تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on organic farming

صدر في 2011-04-11 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
ecological production/organic production, processing/handling, packaging/labelling, offences/penalties

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за органско земјоделско производство, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 април 2011 година. Број 07 - 2010/1 11 април 2011 година С к о п ј е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Ѓорге Иванов, с.р. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Трајко Вељаноски, с.р. Дека преписот е верен на оригиналот тврди: ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Вјекослав Анѓеловски 2 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНOT ЗА ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО Член 1 Во Законот за органско земјоделско производство (“Службен весник на Република Македонија“ број 146/2009), по членот 2 се додава нов член 2-а, кој гласи: “Член 2-а Во постапката за инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекцискиот надзор и Законот за Државен инспекторат за земјоделство, доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 2 Во членот 3 точката 13 се менува и гласи: “13. „Етикетирање“ е збор, трговски знак, заштитен знак, илустриран опис или симбол кој се поврзува или поставува на секое пакување, документ, известување, етикета, плочка, приклучно прстенче или ременче кои го придружуваат или се однесуваат на производот;“. Точката 19 се менува и гласи: “19. „Национална ознака за органски производ“ е ознака со која се означуваат органските производи;“. По точката 19 се додаваат две нови точки 19-а и 19-б, кои гласат: „19-а. „Национална ознака за органски производ во преод“ е ознака со која се означуваат органските производи во преоден период; 19-б. „Код“ е референтен број кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го доделува на овластените контролни/сертификациски тела;“. Член 3 Во членот 9 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Финансиската поддршка од ставот (1) на овој член се реализира преку договор или изјава.“ Член 4 Во членот 16 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: “(2) За да може семенскиот и саден материјал да се употреби во органското растително производство е потребно субјектот кој произведува семенски и саден материјал да биде запишан во Регистарот на снабдувачи на семенски и саден материјал кој го води Управата за семе и саден материјал и да поседува сертификат од страна на контролното/сертификациското тело.” Ставот (2) станува став (3). Ставот (3) кој станува став (4) се менува и гласи: “(4) Министерството врз основа на годишните извештаи од контролните/сертификациските тела на интернет страницата на Министерството објавува годишна листа на репродуктивен растителен материјал од органското растително производство.“ Ставот (4) станува став (5). Член 5 Во членот 18 став (1) алинејата 3 и ставот (2) се бришат. 3 Ставот (3) кој станува став (2) се менува и гласи: „(2) Постапките за собирање, пакување, превоз и складирање на органски производи поблиску ги пропишува министерот.“ Член 6 Во членот 22 ставот (3) се менува и гласи: „Клонирање и ембрио-трансфер не се употребуваат како форми на вештачко размножување .“ Член 7 Во членот 23 став (13) точката на крајот на реченицата се брише и се додаваат зборовите: „за време од најмалку три месеци за говеда, 45 дена за овци и кози и 40 дена за прасиња“. Во ставот (15) алинеја 1 процентот “60%“ се заменува со процентот “100%“. Член 8 Во членот 24 ставот (5) се брише. Ставовите (6), (7), (8), (9) стануваат ставови (5), (6), (7) и (8). Член 9 Во членот 25 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Се забранува сточарско производство доколку субјектот не управува со земјоделска површина и/или нема склучено договор за соработка со други субјекти кои се придржуваат кон правилата за органско производство, со цел да се обезбеди добиточна храна или да се проследи вишокот на ѓубре.“ Ставот (2) кој станува став (3) се менува и гласи: „(3) Добитокот треба да има постојан пристап до отворени површини, по можност пасишта, кога тоа го дозволуваат временските услови и состојбата на почвата, а бројот на животни треба да биде ограничен заради минимизирање на прекумерното пасење, раскалување на почвата, ерозија или загадување предизвикано од животните или од расфрлање на нивното ѓубре.“ Ставот (3) станува став (4). Член 10 Во членот 31 по ставот (11) се додава нов став (12), кој гласи: „(12) Правилата за одгледување на водни животни ги пропишува министерот.“ Член 11 Во членот 32 по ставот (6) се додава нов став (7) ,кој гласи: „(7) Начинот на исхрана на животните од ставот (1) на овој член се пропишани со прописот од членот 31 став (12) на овој закон.“ Член 12 Во членот 33 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Начинот на спречување од појава на болести и ветеринарен третман кај водните животни се пропишани со прописот од членот 31 став (12) на овој закон.“ Член 13 Во членот 34 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Средствата за чистење и дезинфекција кои дополнително се употребуваат при одгледувањето на водни животни се пропишани со прописот од членот 31 став (12) на овој закон.“ 4 Член 14 Во членот 36 став (3) зборовите: „за одредено земјиште е издадена потврда согласно со членот 18 став (1) од овој закон, како и во други случаи во кои“ се бришат. Член 15 Во членот 39 став (2) точката а) се менува и гласи: „органски преработена храна содржи најмалку 95% состојки од земјоделско потекло кои се органски, при што во процесот на анализа додадената вода и готварска сол не се земаат предвид;“. Точката б) се менува и гласи: „во органската преработена храна дозволена е употребата на додатоци, помошни средства при преработката, додатоци за вкус и мирис, вода, сол, подготовки од микроорганизми и ензими, минерали, елементи во трагови, витамини, како и аминокиселини и други микрохранливи состојки во прехранбените производи за одредени хранливи вредности наведени во Листата на производи и супстанции кои се користат во процесот на производство на органски преработена храна.“ Член 16 Во членот 41 алинејата 7 се менува и гласи: „- кога употребата на додатоци во храната и на други материи која е утврдена во членот 39 став (2) точка б) од овој закон и кои се наоѓаат на Листата на производи и супстанции кои се користат во процесот на производство на органски преработена храна и Листата на додатоци во добиточната храна и други материи кои се користат во исхраната на животните е неопходна, а тие материи се недостапни на пазарот, се користат состојки кои се наоѓаат на Листата на состојки кои не биле произведени според принципите на органското земјоделство.“ Член 17 Насловот на Главата VI се менува и гласи: „ЕТИКЕТИРАЊЕ И ПРОМЕТ“. Член 18 Во членот 42 став (1) зборот „ознаката“ се заменува со зборот „етикетирање”. Ставот (2) се менува и гласи: „Употребата на слични термини, независно дали се работи за суровина или готов производ во процесот на производство на храна или добиточна храна од домашно потекло и производство, термините "еко", "био" и "еколошки" и сите префикси, суфикси, кратенки или нивни комбинации и сите термини изведени од терминот органско кои можат да го доведат во заблуда потрошувачот по прашање на видот на производството е забранета.“ Член 19 Во насловот на членот 43 зборот „Означување“ се заменува со зборот „Етикетирање”. Во членот 43 став (1) воведната реченица се менува и гласи: „Со етикетирање согласно со членот 42 став (1) од овој закон се означува:“. Во ставот (2) зборовите: „Ознаката од членот 42 став (1) на овој закон“ се заменуваат со зборот „Етикетирање“. Во ставот (3) зборот „означување“ се заменува со зборот „етикетирање”. 5 Член 20 Во насловот на членот 44 по зборовите: „во преод“ се додаваат зборовите: “и специфичности за етикетирање“. Член 21 Во членот 44 ставот (1) се менува и гласи: „Националната ознака за органски производ и националната ознака за производ во преод, задолжително се наоѓа на етикетата на секој од производите кои се произведени во согласност со одредбите на овој закон. На етикетата задолжително се наоѓа и број на кодот на контролното/сертификациско тело од членот 50 став (4) на овој закон и земја на потекло со список на состојки (декларација).” Член 22 По членот 45 се додава нов член 45-а, кој гласи: „Промет Член 45-а (1) Органските производи кои се пуштаат во промет мора да бидат во согласност со одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Органските производи можат да се пуштат во промет само доколку за истите е издаден сертификат согласно со членот 48 став (2) или 51-а став (2) од овој закон. (3) Органските производи кои се пуштаат во промет треба да бидат означени согласно со членот 44 од овој закон.“ Член 23 Во членот 46 по ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат: „(3) Стручна контрола се врши на секој субјект кој произведува, подготвува, складира, увезува, ракува или пушта во промет органски производи или органски производи во преод. На стручна контрола не подлежат објектите кои продаваат производи директно на крајните потрошувачи или корисници кои немаат централен склад и не вршат сопствена дистрибуција на органските производи или производите во преод, доколку тие не произведуваат и не подготвуваат органски производи. (4) Стручната контрола се врши врз основа на процена на ризикот од појавување на неправилности во однос на барањата од овој закон. Субјектите од ставот (3) на овој член се предмет на стручната контрола најмалку еденаш годишно.“ Ставот (3) станува став (5). Член 24 По членот 47 се додава нов член 47-а, кој гласи: „Мерки во случај на неправилности Член 47-а (1) Кога ќе се откријат одредени неправилности, контролното/сертификациско тело му определува корективни мерки на субјектот во поглед на продавањето и рекламирањето производи со ознаки и етикета согласно со членот 44 од овој закон кои треба да ги преземе во определен рок во зависност од видот на неправилноста. (2) Информации за утврдените неправилности кои влијаат врз органскиот статус на производот веднаш се разменуваат меѓу контролните/сертификациски тела, Министерството и Државниот инспекторат за земјоделство. Нивото на известување зависи од сериозноста и обемот на откриените неправилности.