تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on environment

صدر في 2014-02-24 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Environment
الكلمات المفتاحية
education, legal proceedings/administrative proceedings

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година 20140411202 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 24 февруари година. Бр. 07-1179/1 24 февруари 2014 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 187/13), во членот 5 став (1 ) по точката 57 се додаваат три нови точки 58, 59 и 60 кои гласат: „58. Постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење се постапките што се применуваат при сервисирање и инсталација на производите за ладење, вклучувајќи го и начинот на кој се врши собирање, обновување и рециклирање на средствата за ладење; 59. Средства за ладење се хемикалии што имаат улога на носители на топлина што ја менува нивната состојба од течна фаза во гас и обратно во циклусот на ладење/греење, а се користат во производи наменети за ладење/греење, како што се фрижидери, климатизери и други производи за ладење/греење и климатизација и 60. Опасни супстанции во средствата за ладење се хемикалии кои се присутни во средствата за ладење кои содржат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или припаѓаат на групата на стакленички гасови.“ Член 2 Членот 22-б се менува и гласи: 1 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година „Лиценца за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење (1) Со средствата за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење треба да се постапува на начин со кој се спречува ослободување на опасни супстанции штетни по животната средина и се обезбедува нивно редовно одржување и спречување на истекувањата. (2) Со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење може да постапува лице кои поседува лиценца за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење (во натамошниот текст: лиценца). (3) Лиценцата ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за временски период од пет години, со можност за продолжувањe од по пет години. (4) Два месеца пред истекот на временскиот период на важност на Лиценцата, носителот е должен да поднесе барање за продолжување на истата, при што треба да ги исполнува условите од ставовите (8) и (9) на овој член. (5) Лиценцата се издава во категории во зависност од видот на средствата за ладење со кое се постапува и/или производите кои содржат средства за ладење и постапката која што се применува при сервисирање и инсталација на производите за ладење, вклучувајќи го и начинот на кој се врши собирање, обновување и рециклирање на средствата за ладење. (6) Видот на категориите на лиценците ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (7) Лиценца може да добие физичко или правно лице. (8) Физичко лице може да се стекне со лиценца доколку ги исполнува следниве услови: поседува уверение за положен стручен испит за постапување со средства за ладење и/или производите кои содржат средства за ладење, поседува регистрација согласно со Законот за трговските друштва и има простор и опрема за постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење. (9) Правното лице може да може да добие лиценца доколку ги исполнува следниве услови: има простор и опрема за постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење и има вработено најмалку едно лице кое има уверение за положен стручен испит за постапување со средства за ладење и/или производите кои содржат средства за ладење. (10) Физичкото и правното лице кое постапува со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење е должно до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, најдоцна до 1 март во тековната година, да доставува извештај за претходната година за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење со кои постапувал. (11) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува формата, содржината и начинот на доставување на извештајот од ставот (10) на овој член. (12) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го пропишува начинот на собирање, обновување и рециклирање на средствата за ладење.“ 2 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година Член 3 По членот 22-б се додаваат 25 нови члена 22-в, 22-г, 22-д, 22-ѓ, 22-е, 22-ж, 22-з, 22-ѕ, 22 и, 22-ј, 22-к, 22-л, 22-љ, 22-м, 22-н, 22-њ, 22-о, 22-п, 22-р, 22-с, 22-т, 22-ќ, 22-у, 22-ф и 22-х, кои гласат: „Член 22-в (1) Стручниот испит за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење (во натамошниот текст: стручен испит) се полага заради проверка на потребното стручно знаење за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење. (2) Стручен испит може да полага лице кои ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Македонија, да има живеалиште во Република Македонија, да има завршено најмалку IV степен средно образовани или VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и да има уверение за завршена обука за постапување со средства за ладење. (3) Надоместокот за полагање на стручниот испит од ставот (1) на овој член изнесува не повеќе од 10 евра во денарска противвредност. Член 22-г (1) Уверение за завршена обука за постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење издава правното лице кое е овластено од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина за спроведување обука за постапување со средства за ладење, како и/или со производи кои содржат средства за ладење. (2) Формата и содржината на уверението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Обука за постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење може да врши правното лице кое ги исполнува следниве услови: поседува опрема за практична обука, има програма за обука за правилно ракување, сервисирање, собирање, обновување и рециклирање на средствата за ладење која е одобрена од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и има вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на техничките науки кое има најмалку пет години искуство во областа на постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење. (4) Формата и содржината на програмата за обука за правилно ракување, сервисирање, собирање, обновување и рециклирање на средствата за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење, поблиските услови што треба да ги исполнуваат правните лица од ставот (3) на овој член, како и начинот за овластување за вршење на обука од ставот (3) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (5) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина води евиденција на правните лица кои вршат обука за постапување со средствата за ладење во Република Македонија и лицата кои добиле уверение за завршена обука за постапување со средствата за ладење. 