تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on inland waterways

صدر في 2011-02-22 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Закон за изменување и дополнување на Законa за внатрешната пловидба.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Water
الكلمات المفتاحية
inland waters, inspection, navigation

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година 2011023568 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВНАТРЕШНА ПЛОВИДБА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 22 февруари 2011 година. Бр. 07- 1008/1 Претседател 22 февруари 2011 година на Република Македонија, Скопје орге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗA ВНАТРЕШНА ПЛОВИДБА Член 1 Во Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ број 55/2007, 26/2009 и 22/10), по членот 5 се додава нов член 5-а, кој гласи: „Член 5-а Во постапката при вршење инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите од Законот за инспекцискиот надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 2 Во членот 30 точка 1 зборот “овластено” се заменува со зборот “признато”. Член 3 Во членот 45 зборот “овластено” се брише. Член 4 Во членот 53 став 1 зборот “правно“ се брише. Член 5 По членот 291 се додава нов член 291-а, кој гласи: 1 од 3 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година „Член 291-а За работата на инспекторите за внатрешна пловидба министерот за транспорт и врски донесува годишна програма и изготвува месечни планови за работа на инспекторите за внатрешна пловидба. Министерот за транспорт и врски за работата на инспекторите за внатрешна пловидба, најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година доставува годишен извештај до Владата на Република Македонија.“ Член 6 Членот 299-а се менува и гласи: “Против решението на инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. По жалбата против решението на инспекторот од ставот 1 на овој член одлучува посебна комисија при Министерството за транспорт и врски составена од три члена именувани од министерот за транспорт и врски. Претседателот на комисијата е лице од редот на раководни државни службеници од Министерството за транспорт и врски кое не учествувало во постапката за вршење на инспекциски надзор. Членовите на комисијата се со високо образование од правна или техничка струка со најмалку три години работно искуство. Комисијата од ставот 2 на овој член одлуката по жалбата треба ја донесе во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата. Жалбата од ставот 1 на овој член не го одлага извршувањето на решението.” Член 7 По членот 299-б се додаваат два нови члена 299-в и 299-г, кои гласат: „Член 299-в Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба утврди дека по прв пат е сторена неправилност од членовите 17 став 2, 19 став 2, 20 став 2, 21 став 2, 67-ѓ ставови 1 и 3 и 69 став 3 на овој закон , е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на истата во рок од 15 дена со истовремено врачување на покана за спроведување на постапка за едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведувањето на постапката на едукацијата ги пропишува министерот за транспорт и врски. Едукацијата ја организира и спроведува инспекторот за безбедност за внатрешната пловидба, во рок не подолг од осум дена од денот на извршениот инспекциски надзор. Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата ,ќе се смета дека едукацијата е спроведена. Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. Доколку инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба при спроведувањето на контролниот инспекциски надзор утврди дека се отстранети констатираните неправилности од ставот 1 на овој член ќе донесе заклучок за запирање на постапката за инспекциски надзор. 2 од 3 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 23 од 24.2.2011 година Доколку инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба при вршењето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд. Министерството за транспорт и врски води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот за транспорт и врски. Член 299-г Министерството за транспорт и врски за извршениот инспекциски надзор од страна на инспекторите за безбедност во внатрешната пловидба е должно на својата интернет страница да објавува квартални извештаи.“ Член 8 Во членовите 301 став 1 алинеја 14 и 303 став 1 алинеја 14 зборовите: „овластено правно лице“ се заменуваат со зборовите: „признато здружение за класификација“. Член 9 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 10 Одредбите од членовите 5-а, 291-а и 299-а на овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето на примената на Законот за инспекциски надзор. Член 11 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. 3 од 3 www.pravdiko.com

Law amending the Law on inland waterways · Nelum