Law amending the Law on inland waterways
صدر في 2014-11-10 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Water
- الكلمات المفتاحية
- inland waters, navigation, education, legal proceedings/administrative proceedings
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 166 од 12.11.2014 година 20141665152 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, што Собранието на Република Македонија го доне-се на седницата одржана на 10 ноември 2014 година. Бр. 07- 4227/1 10 ноември 2014 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, д-р орге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНАТА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија” брoj 55/2007, 26/2009, 22/2010, 23/2011, 53/2011, 155/2012, 15/2013, 137/2013, 163/2013 и 42/2014), по членот 70-и се додава нов член 70-ј, кој гласи: “Член 70-ј Прашањата од првиот дел (теоретски дел) од испитот за стекнување звање управувач на чамец ги верификува комисија, формирана од министерот за транспорт и врски. Комисијата од став 1 на овој член е составена од стручни лица кои ги познаваат прописите од областа на внатрешната пловидба. Комисијата врши и ревизија и ажурирање на прашањата, најмалку еднаш годишно.” Член 2 Во членот 74-а став 3 се менува и гласи: „Испитот за стекнување звање за член на екипаж на брод се полага во Капетанијата пред стручна комисија, која на предлог на капетанот на Капетанијата ја формира министерот за транспорт и врски. Комисијата е составена од од претседател и четири члена. Претседател и член на испитната комисија може да биде лице со соодветна стручност согласно со тематските области од програмата за полагање испит за стекнување одделен вид на звање за член на екипаж на брод пропишана со подзаконскиот акт од став 8 на овој член, или со најмалку стекнато звање за кое се полага испитот.“ 1 од 2 www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 166 од 12.11.2014 година По ставот 3 се додава нов став 4 кој гласи: „Доколку во Република Македонија нема лице со стекнато соодветно звање за кое се организира полагањето на испитот, како член на комисијата од став 3 на овој член, може да биде именувано лице кое е странски државјанин. Странскиот државјанин е должен да достави доказ за стекнато соодветно звање, преведено на македонски јазик од овластен судски преведувач и изјава заверени на нотар со која под целосна материјална и кривична одговорност изјавува дека ќе работи совесно и во согласност со позитивните законски прописи на Република Македонија.” Ставовите 4, 5, 6, 7 и 8 стануваат ставови 5, 6, 7, 8 и 9. Член 3 По членот 74-ѕ се додава нов член 74-и, кој гласи: “Член 74-и Прашањата од првиот дел (теоретски дел) од испитот за стекнување звање за член на екипаж на брод, ги верификува комисија формирана од министерот за транспорт и врски. Комисијата од ставot 1 на овој член е составена од стручни лица кои ги познаваат прописите од областа на внатрешната пловидба. Комисијата врши и ревизија и ажурирање на прашањата, најмалку еднаш годишно.“ Член 4 Комисиите предвидени со овој закон ќе се формираат во рок од 30 дена од влегувањето во сила на овој закон. Член 5 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за внатрешната пловидба. Член 6 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија, а ќе започне да се применува со денот на примената на членовите 1 и 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ брoj 163/13). 2 од 2 www.pravdiko.mk