“ 6 Член 25 Во членот 48 ставот (2) се менува и гласи: „Контролното/сертификациско тело кое врши стручна контрола води и чува евиденција за субјектите и врз основа на податоците од евиденцијата и контролата, издава сертификати дека производот, процесот на производство, подготовката или пуштањето во промет на истиот е во согласност со правилата и постапките утврдени со овој закон.“ По ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат: „(3) Формата, содржината и образецот на сертификатите од ставот (2) на овој член, како и на евиденцијата која ја водат субјектите ги пропишува министерот. (4) На барање на субјектот, контролното/сертификациско тело издава сертификат за извоз на органски земјоделски производи.“ Ставот (3) кој станува став (5) се менува и гласи: „(5) Субјектите и контролното/сертификациско тело се должни да водат и ја чуваат евиденцијата за производството, подготовката, пуштањето во промет, увозот и извозот на органски производи, како и за извршените контроли.“ Член 26 Во членот 50 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Со решението од ставот (1) на овој член овластените контролните/сертификациски тела добиваат код од страна на Министерството кој содржи акроним за земјата согласно со меѓународниот стандард за кодовите на земјите ISO 3166 од две букви (МК), термин кој претставува упатување на органскиот начин на производство (ОРГ) и референтен број одреден од Министерството.“ Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (5) и (6). Ставот (6) кој станува став (7) се менува и гласи: „(7) Против решението од ставовите (5) и (6) на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.“ По ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: „(8) Министерството и Институтот за акредитација на Република Македонија разменуваат информации кои се однесуваат на акредитацијата на контролните/сертификациски тела.“ Член 27 По членот 51 се додава нов став 51-а, кој гласи: „Сертификација на производи од увоз Член 51-а (1) Субјектот мора да ги пријави увезените органски производи на контролното/сертификациско тело за докажување на сообразноста на увезените производи со одредбите и прописите донесени врз основа на овој закон. (2) Субјектот кој увезува производи со органско потекло не смее да ги пушти во промет производите за кои контролното/сертификациско тело нема издадено сертификат за сообразност на производство на органски производи со земјата увозник. (3) Трошоците за издавањето на сертификатот се во висина на стварно направените трошоци и се на товар на субјектот. (4) Формата, содржината и образецот на серификатот од ставот (2) на овој член, како и начинот на издавањето и пропратната документација која ја придружува пратката со производи со органско потекло ги пропишува министерот.“ 7 Член 28 Во членот 52 ставот (2) се менува и гласи; „Инспекциски надзор врши Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство и државните фитосанитарни инспектори и Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари.“ Во ставот (3) зборовите: „граничен премин или друго место определено или одобрено од царинскиот орган“ се бришат. Член 29 По членот 52 се додава нов член 52-а, кој гласи: „Член 52-а (1) Заради отстранување на утврдените неправилности, државниот инспектор за земјоделство, односно државниот фитосанитарен инспектор или официјалниот ветеринар има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот; 3) привремено да му забрани вршење на дејност, професија или должност; 4) привремено да му одземе предмети и средства со кои е сторено кривично дело или прекршокот во согласност со закон; 5) да му поднесе барање за поведување прекршочна постапка и 6) да му поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка. (2) Заради отстранување на утврдените недостатоци инспекторот може да врши и други овластувања и одговорности во согласност со овој закон.“ Член 30 Во членот 53 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Ако при вршење на надзорот официјалниот ветеринар утврди непочитување на одредбите од членовите 24, 26, 27 и 33 на овој закон со решение ќе наложи отстранување на недостатоците во определен временски рок.“ Ставот (3) кој станува став (4) се менува и гласи: „(4) Доколку при административната контрола како и при спроведениот инспекциски надзор, Државниот инспекторат за земјоделство ќе утврди дека производите кои доаѓаат од увоз не ја исполнуваат сообразноста на органските производи согласно со овој закон ќе издаде решение за предекларирање на производот.“ Ставот (4) кој станува став (5) се менува и гласи: „(5) Доколку субјектот не постапи согласно со решението од ставот (3) на овој член, инспекторот привремено ќе ги одземе производите како и амбалажата за пакување на производот во постапка согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство.“ Ставот (5) кој станува став (6) се менува и гласи: „(6) Трошоците од ставот (5) на овој член се на товар на субјектот.