Law on agricultural cooperatives
صدر في 2013-02-14 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за земјоделски задруги.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- agricultural development, cooperative/producer organization, policy/planning, registration, offences/penalties, basic legislation
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ЗАДРУГИ Сл. Весник на Р. Македонија, бр.23 од 14.02.2013 година Член 1 Цел и содржина на Законот (1) Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за основање, регистрација, работење, видот и обемот на земјоделските задруги, поттикнувањето и развојот на земјоделското задругарство, како и надзорот над работењето на земјоделските задруги. (2) За се што не е регулирано со овој закон ќе се применуваат одредбите од Законот за задругите. Член 2 Поим за земјоделска задруга (1) Земјоделска задруга е организациона форма на доброволно здружување на земјоделски стопанства заради остварување на нивните економски, социјални, културни и други интереси и потреби при вршење на земјоделската дејност. (2) Членовите на земјоделската задруга се еднакви и рамноправни - имаат еднакви права и еднакви обврски во одлучувањето по принципот еден член еден глас. (3) Земјоделската задруга се стекнува со својство на правно лице со уписот во Регистар на други правни лица во Централниот регистар на Република Македонија. Член 3 Начела на земјоделските задруги Земјоделските задруги во својата работа, како и во односите меѓу членовите се должни да се придржуваат на добрите деловни правила, правилата за добра земјоделска пракса, како и согласно со следниве начела: - доброволно и отворено членство, - транспарентност и заедничка контрола од членството, - економско дејствување на членовите на задругата, - самостојност и независност, - обезбедување на обука и информирање на членството, - соработка меѓу земјоделските задруги и - обезбедување на одржлив развој. Член 4 Супсидијарна примена За постапките за инспекциски надзор се применуваат одредбите од Законот за инспекциски надзор и Законот за Државниот земјоделски инспекторат, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Член 5 Дејности на земјоделските задруги (1) Земјоделската задруга дејностите ги остварува во областа на примарното земјоделско производство, преработките на земјоделските производи, трговијата со земјоделските производи и преработки, услугите поврзани со овие дејности, како и трговијата и услугите поврзани со средствата кои се користат во процесот на примарното земјоделско производство и преработките на земјоделските производи.
1 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k (2) Со цел за унапредување на производството и функционирањето на земјоделските задруги, дејностите од ставот (1) на овој член се вршат преку соработка во: - растителното производство на одредена земјоделска култура на одредена површина, - сточарското производство со одреден број на добиток, пчеларство со одреден број на пчелни семејства и аква културата со одреден капацитет на производство, - договарање на производство и испорака на производи со одредена количина и вредност, набавка на репродуктивен материјал, услуги во делот на заштитата на растенија и животни, - вршење на услуги од страна на земјоделската задруга со земјоделска механизација и опрема, како и услуги за чување и одржување на земјоделската механизација, - вршење на услуги од страна на земјоделската задруга за складирање, чување, преработка и доработка на земјоделски производи и - вршење на административно-технички и стручни работи. Член 6 Обем на земјоделски задруги (1) Земјоделската задругата може да биде од мал или од голем обем. Обемот на земјоделската задруга се определува во зависност од бројот на членовите на задругата, како и нивните производствени капацитети. (2) Земјоделската задруга од мал обем е задруга со најмалку десет, а најмногу 19 члена, а земјоделска задруга од голем обем е задруга со најмалку 20 члена. (3) Производствените капацитети кои се во функција на дејноста на земјоделската задруга треба да исполнуваат просторни, технички, технолошки и инфраструктурни услови. (4) Поблиските услови од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 7 Услови за основање на земјоделска задруга (1) Земјоделска задруга може да основаат најмалку десет земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. (2) Земјоделските стопанства ја задржуваат правната форма која ја имале пред зачленувањето во земјоделската задруга. (3) Едно земјоделско стопанство може да членува во повеќе земјоделски задруги. (4) Едно земјоделско стопанство, член во земјоделската задруга, не може да има повеќе од 30% од вредноста на производствените капацитети во земјоделската задруга.
Член 8 Фирма на земјоделската задруга (1) Во називот на земјоделската задруга регистрирана согласно со овој закон мора да содржи назнака дека се работи за земјоделска задруга со ограничена или неограничена одговорност. (2) Земјоделската задруга води сметководство согласно со одредбите од Законот за трговските друштва. Член 9 Регистар на земјоделски задруги (1) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство востановува и води Регистар на земјоделски задруги (во натамошниот текст: Регистарот). 2 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k (2) Формата, содржината и начинот на водење на Регистарот го пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 10 Обврска за регистрација (1) Земјоделската задруга е должна во рок од 30 дена од денот на основањето да се регистрира во Регистарот со поднесување на барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Земјоделската задруга е должна секоја промена на податоците што се впишуваат во Регистарот да ја пријави во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промената. (3) Ако земјоделската задруга ги исполнува условите од членот 7 од овој закон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение за упис во Регистарот во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за упис во Регистарот. (4) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за упис во Регистарот, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за донесување на решение по поднесеното барање. (5) Формата и содржината на барањата од ставовите (1) и (4) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (6) Кон барањето за донесување на решението за упис во Регистарот, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (1) на овој член. (7) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за упис во Регистарот е уважено или одбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (8) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземаните активности. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за 3
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9) и (10) или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција против инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (15) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (14) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд.
