животинско потекло да бидат отстранети како отпад со горење или закопување, доколку се работи за оддалечени подрачја и в) нуспроизводи од животинско потекло да бидат отстранети како отпад со горење или закопување во случај на појава на болести од листата на O.I.E кои се предмет на планирање на итни мерки согласно со Законот за ветеринарно здравство, доколку превоз до најблиската инсталација за горење или објект за преработка претставува опасност по здравјето на луѓето или доколку бројот на животните кои треба да се отстранат го надминува капацитетот на објектите за нештетно отстранување. (2) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поблиску ги пропишува начинот и постапката за спроведување на исклучоците од ставот (1) на овој член. ГЛАВА VI ВНАТРЕШНИ КОНТРОЛИ Член 21 Внатрешни контроли во објектите (1) Операторите и сопствениците на интермедијарни и преработувачки објекти и другите објекти од членот 14 на овој закон, или нивни претставници, се должни да ги преземат сите неопходни активности и мерки согласно овој закон. Тие се должни да воспостават, спроведат и одржуваат перманентни процедури развиени во согласност со принципите на Системот на анализа на ризици и критични контролни точки (во натамошниот тескт: HACCP), а особено: а) да ги идентификуваат и контролираат критичните контролни точки во објектот; б) да воспостават и спроведат методи за мониторинг и контрола на критичните контролни точки; „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 15 од 21 в) во случај на преработувачки објекти, да земат репрезентативни мостри за да се провери усогласеноста на: секоја преработена серија на производи со стандардите наведени во овој закон и максималното дозволено ниво на физичко-хемиски резидуи пропишани со закон; г) да водат евиденција за извршените проверки и лабораториски испитувања наведени во точките б) и в) од овој член и да ја чуваат во период од две години и да е достапна за увид на Управата за ветеринарство и д) да воведат систем на следливост за секоја испратена серија на производ. (2) Кога резултатите од лабораториските испитувања на мострите земени во согласност со ставот (1) точка в) на овој член, не се во согласност со одредбите на овој закон, oператорот на преработувачкиот објект мора: а) веднаш да ја извести Управата за ветеринарство за природата на мострата и серијата од која доаѓа; б) да ги отстрани причините за неусогласеност; в) да ја преработи или отстрани контаминираната серија под контрола од страна на Управата за ветеринарство; г) да обезбеди материјалот за кој постои сомневање дека е контаминиран да не биде изнесен од објектот пред да биде преработен под контрола на Управата за ветеринарство и со повторено земање на мостри да се утврди усогласеноста со стандардите пропишани со овој закон, освен ако материјалот не се упати на нештетно отстранување; д) да го зголеми бројот на земање на мостри и лабораториски испитувања во фазата на производство; ѓ) да ги испита податоците за нуспроизводите од животинско потекло соодветно на добиените резултати од лабораториското испитување и е) да пропише соодветни процедури за деконтaминација и чистење на објектот. (3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги пропишува насоките за спроведување на HACCP системите, фреквенцијата на контролите, начинот на земање мостри и референтните методи за лабораториско испитување и начинот на вршење на ветеринарен преглед и контрола. ГЛАВА VII НАДЗОР Член 22 Надзор над законитоста (1) Надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Инспекцискиот надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Управата за ветеринарство преку официјалните ветеринари и овластени ветеринари. Член 23 Вршење на инспекциски надзор (1) Инспекцискиот надзор се врши редовно, во редовни временски интервали и систематски според утврден план, како и во случај на сомнеж. Инспекцискиот надзор се врши без претходна најава. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 16 од 21 (2) Управата за ветеринарство донесува годишен план за вршење на инспекциски надзор со цел за обезбедување контрола на исполнување на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (3) Управата за ветеринарство изготвува годишен извештај за спроведување на планот од ставот (2) на овој член, како и информација со предлог на активности за отстранување на недостатоците и препораки за унапредување на констатираните состојби и го доставува до Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Македонија, најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година. Член 24 Начин на вршење на инспекциски надзор (1) Доколку со извршените инспекции од Управата за ветеринарство се утврди дека еден или повеќе од условите пропишани