“ Ставот (6) кој станува став (7) се менува и гласи: „(7) Против решението од ставот (3) на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку инспекторот до комисија за жалби формирана согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство.“ По ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: „(8) Против решението од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението преку инспекторот до комисија за жалби 8 формирана од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Законот за безбедност на храна.“ Во ставот (7) кој станува став (8) запирката и зборовите: „освен ако со него може да настане материјална штета која не може да се надомести“ се бришат. Член 31 Членот 56 се менува и гласи: „Постапка за едукација Член 56 (1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор за земјоделство ќе утврди дека е сторена неправилност од членовите 58-б точки 1, 3, 4, 5 и 6 и 59-б точки 1, 3, 4 и 5, односно официјалниот ветеринар утврди дека е сторена неправилност од членовите 58-б точка 2 и 59-б точка 2 на овој закон по прв пат, државниот инспектор за земјоделство, односно официјалниот ветеринар е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. (2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот. (3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за земјоделство во рок не подолг од 15 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. (4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или за повеќе субјекти. (5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена. (6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. (7) Доколку државниот инспектор за земјоделство, односно официјалниот ветеринар при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор. (8) Доколку државниот инспектор за земјоделство, односно официјалниот ветеринар при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, по спроведувањето на постапката за порамнување поднесува барање за поведување прекршочна постапка пред прекршочната Комисија формирана согласно со Законот за Државен инспекторат за земјоделство. (9) Државниот инспекторат за земјоделство, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот.“ Член 32 По членот 56 се додава нов член 56-а, и кој гласи: “Квартален извештај 56-а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за извршениот инспекцииски надзор од страна на Државниот инспекторат за земјоделство на својата интернет страница објавува квартален извештај.” 9 Член 33 Насловот на Главата IX се менува и гласи: „ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА И ПОСТАПКА ЗА ПОРАМНУВАЊЕ“. Член 34 Членот 58 се менува и гласи: „Прекршочни одредби Член 58 (1) Глоба во износ од 3.000 евра до 5.000 евра во денарска противредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) употребува ГМО во органско производство (член 12); 2) употребува производи и супстанции, препарати, ѓубриња и производи за заштита на растенија кои не се дозволени за употреба во органското производство (член 15); 3) употребува семенски и саден материјал од неорганско потекло на кој е спроведен третман со производи за заштита на растенија кои не се дозволени средства за употреба во органско земјоделско производство, како и употребува средства за чистење и дезинфикација кои не се дозволени за употреба на органско земјоделско производство (член 16); 4) за производство на печурки користи супстрати спротивно на членот 17 од овој закон; 5) не ги исполнува условите од членот 32 на овој закон; 6) не ги исполнува условите од членот 35 на овој закон; 7) постапува спротивно на одредбите од членот 45 на овој закон; 8) пушта во промет производи спротивно на члетн 45-а на овој закон; 9) постапува спротивно на одредбите од членот 47 на овој закон; 10) не ги почитува одредбите од членот 47-а на овој закон; 11) увезува органски производи спротивно на членот 51 од овој закон и 12) не ги почитува одредбите од членот 51-а на овој закон. (2) Глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена.“ Член 35 По членот 58 се додава нов член 58-а, коj гласи: „Член 58-а (1) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) употребува јонизирачко зрачење за третман на органска или добиточна храна или суровини кои се употребуваат во органска или добиточна храна (член 13); 2) собира самоникнати растенија и нивни делови спротивно на (член 18); 3) не ги почитува правилата за одгледување и условите за сместување на животните (член 21); 4) не се почитуваат правила за исхрана на добиток во органско производство (член 23); 10 5) добитокот со органски статус не го чува одделно од останатиот добиток (член 25); 6) не се почитуваат услови за органско пчеларско производство (член 28); 7) постапува спротивно на одредбите од членот 29 на овој закон; 8) употребува подмладок од водни животни кои не потекнуваат од органска производна единица (член 30); 9) за чистење и дезинфекција користи средства кои не се наоѓаат на Листата од членот 34 на овој закон; 10) не ја запазува постапката за премин од редовно во органско земјоделско производство (член 36); 11) не се почитуваат општите правила за производство на преработена добиточна храна (член 38); 12) не се почитуваат општите правила и постапки во процесот на подготовување на храна (член 39); 13) не се почитуваат правилата за производство и употреба на органски квасец (член 40); 14) неовластено употребува термини кои се однесуваат на органско земјоделско производство (член 42); 15) етикетира производи спротивно на членот 43 од овој закон; 16) постапува спротивно на членот 44 од овој закон; 17) не го почитува начинот и постапката за вршење на стручна контрола во органското производство (член 46) и 18) постапува спротивно на членот 48 став (2) од овој закон. (2) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член. (3) За прекршокот од ставот (1) на овој член, освен глоба, на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена.“ Член 36 По членот 58-a се додава нов член 58-б, коj гласи: „Член 58-б (1) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако: 1) не се почитуваат правилата за размножување (член 22); 2) не ги евидентира сите лекувани болни животни спортивно на членот 24 став (4) од овој закон; 3) не се почитуваат правилата од членот 31 на овој закон; 4) не води и не ја чува евиденцијата за субјектите (член 48 став 5); 5) субјектите не водат и не ја чуваат евиденцијата за своето производство (член 48 став 6) и 6) не постапува по решение на инспекторот спротивно на членот 53 ставови (1), (2) и (3) од овој закон. (2) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.“ Член 37 Членот 59 се менува и гласи: “Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) употребува ГМО во органско производство (член 12); 11 2) употребува производи и супстанции, препарати, ѓубриња и производи за заштита на растенијата кои не се дозволени за употреба во органското производство (член 15); 3) употребува семенски и саден материјал од неорганско потекло на кој е спроведен третман со производи за заштита на растенија кои не се дозволени средства за употреба во органско земјоделско производство, како и употребува средства за чистење и дезинфикација кои не се дозволени за употреба на органско земјоделско производство (член 16); 4) за производство на печурки користи супстрати спротивно на членот 17 од овој закон; 5) не ги исполнува условите од членот 35 на овој закон; 6) етикетира производи спротивно на членот 43 од овој закон; 7) постапува спротивно на членот 44 од овој закон; 8) постапува спротивно на одредбите од членот 45 на овој закон; 9) пушта во промет производи спротивно на членот 45-а од овој закон и 10) не го почитува начинот и постапката за вршење на стручна контрола во органското производство (член 46).“ Член 38 По членот 59 се додава нов член 59-а, коj гласи: „Член 59-а Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) употребува јонизирачко зрачење за третман на органска или добиточна храна или суровини кои се употребуваат во органска или добиточна храна (член 13); 2) собира самоникнати растенија и нивни делови спротивно на членот 18 од овој закон; 3) не ги почитува правилата за одгледување и условите за сместување на животните (член 21); 4) не се почитуваат правила за исхрана на добиток во органско производство (член 23); 5) добитокот со органски статус не го чува одделно од останатиот добиток (член 25); 6) не се почитуваат условите за органско пчеларско производство (член 28); 7) постапува спротивно на одредбите од членот 29 на овој закон; 8) употребува подмладок од водни животни кои не потекнуваат од органска производна единица (член 30); 9) не се почитуваат правилата од членот 31 на овој закон; 10) не ги исполнува условите од членот 32 на овој закон; 11) за чистење и дезинфекција користи средства кои не се наоѓаат на Листата од (член 34); 12) не ја запазува постапката за премин од редовно во органско земјоделско производство (член 36); 13) не се почитуваат општите правила за производство на преработена добиточна храна (член 38); 14) не се почитуваат општите правила и постапки во процесот на подготовување на храна (член 39) и 15) неовластено употребува термини кои се однесуваат на органско земјоделско производство (член 42).“ 12 Член 39 По членот 59-a се додава нов член 59-б, коj гласи: „Член 59-б Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице, ако: 1) не се почитуваат правилата за размножување (член 22); 2) не ги евидентира сите лекувани болни животни спортивно на членот 24 став (4) од овој закон; 3) не се почитуваат правилата за производство и употреба на органски квасец (член 40); 4) субјектите не водат и не ја чуваат евиденцијата за своето производство на органски производи (член 48, став 5); 5) не постапува по решение на инспекторот спротивно на членот 53 ставови (1) и (2) од овој закон.“ Член 40 Во членот 60 зборовите: „член 58 и 59“ се заменуваат со зборовите: „членовите 58, 58-а, 58-б, 59, 59-а и 59-б“. Член 41 Одредбите од членовите 1, 29 и 30 на овој закон ќе започнат да се применуваат со започнувањето на примената на Законот за инспекцискиот надзор. Член 42 Одребите на членот 26 со кој се менува членот 50 став (7) од овој закон ќе започнат да се применуваат по започнувањето со примената на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Член 43 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Law amending the Law on organic farming · Nelum