Член 11 Евиденција во земјоделска задруга (1) Земјоделската задруга е должна да води евиденција на членовите и на производствените капацитети на членовите и на задругата. (2) Формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 12 Статут на земјоделска задруга Статутот на земјоделската задруга мора особено да содржи одредби за следниве прашања: - фирма и седиште на задругата, - цели на задругата, 4 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k - создавање на главнината на задругата, - запишување удели во задругата што не се плаќаат во пари, туку во предмети или права, опишување на предметите и правата, начин на нивното вреднување и изразување во парична противвредност и податоци за членот кој ги запишал ваквите удели, - имот при основањето на задругата, начин на вложувањето, правен режим на стекнатите недвижности или подвижни предмети и податоци за лицата кои вложиле предмети или права, - органи на управување и начин на застапување, - начин на објавување на одлуките на задругата, - име и презиме или фирма, адреса или седиште и државјанство на членовите на задругата, - прием во членство на задругата и начин на престанок на членството, - парични и непарични обврски на членовите, видот и висината, - лична одговорност на членовите и нивната обврска за некои натамошни или дополнителни уплати, - управување и застапување, начин на измена на статутот и начин на донесување на одлуките од страна на собранието, - проширување или ограничување на правото на глас, - начин на пресметување и начин на поделба на добивката и на остатокот од стечајната или ликвидационата маса, - обем на задолжителната соработка на членот на земјоделската задруга и земјоделската задруга и - начин на распределбата на финансиската поддршка што ја добива земјоделската задруга. Член 13 Имот на земјоделската задруга (1) За имот на земјоделската задруга се смета: - имотот стекнат преку врешење на дејноста на земјоделската задруга, - производствените капацитети во сопственост на земјоделската задруга и - уделите на задругарите. (2) Членовите на земјоделската задругата го задржуваат правото на сопственост врз производствените капацитети што врз основа на договор ги здружуваат во земјоделската задруга, освен ако сопственоста ја пренеле на земјоделската задруга. (3) Имотот на земјоделската задруга и припаѓа на земјоделската задруга и служи за вршење на нејзините дејности и намирување на нејзините обврски.
Член 14 Право на финансиска поддршка Земјоделските задруги формирани и запишани во Регистарот согласно со одредбите од овој закон имаат право на финансиска поддршка согласно со овој закон и Законот за земјоделство и рурален развој. Член 15 Финансиска поддршка за основање на земјоделски задруги (1) Финансиската поддршка за основање на земјоделските задруги е наменета за покривање на дел од трошоците за основање на земјоделска задруга, воспоставување на административни и технички капацитети, помош за ангажирање на стручни лица, помош за организирање на информативни и промотивни активности и обуки на кадровскиот потенцијал и членовите на земјоделската задруга. 5 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k (2) Финансиската поддршка од ставот (1) на овој член може да се однесува и на исплата на плата за лице управител на земјоделска задруга која согласно со пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид во висина од 100% во првата година, од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година, со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години. (3) Финансиска поддршка на земјоделските задруги од голем обем може да им се додели и за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година. Член 16 Финансиска поддршка за функционирање на земјоделски задруги (1) Земјоделските задруги од мал обем може да добијат дополнителни директни плаќања за тековната година до 7,5% за производството кое го имаат произведено и продадено преку задругата. (2) Земјоделските задруги од голем обем може да добијат дополнителни директни плаќања за тековната година до 15% за производството кое го имаат произведено и продадено преку задругата. (3) Земјоделските задруги може да добијат поддршка за наводнување, во вид на надоместок на дел од трошоците за наводнување, за производствените капацитети во и на задругата и тоа во висина која нема да надминува 20% од трошокот за наводнување за задругите од мал обем и 30% за задругите од голем обем, но не повеќе од 400.000 денари на годишно ниво. (4) Земјоделските задруги може да добијат финансиска поддршка за премии за осигурување, во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70% од трошокот за осигурување на производните капацитети на земјоделската задруга од мал обем и 80% за осигурување на производните капацитети на земјоделската задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000 денари на годишно ниво. (5) Финансиската поддршка за земјоделските задруги може да се однесува и за набавка на земјоделска механизација, согласно со годишната програма за финансиска поддршка на руралниот развој и истата може да се додели како помош чија висина не надминува 90% од вкупната вредност на набавката.
Член 17 Надзор (1) Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Инспекциски надзор врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство согласно со Законот за Државниот земјоделски инспектора. Член 18 Прекршочна постапка (1) Прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон ја води прекршочна комисија формирана согласно со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство. (2) Пред поднесување на барање за прекршочна постапка, за прекршоци предвидени во овој закон, се води постапка за порамнување согласно со одредбите од Законот за Државниот инспекторат за земјоделство. 6 превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k Член 19 Прекршочни одредби (1) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на земјоделска задруга, ако: - називот на земјоделската задруга не содржи назнака дека се работи за земјоделска задруга (член 8 став (1)) и - не води и не чува евиденција на членовите и на производствените капацитети на земјоделската задруга (член 11 став (1)). (2) За прекршок од ставот (1) на овој член ќе му се изрече глоба на одговорното лице на земјоделската задруга во износ од 500 евра во денарска противредност. (3) За прекршоците од ставот (1) на овој член, освен глоба, на земјоделската задруга ќе и се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од шест месеци до една година. Член 20 Обврска за усогласување (1) Земјоделските задруги кои се формирани пред влегувањето во сила на овој закон се должни да ја усогласат својата работа и општите акти со одредбите од овој закон и да се регистрираат во Регистарот во период не подолг од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Земјоделските задруги кои нема да ја усогласат својата работа и општите акти во рокот утврден во ставот (1) на овој член, немаат право на финансиска поддршка согласно со овој закон.
Член 21 Поблиски прописи Прописите предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 22 Престанување на важење Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од Главата трета “Земјоделска задруга како вршител на земјоделска дејност” од Законот за вршење на земјоделска дејност (“Службен весник на Република Македонија” број 11/2002, 89/2008, 116/10 и 53/11). Член 23 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 7