تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on pastures

صدر في 2010-03-25 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
grazing, legal proceedings/administrative proceedings, pastoralism, animal production

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 25 март 2010 година. Број 07 – 1395/1 25 март 2010 година С к о п ј е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Ѓорге Иванов, с.р. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Трајко Вељаноски, с.р. Дека преписот е верен на оригиналот тврди: ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Вјекослав Анѓеловски 2 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАСИШТА Член 1 Во Законот за пасишта (“Службен Весник на Република Македонија“ број 3/98, 101/2000, 89/2008 и 105/2009), во членот 7 по ставот 1 се додават три нови става 2, 3 и 4, кои гласат: “Јавниот оглас од ставот 1 на овој член го објавува и спроведува Комисија од пет члена формирана од директорот на Јавното претпријатие за пасишта, во која три члена се од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а два члена од Јавното претпријатие за пасишта. Јавниот оглас ги содржи најмалку следниве податоци: површина во хектари што се дава под закуп, максималната површина во хектари што може да ја добие еден понудувач, критериуми за избор на најдобар понудувач, катастарски податоци содржани во имотниот, односно поседовниот лист, службености и други товари на земјиштето, времето на кое се дава, состојба во која се наоѓа пасиштето, почетна цена по еден хектар и рок за поднесување на понудите. Против одлуката за давање на користење на пасиштата во државна сопственост која ја донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог на Комисијата од ставoт 2 на овој член, незадоволниот понудувач има право во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката да поведе управен спор пред надлежниот суд." Во ставот 5 кој станува став 7 зборовите: “Јавното претпријатие за пасишта“ се заменуваат со зборовите: “На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Македонија“. Член 2 Во членот 8 став 2 бројот “10“ се заменува со бројот “5“. По ставот 3 се додаваат два нови става 4 и 5, кои гласат: “Договорот од ставот 1 на овој член може да се продолжи под услов ако корисникот во целост ги исполнил обврските од договорот и поднесе барање најдоцна 45 дена пред истекувањето на договорот. По барањето директорот на Јавното претпријатие за пасишта, најдоцна во рок од 30 дена пред истекот на договорот, може да го продолжи важењето на договорот за уште пет години со анекс на договорот. Исполнувањето на условот од ставот 4 на овој член го утврдува Комисијата од членот 7 став 2 на овој закон.“ Член 3 Договорите за користење на пасишта склучени пред влегувањето во сила на овој закон, продолжуваат да важат до истекот на рокот утврден во договорот. 3 Постапките за давање на користење на пасиштата започнати пред влегувањето во сила на овој закон ќе завршат согласно со одредбите од овој закон. Член 4 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен Весник на Република Македонија“.

Law amending the Law on pastures · Nelum