3 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година (6) На кандидатот му се издава потврда за завршена обука доколку посетувал најмалку 80% од времето предвидено за обуката. (7) По завршената обука кандидатот може да го полага стручниот испит најдоцна во рок од една година од завршување на обуката. (8) Ценовникот за посета на обуката за постапување со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење го одобрува Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 22-д (1) Стручниот испит се состои од два дела и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите. (2) Првиот дел од стручниот испит од ставот (1) на овој член се полага писмено по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (3) Вториот дел на стручниот испит се состои од: практичен пример и прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на практичниот пример. Член 22-ѓ (1) Стручниот испит се полага според програма во која се содржани градивото, прописите и литературата. (2) Програмата за полагање на испитот од соодветната област ја донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 22- е (1) Базите на прашања за првиот и базите на практични примери за вториот дел на стручниот испит од членот 22-о од овој закон ги подготвуваат стручни лица и професори од соодветната област кои имаат најмалку пет години работно искуство во областа на ладилната техника, определени од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Прашањата од првиот дел од стручниот испит и прашањата и практичните примери од вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од: двајца претставници и нивни заменици од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина назначени од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и три претставника и нивни заменици од редот на стручни лица и професори од соодветната област кои имаат најмалку десет години работно искуство во областа на ладилната техника. (3) Комисијата од ставот (2) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери од членот 22-о став (7) од овој закон најмалку еднаш годишно. (4) При ревизијата Комисијата од ставот (2) на овој член особено ги има предвид измените на прописите на кои е засновано прашањето, односно практичниот пример, бројот на кандидати кои го одговарале, успешноста во одговарањето на истите, како и 4 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година други критериуми кои можат да влијаат врз подобрувањето на квалитетот на базите од членот 22-о став (7) од овој закон. (5) Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери, Комисијата одлучува прашањата и практичните примери да бидат изменети или целосно отстранети од базите од членот 22-о став (7) од овој закон. (6) Стручните лица и професорите и лицата од ставот (1) на овој член и членовите на Комисијата за верификација од ставовите (1) и (2) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (7) Износот на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања и практични примери, како и сложеноста на материјата. (8) Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член не може да го надминува нивото на три просечни месечни плати исплатени во Република Македонија за претходната година објавени од Државниот завод за статистика. Член 22-ж Стручните и административните работи за потребите на спроведување на стручниот испит ги врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина кој технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија избрано од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 22-з Стручниот испит се спроведува најмалку два пати годишно. Член 22-ѕ (1) Барањето за полагање на испит кандидатот го поднесува до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе докази за исполнување на условите за полагање на стручниот испит пропишани со овој закон. Член 22-и (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина или од него овластено лице, утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот. (2) Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. Член 22-ј (1) На кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на испитот, му се определува времето и местото за полагање на испитот, а кандидатот се известува најдоцна во рок од осум дена пред полагање на испитот. (2) На кандидатот му се овозможува да започне да го полага испитот во првиот нареден термин од денот на одобреното барање за полагање на испитот. Член 22-к (1) Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. 5 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година (2) Јавноста се информира за датумот и времето на полагањето на испитот најмалку три дена пред одржувањето на испитот. (3) Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Правното лице кое го спроведува стручниот испит треба да ги исполнува просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на стручен испит кои услови поблиску ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (5) Во просторијата за полагање на испитот, за време на полагање на испитот треба да се присутни двајца претставници од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и еден претставник од Министерството за информатичко општество и администрација. Член 22-л (1) Пред почетокот на полагањето на стручниот испит, претставник од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта. (2) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. (3) На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот. (4) На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарите од членот 22-к став (5) од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот. (5) Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (6) Ако има проблеми со повеќе од пет компјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (7) Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин. (8) Во случаите од ставот (7) на овој член се смета дека кандидатот не го положил стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на стручниот испит. (9) Овластените претставници од членот 22-к став (5) од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути. 6 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година Член 22-љ (1) Ако во текот на полагањето на стручниот испит настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци. (2) Решение за продолжување на испитот донесува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци. (3) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. (4) Против решението на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина од ставот (2) на овој член кандидатот може да поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението. (5) Во продолжувањето на испитот кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано. Член 22-м (1) Стручниот испит започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практичен пример). (2) Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот. Член 22-н (1) Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку 25 прашања со пет опции за заокружување од кои една е точна, две се слични, една не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени). (2) Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандидатот да го положи првиот дел од испитот. (3) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно со ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. Член 22- њ (1) Вториот дел од стручниот испит се состои од практичен пример. (2) Прашањата кои се составен дел од практичниот пример се од соодветната област и имаат десет можни опции на одговори од кои една е точна, пет се слични и четири се различни. (3) Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот ќе се смета дeка испитот не го положил. Член 22-о (1) Полагањето на првиот дел од стручниот испит се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (2) Прашањата од тестот, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во тестот. 7 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година (3) Полагањето на вториот дел од стручниот испит се врши со проучување на практичниот пример и одговарање на определен број прашања кои произлегуваат од практичниот пример во вид на електронско софтверско решение (во натамошниот текст: електронски практичен пример). (4) Прашањата од практичниот пример, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во практичниот пример. (5) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го воспоставува единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит. (6) Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на стручниот испит и нивните одговори, како и практичниот пример и прашањата кои произлегуваат од практичните примери и нивните одговори сe чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит. (7) Електронскиот систем од ставот (5) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 50 прашања, како и јавно достапна база од најмалку 10 практични примери за потребите на вториот дел од испитот. (8) Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот и прописите за вториот дел од испитот. (9) Бројот на прашања и практични примери во базите од ставот (7) на овој член се зголемува за 10% годишно, почнувајќи од 2015 година. (10) Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување. Член 22-п (1) На денот на полагањето на првиот, односно вториот дел од испитот, претставник на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 22-о став (5) од овој закон. (2) По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот, компјутерски генерирани, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем од базите од членот 22-о став (7) од овој закон. (3) Првиот и вториот дел од испитот содржат упатство за начинот на решавање на истиот за кое претставник на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дава појаснување, пред да започне полагањето на испитот. (4) Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот во еден термин за повеќе од еден кандидат. Член 22-р (1) Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем од членот 22-о став (5) од овој закон, полагањето на испитот се прекинува. (2) Доколку причините од ставот (1) на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување. (3) Доколку причините од ставот (1) на овој член не се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член испитот се презакажува за друг термин. 8 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година Член 22-с (1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути. (2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Член 22-т (1) На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение во рок од 15 дена од денот на завршувањето на испитот. (2) Формата и содржината на уверението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Член 22-ќ На барање на кандидатот органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го информира за направените грешки во тестот за полагање на стручниот испит, со овозможување непосреден увид во тестот. Член 22-у (1) Тестовите и практичните примери се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на стручниот испит. (2) Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и практичните примери за полагање на стручниот испит и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот и практичниот пример, како и снимките од одржаните испити се чуваат во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во период од шест месеци. (3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина формира Комисија за ревизија на одржаните испити, која во својата работа ги користи материјалите од ставот (2) на овој член и во која, покрај претставник од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија. (4) Комисијата од ставот (3) на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку два испита одржани во тековната година. (5) Комисијата од ставот (3) на овој член има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на испитите одржани во последните пет години до денот на одржувањето на состанокот на комисијата, но не порано од денот на примената на овој закон. (6) Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членот 22-л од овој закон, предлага одземање на уверението од членот 22-т од овој закон. