تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Law amending the Law on environment

صدر في 2007-02-19 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина.
اللغة
Macedonian
النوع
قانون
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Environment
الكلمات المفتاحية
environmental planning, offences/penalties, data collection/reporting, monitoring, policy/planning

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 19 февруари 2007 година. Бр. 07-839/1 19 февруари 2007 година Скопје Претседател на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р. Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАTA СРЕДИНА Член 1 Во Законот за животната средина ("Службен весник на Република Македонија" бр. 53/2005 и 81/2005), членот 5 се менува и гласи: "Дефиниции Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: Општи изрази од областа на животната средина: 1. Животната средина е просторот со сите живи организми и природни богатства, односно природните и создадените вредности, нивните меѓусебни односи и вкупниот простор во кој живее човекот и во кој се сместени населбите, добрата во општа употреба, индустриските и другите објекти, вклучувајќи ги и медиумите и областите на животната средина; 2. Заштита и унапредување на животната средина е систем на мерки и активности (општествени, политички, социјални, економски, технички, образовни и други) со кои се обезбедува поддршка и создавање на услови од заштита и загадување, деградација и влијание на/врз медиумите и одделните области на животната средина (заштита од осиромашување на озонската обвивка, спречување на штетната бучава и вибрации, заштита од јонизирачко и нејонизирачко зрачење, заштита од непријатната миризба и користење и депонирање на отпадоците и друг вид на заштита на животната средина); 3. Загадување на животната средина е емисија на загадувачки материи и супстанции, која е резултат на човековата активност, во воздухот, водата или почвата, којашто може да биде штетна за квалитетот на животната средина, животот и здравјето на луѓето или, емисија на загадувачки материи и супстанции од којашто може да произлезе штета за имотот или која ги нарушува или влијае врз биолошката и пределската разновидност и врз другите начини на користење на животната средина; 1 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 4. Загадувачки материи и супстанции се отпадните, опасните и штетните материи и супстанции, кои според нивниот хемиски состав и според степенот на нивната опасност ја загадуваат животната средина, а се наведени во Регистарот на загадувачки материи и супстаниции и нивните карактеристики; 5. Загадувач е секое правно или физичко лице чиешто дејство, посредно или непосредно, предизвикува загадување на животната средина; 6. Управување со природни богатства се активности и работи кои ги вршат правните и/или физичките лица согласно со овој и друг закон со цел за зачувување и одржливо користење на природните богатства; 7. Управување со податоци е собирање, обработка, систематизирање, чување, искористување, дистрибуција и презентирање на сеопфатни, точни и јавно достапни податоци и информации за состојбите, квалитетот и за трендовите во сите медиуми и области на животната средина; 8. Стандард за квалитет на животната средина е збир од барања кои мора да ги исполнува одделен медиум на животната средина, област или дел од животната средина во одредено време и при одредени услови, на начин определен со закон и со друг пропис на Република Македонија и со меѓународните договори ратификувани од Република Македонија; 9. Информативен систем за животната средина е сеопфатна база на податоци и информации за состојбата со медиумите и одделните области на животната средина во кој се содржани Регистарот на загадувачки материи и супстанции и нивните карактеристики и Катастарот за животна средина; 10. Регистар на загадувачки материи и супстанции и на нивните карактеристики е каталог во кој се класифицирани отпадните, опасните и штетните материи и супстанции, според нивниот хемиски состав и според степенот на нивната опасност; 11. Супстанца е секој хемиски елемент и неговите соединенија, со исклучок на радиоактивните супстанции и супстанциите кои се присутни во генетски модифицираните организми; 12. Опасна супстанца е супстанца или препарат којшто содржи една или повеќе опасни супстанци чиишто својства ја загадуваат и оштетуваат животната средина и се опасни за животот и здравјето на луѓето со докажани акутни, хронични токсични и други штетни ефекти; 13. Области на животната средина се природата, отпадот, бучавата, вибрациите, јонизирачко и нејонизирачкото зрачење, климата, миризбата и сите други елементи кои претставуваат неделива целина од животната средина; 14. Медиуми на животната средина се водата, воздухот и почвата; 15. Мониторинг на животната средина е систематизирано мерење, следење и контрола на состојбите, квалитетот и промените на медиумите и областите на животната средина; 16. Квалитет на животната средина е состојба на животната средина изразена со физички, хемиски, естетски и со други показатели; 17. Катастар за животна средина е квантитативна и квалитативна евиденција на загадувачите и на изворите на загадување кои испуштаат загадувачки материи и супстанции во медиумите на животната средина, во која е вклучена и картата на загадувачи; 18. Имисија е концентрација на загадувачките материи и супстанции на одредено место и во одредено време во медиумите на животната средина. 