Law amending the Law on protection and welfare of animals
صدر في 2011-09-28 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на законот за заштита и благосостојба на животните.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal welfare, offences/penalties
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 1 од 8 20111363006 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 28 септември 2011 година. Бр. 07-4025/1 Претседател 28 септември 2011 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ Член 1 Во Законот за заштита и благосостојба на животните (Службен весник на Република Македонија“ број 113/2007) зборовите: “министерот за земјоделство шумарство и водостопанство” се менуваат со зборовите: “директорот на Агенцијата”, а зборовите: “Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство” и “Управата за ветеринарство” се заменуваат со зборот “Агенцијата”. Член 2 Во членот 15 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: “(6) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (5) на овој член ги пропишува директорот.“ Ставовите (6), (7), (8), (9), (10), (11) , (12), (13) и (14) стануваат ставови (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14) и (15). Член 3 Во членот 35 по ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5), кои гласат: „(3) Одобренијата од ставовите (1) и (2) на овој член Агенцијата ги издава во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето со потребната документација за издавање на одобрение. (4) Формата и содржината на образецот на барањето од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува директорот. Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 2 од 8 (5) Против решението со кое се одбива барањето за издавање на одобрениjата од ставовите (1) и (2) на овој член, барателот има право на жалба во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.“ Ставовите (3), (4) и (5) стануваат ставови (6), (7) и (8). Член 4 По членот 35 се додава нов член 35-а, кој гласи: “Член 35-а (1) Доколку Агенцијата не го издаде одобрението, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот утврден во членот 35 став (3) од овој закон, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот заради донесување на решение од страна на директорот. (2) Формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува директорот. (3) Директорот на Агенцијата е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (1) на овој член до писарницата на директорот на Агенцијата да донесе решение со кое барањето за издавање на согласност е уважено или одбиено. Доколку директорот на Агенцијата нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Агенцијата. (4) Кон барањето за остварување на правото од ставот (1) на овој член, подносителот на барањето поднесува копија од барањето од членот 35 од овој закон. (5) Доколку директорот на Агенцијата не донесе решение во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (6) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (5) на овој член да изврши инспекциски надзор во Агенцијата и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го извести подносителот на барањето за утврдената состојба при извршениот надзор. (7) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува одговорното лице на Агенцијата во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторoт и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по барањето. (8) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи во рокот од ставот (7) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Агенцијата ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучувал по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (8) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (10) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (6) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 3 од 8 писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (11) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот (10) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (5) на овој член или не поднел пријава согласно со ставот (9) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Агенцијата дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Во случајот од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (14) Во случајот од ставот (13) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена. (16) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (17) Постапката пред Управниот суд е итна.“ Член 5 По членот 49 се додава нов член 49-а, кој гласи: “Член 49-а Постапка за едукација (1) Доколку при вршење на инспекцискиот надзор инспекторот утврди дека е сторена неправилност од членовите 51 и 52 од овој закон, e должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршење на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува директорот на Агенцијата. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Агенцијата во рок не подолг од осум дена од денот на спроведување на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена. Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 4 од 8 (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку овластеното лице при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку овластеното лице при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка. (9) Агенцијата води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од директорот на Агенцијата.” Член 6 Во членот 50 во воведната реченица зборот “министерот” се заменува со зборовите: “директорот на Агенцијата”. Член 7 Членот 51 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) не води и не чува евиденција (член 17 став (3)); 2) не води и не чува евиденција (член 18 став (7)) и 3) не доставува на увид барана документација (член 26 став (2)). (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.“ Член 8 Членот 52 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) врши чување на животни за фармски цели во објекти кои не се регистрирани од надлежен орган или нивното работење е во спротивност на условите под кои е регистриран објектот (член 12 став (1)); 2) изведува експерименти без посебна дозвола од надлежен орган (член 15 став (5)); 3) не пријавува експерименти на надлежниот орган и извршува експерименти лице кое не е овластено (член 20 став (1)); 4) не ги придружува животните за време на превозот со документи за превоз (член 28 став (1)); 5) постапува спротивно на одредбите од членот 24 од овој закон; 6) ангажира лица кои немаат знаење и вештини за извршување на задачи на хуман и ефикасен начин (член 43 став (3)); 7) не ги исполнува условите за сместување на животните за експериментални цели (член 14); 8) не назначува лице одговорно за превоз кое ќе обезбедува информации за планирање, спроведување и довршување на патувањето (член 29 ставови (2) и (3) точка 2); 9) не го координира патувањето и ја загрозува благосостојбата на животните (член 29 став (3) точка 1) и Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 5 од 8 10) колат животни наменети за религиозни церемонии кои не се пријавени и одобрени (член 44 став (3)). (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршокот од ставот (1) точки 1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член. (3) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од 20 до 30 дена. (5) За прекршокот од ставот (1) точки 1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член, освен глоба, на физичкото лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од десет до15 дена. 6) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од десет до 15 дена.” Член 9 Членот 53 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршок, ако: 1) не ги исполнува обврските кон своите животни во однос на грижа, обезбедување на услови за задоволување на нивни физиолошки и етолошки потреби и услови на држење (член 5 став (1)); 2) не ги исполнува општите услови кои се однесуваат на живеалиштата, објектите и опремата каде што се сместени животните и нивното влијание на здравјето, благосостојбата, физиолошките и етолошките потреби на животните (член 6); 3) не ги исполнува општите услови кои се однесуваат на хранењето, одгледувањето, размножувањето, негата и користењето на животните и влијанието по здравјето, благосостојбата, физиолошките и етолошките потреби на животните (член 7); 4) не ги применува посебните одредби кои се однесуваат на држење на говеда кои се чуваат за производство на месо, млеко, кожа или кои било други фармски цели (член 8 ставови (2), (3) и (4)); 5) не ги применува посебните одредби кои се однесуваат на држење или одгледување на овци и кози кои се чуваат за производство на месо, млеко, кожа, волна, влакна или кои било други фармски цели (член 9 ставови (2), (3), (4) и (5)); 6) не ги применува посебните одредби кои се однесуваат на држење на свињи кои се чуваат за производство на месо, кожа, влакна, четињи или кои било други фармски цели (член 10 ставови (2), (3), (4), (5) и (6)); 7) не ги применува посебните одредби кои се однесуваат на чување на кокошки несилки (член 11 ставови (2) и (3)); 8) врши експерименти со животински видови кои се сметаат за загрозени (член 13 став (2)); 9) изведува експерименти на животни, доколку за постигнување на таа цел на располагање постои друг научно задоволителен метод за кој не е потребна употреба на животни (член 15 став (1)); 10) изведува експерименти со животни лице кое не е определено за одговорно од надлежниот орган, или лица под директен надзор на одговорните лица за изведување на експерименти (член 16); Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 6 од 8 11) изведува експерименти надвор од објекти во кои вршат експерименти со животни без одобрение од страна на надлежниот орган (член 18 став (6)); 12) користи други видови на животни во извршување на експерименти (член 19 став (1)); 13) постапува спротивно на одредбите од членот 23 од овој закон; 14) не ги исполнува општите услови за време на превоз на животните (член 27 став (1)); 15) сместува животни со различен здравствен статус (член 34 став (4)); 16) не ги поштедува животните од вознемирување кое може да се избегне, болка или страдање за време на пренос, сместување во кланично депо, фиксирање, зашеметување, колење или убивање (член 43 став (3)); 17) животните донесени во кланица за колење не се фиксирани, зашеметени пред колење, веднаш убиени и искрварени (член 44 став (2)); 18) не користи и нема инструменти, опрема за фиксирање, опрема и инсталации за зашеметување и убивање на животните за да се постигне брзо и ефикасно зашеметување и убивање (член 45 став (1)); 19) не применува добра ветеринарна пракса при обезбедување на ветеринарна медицинска грижа, изведување на хируршки операции за кои не постои медицинска индикација и не употребува соодветна целосна или локална анестезија (член 5 став (2)); 20) врши одгледување и снабдува со експериментални животни во објекти кои не се регистрирани од надлежен орган или нивното работење е во спротивност на условите под кои е регистриран објектот (член 17 став (1)); 21) врши експерименти со животни во објекти кои не се регистрирани од надлежен орган или нивното работење е во спротивност на условите под кои е регистриран објектот (член 18 став (1)); 22) користи животни скитници од домашни видови во експериментални цели (член 18 став (4)); 23) не ги исполнува условите за чување на животни во зоолошки градини (член 22); 24) постапува спротивно на одредбите од членот 25 од овој закон; 25) не пополнува патен дневник (член 29 став (4)); 26) не е регистриран (член 30 став (1) точка 1) и не ги исполнува условите за транспорт (член 30 став (2)); 27) врши транспорт на животни со средства за транспорт кои не се прегледани и одобрени (член 31 ставови (1) и (2)); 28) не постапува со животните соодветно, не врши преглед и не ги исполнува барањата од патниот дневник (член 32 ставови (1) и (2)); 29) не постапува според условите кои се однесуваат на операторите во собирните центри (член 33); 30) контролните пунктови не се одобрени од страна на надлежниот орган и не ги исполнуваат условите за одобрување на контролни пунктови (член 34 ставови (1) и (2)) и 31) е употребена конструкција, капацитет и опрема кои функционираат така што нанесуваат болка и страдање на животните (член 44 став (1)). (2) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршокот од ставот (1) точки 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17 и 18 на овој член. (3) Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од 20 до 30 дена. Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 7 од 8 (5) За прекршокот од ставот (1) точки 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17 и 18 на овој член, освен глоба, на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција, привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од десет до15 дена. (6) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од десет до 15 дена.” Член 10 Членот 54 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) поттикнува агресивност на животните против други животни (член 5 став (3)); 2) поттикнува, организира и одржува борби меѓу животните за какви било намени (член 5 став (4)); 3) присилува животни на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност (член 5 став (5)); 4) изврши промени во фенотипот и генотипот на говедата спротивно на одредбите од членот 8 став (5) од овој закон; 5) изврши промени во фенотипот и генотипот на овците и козите спротивно на одредбите од членот 9 став (6) од овој закон и 6) изврши интервенции кои доведуваат до оштетување или до губење на сензитивен дел на телото, или до промена на структурата на коските спротивно на одредбите од членот 10 став (7) од овој закон. (2) Глоба во износ од 12.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (4) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од десет до 15 дена. (5) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече посебна прекршочна мерка одземање на животните и ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од 20 до 30 дена. (6) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече прекршочна санкција привремена забрана за вршење на неговата професија или должност во траење од десет до 15 дена.” Член 11 Подзаконскиот акт од членот 4 од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. По влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот 1 на овој член веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа истиот се објавува на веб страницата на Агенцијата. Член 12 Подзаконските акти предвидени во членовите 3 и 5 од овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од влегувањето во сила на овој закон. Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 8 од 8 Член 13 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, освен одредбите од членот 35 став (4) утврден во членот 3 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат со започнување на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.