во овој закон не се исполнети, Управата за ветеринарство презема соодветни корективни мерки. (2) Официјалниот, односно овластениот ветеринар, со решение ги определува мерките за кои е овластен, согласно со овој закон и Законот за општата управна постапка. (3) Правните и физичките лица се должни да постапат според решението и да ги спроведат мерките содржани во решението на официјалниот, односно овластениот ветеринар. (4) Против решението од ставот (2) на овој член, може да се поднесе жалба во рок од осум дена до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Жалбата по решението не го одлага неговото извршување. Член 25 Одземање на одобрението за работа (1) На правното лице, кое има одобрение за работа согласно со овој закон, му се одзема одобрението за работа, ако по втор пат му се изрече управна мерка согласно со овој закон со правосилно решение на официјален, односно овластен ветеринар. (2) Решението за одземање на одобрението за работа го донесува директорот на Управата за ветеринарство. (3) Против решението од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Жалбата по решението не го одлага неговото извршување. Член 26 Права и должности при вршење на инспекција (1) При вршење на инспекциски надзор, официјалниот и овластениот ветеринар имаат право и должност директно да ги испитаат деловните и другите простории, опремата, процесот на работа, производите и други стоки, документите за идентификација и други документи, да одземат производи, документи или примероци со цел за заштитување на докази и податоци, како и да преземат други активности во согласност со целта на инспекцискиот надзор. (2) Официјалниот и овластениот ветеринар имаат право да влезат во просториите на производителите и други правни субјекти кои се носители на одобрение согласно со овој закон, без оглед на работното време и без дозвола на засегнатото правно лице. (3) Официјалниот и овластениот ветеринар имаат право да го идентификуваат лицето кое ги прекршило одредбите на овој закон и да ги добијат неговите лични податоци. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 17 од 21 Член 27 Права и овластувања на официјалниот и овластениот ветеринар (1) Официјалниот и овластениот ветеринар, во вршењето на надзорот имаат право и овластување да: имаат слободен пристап до просториите, постројките, објектите за преработка и складирање, одгледувалиштата и средствата за превоз, како и до евиденцијата и документацијата, вклучувајќи и електронска база на податоци водена за предметот на инспекција, земаат мостри од категориите 1, 2 и 3 материјал за лабораториски испитувања, и доколку е потребно, времено да го забранат прометот на нуспроизводи од животинско потекло до добивањето на конечните резултати, вршат соодветни испитувања врз нуспроизводите од животинско потекло во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, вршат инспекција на просториите, постројките, одгледувалиштата, објектите за преработка и складирање и средствата за превоз, како и на постапките и опремата која се употребува во производството, преработката, складирањето, манипулирањето, превозот и ставањето во промет на нуспроизводите од животинско потекло во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, вршат контрола на нуспроизводите од животинско потекло, земаат и испраќаат мостри за лабораториски испитувања, вршат систематски мониторинг и контрола врз нуспроизводите од животинско потекло, ја контролираат употребата на средствата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вршат увид на HACCP системите и внатрешните проверки во објектите, собираат податоци и извештаи од одговорни лица, сведоци, судски вештаци и други лица, ако тоа е потребно, наплаќаат надоместоци за извршени ветеринарни услуги во согласност со одредбите од Законот за ветеринарно здравство, забранат собирање, производство, преработка, складирање и трговија со нуспроизводите од животинско потекло ако не ги исполнуваат пропишаните услови согласно со овој закон, забранат трговија со нуспроизводи од животинско потекло кои не се придружени со комерцијален документ, забранат товарање, претоварање и истоварање на нуспроизводи од животинско потекло ако не ги исполнуваат пропишаните услови согласно со овој закон, забранат издавање на комерцијални документи за нуспроизводи од животинско потекло кои не се во согласност со одредбите на овој закон, одземат и уништат нуспроизводи од животинско потекло кои не се во согласност со одредбите на овој закон, определат начин на оспособување на условно употребливи нуспроизводи од животинско потекло и дадат инструкции за преработка на нуспроизводи за поинаква намена од првобитната, наредат отстранување на неправилностите во производството, преработкатата, складирањето, манипулирањето