Law amending the Law on food safety
صدر في 2016-02-23 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, registration, packaging/labelling, special dietary uses, offences/penalties, nutrition
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 1 од 10 20160390991 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 23 февруари 2016 година. Бр. 08-1270/1 Претседател 23 февруари 2016 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА Член 1 Во Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија" број 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15 и 213/15) во членот 17 по алинејата 9 се додаваат две нови алинеи 10 и 11, кои гласат: „- решава во управна постапка од прв степен, издава и укинува одобренија и решенија на физички и правни лица“. Член 2 Во членот 20 став (1) алинеите 9 и 16 се бришат. Член 3 Во членот 30-а став (5) се менува и гласи: „За одобрување на здравствените тврдења операторите со храна доставуваат барање кон кое ги приложуваат следниве докази: мислење од Европската агенција за безбедност на храната (ЕFSA) во однос на здравственото тврдење за кое се бара одобрување, копија од истражувачка работа, вклучувајќи, кога е достапна, и независна ревизија за истата, која била извршена во однос на здравственото тврдење и секаков друг материјал кој е достапен за да се покаже дека здравственото тврдење е во согласност со критериумите утврдени во Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната, Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 2 од 10 укажување на информации кои треба да се сметаат за сопственички, придружени со оправдување кое може да се потврди, копија на други научни истражувања (научни трудови објавени во релевантни списанија), кои се релевантни за тоа здравствено тврдење, модел на означување на производот или модел на материјал за презентирање или рекламирање на производот, како и доказ дека се покриени трошоците за постапката за одобрување на здравственото тврдење.“ Во ставот (7) по зборовите: „одбивање на барањата“ се ставa точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. По ставот (7) се додаваат два нови става (8) и (9), кои гласат: „(8) Агенцијата врз основа на предлогот од ставот (7) на овој член донесува решение за одобрување на барањето, односно одбивање на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. (9) Против решението за одбивање на барањето, подносителот на барањето има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението од ставот (8) на овој член до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работни односи во втор степен.“. Ставовите (8), (9), (10), (11), (12), (13) и (14) стануваат ставови (10), (11), (12), (13), (14), (15) и (16). Член 4 Во членот 49 по ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5), кои гласат: „(3) За да бидат регистрирани операторите за храна треба да ги исполнат следниве услови: деловниот објект да е во негова сопственост или да има право на користење, да е регистриран во Централен регистар на Република Македонија. (4) Службеното лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите за исполнетост на условот од ставот (3) алинеја 2 на овој член, во рок од три работни дена од денот на поднесувањето на барањето. (5) Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараниот доказ од ставот 4 на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето”. Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (6) и (7). Член 5 Во членот 50 по ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5), кои гласат: „(3) За да бидат регистрирани операторите за храна треба да ги исполнат следниве услови: деловниот објект да е во негова сопственост или да има право на користење, да е регистриран во Централен регистар на Република Македонија. (4) Службеното лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите за исполнетост на условот од ставот (3) алинеја 2 на овој член во рок од три работни дена од денот на поднесувањето на барањето. (5) Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараниот доказ од ставот 4 на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.”. Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (6) и (7). Член 6 Во членот 51 по ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5), кои гласат: „(3) За да бидат одобрени операторите за храна треба да ги исполнат следниве услови: Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 3 од 10 имотен лист или договор за закуп на деловниот објект, да е регистриран во Централен регистар на Република Македонија и доказ дека има одобрен елаборат за заштита на животната средина. (4) Службеното лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите за исполнетост на условот од ставот (3) алинеја 2 на овој член, во рок од три работни дена од денот на поднесувањето на барањето. (5) Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараниот доказ од ставот 4 на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето.”. Ставовите (3), (4) и (5) стануваат ставови (6), (7) и (8). Во ставот (6) кој станува став (9) зборовите: „со кое одлучува по барањето“ се заменуваат со зборовите: „за одобрување, односно одбивање на барањето“. Ставот (7) кој станува став (10) се менува и гласи: „(10) Доколку Агенцијата донесе решение за одбивање на барањето за одобрение, операторот со храна има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението од ставот (9) на овој член до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен.“. Ставовите (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (19), (19), (20), (21), (22) и (23) се бришат. Ставот (24) станува став (11). Член 7 Во членот 54 став (2) по зборот „води“ се додава зборот „електронски“. По ставот (3) се додаваат три нови става (4), (5) и (6), кои гласат: „(4) Во прилог на барањето од ставот (3) на овој член, треба да се обезбедат следните докази: 1. примерок од оригиналната амбалажа или идејно решение од амбалажата на производот ако производот е во фаза на развој; 2. означување на македонски јазик со сите информации за производот согласно со оригиналното означување; 3. спецификација за квалитативниот и квантитативниот состав на производот издадена од производителот; 4. решение за регистрација во Регистарот на објекти и оператори со храна или одобрение за објекти и оператори со храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарствo во случај кога производот се произведува во Република Македонија и 5. доказ дека се покриени трошоците за постапката на издавање на мислење. (5) Во зависност од состојките на производот, од нивните дејства врз здравјето на луѓето, меѓусебните дејства на состојките или дел од нив и други можни влијанија или можни ефекти од производот, подносителот на барањето покрај доказите од ставот (4) на овој член го доставува и следното: мислење во однос на составот на производот и неговите фармакодинамски, фармакокинетски и токсиколошки карактеристики, издадено од Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, Клиника за педијатрија, Институт за медицинска физиологија и антропологија, при Медицинскиот факултет Скопје или од Фармацевтскиот факултет Скопје од Универзитетот Кирил и Методиј, резултати од лабораториски анализи за составот или безбедноста на производот, доказ од надлежното тело во земјата производител и/или земја членка на ЕУ дека производот се наоѓа на пазарот во таа земјa, научни студии со кои се потврдува безбедноста од употребата на супстанциите со нутритивен и/или физиолошки ефект во состав на производот, а кои не се наведени во листите на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на додатоци на исхрана, објавени на веб страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство, Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 4 од 10 доказ за поднесено барање за одобрување на нутритивните и здравствени тврдења ставени на означувањето и материјалите за презентација на производот и/или одобрение за ставање во промет на храна и состојки на храна од видот на храна произведена со иновирани технологии. (6) Агенцијата по прием на барањето во рок од шест месеци донесува мислење за истото.“. Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (7) и (8). Член 8 Во членот 54-а став (2) по зборот „води“ се додава зборот „електронски“. По ставот (3) се додаваат три нови става (4), (5) и (6), кои гласат: „(4) Во прилог на барањето од ставот (3) на овој член, операторот со храна треба да се обезбедат следниве докази: 1. примерок од оригиналната амбалажа или идејно решение од амбалажата на производот ако производот е во фаза на развој; 2. означување на македонски јазик со сите информации за производот согласно со оригиналното означување; 3. спецификација за квалитативниот и квантитативниот состав на производот издадена од производителот; 4. решение за регистрација во Регистарот на објекти и оператори со храна или одобрение за објекти и оператори со храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарствo во случај кога производот се произведува во Република Македонија и 5. доказ дека се покриени трошоците за постапката на издавање на мислење. (5) Во зависност од состојките на производот, од нивните дејства врз здравјето на луѓето, меѓусебните дејства на состојките или дел од нив и други можни влијанија или можни ефекти од производот и во зависност од специфичностите на популационата група, подносителот на барањето покрај доказите од ставот (4) на овој член го доставува и следното: мислење во однос на составот на производот и неговите фармакодинамски, фармакокинетски и токсиколошки карактеристики, издадено од Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, Клиника за педијатрија, Институт за медицинска физиологија и антропологија, при Медицинскиот факултет Скопје или од Фармацевтскиот факултет Скопје од Универзитетот Кирил и Методиј, резултати од лабораториски анализи за составот или безбедноста на производот, доказ од надлежното тело на земјата производител и/или земја членка на ЕУ дека производот се наоѓа на пазарот во таа земја, научни студии со кои се потврдува безбедноста од употребата на супстанциите со нутритивен и/или физиолошки ефект во состав на производот, а кои не се наведени во листите на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на храна за посебна нутритивна употреба, објавени на веб страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство, доказ за поднесено барање за одобрување на нутритивните и здравствени тврдења ставени на означувањето и материјалите за презентација на производот и/или одобрение за ставање во промет на храна и состојки на храна од видот на храна произведена со иновирани технологии. (6) Агенцијата по прием на барањето во рок од шест месеци донесува мислење за истото. “. Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (7) и (8). Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 5 од 10 Член 9 Во членот 54-б став (1) во првата реченица по зборот „витамини“ сврзникот „и“ се заменува со запирка и по зборот „минерали“ се додаваат зборовите: „и други супстанции“. Во втората реченица по зборот „витамини“ сврзникот „и“ се заменува со запирка и по зборот „минерали“ се додаваат зборовите: „и други супстанции“. Во ставот (2) по зборот „води“ се додава зборот „електронски“, по зборот „витамини“ сврзникот „и“ се заменува со запирка и по зборот „минерали“ се додаваат зборовите: „и други супстанции“. Во ставот (3) во првата реченица по зборот „витамини“ сврзникот „и“ се заменува со запирка и по зборот „минерали“ се додаваат зборовите: „и други супстанции“. По ставот (3) се додаваат три нови става (4), (5) и (6), кои гласат: „(4) Во прилог на барањето од ставот (3) на овој член, операторот со храна треба да ги обезбеди следниве докази: 1. примерок од оригиналната амбалажа или идејно решение од амбалажата на производот ако производот е во фаза на развој; 2. означување на македонски јазик со сите информации за производот согласно со оригиналното означување; 3. спецификација за квалитативниот и квантитативниот состав на производот издадена од производителот; 4. решение за регистрација во Регистарот на објекти и оператори со храна или одобрение за објекти и оператори со храна издадено од Агенцијата за храна и ветеринарствo во случај кога производот се произведува во Република Македонија и 5. доказ дека се покриени трошоците за постапката на издавање на мислење. (5) Во зависност од состојките на производот, од нивните дејства врз здравјето на луѓето, меѓусебните дејства на состојките или дел од нив и други можни влијанија или можни ефекти од производот, подносителот на барањето, покрај доказите од ставот (4) на овој член го доставува и следното: мислење во однос на составот на производот и неговите фармакодинамски, фармакокинетски и токсиколошки карактеристики, издадено од Институт за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, Клиника за педијатрија, Институт за медицинска физиологија и антропологија, при Медицинскиот факултет Скопје или од Фармацевтскиот факултет Скопје од Универзитетот Кирил и Методиј; резултати од лабораториски анализи за составот или безбедноста на производот, доказ од надлежното тело на земјата производител и/или земја членка на ЕУ дека производот се наоѓа на пазарот во таа земја, научни студии со кои се потврдува безбедноста од употребата на супстанции со нутритивен и/или физиолошки ефект кои не се наведени во листите на дозволени супстанции кои можат да се употребуваат во производство на збогатена храна, храна на која и се додадени витамини, минерали и други супстанции, објавени на веб страница на Агенцијата за храна и ветеринарство, доказ за поднесено барање за одобрување на нутритивните и здравствени тврдења ставени на означувањето и материјалите за презентација на производот и/или одобрение за ставање во промет на храна и состојки на храна од видот на храна произведена со иновирани технологии. (6) Агенцијата по прием на барањето во рок од шест месеци донесува мислење за истото.“. Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (7) и (8). Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 6 од 10 Член 10 Во членот 55 став (2) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „врз основа на поднесено барање“. Во ставот (4) по зборот „води“ се додава зборот „електронски“. По ставот (5) се додава три нови става (6), (7) и (8), кои гласат: „(6) Во прилог на барањето од ставот (5) на овој член, операторот со храна треба да ги обезбеди следниве докази: 1. резултати од лабораториски анализи за исполнување на барањата наведени во членот 55 став (1) од Законот за безбедност на храната; 2. техничка документација на производниот процес; 3. опис на историјата на организмот кој е употребен како извор на храна произведена со иновирани технологии, доколку е употребен нов организам; 4. резултати на студии, кои се спроведени и секаков друг материјал кој е достапен, за да се покаже дека храната е во согласност со критериумите наведени во членот 55 став (1) од Законот за безбедност на храната; 5. оригинална амбалажа или идејно решение на амбалажата на производот; 6. означување на производот на македонски јазик, согласно со членот 5 од Правилникот за посебните барања за безбедноста на храната произведена со иновирани технологии; 7. означување на производот согласно со Правилникот за начинот на означувањето на храната, доколку се работи за храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии кои се добиени од храна која може да предизвика алергија и 8. доказ за намирени трошоци за постапката за издавање на одобрение. (7) Агенцијата по прием на барањето во рок од 12 месеци донесува решение за одобрување или решение за одбивање на барањето за одобрување. (8) Против решението за одбивање на барањето, подносителот на барањето има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од приемот на решението од ставот (7) на овој член до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работни односи во втор степен.“. Ставот (6) стануваат став (9). Во ставот (7) кој станува став (10) по зборот „пропишува“ се додаваат зборовите: „формата и содржината на барањето од ставот (2) на овој член,“. Член 11 Во членот 57 став (1) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „врз основа на поднесено барање.“. По ставот (1) се додаваат три нови става (2), (3) и (4), кои гласат: „(2) Во прилог на барањето од ставот (1) на овој член, операторот со храна треба да ги обезбеди следниве докази: 1. резултати од лабораториски анализи за исполнување на барањата од Правилникот за посебните барања за безбедност на храната произведена со јонизирачко зрачење и 2. доказ дека објектот во кој е вршен третманот со јонизирачко зрачење на храната е претходно одобрен од Дирекцијата за радијациона сигурност и од Агенцијата, или дека објектот е на листата на одобрени објекти за третман на храна со јонизирачко зрачење. (3) Агенцијата по прием на барањето во рок од 12 месеци донесува решение за одобрување или решение за одбивање на барањето за одобрување. (4) Против решението за одбивање на барањето, подносителот на барањето има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од приемот на решението од ставот (3) на овој член до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работни односи во втор степен.“. Ставовите (2), (3), (4) и (5) стануваат ставови (5), (6), (7) и (8). Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 7 од 10 Во ставот (6) кој станува став (9) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „врз основа на поднесено барање“. По ставот (9) се додаваат три нови става (10), (11) и (12), кои гласат: „(10) Во прилог на барањето од ставот (9) на овој член, операторот со храна треба да ги обезбеди следниве докази: 1. податоци за геолошки и хидролошки испитувања; 2. резултати од лабораториски анализи не постари од една година за исполнување на барањата во однос на микробиолошки критериуми, физичко хемиски параметри, радиолошки параметри, резидуи од пестициди и паразитолошки критериуми за водата од изворот и за готовиот производ, согласно посебните барања за безбедност; 3. изјава од операторот дека природната минерална вода не е хемиски третирана и не се дезинфицира; 4. оригинална амбалажа или идејно решение на амбалажата на производот; 5. означување на производот на македонски јазик; 6. ако производот се увезува во Република Македонија, доказ дека производот е внесен во Регистарот на признаени минерални води во земјата производител или дека производот е одобрен во земјата производител и 7. доказ за намирени трошоци за постапката за издавање на одобрение. (11) Агенцијата по прием на барањето во рок од шест месеци донесува решение за одобрување или решение за одбивање на барањето за одобрување. (12) Против решението за одбивање на барањето, подносителот на барањето има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од приемот на решението од ставот (11) на овој член до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работни односи во втор степен.“. Во ставот (7) кој станува став (13) по зборот „води“ се додава зборот „електронски“. Ставовите (8), (9) и (10) стануваат ставови (14), (15) и (16). Во ставот (11) кој станува став (17), зборовите: „посебните барања за безбедност екстракциони средства во согласност со општите барања за безбедност на храната“ се бришат. По ставот (17) се додава нов став (18), кој гласи: „(18) Формата и содржината на барањето од ставовите (1) и (9) на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата.“. Член 12 Во насловот на членот 58-а по зборовите: „Екстракциони средства“ се додава зборот „ растворувачи“. Во ставовите (1), (2) и (4) по зборовите: „екстракциони средства“ се додава зборот „ растворувачи“. Во ставот (5) зборовите: „Директорот на“ се бришат и по зборовите: „екстракциони средства“ се додава зборот „- растворувачи“. Член 13 Во членот 59 по ставот (4) се додаваат четири нови става (5), (6), (7) и (8), кои гласат: „(5) Во прилог на барањето од ставот (4) на овој член, деловниот субјект треба да ги обезбеди следниве докази: 1. изјава на усогласеност од подносителот на барањето; 2. изјава за усогласеност од производителот по однос на производот или материјалот што доаѓа во контакт со храната; 3. дополнителна документација како поддршка на изјавата за усогласеност од производителот по однос на производот или материјалот што доаѓа во контакт со храната. Во зависност од видот на производот и материјалот или во зависност од групата во која припаѓаат материјалите што доаѓаат во контакт со храната, како дополнителна Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 8 од 10 документација треба да се приложат следниве видови документи резултати од извршени анализи и/или сертификат за безбедност на материјалот што доаѓа во контакт со храната, доказ за употребениот материјал, или други видови документи кои би обезбедиле доволно информации за безбедноста на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната за нивна употреба без ризици по здравјето на луѓето и 4. доказ дека се покриени трошоците за постапката на издавање на мислење. (6) Во зависност од состојките на производот или материјалот што доаѓа во контакт со храната, од нивната миграција во храната, и други можни влијанија или можни ефекти од производот или материјалот или состојка на материјалот и/или од нивните дејства врз здравјето на луѓето, подносителот на барањето го доставува и следното доказ за безбедност на употребениот материјал, каталози, слики, експертски мислења, мислења од Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) или други видови документи кои би обезбедиле доволно информации за безбедноста на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната за нивна употреба без ризици по здравјето на луѓето, да не предизвикува неприфатлива промена во составот на храната или да не предизвикува влошување на органолептичките карактеристики на храната. (7) Агенцијата по прием на барањето во рок од три месеци донесува решение за издавање на мислење или одобрение или решение за одбивање на барањето за издавање на мислење или одобрение. (8) Против решението за одбивање на барањето, подносителот на барањето има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од приемот на решението од ставот (7) на овој член до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работни односи во втор степен.“. Ставовите (5) и (6) стануваат ставови (9) и (10). Член 14 Во членот 65 став (7) зборовите: „Директорот на“ се бришат. Член 15 Во членот 71 став (5) зборовите: „Директорот на“ се бришат. Член 16 Во членот 79 став (2) се менува и гласи: „(2) Агенцијата ги назначува лабораториите за вршење на одделни активности за потребите на Агенцијата.“. Член 17 Во членот 84 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Агенцијата може да му наложи на операторот со храна да истакне определени информации од извршените официјални контроли, на место лесно воочливо за потрошувачите.“. Ставот (2) станува став (3). Во ставот (3) кој станува став (4) бројот „(2)“ се заменува со бројот „(3)“. Член 18 Во членот 97 став (1) по зборовите: „за увоз“ се додаваат зборовите: „кои треба да го обезбеди операторот“. Член 19 Во членот 127 став (2) зборовите: „управна постапка и постапка од работен однос“ се заменуваат со зборовите: „втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка“, а зборот „осум“ се заменува со бројот „15“. Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 9 од 10 По ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: „(3) Жалбата изјавена против решението од ставот (1) на овој член не го одлага извршувањето на решението.“. Ставовите (3), (4) и (5) стануваат ставови (4), (5) и (6). Член 20 Во членот 129 став (1) по зборовите: „од членот 131“ се додаваат зборовите: „и од членот 132 став (1) точки 2), 3), 4), 7), 8), 9), 10), 11), 12), 13), 14), 15), 16), 32) и 36)“. Член 21 Во членот 130 став (1) зборот „може“ се заменува со зборовите: „е должен“. Член 22 Во членот 133 став (1) во точката 18) по зборовите: „екстракциони средства“ се додава зборот „- растворувачи“. Член 23 По членот 134 се додава нов член 134-а, кој гласи: „Член 134-а (1) Глоба во висина од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице од Агенцијата ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврден во членовите 49 став (4), 50 став (4) и 51 став (4) од овој закон. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган, ако не ги достави бараните докази во рокот утврден во членовите 49 став (5), 50 став (5) и 51 став (5) од овој закон. (3) Глоба во висина од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице од Агенцијата ако не одлучи по барањето во рокот утврден во членовите 54 став (6), 54-а став (6), 54-б став (6), 55 став (7), 57 ставови (3) и (11) и 59 став (7) од овој закон. Член 24 Во членот 135 став (4) зборовите: „по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија“ се бришат. Член 25 Операторите со храна кои не ја спровеле постапката за преструктуирање на објектите во роковите и на начин утврден во прописот од членот 139 став (12) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија” број 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15 и 213/15), должни се да го завршат процесот на преструктуирање на објектот најдоцна до 31 декември 2016 година. Операторите со храна кои нема да постапат во рокот утврден во ставот (1) на овој член продолжуваат со работа како оператори со храна со локализирана активност. Член 26 Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Службен весник на РМ, бр. 39 од 29.2.2016 година 10 од 10 Член 27 Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 28 Одредбите од членовите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 13, 15 и 23 од овој закон ќе започнат да се применуваат со започнувањето на примената на Законот за општа управна постапка, согласно со членот 141 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15). Член 29 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.