19. Хемикалии се супстанции и препарати; 2 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 20. Гранични вредности за емисија е масата, изразена во смисла на одредени специфични параметри, концентрацијата и/или нивото на испуштање, кои не смеат да бидат надминати во текот на определен временски период; 21. Физичко лице е трговец поединец, вршител на професионална дејност и граѓанин; 22. Емисија е испуштање или истекување (фугитивна емисија) на супстанции во течна, гасовита или во цврста состојба, препарати, испуштање на енергија (бучава, вибрации, зрачење, топлина), миризба, организми или микроорганизми, како и испуштање на микробиолошки материјал од некој извор во еден или во повеќе медиуми на животната средина, како резултат на човековата активност; 23. Штетно влијание и дејство е секое негативно нарушување на квалитетот на медиумите и областите на животната средина; 24. Штетна материја за животната средина е биолошки или физички агенс, или појава/состојба, чие присуство во животната средина може да предизвика непосредна или одложена закана или загадување за еден или повеќе медиуми или области на животната средина, како и други надразнувачки, запаливи и експлозивни материи кои во одредено количество, концентрација или интензитет имаат такви својства; 25. Јавност е едно и/или повеќе правни и/или физички лица и во согласност со закон формирани организации и здруженија на граѓани; 26. Засегната јавност е јавноста којашто, во моментот, е засегната и/или во иднина може да биде засегната или има интерес во врска со донесувањето одлука за животната средина со која е во посебен однос со одредена постапка. Засегната јавност ги вклучува и здруженијата на граѓани формирани за заштита и за унапредување на животната средина, како и физичко лице кое има голема веројатност да ги почувствува последиците од донесувањето на одлуката; 27. Задоволителна состојба е постигнување на состојба на квалитет на медиум или област на животната средина кој ги задоволува стандардите за квалитет што се неопходни за намената за користење на медиумот или областа; 28. Индикаторски извештај е опис на состојбата на животната средина презентирана преку квантитативни информации (индикатори) за состојбите на медиумите и областите во животната средина добиени преку сублимирање на различни, повеќеслојни и поединечни информации; 29. Органи се органите на државната управа и органите на единиците на локалната самоуправа кои согласно со овој или друг закон се овластени да донесуваат прописи и други акти за спроведување на овој или друг закон; Изрази од областа на оцена на влијанието врз животната средина: 30. Проект е развоен документ со кој се анализираат и се дефинираат конечните решенија за користење на природните и на создадените вредности, вклучувајќи ги оние на искористување на минерални суровини и се уредува изградбата на објекти и инсталации и спроведување на други дејности и активности кои имаат влијание врз животната средина, пределот и врз здравјето на луѓето; 31. Инвеститор/барател е правно или физичко лице кое поднесува барање за одобрување на приватен проект или државниот орган кој иницира проект; 32. Оцена на влијанието врз животната средина е процена на можните влијанија на одредени плански документи, проекти и планирани активности врз животната средина; 33. Дозвола, односно решение за спроведување на проект е одлука на надлежниот орган со која се дава согласност на инвеститорот/барателот за одобрување/продолжување на спроведувањето на проектот; Изрази од областа на стратегиската оцена на влијанието врз животната средина: 3 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 34. Стратегии, планови и програми се плански документи кои се: подготвуваат, изменуваат и/или усвојуваат од страна на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, органите на државната управа, органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје и кои се изработуваат врз основа на обврска утврдена во закон и/или пропис донесен врз основа на закон; Изрази кои се однесуваат на интегрираните еколошки дозволи и генерална еколoшка ревизија: 35. Инсталација: во однос на интегрираните еколошки дозволи, е неподвижна техничка единица каде што се врши една или повеќе пропишани активности и активности кои се непосредно поврзани со нив, а кои би можеле да имаат ефект врз емисиите и врз загадувањето и во однос на спречувањето и контролата на хавариите со учество на опасни супстанции, инсталација