تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on veterinary health

صدر في 2015-08-27 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
animal health, institution, hygiene/sanitary procedures, authorization/permit, governance

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.09.2015 година 1 од 2 20151544442 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 27 август 2015 година. Бр. 08-4000/1 Претседател 27 август 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНО ЗДРАВСТВО Член 1 Во Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија" број 113/2007, 24/11, 136/11 и 123/12), во членот 40 по ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: „(8) Покрај случаевите од ставот (7) на овој член Агенцијата распишува нов јавен повик за вршење на активности од членот 26 од овој закон и за доделување на овластување на ветеринарни амбуланти, клиники и болници или ветеринарни служби на одгледувалиште кои почнале со работа по објавата на јавниот повик од ставот (1) на овој член.“ Ставовите (8) и (9) стануваат ставови (9) и (10). Член 2 Во членот 41 став (1) зборот „избраните“ се брише. Член 3 Во членот 63 став (2) во втората реченица зборовите: „до директорот на Агенцијата“ се заменуваат со зборовите: „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 4 Во членот 70 став (2) во втората реченица зборовите: „до директорот на Агенцијата“ се заменуваат со зборовите: „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Службен весник на РМ, бр. 154 од 4.09.2015 година 2 од 2 Член 5 Во членот 86 став (3) во втората реченица зборовите „до директорот на Агенцијата“ се заменуваат со зборовите „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 6 Во членот 104 став (1) во втората реченица зборовите: „до директорот на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на добивањето на решението“ се заменуваат со зборовите: „во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“. Член 7 Во членот 109 став (1) во воведната реченица бројот „500“ се заменува со зборовите „400 до 500“. Член 8 Во членот 110 став (1) во воведната реченица бројот „1.000“ се заменува со зборовите: „750 до 1.000“. Член 9 Во членот 111 став (1) точката 1) се менува и гласи: „1) не работи во согласност со одредбите на овој закон и друг закон од областа на ветеринарното здравство, не води редовно и не чува документирана евиденција на активностите, истражувањата и нивните резултати, кои се предмет на надзор и контрола од страна на Агенцијата (член 23).“ Во ставот (2) зборовите: „во износ од 1.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Член 10 Во членот 111-а став (2) зборовите: „во износ од 2.500 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Член 11 По членот 111-в се додава нов член 111-г, кој гласи: „Член 111-г Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците.“ Член 12 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за ветеринарно здравство. Член 13 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on veterinary health · Nelum