تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on protection and welfare of animals

صدر في 2016-03-15 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Закон за изменување и дополнување на законот за заштита и благосостојба на животните.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
animal welfare, hygiene/sanitary procedures, fees/royalties, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година 20151494219 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 26 август 2015 година. Бр. 08- 3893/1 Претседател 26 август 2015 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ Член 1 Во Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија“ број 149/14), членот 62 се менува и гласи: „Жалби Против решението на официјалниот ветеринар може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.“ Член 2 Членот 63 се менува и гласи: “Постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог (1) За прекршоците утврдени во овој закон, инспекторот може на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог, пред да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка. (2) Доколку сторителот го прими прекршочниот платен налог, истиот треба да го потпише. Примањето на прекршочниот платен налог од сторителот на прекршокот се забележува во записникот. (3) Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последиците од сторениот прекршок. 1 од 3 Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година

  2. (4) Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и прекршочниот платен налог го потпишува службено, односно одговорното лице кое се нашло на самото место при инспекцискиот надзор или друго службено или одговорно лице кое изјавило дека има право да го потпише записникот и да го прими прекршочниот платен налог. (5) Изјавата од ставот (4) на овој член се забележува во записникот. (6) Инспекторот е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за нивниот исход. (7) Во евиденцијата од ставот (6) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следниве податоци име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на мандатниот/прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката, (8) Личните податоци од ставот (7) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата. (9) Директорот ја пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог.” Член 3 Членот 64 се менува и гласи: „Прекршоци (1) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) постапи спротивно со одредбите на членот 27 став (1) од овој закон; 2) не истакне табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче (член 27 став (2)); 3) кога се на јавно место кучињата не ги држи врзани (член 27 став (3)); 4) не го пријави леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, не ги идентификуваат младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле (член 26 став (5)); 5) одгледувачниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна на увид на барање на Агенцијата (член 26 став (6)); 6) продавниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна на увид на барање на Агенцијата (член 26 став (8)); 7) продавниците на домашни миленици ставаат во промет домашни миленици кои не се идентификувани и регистрирани (член 26 став (10)); 8) одгледувачите и/или сопствениците на животни не поседуваат вештини за одгледување, грижа и нега кон животните кои ги држат или не ангажират соодветно квалификувани лица (член 12 став (4)) и 9) одгледувачниците на домашни миленици и продавниците на домашни миленици не поднесат барање за регистрација во регистар на одгледувачници и продавници на домашни миленици (член 26 став (11)). (2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршок од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 10 до 15 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок од ставот (1) на овој член.“

  3. 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година Член 4 Во членот 65 став (2) бројот “150” се заменува со зборовите: “50 до 75”. Во ставот (3) зборовите: „во износ од 250 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Член 5 Во членот 66 став (2) бројот “200” се заменува со зборовите: “150 до 225”. Во ставот (3) зборовите: „во износ од 600 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Член 6 Во членот 67 став (2) бројот “3.000” се заменува со зборовите: “600 до 900”. Во ставот (3) зборовите: „во износ од 4.000 евра во денарска противвредност“ се заменуваат со зборовите: „во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице од ставот (1) на овој член“. Член 7 По членот 67 се додава нов член 67-а, кој гласи: „Член 67-а Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно со Законот за прекршоците.“ Член 8 Подзаконскиот акт утврден со овој закон ќе се донесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 9 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за безбедност на храната. Член 10 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3

Law amending the Law on protection and welfare of animals · Nelum