е техничка единица во рамките на еден систем во кој се произведуваат, употребуваат, складираат или се ракува со опасни супстанции. Таа ја вклучува целокупната опрема, објектите, цевководите, машините, алатките, приватните железнички споредни колосеци, станиците за истовар кои ја опслужуваат инсталацијата, складовите или сличните градби, потребни за работа на инсталацијата; 36. Постоечка инсталација, во однос на интегрирани еколошки дозволи, е инсталација којашто е оперативна, односно работи пред 1 јули 2007 година; 37. Промена во работењето е промена во природата на функционирањето или проширувањето на инсталацијата, која би можела да има последици за животната средина; 38. Значителна промена е промена во работењето на инсталацијата за којашто надлежниот орган утврдил дека би можела да има значителни негативни ефекти врз здравјето на луѓето или врз животната средина; 39. Најдобри достапни техники е најефективната и најнапредната фаза во развојот на активностите и на методите на работа кои укажуваат на практичната соодветност на конкретните технологии за обезбедување, во начело, на основата на граничните вредности за емисиите, наменети за спречување и, онаму каде што тоа не е практично возможно, за намалување на емисиите и на негативното влијание врз животната средина. Притоа под: техники се подразбира користената технологија и начинот на којшто инсталацијата е конструирана, се одржува, се користи и престанува да работи, достапни техники се подразбира степенот на развој на техниките што се применуваат во соодветниот индустриски сектор, под економски и технички исплатливи услови, земајќи ги предвид трошоците и предностите, без оглед на тоа дали техниките се користат или се развиени и/или произведени во Република Македонија, доколку се разумно достапни за операторот и најдобри се подразбираат оние техники кои се најефективни во постигнувањето на високо општо ниво на заштита на животната средина во целина; 40. Оператор е секое правно или физичко лице кое врши професионална активност и/или врши активности преку инсталацијата и/или ја контролира, или лице на кое му се доверени или делегирани овластувања за донесување економски одлуки во однос на активноста или техничкото работење, вклучувајќи го и носителот на дозволата или овластување за таквата активност, односно лицето кое е задолжено да регистрира или алармира за активноста; 41. Дозвола, во однос на интегрираното спречување и контролата на загадувањето, е оној дел од пишаната одлука или целата пишана одлука (или неколку такви одлуки) со којашто се дава овластување за работа на целата или на дел од инсталацијата, а што е предмет на одредени услови со кои се гарантира дека инсталацијата е усогласена со барањата утврдени со овој и со друг закон. Дозволата може да опфаќа една или повеќе инсталации или делови од инсталации на истата локација, со кои работи истиот оператор; 4 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Изрази од областа на спречување и контрола на хаварии со присуство на опасни супстанции: 42. Опасна супстанција, во однос на спречувањето и контролата на хавариите, е смеса или препарат, определена согласно со прописот од членот 145 став (2) на овој закон, или ги исполнува критериумите или својствата определени во прописот од членот 145 став (2) на овој закон, која е присутна во форма на суровина, производ, нуспроизвод, остаток или полупроизвод, вклучувајќи ги и оние супстанции за кои е разумно да се претпостави дека можат да настанат во случај на несреќа; 43. Присуство на опасни супстанци, во однос на спречување и контрола на хавариите, е постоечко или веројатно присуство на опасни супстанции во систем, или присуство на супстанции за кои постои ризик дека можат да настанат за време на губење на контрола над индустриски хемиски процес, во количини еднакви или поголеми од граничните вредности (прагови) определени со прописот од членот 145 став (2) на овој закон; 44. Хаварија, во однос на спречување и контрола на хаварии, е појава во вид на голема емисија, пожар или експлозија настаната како резултат на неконтролирани настани во текот на работењето на кој било систем, со учество на една или повеќе опасни супстанции, а што доведува до сериозна опасност за животот и здравјето на човекот и за животната средина, веднаш или подоцна, во или надвор од системот што вклучува една или повеќе опасни супстанции; 45. Опасност е автентичното својство на некоја опасна супстанција или физичка ситуација, со потенцијал за предизвикување штети за животот и здравјето на човекот и за животната средина; 46. Ризик е можноста за појава на одредена последица врз животната средина, во одреден временски период или во одредени околности; 47. Складирање е присуство на одредено количество опасни супстанции заради чување, оставање на сигурно место или држење во резерва; 48. Систем, во однос на спречување и контрола на хаварии, е целокупниот простор под контрола на операторот, на којшто се присутни опасни