Law amending the Law on inland waterways
صدر في 2014-02-25 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Water
- الكلمات المفتاحية
- inland waters, education, navigation
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година 20140421216 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 25 февруари 2014 година. Бр. 07-1202/1 25 февруари 2014 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законoт за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ број 55/2007, 26/2009, 22/10,23/11, 53/11, 155/12, 15/13, 137/13 и 163/13), во членот 68 став 5 во првата реченица по зборовите: „регистарска ознака“ се додаваат зборовите: „и ознака за идентификација“, а во втората реченица по зборовите: „Регистарската ознака“ се става запирка и се додаваат зборовите: „ознаката за идентификација“. По ставот 5 се додава нов став 6, кој гласи: „Ознаката за идентификација ја втиснува Капетанијата на пристаништата.“ Ставовите 6, 7, 8 и 9 стануваат ставови 7, 8, 9 и 10. Член 2 По членот 69 се додаваат два нови члена 69-а и 69-б, кои гласат: “Член 69-а Физички и правни лица кои совесно владеат и користат на територијата на Република Македонија пловни објекти - чамци, а кои не поднеле барање за прв упис на чамецот заради не располагање со доказ утврден во членот 69 став 2 алинеја 1 од овој закон, можат до Капетанијата да поднесат барање за прв упис на чамецот, со доставување на решение за утврдување на сопственички статус на пловен објект - чамец. 1 од 4 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година Член 69-б Утврдувањето на сопственичкиот статус на пловниот објект - чамец (во натамошниот текст: легализација), се покренува со поднесување на предлог за легализација на пловен објект - чамец до месно и стварно надлежен суд, според местото каде што се наоѓа живеалиштето на подносителот на предлогот за легализација. Предлогот за легализација од ставот 1 на овој член содржи идентификациски податоци марка, тип, број на шасија и мотор и година на производство на чамецот, како и причините поради кои се поднесува предлогот. Кон предлогот за легализација од ставот 1 на овој член се приложува изјава заверена на нотар од подносителот на барањето, во која подносителот под целосна материјална и кривична одговорност изјавува дека совесно го владеел чамецот и дека за истиот не се води друга постапка пред надлежен суд. Кон предлогот за легализација од ставот 1 на овој член, подносителот ќе ги приложи сите расположиви документи (фактура за плаќање, договор за купопродажба и слично) кои ги поседува за чамецот. По поднесениот предлог за легализација од ставот 1 на овој член, судот во рок од три дена го известува Министерството за транспорт и врски - Капетанија на пристаништата, со барање во рок од 24 часа, преку истакнување на истиот на веб страницата на Министерството за транспорт и врски и на огласна табла на капетанијата, да ја информира јавноста и заинтересираните лица за поднесениот предлог. Објавувањето на известувањето од судот трае 30 дена од денот на објавувањето на предлогот за легализација. Доколку по истекот на рокот од ставот 6 на овој член, заинтересирано лице писмено до судот не се обрати со докажување на својот правен статус, судот во рок од 15 дена ќе донесе решение за легализација - утврдување на сопственички статус на пловниот објект чамец. Доколку во рокот утврден во ставот 6 на овој член се јави заинтересирано лице, кое ќе го докаже својот правен интерес, судот со решение ќе ги упати учесниците во определен рок, не подолг од 15 дена од денот на донесувањето на решението да поведат парнична постапка. Ако заинтересираното лице во рок од 15 дена не поведе парнична постапка, тогаш постапката за легализација ќе продолжи. Против решението од ставовите 7 и 8 на овој член е дозволена жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението. Ако во рокот од ставот 9 на овој член не биде поднесена жалба решението станува правосилно.” Член 3 Во членот 288 по ставот 1 се додаваат два нови става 2 и 3, кои гласат: “Капетанијата на пристаништата има знак за обележување - лого. Формата, содржината и начинот на истакнување на логото на Капетанијата на пристаништата ги пропишува министерот за транспорт и врски.” Член 4 Во членот 289 став 2 по зборовите: „Владата на Република Македонија“ се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. По ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4 кои гласат: „Капетанот на Капетанијата на пристаништата се именува врз основа на јавен оглас кој се објавува во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го 2 од 4 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. За капетан на Капетанијата на пристаништата може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа: 1 ) е државјанин на Република Македонија; 2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 4) има минимум пет години работно искуство и три години работно искуство на раководно место; 5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и 6) има положено психолошки тест и тест за интегритет.“ Член 5 Ознаката за идентификација од членот 1 од овој закон, физичките и правни лица на веќе изградените чамци до денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни да ја втиснат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 6 Физичките и правните лица од членот 2 од овој закон, предлогот за легализација на пловен објект - чамец, можат да го поднесат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 7 Физичките и правните лица од членот 2 од овој закон, барањето за прв упис на чамецот можат да го поднесат во рок од шест месеци од денот на донесувањето на решението за легализација - утврдување на сопственички статус на пловниот објект - чамец. Член 8 Подзаконскиот акт предвиден со овој закон ќе се донесе во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 9 Капетанот на Капетанијата на пристаништата именуван до денот на започнувањето со примената на членот 4 од овој закон продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван. Член 10 Одредбите на членoт 4 од овој закон ќе започнат да се применуваат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен одредбите кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик кои ќе започнат да се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. 3 од 4 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година Член 11 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за внатрешната пловидба. Член 12 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 4 од 4 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk