Law amending the Law on the consolidation of agricultural land
صدر في 2016-03-28 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на Законa за консолидација на земјоделско земјиште.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development, Land and soil
- الكلمات المفتاحية
- agricultural land, land consolidation, land commission, land valuation, procedural matters, land tenure
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 61 од 31.03.2016 година 20160611713 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 28 март 2016 година. Бр. 08-1893/1 Претседател 28 март 2016 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ Член 1 Во Законот за консолидација на земјоделско земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 187/13), во членот 15 став (1) по првата реченица се додава нова втора реченицата, која гласи: „Учесникот во постапката за консолидација во случај на спреченост, болест или отсуство може да овласти друго физичко лице да учествува во постапката за консолидација во негово име со доставување до Министерството на овластување на полномошно во писмена форма заверено на нотар.“ Ставот (2) се менува и гласи: „За времето и местото на одржувањето на собирот, Министерството ги известува сите учесници во постапката со доставување на покана по пошта со препорачана пратка и со обезбедување на доказ дека поканата е уредно примена од најмалку 70% од сопствениците на земјоделското земјиште на подрачјето на кое се спроведува консолидацијата кои поседуваат во сопственост најмалку 50% од површината во консолидационото подрачје“. Ставот (5) се менува и гласи: „Министерството со решение назначува претставник во собранието и негов заменик.“. По ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: „(6) Со собранието претседава и раководи претставникот на Министерството, а во случај на негово отсуство со собранието претседава и раководи неговиот заменик.“. По ставот (6) кој станува став (7) се додаваат два нови става (8) и (9), кои гласат: 1 од 3 Службен весник на РМ, бр. 61 од 31.03.2016 година „(8) За присутноста, дневниот ред, гласањето и донесените заклучоци и одлуки на собранието претседавачот води записник кој го потпишуваат сите присутни членови на собранието. (9) Заклучоците и одлуките на собранието ги потпишува претставникот од Министерството кој претседава и раководи со собранието.“. Во ставот (7) кој станува став (10) заградата и зборовите: „(во натамошниот текст: Комисијата)“ се бришат. Член 2 Членот 17 се менува и гласи: „(1) По формирањето на телото од членот 15 став (10) од овој закон, собранието на учесници на предлог на Министерството донесува одлуки за формирање на Комисии за процена на вредност на земјиштето на секој учесник во консолидационото подрачје. (2) Комисиите од ставот (1) на овој член се составени од три члена, и тоа: претседател-претставник од Министерството, еден претставник од собранието на учесници и учесникот чија парцела е предмет на процена. (3) Процената на земјиштето кое се води на починати лица, како и на лица за кои нема дока дека уредно ја примиле поканата од членот 15 став (2) од овој закон и на лица за кои има доказ дека уредно ја примиле поканата од членот 15 став (2) од овој закон, а не се одзиваат на неа процената ја врши комисија за процена на вредност на земјиштето формирана од собранието на предлог на Министерството која е составена од три члена, и тоа: претседател-претставник од Министерството, еден претставник од собранието на учесници и овластен проценител. (4) Претседателот и претставниците од собранието на учесници во комисиите од ставовите (2) и (3) на овој член имаат свои заменици. (5) По потреба комисиите од ставовите (2) и (3) на овој член може да вклучат и стручно лице со познавање од областа на катастарското класирање и бонитирање на земјоделското земјиште.“ Член 3 Во членот 18 став (3) зборовите: „Комисијата“ се заменуваат со зборовите: „Одборот на учесници врз основа на проценките на комисиите од членот 17 од овој закон“. Член 4 Во членот 21 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Доколку согласно со проектот за консолидација се предвидени промени на земјоделско земјиште во консолидационата маса кое се води на починати лица, јавниот увид се спроведува по завршувањето на оставинските постапки за тие лица.“. Во ставот (2) кој станува став (3) зборовите: „секој учесник во постапката“ се заменуваат со зборовите: „најмалку 70% од сопствениците на земјоделското земјиште на подрачјето на кое се спроведува консолидацијата кои поседуваат во сопственост најмалку 50% од површината во консолидационото подрачје“. Ставовите (3), (4), (5), (6) и (7) стануваат став (4), (5), (6), (7) и (8). Ставот (8) кој станува став (9) се менува и гласи: 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 61 од 31.03.2016 година „Со изводот од ставот (8) на овој член на седница на собрание на учесници се запознава секој учесник во постапката и треба да го одобрат најмалку 70% од сопствениците на земјоделското земјиште на подрачјето на кое се спроведува консолидацијата кои поседуваат во сопственост најмалку 50% од површината во консолидационото подрачје.“. Член 5 Започнатите постапки за консолидација до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат согласно со овој закон. Член 6 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3