Law amending the Law on identification and registration of animals
صدر في 2016-03-15 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на законот за идентификација и регистрација на животните.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- registration, offences/penalties, marking/identification, animal production
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 1 од 2 20160531347 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 15 март 2016 година. Бр.08-1688/1 Претседател 15 март 2016 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ЖИВОТНИТЕ Член 1 Во Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија" број 95/12, 27/14 и 149/14), во членот 26 став (2) се менува и гласи: „Во прилог на барањето од членот 25 став (3) од овој закон одгледувачите од ставот (1) на овој член треба да достават-доказ за сопственост на одгледувалиштето или доказ за право на користење на одгледувалиштето.“. Ставовите (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17) и (18) се бришат. Член 2 Во членот 28 став (2) се менува и гласи: „Во прилог на барањето од членот 27 став (2) од овој закон правните лица од ставот (1) на овој член треба да достават документ за тековна состојба од Централен Регистар на Република Македонија.“. Ставот (3) се менува и гласи: „Овластеното службеното лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност го прибавува документот од ставот (2) на овој член во рок од три дена од денот на поднесувањето на барањето од надлежен јавен орган.“. Ставот (4) се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 2 од 2 „Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараниот документ од ставот (3) на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.“. Ставовите (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17) и (18) се бришат. Член 3 По членот 37 се додава нов член 37-а, кој гласи: „Член 37-а (1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице од Агенцијата ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврден во членот 28 став (3) од овој закон. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите ако не ги достави бараните докази во рокот утврден во членот 28 став (4) од овој закон. (3) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од Агенцијата ако не реши по барањето во рокот утврден во членовите 26 став (1) и 28 став (1) од овој закон. (4) За прекршоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.“. Член 4 Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 5 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15).