супстанции во една или повеќе инсталации, вклучувајќи ги и заедничките или сродните инфраструктурни објекти или активности; Изрази од областа на одговорноста за штета предизвикана врз животната средина: 49. Почетна состојба, во смисла на одговорност на штета предизвикана врз животната средина, е состојбата која би постоела, во времето на настанување на штетата врз природниот ресурс и врз неговата функција, доколку штетата врз животната средина не настанала. Притоа, почетната состојба се проценува врз основа на достапните информации и критериумите определени согласно со Главата XVI од овој закон и во согласност со критериумите утврдени со прописот од членот 157 став (3) на овој закон; 50. Штета, во смисла на одговорност на штета предизвикана врз животната средина, е мерлива негативна промена на природниот ресурс или директно или индиректно мерливо нарушување на функцијата на тој природен ресурс во поглед на друг природен ресурс или на јавниот интерес; 51. Еколошка штета е секоја штета причинета врз: заштитените видови и природните живеалишта, што има значителни неповолни влијанија врз постигнувањето и одржувањето на поволниот статус за зачуваност на овие живеалишта или видови. Значителноста на неповолните влијанија се проценува врз основа на почетната состојба, земајќи ги предвид критериумите определени согласно со прописот од членот 157 став (3) и Главата XVI на овој закон, водите, што има значителни неповолни влијанија врз еколошкиот, хемискиот и/или квантитативниот статус и/или еколошкиот потенцијал на водите, согласно со Законот за водите и прописите донесени врз основа на тој закон и 5 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година почвата со нејзина контаминација, која предизвикува значителен ризик по здравјето на човекот како резултат на директна или индиректна примена на супстанции, препарати, организми или микроорганизми во, на или под почвата; 52. Реституција, вклучувајќи натурална и парична, во смисла на одговорност на штета предизвикана врз животната средина, е: во смисла на штета причинета врз води, заштитени видови и природни живеалишта, е враќање на повредениот природен ресурс и неговата функција во почетната состојба и во смисла на штета причинета врз почва, е елиминирање на секој значителен ризик кој може негативно да влијае врз здравјето на човекот; 53. Трошоци, во смисла на одговорност на штета предизвикана врз животната средина, се сите трошоци потребни за соодветно и ефективно обезбедување и покривање на целокупната штета, вклучувајќи ги и трошоците за процена на штетата и непосредната закана од штета и други активности, како и трошоците за спроведување, трошоците за собирање на податоците, мониторинг, надзор и други трошоци; 54. Заштитени видови и природни живеалишта се оние утврдени согласно со Законот за заштита на природата; Изрази од областа на климатските промени: 55. Климатски промени се промени предизвикани од антропогени влијанија врз климатскиот систем согласно со Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени; 56. Механизам за чист развој е еден од флексибилните механизми утврдени во членот 12 од Протоколот од Кјото кон Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени и 57. Проект, во смисла на механизмот за чист развој е проектна активност со чија реализација се дава придонес во постигнувањето на квантитативно утврдените ограничувања и намалување на емисиите според членот 3 од Протоколот од Кјото кон Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.” Член 2 Во членот 20 став (1) алинеја 3 пред зборот "испуштање" се додаваат зборовите: "производство, постапување и". Член 3 Во членот 22 став (1) зборовите: "ги пропишува опасните супстанции, штетните материи и производи чиј што увоз, извоз и транзит во/од/низ Република Македонија е забранет или строго контролиран" се заменуваат со зборовите: "го ограничува, забранува или строго контролира увозот и извозот на опасните супстанции, штетните материи и производи во/од/низ Република Македонија". Ставот (2) се менува и гласи: "Заради заштита на животната средина и здравјето на луѓето, Владата на Република Македонија, на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги определува поблиските услови за промет, увоз, извоз и транзит на опасните супстанции, штетните материи и производи, како и на одделни полупроизводи, суровини и стоки кои се под посебен режим на увоз, извоз и транзит во/од/низ Република Македонија." 