и трговијата со нуспроизводи од животинско потекло, времено забранат употреба на објекти, опрема за производство, преработка, складирање и трговија со нуспроизводи од животинско потекло ако истите не се во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 18 од 21 поднесат кривична пријава односно пријава за прекршоци за дејствија утврдени со овој закон. (2) Лицето одговорно за објектите кои се предмет на ветеринарна инспекција, по барање на официјалниот и овластениот ветеринар е должно да ги обезбеди сите информации потребни за вршење на инспекцискиот надзор. Член 28 Право и овластување на официјален ветеринар на граничен премин (1) Официјалниот ветеринар на граничен премин, во вршењето на надзорот има право и овластување да: врши физички преглед и контрола на документацијата и идентитетот при увоз и транзит на пратки од нуспроизводи од животинско потекло во согласност со одредбите на овој закон, зема мостри од увезените нуспроизводи од животинско потекло за лабораториски испитувања и за потврдување на усогласеноста со ветеринарно-санитарните услови за увоз, при вршење на засилени контроли, одзема пратки на увезени нуспроизводи од животинско потекло до добивањето на крајните резултати од лабораториски испитувања, забрани увоз и нареди препраќање, преработка или уништување на пратки на нуспроизводи од животинско потекло кои не се во согласност со условите за увоз, собира податоци и извештаи од одговорни лица, сведоци, судски вештаци и други лица, ако тоа е потребно за успешно вршење на своите должности, наплати надоместоци за извршените ветеринарни услуги за увезените или транзитни пратки на нуспроизводи од животинско потекло, во согласност со одредбите од Законот за ветеринарно здравство, поднесе кривична пријава, односно пријава за прекршоци за дејствија утврдени со овој закон, води евиденција за увезени, извезени и транзитни пратки кои поминуваат на државната граница и остварува соработка со други служби на граничниот премин, особено со царинските служби и граничната полиција заради спроведување на интегрирана гранична контрола. ГЛАВА VIII ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 29 (1) Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) собира, превезува, складира, манипулира, преработува, нештетно отстранува, става во промет, увезува, извезува, транзитира или употребува нуспроизводи од животинско потекло спротивно на одредбите од овој закон и прописите донесени врза основа на овој закон (член 6 став (1)); 2) остава, фрла и неконтролирано отстранува нуспроизводи од животинско потекло (член 6 став (2)); 3) не обезбеди на пропишан начин согласно со одредбите од овој закон нештетно отстранување или преработка на нуспроизводи од животинско потекло кои се создадени при вршење на неговата дејност (член 6 став (4)); „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 19 од 21 4) не обезбеди соодветно постапување и нештетно отстранување на специфичниот ризичен материјал (член 10 ставови (2) и (3)); 5) врши собирање, превоз и складирање на нуспроизводи од животинско потекло спротивно на одредбите од овој закон (член 11 став (3)); 6) врши превоз на пратки на нуспроизводи од животинско потекло без пропишаниот комерцијален документ и без, кога тоа е утврдено, ветеринарно-здравствен сертификат (член 10 став (4)); 7) не ги чува документите од членот 10 став (4) на овој закон и/или не ги обезбедува на увид на барање на Управата за ветеринарство (член 10 став (3)); 8) собира и складира нуспроизводи од животинско потекло во објекти кои немаат одобрение за работа од Управата за ветеринарство, не ги исполнува техничките услови и работи спротивно на пропишаните начини (член 10 ставови (6) и (7)) ; 9) увезува или извезува нуспроизводи од животинско потекло спротивно на одредбите од членот 12 на овој закон; 10) не води евиденција за пратките на нуспроизводи од животинско потекло согласно со членот 13 на овој закон и/или не обезбедува увид во евиденцијата на барање на Управата за ветеринарство; 11) собира, складира, преработува и/или нештетно отстранува нуспроизводи од животинско потекло без одобрение за соодветна активност од Управата за ветеринарство (член 14 став (1)); 12) собира, складира, преработува и/или нештетно отстранува нуспроизводи од животинско потекло без да ги исполни условите согласно со овој закон и/или работи спротивно на пропишаните постапки и услови за вршење на соодветна дејност (член 14 став (10)); 13) стави во промет животински протеини и производи добиени од нив спротивно на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон (член 15); 14) стави во промет, увезува и извезува преработени животински протеини и други преработени нуспроизводи од животинско