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесува решение за одземање на уверението врз основа на предлогот на Комисијата од ставот (3) на овој член во рок од три дена од приемот на предлогот. (8) Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. 9 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година Член 22-ф (1) Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот доколку правното лице каде што е вработен не ги плати. (2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија. (3) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметка на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, најдоцна 15 дена пред денот определен за спроведување на испитот, на кандидатот не му се дозволува полагање на испитот. (5) Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот уплатените средства се враќаат согласно со закон. Член 22-х (1) Издадените, одземените и продолжените лиценци, како и лиценците кои престанале да важат, се евидентираат во Регистарот кој го води органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Регистарот од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата и на огласната табла на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (3) Формата и содржината на Регистарот и начинот на неговото водење ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.“ Член 4 По членот 161 се додаваат два нови члена 161-а и 161-б, кои гласат: „Член 161-а Раководење со Управата за животна средина (1) Со Управата за животна средина раководи директор, кој по пат на јавен оглас го именува Владата на Република Македонија. (2) Јавниот оглас за избор на директор се објавува во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. (3) За својата работа и за работата на Управата за животна средина, директорот одговара пред Владата на Република Македонија. (4) Мандатот на директорот на Управата за животна средина трае четири години. Член 161-б Услови за именување на директорот За директор на Управата за животна средина може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа: 1) е државјанин на Република Македонија; 10 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година 2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 4) има минимум пет години работно искуство; 5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и 6) има положено психолошки тест и тест за интегритет.“ Член 5 Во членот 179 став (3) зборовите: „добивање на дозвола за“ се бришат. Во ставот (6) зборовите: „за добивање на дозвола“ се бришат. Во ставот (11) зборовите: „дозвола за“ се бришат. Ставот (13) се менува и гласи: „Надоместокот од ставовите (3) и (6) на овој член го пресметува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и се наплаќа за секоја количина на извезени стоки во рок од пет работни дена од денот на извршувањето на извозот согласно со количината на извезени производи од извозната царинска декларација. Надоместокот се уплатува на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка.“ Член 6 По членот 194 се додаваат два нови члена 194-а и 194-б, кои гласат: „Член 194-а Раководење со Државниот инспекторат за животна средина (1) Со Државниот инспекторат за животна средина раководи директор кој по пат на јавен оглас го именува Владата на Република Македонија. (2) Јавниот оглас за избор на директор се објавува во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. (3) За својата работа и за работата на Државниот инспекторат за животна средина, директорот одговара пред Владата на Република Македонија. (4) Мандатот на директорот на Државниот инспекторат за животна средина трае четири години. Член 194-б Услови за именување на директорот За директор на Државниот инспекторат за животна средина може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа: 1) е државјанин на Република Македонија; 2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 11 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година 3) има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: 4) има минимум пет години работно искуство; 5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и 6) има положено психолошки тест и тест за интегритет.“ Член 7 Во членот 198 став (1) по точката 4-а се додаваaт две нови точки 4-б и 4-в, кои гласат: „4-б) да утврди дали правното и физичкото лице кое постапува со средства за ладење и/или кои содржат средства за ладење поседува лиценца согласно со членот 22-б од овој закон; 4-в) да утврди дали физичкото и правното лице кое постапува со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење доставил извештај за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење со кои постапувал согласно со членот 22-б од овој закон;“. Точката 7 се менува и гласи: „7) да утврди дали е изработен елаборат за заштита на животната средина утврден со прописот од членот 24 ставовите (4) и (6) од овој закон, дали е доставен и одобрен од надлежниот орган и да изврши увид дали се исполнуваат мерките пропишани во елаборатот (член 24);“. Точката 8 се брише. Точките 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42, 43, 44, 45, 46, 47, 48 и 49 стануваат точки 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 41, 42, 43, 44, 45, 46, 47 и 48. Член 8 Во членот 198-а по ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат: „(3) Надзор над пресметаниот и уплатениот надоместок од членот 179 став (13) од овој закон врши Државниот инспекторат за животна средина преку државните инспектори за животна средина. (4) Кога ќе се утврди дека надоместокот од ставот (2) на овој член не е уплатен во целост или делумно, државниот инспекторат за животна средина донесува решение со кое го задолжува субјектот да изврши уплата на пресметаниот надоместок од членот 179 став (13) од овој закон.“ Ставот (3) кој станува став (5) се менува и гласи: „(5) Против решението од ставовите (2) и (4) на овој член може да се изјави жалба до Комисијата за решавање во втор степен по жалби од членот 208 од овој закон.“ Член 9 Во членот 200 став (1) по точката 7 се додаваат две нови точки 7-а и 7-б, кои гласат: „7-а) ќе ја забрани работата на правни и физички лица кои постапуваат со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење без соодветна лиценца согласно со член 22-б од овој закон; 12 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година 7-б) ќе утврди дали физичкото и правното лице кое постапува со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, доставил извештај за претходната година за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење со кои постапувал согласно со членот 22-б од овој закон;“. По точката 9 се додаваат две нови точки 9-а и 9-б, кои гласат: „9-а) ќе ја забрани работата на правни и физички лица кои вршат дејности или активности пропишани во член 24 став (4) и (6) без решение за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина издадено од надлежниот орган се до добивање на решение за одобрување на елаборатот согласно со членот 24 од овој закон; 9-б) да нареди спроведување на мерка утврдена во елаборатот и го утврди временскиот рок за спроведување на мерката (член 24);“. Член 10 Во членот 201 став (1) точката 1 се менува и гласи: „1) да утврди дали е изработен елаборат за заштита на животната средина утврден со прописот од членот 24 ставови (4) и (5) од овој закон, дали е доставен и одобрен од надлежниот орган и да изврши увид дали се исполнуваат мерките пропишани во елаборатот (член 24);“. Точката 2 се брише. Точките 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14 и 15 стануваат точки 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 14. Член 11 Во членот 203 став (1) по точката 6 се додаваат две нови точки 6-а и 6-б, кои гласат: „6-а) ќе ја забрани работата на правни и физички лица кои вршат дејности или активности пропишани во членот 24 став (4) и (5) од овој закон без решение за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина издадено од надлежниот орган се до добивање на решение за одобрување на елаборатот согласно со членот 24) од овој закон; 6-б) да нареди спроведување на мерките утврдени во елаборатот и да го утврди временскиот рок за спроведување на мерката (член 24);“. Член 12 Во членот 212 -ѓ став (1) точката 1 се менува и гласи: „не изработи елаборат за заштита на животна средина и истиот не го достави на одобрување до надлежниот орган, врши дејности и активности без решение за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина издадено од надлежниот орган и доколку не ги исполнува мерките пропишани во елаборатот (член 24);“. По точката 1) се додаваат две нови точки 1-а и 1-б, кои гласат: „1-а) постапува со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење без добиена лиценца согласно со членот 22-б од овој закон; 1-б) физичкото и правното лице кое постапува со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, не достави извештај за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење со кои постапувал согласно со членот 22-б од овој закон;“. По ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи: „(5) Глоба во висина на трикратен износ, ќе се изрече на плавното или физичкото лице што не го платил надоместокот согласно член 179 став (13) од овојчлен, од износот што 13 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk Службен весник на РМ, бр. 42 од 03.03.2014 година требал да го плати врз основа на количината на извезени производи од извозната царинска декларација.“ Ставот (5) станува став (6). Во ставот (6) кој станува став (7) по зборовите: „членот 85-т став (7) се додаваат зборовите: „и членот 22-у став (7)“. Во ставот (7) кој станува став (8) по зборовите: „85-ѕ став (3)“ се додаваат зборовите: „и членот 22-к став (3)“. Во ставот (8) кој станува став (9) по зборовите: „85-ѕ став (5)“ се додаваат зборовите: „и членот 22-к став (5)“, а по зборовите: „85-и став (9)“ се додаваат зборовите: „и членот 22 л став (9)“. Во ставот (9) кој станува став (10) по зборовите: „85-и ставови (5) и (6) “се додаваат зборовите: „член 22-л став (5) и (6)“. Ставовите (10), (11), (12), (13), (14) и (15) стануваат ставови (11), (12), (13), (14), (15) и (16). Член 13 Прописите утврдени во овој закон, ќе се донесат во рок од една години од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 14 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 15 Директорот на Управата за животната средина именуван пред денот на започнувањето на примената на членот 161-б утврден во членот 4 од овој закон продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван. Директорот на Државниот инспекторат за животна средина именуван пред денот на отпочнувањето на примената на членот 194-б утврден во членот 6 од овој закон продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван. Член 16 Членот 22-б утврден во членот 2 од овој закон ќе започне да се применува од 1 Јануари 2017 година. Членот 22-в утврден во членот 3 од овој закон ќе започне да се применува од 1 Јануари 2016 година. Член 17 Одредбите на членoвите 4 и 6 од овој закон ќе започнат да се применуваат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен одредбите кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик кои ќе започнат да се применуваат по две година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 18 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 14 од 14 www.pravdiko.mk www.pravdiko.mk

Law amending the Law on environment · Nelum