6 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 4 Членот 24 се менува и гласи: "Елаборат за заштита на животната средина (1) Правни или физички лица кои вршат дејности или активности кои не спаѓаат во проектите за кои, согласно со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, се спроведува постапка за оцена на влијанието врз животната средина се должни да изготват елаборат за заштита на животната средина со цел да се оцени влијанието на дејностите или активностите врз животната средина (во натамошниот текст: елаборат), пред да започнат со спроведувањето на проектот и истиот да го достават до органот надлежен за одобрување на спроведувањето на проектот. (2) Надлежниот орган за одобрување на спроведувањето на проектот од ставот (1) на овој член кој го одобрува вршењето на дејностите или активностите е должен елаборатот да го достави до органот надлежен за одобрување на елаборатот согласно со видовите на дејноста или активноста утврдени со прописот донесен врз основа на ставовите (4) и (5) од овој член. (3) Формата и содржината на елаборатот согласно со видовите на дејностите или активностите за кои се изработува елаборат, постапката за нивно одобрување, како и начинот на водење на Регистарот за одобрени елаборати, ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Владата на Република Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, ги определува дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина. (5) Владата на Република Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, ги определува дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје. (6) Постојните правни и физички лица кои вршат дејности и активности определени со прописите од ставовите (4) и (5) на овој член се должни да изработат елаборат или да го изменат постојниот елаборат со цел да го усогласат своето работење со пропишаните стандарди за квалитет на животната средина и пропишаните гранични вредности на емисии. (7) Органот надлежен за одобрување на елаборатот од ставовите (4) и (5) на овој член издава решение со кое го одобрува елаборатот, како и рокот за секој постоен капацитет во кој треба да се усогласи со пропишаните стандарди за квалитет на животната средина и пропишаните гранични вредности на емисии во согласност со постапката утврдена во ставот (3) од овој член. (8) Органот надлежен за одобрување на спроведувањето на елаборатот од ставот (1) на овој член ќе одбие спроведувањето на проект, односно ќе одбие одобрување на вршење на дејностите или активностите доколку не се обезбеди решение за одобрување на елаборатот од надлежниот орган утврден во согласност со прописот донесен врз основа на ставовите (4) и (5) од овој член. (9) Органот надлежен за одобрување на елаборатот од ставовите (4) и (5) на овој член води Регистар за одобрените елаборати. 7 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (10) На решението од ставoт (7) na овој член, правните и физичките лица имаат право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина." Член 5 Во членот 26 став 2 зборовите: "советот на општината и советот на градот Скопје" се заменуваат со зборовите: "градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје". Член 6 По членот 26 се додава нов член 26-а, кој гласи: "Член 26-а Определување на јавноста (1) Органите кои донесуваат одлуки или плански документи согласно со одредбите на овој закон, а во кои е предвидено учество на јавноста се должни при постапката на нивното донесување да ја определат јавноста која ќе биде засегната или веројатно ќе биде засегната со спроведувањето на донесените одлуки или плански документи, или има интерес во спроведувањето на донесените одлуки или плански документи. (2) Органите од ставот (1) на овој член се должни своите одлуки за определување на јавноста од ставот (1) на овој член, да ги направат достапни на јавноста уште во најраната фаза на отпочнување на постапката за донесувањето на одлуките или планските документи. (3) Определувањето на јавноста од ставот (1) на овој член се врши во согласност со одредбите на прописот донесен врз основа на членот 61 став (8) од овој закон." Член 7 Во членот 29 ставот (9) се менува и гласи: "Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува одделните критериуми за одделните групи на производи и услуги кои треба да се исполнуваат за добивање на еколошка ознака, како и начинот и постапката за нивното утврдување." Член 8 Во членот 32 по ставот 2 се додаваат три нови става (3), (4) и (5), кои гласат: "(3) За спроведување на мониторингот од ставот (1) на овој член органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесува Стратегија за мониторинг на животната средина. (4) Врз основа на стратегијата од ставот (3) на овој член органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесува Програма за мониторинг на животната средина. (5) Формата, содржината, методологијата и начинот на изработка на Програмата за мониторинг на животната средина и содржината на Стратегијата за мониторинг на животната средина ја пропишува Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина." Член 9 Во членот 39 ставот (2) се менува и гласи: "Податоците од ставот (1) на овој член, како и извештаите за состојбата со животната средина се доставуваат до релевантните меѓународни организации и тела на начин, постапка и во рокови предвидени согласно со барањата содржани во меѓународните договори ратификувани од Република Македонија." 