Law amending the Law on plant protection products
صدر في 2011 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата здравјето на растенијата.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- plant protection, education, inspection, monitoring, offences/penalties
- الفئات
- agriculture
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА Службен весник на РМ, бр. 17 од 11.02.2011 година Член 1 Во Законот за производи за заштита на растенијата (“Службен весник на Република Македонија ” број 110/2007 и 20/2009), по членот 63 се додаваат два нови наслови и два нови члена 63-а и 63-б, кои гласат: “Постапка за едукација Член 63-а (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство и фитосанитарните инспектори утврди дека за прв пат е сторена неправилност од членовите 78 и 80 а на овој закон е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од 15 дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за земјоделство, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство и фитосанитарните инспектори при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор. (8) Доколку Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство и фитосанитарните инспектори при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочна комисија. (9) Државниот инспекторат за земјоделство води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Квартални извештаи Член 63-б Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државниот инспекторат за земјоделство за извршените контроли изготвува квартални превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 извештаи и ги објавува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на унифициран квартален преглед.” Член 2 Насловот “Прекршочни органи” пред членот 75 и членот 75 се менуваат и гласат: “Прекршочна постапка и постапка за порамнување Член 75 (1) За прекршоците предвидени во членовите 76 и 77 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд, а за прекршоците предвидени во членовите 78, 79, 80 и 80-а од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува прекршочна комисија составена од три члена од кои еден е дипломиран правник со положен правосуден испит при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Пред поднесување барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени во овој закон државниот инспектор за земјоделство и фитосанитарниот инспектор спроведува постапка за порамнување согласно со Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.” Член 3 Членот 76 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 4.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за прекршок, ако: 1) пласира на пазарот производ и други производи кои ги имитираат одобрените производи и други производи (член 3 ставови (1) и (2)); 2) произведува, пласира на пазарот и употребува производи и активни супстанции кои се вклучени во производот на територијата на Република Македонија, кои не се одобрени или за кои не се издадени одобренија (членови 3 ставови (1) и (2) и 26 став (1)); 3) дава неточни податоци или лажни документи во постапката за одобрување на производот или во постапката на стручна контрола и инспекциски надзор (членови 4, 9, 10, 11, 15, 16 и 29); 4) сопственикот на одобрувањето не ги зема предвид условите за декларирање, пакување, пласирање употреба (член 8 став (3)); 5) пласира на пазарот или употребува неодобрени производи во однос на исклучителната дозвола (член 15); 6) декларира, објавува или дава упатства во врска со производи и други производи спротивно на членот 25 од овој закон; 7) пласира на пазарот и употребува производ и други производи кои не се со бандерола - маркица (член 25 став (2)); 8) произведува и складира производи со цел за нивно пласирање на пазарот спротивно на членот 26 став (2) од овој закон; 9) не ја информира Фитосанитарната управа за сите нови податоци за можни опасни (штетни) ефекти на производи или неговите резидуи и не ја известува (член 34); 10) не поседува одобрение за употреба на производ класифициран како многу отровен Т+ (член 35); 11) врши увоз без дозвола или сертификат (член 42 став (1)) и 12) дава погрешен извештај за исправноста на производот врз основа на кој производот или другите производи се повлечени од пласирање на пазарот (член 74). (2) Глоба во износ од 1.300 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот (1) превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 на овој член. (3) На правното лице покрај глоба од ставот (1) на овој член ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на производство и пласирање на пазарот на производи во траење од шест месеца до една година. (4) На одговорното лице во правното лице покрај глоба од ставот (2) на овој член ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на должност во траење од една до две години. (5) За прекршоците