потекло за исхрана на животните спротивно на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон (член 16); 15) стави во промет, увезува и извезува технички производи добиени од нуспроизводи од животинско потекло спротивно на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон (член 17); 16) не постапи согласно со забраната за употреба на определни нуспроизводи од животинско потекло во исхраната на животните и/или забраната за употреба на одредени технички производи од животинско потекло, односно ги употреби на недозволен начин (член 18); 17) не постапи согласно со одобрението од Управата за ветеринарство за отстапките во однос на употребата на нуспроизводи од животинско потекло (член 19); 18) не постапи согласно со одобрението од Управата за ветеринарство за отстапките во однос на начинот на отстранување на нуспроизводи од животинско потекло (член 20); 19) не воспостави, спроведе и одржува перманентни процеси во согласност со приниципите на Системот на анализа на ризик и критични контролни точки (член 21 став (1)); 20) управителите и сопствениците на преработувачки објекти не го известат надлежниот орган за резултатите од внатрешната проверка на објектот и не преземат соодветни корективни мерки (член 21 став (2)) и 21) не се придржува на посебните услови и начинот на производство, промет и употреба на нуспроизводи од животинско потекло, за кои со овој закон се даваат исклучоци (член 3 став (2)). „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 20 од 21 (2) Глоба во износ од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице во правното лице, за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност од областа на нуспроизводите од животинско потекло во траење од 20 до 30 дена. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одогворното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од 10 до 15 дена. Член 30 Глоба во износ од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) остава, фрла и неконтролирано отстранува нуспроизводи од животинско потекло (член 6 став (2)); 2) не пријави пцовисано животно до Управата за ветеринарство и правното лице определено за собирање на животински мрши и нуспроизводи од животинско потекло (член 6 став (3)); 3) не обезбеди на пропишан начин согласно со одредбите од овој закон нештетно отстранување или преработка на нуспроизводи од животинско потекло кои се создадени при вршење на неговата дејност (член 6 став (4)); 4) не постапи согласно со забраната за употреба на определени нуспроизводи од животинско потекло во исхраната на животните и/или забраната за употреба на одредени технички производи од животинско потекло (член 18) и 5) не постапи согласно со одобрението од Управата за ветеринарство за отстапките во однос на начинот на отстранување на нуспроизводи од животинско потекло (член 20). Член 31 Прекршочен орган За прекршоците од членовите 29 и 30 на овој закон прекршочна постапка, како и постапка за порамнување води и прекршочна санкција изрекува органот на државната управа надлежен за работите од областа на ветеринарството, на начин утврден согласно со Законот за ветеринарно здравство. ГЛАВА X ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 32 Преоден период (1) Започнатите постапки до денот на примената на овој закон, ќе се завршат согласно со одредбите на овој закон. (2) Правните лица, кои вршат дејности опфатени со овој закон, се должни во рок од четири години од денот на примената на овој закон да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон. (3) Физичките лица се должни во рок од една година од денот на примената на овој закон да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон. (4) Лицата од ставот (2) на овој член се должни во рок од 12 месеца од денот на примената на овој закон да поднесат пријава со план за усогласување на своето работење до Управата за ветеринарство на одобрување. „Службен весник на РМ“ бр. 113 од 20.09.2007 година 21 од 21 (5) На правните лица од ставот (2) на овој член кои нема да поднесат пријава со план за усогласување на своето работење во рок утврден во ставот (4) од овој член, Управата за ветеринарство ќе забрани натамошно работење и ќе го извести Централниот регистар на Република Македонија за бришење на дејностите што ги вршат овие лица опфатени со овој закон. Член 33 Подзаконски прописи (1) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе ги донесе подзаконските прописи предвидени со овој закон најдоцна во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) До донесувањето на подзаконските прописи од ставот (1) на овој член, ќе се применуваат постојните прописи. Член 34 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 јануари 2008 година.

Law on animal by-products · Nelum