8 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 10 По членот 40 се додава нов член 40-а, кој гласи: "Член 40-а Доставување податоци (1) Заради континуирано и ефикасно одржување и развој на Информативниот систем за животна средина, правните и физичките лица од членот 36 на овој закон, правните и физичките лица кои вршат мониторинг на животната средина како дел од националната и/или локалната мрежа за мониторинг, како и правните и физички лица кои вршат мониторинг или собираат податоци за животната средина се должни да ги доставуваат податоците и информациите за животната средина до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина на начин и постапка утврдени со членот 40 став (5) од овој закон, како и со посебните закони. (2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина може да побара субјектите од ставот (1) на овој член да доставуваат повремени и/или периодични, обработени и/или необработени податоци и информации за животната средина кои ги поседуваат, кои се релевантни за донесување на одлуки и спроведување на законските обврски поврзани со животната средина. (3) Податоците и информациите од ставот (2) на овој член, врз основа на барањето од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, можат да се доставуваат во писмена, визуелна, аудио, електронска и/или во која било друга достапна форма. (4) Органите на државната управа кои поседуваат информации, вклучувајќи и статистички податоци потребни за изработка на извештаите од членот 45 на овој закон се должни истите, без надоместок, да ги направат достапни на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина согласно со ставот (2) од овој член." Член 11 Во членот 45 став (1) зборот "три" се заменува со зборот "четири". Во ставот (3) по зборот "содржина" се додаваат зборовите: "формата, методологијата и начинот на изработка". По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: "(4) Содржината, формата, методологијата и начинот на изработка на индикаторскиот извешај ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина." Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (5) и (6). Член 12 Во членот 51 став (2) точка 1 по зборот "почвата" се додава зборот "земјиштето". Во точката 5 сврзникот "и" на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: "од точката 3 на овој став и". Во точката 6 по зборот "производи" се додаваат зборовите: "вклучувајќи го и влијанието на загадувањето во ланецот на исхрана". Член 13 Во членот 52 по ставот (2) се додаваат два нови става (3) и (4), кои гласат: "(3) Субјектите од ставот (1) на овој член се должни да определат овластено лице кое ќе биде одговорно за остварување на правото за пристап до информации за животната средина, како и да обезбедат просторија во која барателите ќе можат да ги разгледуваат или да вршат увид во бараните информации за животната средина. 9 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (4) Субјектите од ставот (1) на овој член се должни бараните податоци и информации за животната средина да ги достават или направат достапни за лицата кои побарале пристап до информации согласно со членот 51 од овој закон." Член 14 Во членот 55 став (2) точка 1 по зборот "органи" точката и запирката се бришат и се додаваат зборовите: "во случај кога доверливоста е утврдена во согласност со закон или пропис донесен врз основа на закон;". Во точката 4 точката и запирката се бришат и се додаваат зборовите: "вклучувајќи го и јавниот интерес во задржување на статистичката доверливост и тајноста на даноците;". Во точката 7 по зборот "интересите" се додаваат зборовите: "или заштитата". Точката 8 се менува и гласи: "8) заштита на животната средина, а особено заштита на одредени диви видови и/или типови на живеалишта;". Во ставот (3) броевите: "6 и 7" се заменуваат со броевите: "7 и 8". Во ставот (4) зборовите: "алинеја 2" се бришат. Ставот (5) се менува и гласи: "Информациите за животната средина со кои располагаат или се чуваат од субјектите, а кои се побарани од барател треба да се направат делумно достапни доколку од нив е можно да се издвојат информациите од ставот (1) алинеја 4 и ставот (2) на овој член." Во ставот (7) зборовите: "Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање во управнa постапка во втор степен од областа на животната средина" се заменуваат со зборовите: "Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер". По ставот (8) се додава нов став (9), кој гласи: "(9) Против решенијата по жалбите од ставовите (7) и (8) на овој член може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежниот суд." Член 15 Во членот 56 став (1) зборовите: "компјутерските мрежи за комуникација" се заменуваат со зборовите: "мрежите на електронска комуникација". Член 16 По членот 56 се додава нов член 56-а, кој гласи: "Член 56-а Ажурирање на информациите за животна средина Субјектите од членот 52 на овој закон се должни информациите за животна средина кои ги поседуваат постојано да ги ажурираат, како и во нив задолжително да вклучат: 1) текстови на релевантни меