تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on the quality of agricultural products

صدر في 2012-04-30 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Закон за изменување и дополнување на законот за квалитетот на земјоделските производи.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, inspection, institution, legal proceedings/administrative proceedings, governance

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 1 од 10 20120551523 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 30 април 2012 година. Бр. 07- 2169/1 Претседател 30 април 2012 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Член 1 Во Законот за квалитет на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија” број 140/10 и 53/11), во членот 2 точка 16 по зборот „производи“ се додаваат зборовите: „од растително потекло и Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува за потврдување на усогласеноста со прописите за квалитет на земјоделските производи од животинско потекло“. Член 2 Во членот 3 алинеја 4 зборовите: „традиционална посебност" се заменуваат со зборовите: „гарантиран традиционален специјалитет“. Член 3 По членот 3 се додава нов член 3-а, кој гласи: “Член 3-а (Супсидијарна примена на Законот) (1) Во постапката за издавање на решенија ќе се применува Законот за општата управна постапка, доколку со овој закон поинаку не е уредено. Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 2 од 10 (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекциски надзор и одредбите на Законот за безбедност на храна доколку со овој закон поинаку не е уредено.” Член 4 Во текстот на Законот зборовите: „Управата за ветеринарство” се заменуваат со зборовите: „Агенцијата за храна и ветеринарство”. Член 5 Во текстот на Законот зборовите: „државниот инспекторат за земјоделство” се заменуваат со зборовите: „надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство”. Член 6 Во членот 7 ставот (1) се менува и гласи: „Во промет се ставаат лупени и нелупени жита и ориз кои исполнуваат минимални услови за квалитет по однос на ботаничката припадност, органолептички својства, количина и вид на примеси, количина на вода, хектолитарска маса и присуство на штетници.“ Во ставот (2) по зборот „протеини“ се става запирка и се додаваат зборовите: „хектолитарската маса, содржината на примеси“. Член 7 Во членот 17 ставот (4) се менува и гласи: „Видовите на храна за животни која се става во промет, стандардите за квалитет, дозволените количини на додатоци во храната за животни, начинот на пакување, означување, транспорт и складирање, ги пропишува министерот.“ Член 8 По членот 23 се додава нов член 23-а, кој гласи: „Член 23-а (Потполна крмна смеса) (1) Потполна крмна смеса е мешана храна за животни која со својот состав во потполност ги задоволува потребите во исхраната за дневен оброк. (2) Храната за животни од ставот (1) на овој член треба да ги исполнува стандардите за квалитет пропишани во членот 17 став (4) од овој закон.“ Член 9 Во членот 24 ставот (1) се менува и гласи: „Дополнителна крмна смеса е мешана храна за животни со висока содржина на одредени состојки која по својот состав ги задоволува потребите во исхраната за дневен оброк само ако се користи во комбинација со друга храна за животни.“ Во ставот (2) зборовите: „Додатоците на храната“ се заменуваат со зборовите: „Дополнителните крмни смеси“. Член 10 Во членот 32 став (1) во воведната реченица зборовите: „став (3)“ се заменуваат со зборовите: „став (4)“. Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 3 од 10 Член 11 По членот 47 се додава нов член 47-а, кој гласи: „Член 47-а (Претпакувано месо од живина) (1) Претпакуваното месо од живина наменето за пазар е со неменлива номинална маса (тежина) утврдена од страна на пакувачот која не е помала од 5 г и поголема од 10 кг. (2) На секое претпакување на месо од живина треба да е наведена утврдената номинална тежина. (3) Претпакуваното месо од живина може да содржи еден цел труп или еден или повеќе исти конфекционирани делови од труп од ист вид живина.“ Член 12 По членот 48 се додава нов член 48-а, кој гласи: „Член 48-а (Класирање на претпакуваното месо од живина) (1) Претпакуваното замрзнато или брзо замрзнато месо од живина според номиналната тежина се класира како: а) за цели трупови: помали од 1.100 g, во класи по 50 g, од 1.100 до 2.400 g, во класи по 100 g и над 2.400 g, во класи по 200 g и б) за конфекционирани делови од труп: помали од 1.100 g, во класи по 50 g и над 1.100 g, во класи по 100 g.“ Член 13 Во членот 50 став (6) по зборовите: „означена на пакувањата“ се додаваат зборовите: „или кога поради технички причини не е можно да се изврши означување на скршени или нечисти јајца“. Член 14 Во членот 54 став (2) алинеја 1 зборовите: „Законот за ветеринарно јавно здравство“ се заменуваат со зборовите: „прописите од областа на безбедноста на храна“. Во ставот (2) алинеја 3 зборовите: „членот 44“ се заменуваат со зборовите: „членот 45“. Во ставот (6) алинеја 1 зборовите: „Законот за ветеринарно јавно здравство“ се заменуваат со зборовите: „прописите од областа на безбедност на храната“. Член 15 Во членот 55 став (2) зборовите: „членот 45“ се заменуваат со зборовите: „членот 46“. Член 16 Во членот 62 став (1) зборовите: „член 46“ се заменуваат со зборовите: „членот 47“. Во ставот (3) алинеја 1 зборовите: „став (1)“ се заменуваат со зборовите: „став (3)“, а во алинејата 2 зборовите: „член 46“ се заменуваат со зборовите: „членот 47“. Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 4 од 10 Во ставот (5) алинеја 1 зборовите: „став (1)“ се заменуваат со зборовите: „став (3)“, во алинејата 3 зборовите: „член 46“ се заменуваат со зборовите: „членот 47“, а по алинејата 3 се додава нова алинеја 4, која гласи: „ - утврдената номинална тежина“. Член 17 Во членот 73 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: „(6) Начинот на изведување на инспекциска контрола на квалитетот на препакувано месо од живина го пропишува министерот.“ Член 18 Во членот 74 став (2) зборот „три“ се заменува со зборот „два“. Член 19 По членот 74 се додаваат три нови члена 74-а, 74-б и 74-в, кои гласат: „Член 74-a (Контрола на квалитет на јајца и месо од живина, анализа и суперанализа на примероци) (1) За контрола на квалитетот на јајца и месо од живина кои се ставаат во промет се врши анализа и суперанализа. (2) Контрола на квалитетот на јајца и месо од живина врши Агенцијата за храна и ветеринарство. (3) Анализа и суперанализа се врши на земени примероци во овластени лаборатории. Суперанализа се врши по приговор на резултатите од анализата поднесен од операторот кој не е задоволен од резултатите од анализа. (4) Лабораториите од ставот (3) на овој член ги овластува министерот, доколку ги исполнуваат следниве услови: да има вработено најмалку две лица со високо образование од областа на хемиските, технолошките, биотехнолошките, биохемиските, ветеринарните или земјоделските науки со најмалку двегодишно искуство во областите за изведување на лабораториските анализи, располагаат со соодветни простори и опрема за вршење на анализи и да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за пропишани методи за вршење на анализи. (5) Поблиските услови од ставот (4) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. Член 74-б (Решение за овластување) (1) За овластувањето од членот 74-а став (4) од овој закон министерот издава решение. (2) За добивање на решението од ставот (1) на овој член лабораториите поднесуваат барање за овластување кое во прилог ги содржи доказите за исполнување на условите утврдени во членот 74-а став (4) од овој закон. (3) Министерството во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за издавање на овластување од членот 74-а од овој закон, донесува решение со кое одлучува по барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 74-а став (4) од овој закон. Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 5 од 10 (4) Доколку Министерството не донесе решение за овластување од членот 74-а од овој закон, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за донесување на решение по поднесеното барање. (5) Формата и содржината на барањето од ставовите (2) и (4) на овој член ги пропишува министерот. (6) Кон барањето за донесување на решението за овластувањето од членот 74-а став (4) од овој закон, подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (2) на овој член. (7) Министерот е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (4) на овој член да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за овластувањето од членот 74-а став (4) од овој закон е уважено или одбиено. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството. (8) Доколку министерот не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (9) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (8) на овој член да изврши надзор во Министерството дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (10) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува министерот во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (11) Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот (10) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените активности. (12) Доколку министерот не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (13) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (14) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (13) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (8) и (10) на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (11) и (12) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден со Законот за управната инспекција за Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 6 од 10 инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Министерството дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности. (15) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (14) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (16) Во случајот од ставот (15) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (17) Во случаите од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности. (18) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (19) Доколку министерот не одлучи во рок од ставот (12) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (20) По објавувањето на подзаконските акти од ставот (5) на овој член во „Службен весник на Република Македонија“, истите се објавуваат на веб страницата на Министерството. (21) Решението за овластување од ставот (1) на овој член се објавува во „Службен весник на Република Македонија“. (22) Министерот со решение ќе го одземе овластувањето од овластените лаборатории за вршење на анализи и суперанализи за кои ќе се утврди дека престанале да ги исполнуваат условите предвидени во членот 74-а став (4) од овој закон. (23) Против решението од ставот (22) на овој член овластената лабараторијата може во рок од 15 дена од денот на приемот на решението да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 74-в (Приговор на резултатите од анализата) (1) При вршење контрола, начин на известување и роковите за доставување на резултатите од извршените анализи и доставувањето на приговорот се применуваат прописите од областа на ветеринарното здравство. (2) Трошоците за анализа на јајца и месо од живина се на товар на производителите и преработувачките капацитети. (3) По добивањето на резултатите, производителот и/или преработувачкиот капацитет во рок од 24 часа по приемот на резултатите може да поднесе приговор до овластена лабораторија за суперанализа доколку не е задоволен со резултатите од анализата. (4) Трошоците за суперанализата се на товар на операторот, доколку добиените резултати соодвествуваат со резултатите од анализата. Во случај кога добиените резултати од суперанализата отстапуваат од резултатите од анализата, трошоците за суперанализата ги сноси овластената лабораторија за анализа. (5) Резултатите од суперанализата се конечни.“ Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 7 од 10 Член 20 Во членот 78 став (3) зборот „пет“ се заменува со зборот „шест“, а по зборот „класи“ се додава класата „Ѕ“. Во ставот (4) зборот „пет“ се заменува со зборот „шест“. Член 21 Насловот на членот 81 се менува и гласи: „(Категории на месо од говеда)”. Во ставот (1) во воведната реченица зборот „класифицира” се заменува со зборот „категоризира”. Во алинеите 1 и 2 зборот „класата” се заменува со зборот „категоријата”. Во алинејата 3 зборот „класите” се заменува со зборот „категориите”. Член 22 Во членот 83 став (6) по зборовите: „на испитот” се додаваат зборовите: „за класификатори”. Член 23 Во членот 88 став (3) зборовите: „од ставот (2) на овој член” се заменуваат со зборовите: „за известување за резултатите од класификацијата на труповите”. Член 24 Во членот 111 став (3) алинејата 6 се брише. Член 25 Во членот 126 ставот (4) се менува и гласи: „Трошоците за класирање на суровото млеко се во висина на стварно направените трошоци за нивното земање и анализирање и се на товар на производителите, преработувачките капацитети на млеко и од Буџетот на Република Македонија во годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со учество во висина од една третина од трошоците на секоја вклучена страна." Член 26 Во членот 135 став (1) зборовите: „три дена од денот на добивањето на резултатите од oвластената лабораторија“ се бришат. Член 27 Во членот 141 ставови (1) и (2) зборовите: „наменети за хумана исхрана" се бришат. Ставот (5) се менува и гласи: „Одредбите од членовите 142, 144, 147, 148, 149, 150, 151, 152, 153, 154 и 156 од овој закон се применуваат и за вино, доколку поинаку не е уредено со Законот за вино.“ Член 28 Во членот 142 став (1) алинеја 1 по сврзникот „или“ се додаваат зборовите: „во исклучителни случаи“. Во алинејата 3 сврзникот „или“ се брише. Ставот (4) се менува и гласи: „Негеографски поими од ставот (3) на овој член може да се користат само доколку истите со долга употреба во прометот станале општопознати како традиционални за означување на земјоделскиот или прехранбениот производ.“ Ставовите (5) и (6) се бришат. Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 8 од 10 Член 29 Во членот 143 став (1) алинеја 3 по зборот „производство“ запирката се брише и се додаваат сврзниците „и/или“. Член 30 Во членот 145 став (2) точка 3 зборовите: „и доколку е потребно дополнителни податоци кои се во согласност со условите од членот 142 став (4) од овој закон“ се бришат. Во ставот (2) точка 5 по зборот „производство“ се додаваат зборовите: „вклучително и начинот на пакување доколку истото задолжително се изведува во дефинираното географско подрачје од ставот (2) точка 3 на овој член за потребите на заштита на квалитетот и потеклото на производот и негова контрола“. Член 31 Во членот 147 ставот (2) се менува и гласи: „Правно или физичко лице се смета за група на производители ако ги исполнуваат следниве услови: да е единствен производител во дефинираното географско подрачје и дефинираното географско подрачје да поседува карактеристики по кои се разликува од соседното подрачје или карактеристиките на производот да се разликуваат од карактеристиките на производите кои се произведуваат во соседното подрачје.