Law amending the Law on waste management
صدر في 2015-09-04 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на законот за управување со отпадот.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Waste and hazardous substances
- الكلمات المفتاحية
- waste management, data collection/reporting, legal proceedings/administrative proceedings, procedural matters
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 156 од 10.09.2015 година 1 од 6 20151564539 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 4 септември 2015 година. Бр. 08-4148/1 Претседател 4 септември 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ Член 1 Во Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008, 143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13,163/13 и 51/15), во членот 68 по ставот (5) се додаваат три нови става (6), (7) и (8), кои гласат: “(6) Поседувачите на отпадните масла се должни да водат евиденција за набавените количини и залихи на моторните масла, евиденција на употребените моторни масла, евиденција за начинот на постапувањето со отпадните моторни масла, како и евиденција за видот и количината на продадените отпадни масла и начинот на нивното транспортирање. (7) За евиденцијата од ставот (6) на овој член, поседувачите се должни да доставуваат шест месечни и годишни извештаи до органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на животната средина. (8) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот (6) на овој член, формата и содржината на извештаите од ставот (7) на овој член, како и начинот на нивното доставување.“ Член 2 Во членот 68 став (5) по зборот „масла“ запирката и зборовите: “начинот на водење евиденција и доставување на податоците“ се бришат. Службен весник на РМ, бр. 156 од 10.09.2015 година 2 од 6 Член 3 Во членот 127 став (1) точката 3) се менува и гласи: “врши увид и контрола дали со опасниот отпад и индустриски неопасен отпад од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина, се постапува согласно со членот 24 од овој закон;“. Точката 4) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали собирањето и транспортирањето на опасен отпад од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина се врши со средства и опрема која е посебно конструирана и наменета исклучиво за собирање и транспортирање на опасен отпад (член 27);“. Точката10) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали со опасниот отпад од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина, се складира на местата предвидени за таа намена согласно со членот 33 од овој закон;“. Точката 11) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали со опасниот отпад и со индустрискиот неопасен отпад од инсталации со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина за чие одобрување надлежен е органот на државната управа надлежен за вршење на стручни работи од областа на животната средина, се постапува согласно со членот 34 од овој закон;“. Точката 16) се менува и гласи: „врши увид и контрола во податоците од евиденциите за опасен отпад и за индустриски неопасен отпад од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животна средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина како и да утврди дали податоците се чуват согласно со членот 39 став (11) од овој закон;“. Точката 23) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали со опасниот отпад од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животна средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина се постапува согласно со членот 57 од овој закон;“. Точката 27) се менува и гласи: „утврди дали се исполнуваат обврските за издавање на идентификационен формулар за опасен отпад од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина (член 61);“. Точката 30) се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 156 од 10.09.2015 година 3 од 6 „врши увид и контрола дали со опасниот отпад од инсталации со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина се постапува согласно со членот 64 од овој закон;“. Точката 31) се менува и гласи: „утврди дали е склучен договор со правни лица кои поседуваат дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина согласно со членот 65 од овој закон;“. Точката 32) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали со отпадните масла од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на отпадни масла за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина, се постапува согласно со членот 68 од овој закон.“ Член 4 Во членот 128 став (1) точката 3) се менува и гласи: “ќе ја ограничи или забрани работата на правното и физичко лице, доколку со отпадот од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина, не постапува согласно со членот 24 од овој закон, во траење од најмногу 30 дена во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба;“. Точката 4) се менува и гласи: „ќе ја ограничи или забрани работата на правното и физичко лице, доколку со отпадот од инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е органот за вршење на стручни работи во животната средина се постапува спротивно на одредбите од овој закон во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба.“ Член 5 Во членот 129 став (1) точката 3) се менува и гласи: “врши увид и контрола дали со неопасниот отпад и опасниот отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се постапува согласно со членовите 24 и 57 од овој закон;“. Точката 5) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали правните и физички лица кои вршат собирање и транспортирање на неопасен отпад и опасен отпад ги вршат со средства и опрема која е посебно конструирана и намената за собирање и транспортирање на неопасен отпад и опасен отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на Службен весник на РМ, бр. 156 од 10.09.2015 година 4 од 6 опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, а за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се постапува согласно со членот 24 од овој закон;“. Точката 6) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали неопасниот отпад и опасниот отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се складира на места предвидени за таа намена согласно со членот 33 од овој закон;“. Точката 7) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали со неопасниот отпад (освен од инсталации со А интегрирани еколошки дозволи) и со индустрискиот неопасен и опасен отпад од инсталации со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се постапува согласно со членот 34 од овој закон;“. Точката 8) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали се води евиденција на начин пропишан со членот 39 од овој закон за неопасен отпад (освен од инсталации со А интегрирани дозволи) и за индустрискиот неопасен отпад создаден од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје;“. Точката 10) се менува и гласи: „врши увид и контрола дали податоците од евиденциите за неопасен отпад и за индустрискиот неопасен и опасен отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и за создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се чуваат согласно со членот 39 став (11) од овој закон;“. Точката 21) се менува и гласи: „да утврди дали е склучен договор со правни лица кои поседуваат дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и создавачите на опасен отпад кои вршат дејности и активности за кои задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, согласно со членот 65 од овој закон и други состојби во негова надлежност и”. По точка 21) се додава нова точка 22), која гласи: “22) да врши увид и контрола дали со отпадните масла од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на отпадни масла, а особено создавачите на отпад од машински и моторни масла кои вршат дејности и активноти за кои задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се постапува согласно со членот 68 од овој закон.“ Службен весник на РМ, бр. 156 од 10.09.2015 година 5 од 6 Член 6 Во членот 130 став (1) точката 3) се менува и гласи: “ќе ја ограничи или забрани работата на правното и физичко лице, доколку со неопасниот и индустрискиот опасен отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, не постапува, во согласност со овој закон, во траење најмногу од 30 дена во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба;“. Точката 4) се менува и гласи: „ќе ја ограничи или забрани работата на правното и физичко лице, доколку собирањето и транспосртирањето на неопасен отпад и опасен отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се врши спротивно на одредбите на овој закон, во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба;“. Точката 5) се менува и гласи: „ќе ја забрани работата на правното и физичко лица, доколку складирањето на неопасен отпад и опасен отпад од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се врши спротивно на одредбите на овој закон, во траење од најмногу 90 дена во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба;“. Точката 6) се менува и гласи: „ќе ја ограничи или забрани работата на правното и физичко лице, доколку податоците од евиденцијата за неопасен отпад и опасен отпад од инсталациите со Б¬ интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, се чуваат и со нив се постапува спротивно на одредбите на овој закон, во траење од најмногу 30 дена во кој рок треба да ги отстранат причините за настанатата состојба;“. По точка 12) се додава нова точка 13), која гласи: “13) ќе ја ограничи или забрани работата на правните и физички лица, доколку немаат склучен договор со овластени правни лица кои поседуваат дозвола за собирање и транспортирање на опасен отпад и отпадни масла од инсталациите со Б интегрирана еколошка дозвола и од создавачите на опасен отпад за чија дејност и активност задолжително се изработува елаборат за заштита на животната средина согласно со Законот за животната средина, за чие одобрување надлежен е градоначалникот на општината, општината во градот Скопје и на градот Скопје, во траење од 30 дена во кој рок треба да ги отстранат причините на настанатата состојба.“ Член 7 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за управување со отпадот. Службен весник на РМ, бр. 156 од 10.09.2015 година 6 од 6 Член 8 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.