Law amending the Plant protection Law
صدر في 2000-01-31 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на Законot за заштита на растенијата.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- plant protection
- الفئات
- agriculture
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА “Сл.весник на Р Македонија” бр. 6/2000 од 31.01.2000 год. Член 1 Во Законот за заштита на растенијата (“Службен весник на Република Македонија” број 25/98) членот 5 се менува гласи: “Заради спречување на појавата, ширењето и сотрувањето на штетниците на растенијата, контрола на земјоделски и шумски растенија во прометот и издавање на дозволи за средства за заштита на растенијата, се основа Управа за заштита на растенијата (во натамошниот текст: Управа), како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Управата, за спречување на појавата, ширењето и сотрувањето на штетниците на растенијата, врши: 1. Следење на појавата и ширењето на штетниците на растенијата врз основа на метеоролошки, биолошки и други податоци; 2. Прогнозирање на појавата и дијагностицирање на штетниците на растенијата; 3. Известување на држателите на растенија за појавата и ширењето на штетниците на растенијата; 4. Давање стручни совети на држателите на растенија за примена на интегрална заштита на растенијата; 5. Определување на оптимални рокови за сотрување на штетниците на растенијата; 6. Давање стручни совети на држателите на растенија за утврдување на видот на штетниците, за правилна употреба на средствата за заштита на растенијата и правилна примена на опремата за третирање и 7. Водење евиденција за појавата на штетниците на растенијата, за преземените мерки за нивно сотрување, обемот на причинетите штети, објавување на појавата и состојбата, вклучувајќи го и известувањето согласно со одредбите од Меѓународната конвенција за заштита на растенијата.” Член 2 Во членовите 6 став 1 точка 2, 8 став 1, 10 ставовите 6, 7, 10 и 11, 15 став 1 точка 4, 26 ставовите 2 и 3, 35 став 1, 38 став 3, 39 став 8, 40 став 3, 42 ставовите 1 и 2, 46 став 3, 54 точка 1 и членовите 63 став 1 точки 4 и 9, 64 став 1 точки 1, 3, 6, 7 и 8 и 65 став 1 точки 2 и 11, зборовите: “Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство” се заменуваат со зборот “Управата”. Член 3 Во член 8 по став 5 се додава нов став 6 кој гласи: 1 превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk “Листите од ставот 4 на овој член, Управата га доставува до европската и медитеранската организација за заштита на растенијата во која Република Македонија е членка, до регионалните организации за заштита на растенијата и до земјите со кои Република Македонија има склучено договори за соработка во областа на заштитата на растенијата.” Член 4 Во член 15 став 3 по зборот “кои” се додаваат зборовите: “во производството на земјоделските производи наменети за промет”. Член 5 Во член 17 по став 1 се додава нов став 2 кој гласи: “Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со решение утврдува дали се исполнети условите од став 1 на овој член.” Ставот 2 станува став 3. Член 6 Во член 22 став 6 пред зборот “Образецот” се додаваат зборовите: “Начинот на вршење на задолжителен здравствен преглед од ставовите 1 и 3 на овој член и”. Член 7 Во член 25 став 1 по зборот “извозничка” се додава нова реченица која гласи: “Сертификатот за здравствената состојба на пратката, се издава според образецот од анексот на Меѓународната конвенција за заштита на растенијата.” Во став 2 по зборот “пратки” запирката се заменува со точка, а зборовите до крајот на ставот се бришат. Член 8 Во член 28 став 4, точката на крајот од ставот се заменува со запирка и се додаваат зборовите: “за што се издава сертификат за реекспорт според образецот од анексот на Меѓународната конвенција за заштита на растенијата.” Во став 7, зборовите: “ставот 1” се заменуваат со зборовите: “ставовите 1, 3 и 4”. Член 9 Во член 32 ставовите 1 и 2, зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство” се заменуваат со зборовите: “директорот на Управата за заштита на растенијата (во натамошниот текст: директорот на Управата)”. Во став 2, зборот “фитоплазми” се заменува со зборовите: “микоплазми, мицелиуми”. Член 10 Во член 37 став 4 по зборот “отрови” се става трчка, а зборовите до крајот на ставот се бришат. 2 превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk Во став 7, зборот “Министерството” се заменува со зборот “министерот”. Член 11 Во член 39 по став 5.се додава нов став 6 кој гласи: “Условите пропишани во став 3 од овој член ги утврдува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.” Во став 6 кој станува став 7, по зборот “промет”, се додаваат зборовите: “времетраењето на испитувањата.” Ставот 7 станува став 8. Член 12 Во член 41 став 1, зборовите: “две правни лица” се заменуваат со зборовите: “правно лице”. Член 13 Во член 63 став 1 точка 10, зборовите: “член 37 став 4” се заменуваат со зборовите: “член 36 и член 37”. Во точка 12 по бројот “46” се додаваат зборовите: “ставови 1 и 2”. Член 14 Во член 64 став 1 точка 5, зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство” се заменуваат со зборот “Управата” Член 15 Во член 65 став 1 точка 2, зборовите: “ставови 9 и 10” се заменуваат со зборовите: “став 10”. По точка 2 се додава нова точка 3 која гласи: “3. На сертификатот на секое пакување на семе на кое е вршено дезинфекција, односно дезинсекција, не стави податоци со кое средство за заштита на растенијата е извршена дезинфекцијата, односно дезинсекцијата, како и клаузулата: “Семето е затруено и не смее да се користи за исхрана на луѓе, домашни животни, риби, птици и дивеч” (член 11 став 4).” Точките од 3 до 13 стануваат точки од 4 до 14. Член 16 Во член 66 став 1 по точка 1 се додава нова точка 2 која гласи: “Издава уверение, а не изврши два здравствени прегледа во текот на вегетацијата (член 10 став 1 и став 9 точка 1).” Точката 2 станува точка 3. Во точка 3 која станува точка 4, зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство” се заменуваат со зборовите: “директорот на Управата”, зборовите “и габички” се заменуваат со зборовите: “на габи”, а по зборот “микоплазми” се додава зборот “мицелиуми”. Во точка 4 која станува точка 5, бројот “6” се заменува со бројот “8”. Точките 5 и 6 стануваат точки 6 и 7. 3 превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk Во став 3, зборовите: “и габички” се заменуваат со зборовите: “на габи”, а по зборот “микоплазми” се додава зборот “мицелиуми”. Член 17 Се овластува Законодавно- правната комисија на Собранието на Република Македонија да изготви пречистен текст на Законот за заштита на растенијата. Член 18 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. 4