од ставот (1) на овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите. ” Член 4 Членот 77 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 2.500 до 4.000 евра во денарска противвредност ке се изрече на правното лице за прекршок, ако: 1) пласира на пазарот или употребува производи спротивно на забраната или ограничувањето од Управата (членови 8 став (3) и 16 ставови (2) и (3)); 2) употребува производи спротивно на дозволата за проширена употреба (член 14); 3) дава доверливи информации спротивно на членот 19 ставови (3) и (4) од овој закон; 4) извршува тестирање на производи во спротивност со дозволата издадена за истражувачки или развојни цели (член 22); 5) пласира на пазарот производ кој не е деклариран, пакуван или означен, вклучувајќи и упатства за употреба и нема бандерола - маркица (член 25); 6) пласира на пазарот и употребува производ и други производи кои се со истечен рок на употреба (член 25 став (3) точка 19); 7) не ги исполнува условите предвидени за стручна квалификација или условите во поглед на опремата (членови 26, 45 и 55); 8) не му овозможува на инспекторот да спроведе непречена инспекција според овој закон или го спречува при тоа, го навредува (напаѓа) или не сака да му ги покаже потребните документи, податоци, или објекти (член 27); 9) не води евиденција и не доставува податоци до Управата (член 27ставови (1) и (2)); 10) употребува производи на непропишан начин (член 36); 11) употребува производи штетни за пчелите и копнените 'рбетници (член 37); 12) врши авиоапликација на производи кои се токсични за пчелите (член 37став (7)) и 13) дава јавни услуги или користи јавно овластување спротивно на договорот (членови 50 и 55). (2) Глоба во износ од 800 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот (1) на овој член. (3) За прекршоците од ставот (1) точки 1, 4, 6, 8, 10, 11 и 12 на овој член покрај глобата на правното лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите.” Член 5 Насловот по членот 77 “Глоба на самото место” се брише. Член 6 Членот 78 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за прекршок, ако: 1) несоодветно употребува производи (член 36 ставови (2) и (6)); превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 2) не води евиденција (членови 36 став (4) и 40); 3) пласира на пазарот опрема која не ги исполнува условите поставени во сертификатот (член 38 став (1)); 4) пласира на пазарот опрема која не поседува сертификат и не е запишана во регистарот (членови 38 и 39) и 5) користи опрема на која не е направено контролно тестирање (член 41став (2)). (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот (1) на овој член.” Член 7 Членот 79 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) употребува неодобрени производи спротивно на исклучителната дозвола (член 15); 2) не му овозможува на инспекторот да спроведе непречена инспекција според овој закон или го спречува при тоа, го навредува (напаѓа) или не сака да му ги покаже потребните документи, податоци или евиденција (член 27); 3) употребува биоагенси спротивно на наведеното одобрение (член 33 став (2)) и 4) употребува производи во спротивност со забраната или ограничувањето (член 37). (2) За прекршоците од ставот (1) на овој член покрај глобата на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите.” Член 8 Насловот пред членот 79 “Глоба на самото место” се брише. Член 9 Членот 80 се менува и гласи: “(1) Глоба во износ од 300 до 600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако: 1) не ја информира Управата за опасни (штетни) ефекти на производи (член 17); 2) дава доверливи информации (член 19 ставови (3) и (4)); 3) пласира на пазарот производи без да биде регистриран за таква активност (член 26 став (1)) и 4) самиот применува многу отровни производи (член 35). (2) За прекршоците од ставот (1) точки 3 и 4 на овој член покрај глобата на физичкото лице ќе му се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на производите.” Член 10 По членот 80 се додава нов член 80-а, кој гласи: “Член 80 - а Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок, ако : 1) не го употребува производот на пропишаниот начин (член 36); 2) несоодветно употребува производи (член 36 ставови (2) и (6)); 3) пласира на пазарот опрема која не ги исполнува условите поставени во сертификатот (член 38 став (1)) и 4) користи опрема на која не е направена контролно тестирање (член 41 ставови (2) и (3)).“ превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 5 Член 11 По членот 89 се додава нов член 89-а, кој гласи: “Член 89-а Подзаконските акти од членот 63-а ставови (2) и (9) на овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.“ Член 12 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за производи за заштита на растенијата. Член 13 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.