“ По ставот (7) се додаваат два нови става (8) и (9), кои гласат: „(8) Формата и содржината на елаборатот од ставот (4) алинеја 2 на овој член ги пропишува министерот. (9) Формата и содржината на барањата од ставовите (4) и (5) на овој член ги пропишува министерот.“ Член 32 Во членот 148 став (4) зборовите: „од овој закон и“ се заменуваат со зборовите: „приговорот од членот 149, барањето за измена од членот 152 и барањето за поништување од членот 153 од овој закон во однос на“. Член 33 Во членот 149 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Заинтересираните страни се должни да достават информација до Министерството за постапката за постигнување спогодба.“ Ставот (3) станува став (4). По ставот (4) кој станува став (5) се додава нов став (6), кој гласи: „(6) Образецот за поднесување на приговор од ставот (1) на овој член и образецот за доставување на информација од спогодбената постапка од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот.“ Член 34 Во членот 152 став (1) алинеја 1 по зборот „измени“ се додаваат зборовите: „содржината на елаборатот“. Во ставот (8) зборот „барање“ се заменува со зборовите: „барањето и формата и содржината на образецот на барањето“. Член 35 Во членот 153 ставот (1) се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 9 од 10 „Доколку, по поднесено барање за поништување на решение за регистрација на заинтересирано правно или физичко лице, се утврди дека производството на земјоделскиот или прехранбениот производ не е во согласност со условите наведени во елаборатот или спецификацијата, министерот на предлог на Комисијата од членот 148 од овој закон, донесува решение за бришење на субјектот од соодветниот регистар од членот 151 став (2) од овој закон.“ По ставот (1) се додаваат пет нови става (2), (3), (4), (5) и (6), кои гласат: „(2) Доколку по поднесено барање за поништување на решение за регистрација на заинтересирано правно или физичко лице, се утврди дека заштитениот назив е регистриран спротивно од членот 144 од овој закон, министерот на предлог на Комисијата од членот 148 од овој закон донесува решение за поништување на решението од членот 150 став (1) од овој закон. (3) Формата, содржината и начинот на поднесување на барањето од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот. (4) Во постапката за донесување на решение од ставовите (1) и (2) на овој член се применуваат одредбите од членовите 147 и 149 од овој закон. (5) Против решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член е дозволена жалба до Државната комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. (6) Решенијата од ставовите (1) и (2) на овој член се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Министерството.“ Ставовите (2) и (3) се бришат. Член 36 Во членот 157 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Државниот завод за индустриска сопственост по службена должност од Министерството треба да обезбеди дека за земјоделскиот или прехранбениот производ за кој е поднесено барање за трговска марка не е претходно поднесено барање, односно истиот не е регистриран за ознака на потекло, географска ознака или ознака за гарантиран традиционален специјалитет.“ Ставот (2) станува став (3). Член 37 Во членот 158 став (1) точката на крајот се заменува со запирка и се додаваат зборовите: „како и врз основа на поднесено барање за заштита согласно со прописите на земјата во која се врши заштитата". По ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Ознаките на потекло, географските ознаки и ознаките за гарантиран традиционален специјалитет можат да се заштитат во Република Македонија од страна на трети земји врз основа на билатерални договори за заемна заштита или меѓународни договори кои се ратификувани од Република Македонија, како и врз основа на поднесено барање за заштита согласно со овој закон." Ставот (2) станува став (3). Член 38 Во членот 159 став (7) по зборот „Унија“ се додаваат зборовите: „во пишана и електронска форма". Член 39 Во членот 161 ставот (1) се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 55 од 3.5.2012 година 10 од 10 „Контрола на соодветноста на производот кој е заштитен со ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет со елаборатот од членот 145 од овој закон и спецификацијата од членот 146 од овој закон, по регистрацијата на ознаката од членот 150 од овој закон, ја спроведуваат верификациските тела од членот 162 став (3) од овој закон и органот од членот 163 став (4) од овој закон." Член 40 Во членот 162 став (1) зборот „пред" се заменува со зборот „по". Член 41 Во членот 163 став (4) зборовите: „наменети за хумана исхрана" се бришат. Член 42 Во членот 166 по зборовите: „на Министерството” се става запширка и се додаваат зборовите: „односно на Агенцијата”. Член 43 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 44 Одредбите од членот 19 од овој закон со кој се додава членот 74-а став (4) алинеја 3 и членот 25 од овој закон со кој се менува членот 126 став (4) ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2013 година. Член 45 Овој закон влегува на сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Law amending the Law on the quality of agricultural products · Nelum