تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on State Agriculture Inspectorate

صدر في 2011-04-11 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Законот за изменување и дополнување Законот за државниот инспекторат за земјоделство.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
agricultural development, agricultural land, inspection, institution, offences/penalties, governance

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 20110531480 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 април 2011 година. Бр. 07-2008/1 Претседател 11 април 2011 година на Република Македонија, Скопје орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Член 1 Во Законот за Државниот инспекторат за земјоделство (“Службен весник на Република Македонија“ број 20/2009), во членот 4 по зборовите: “управна постапка” се додаваат зборовите: “и Законот за инспекцискиот надзор“. Член 2 Во членот 9 став 3 по зборот “Инспекторатот“ се додаваат зборовите: “и подготвува месечни планови за работа на Инспекторатот“. По ставот 3 се додава нов став 4, кој гласи: „Годишната програма и месечните планови од ставот 3 на овој член, директорот ги донесува до 31 декември во тековната за наредната година.” Ставовите 4 и 5 стануваат ставови 5 и 6. Член 3 Во членот 10 по ставот 1 се додаваат пет нови става 2, 3, 4, 5 и 6, кои гласат: „Инспекторот е должен да положи стручен испит за инспектор во рок од една година, но не пред истекот на шест месеци од денот на засновањето на работниот однос. Доколку инспекторот не го положи испитот од ставот 2 на овој член во рок од три месеци од денот на полагањето на испитот има право на повторно полагање на истиот. 1 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година На инспекторот кој при повторното полагање нема да го положи испитот од ставот 2 на овој член, работниот однос му престанува. Инспекторот има право и должност стручно да се оспособува за извршување на своите работи и работни задачи во согласност со годишната програма за специјализирана обука во областа на инспекцискиот надзор. Годишната програма за специјализирана обука во областа на инспекцискиот надзор по предлог на директорот на Инспекторатот, ја донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 31 декември во тековната година за наредната година.” Член 4 По членот 15 се додава нов член 15-а, кој гласи: “Член 15-а Во согласност со закон, заради отстранување на утврдените неправилности, инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот; 3) привремено да му забрани вршење на дејност, професија или должност; 4) привремено да му одземе предмети и средства со кои е сторено кривичното дело или прекршокот во согласност со закон; 5) да му поднесе барање за поведување прекршочна постапка и 6) да му поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка. Заради отстранување на утврдените недостатоци инспекторот може да врши и други овластувања и одговорности во согласност со овој или друг закон.“ Ставовите 2, 3, 4 и 5 стануваат ставови 7, 8, 9 и 10. Член 5 Членовите 18 и 19 се бришат. Член 6 Членот 21 се менува и гласи: “Против решението на инспекторот од членот 24 став 3 на овој закон може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. По жалба против одлуките на инспекторот во Инспекторатот одлучува посебна комисија формирана од министерот. Комисијата од ставот 2 на овој член е составена од претседател и два члена. Претседателот е правник од редот на раководните државни службеници вработен во Инспекторатот, со минимум три години работно искуство во струката и кој не е вклучен во Инспекцискиот надзор, а членовите на комисијата се од редот на вработените во инспекторатот. Комисијата од ставот 3 на овој член одлуката по жалбата ќе ја донесат во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата. Жалбата изјавена против решението на инспекторот не го одлага извршувањето на решението”. Член 7 По членот 22 се додаваат два нови члена 22-а и 22-б, кои гласат: 2 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година „Член 22-а Привремено одземање на предмети Инспекторот може во рамките на вршењето на инспекцискиот надзор, привремено да одземе документи, материјали, средства и други предмети кои можат да послужат како доказ во соодветната постапка. Привремено одземените предмети од ставот 1 на овој член се задржуваат до донесувањето на правосилна одлука во постапката. Инспекторот е должен привремено да одземе предмети, согласно со законите од областа на земјоделството и други закони кои се тесно поврзани со оваа проблематика, а се однесуваат за потешките прекршоци и кривични дела. Член 22-б Обезбедување услови за привремено одземање на предмети Надлежната инспекциска служба е должна да обезбеди услови за чување на привремено одземените предмети на инспекциски надзор до нивното предавање на органот надлежен за водење на соодветната постапка, согласно со Законот за управување со конфискуван имот, имот на корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.“ Член 8 Во членот 23 ставовите 1 и 2 се бришат. Член 9 По членот 24 се додаваат два нови члена 24-а и 24-б, кои гласат: „Член 24-а Итна постапка Постапката по барањата и пријавите на инспекторите е итна. Надлежниот орган е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на поднесувањето да ги земе на разгледување барањата на инспекторите, доколку не е определен пократок рок со овој или друг закон.“ Член 24-б Соработка на инспекциските служби во вршење на заеднички надзор Заради вршење на заедничкиот надзор Инспекторатот е должен да: 1) ги усогласи програмите и плановите за работа; 2) го планира заедничкото вршење на надзорот и 3) разменува искуства и да ги усогласува ставовите за начинот и методите на работа и други прашања. Заради вршење на заедничкиот надзор инспекторатите, организационите единици во рамките на другите органи на државната управа и единиците на локалната самоуправа и градот Скопје одржуваат заеднички состаноци, консултации, советувања и други облици на меѓусебна соработка. Заедничкиот надзор согласно со ставовите 1 и 2 на овој член ќе се врши со: 1) Државниот пазарен инспекторат; 2) Државниот инспекторат за животна средина; 3) Управата за ветеринарство - Одделение за државна ветеринарна инспекција и 4) по потреба и со други државни органи и институции.” 3 од 4 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година Член 10 Во членот 33 став 1 точката 3 се брише. Член 11 По членот 33 се додава нов член 33-а, кој гласи: “Член 33-а Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако спротивно на членот 20 став 4 од овој закон писмено не го извести инспекторот за отстранетите неправилности, наредени со решение. Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот 1 на овој член.“ Член 12 Во членот 34 став 1 износот “500“ се заменува со износот “1.000“ . Член 13 По членот 34 се додава нов член 34-а, кој гласи: “Член 34-а Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на физичко лице за прекршок од членот 33-а на овој закон.“ Член 14 Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 на овој закон ќе отпочнат да се применуваат со отпочнување на примената на Законот за инспекцискиот надзор. Член 15 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија”. 4 од 4 www.pravdiko.com

Law amending the Law on State Agriculture Inspectorate · Nelum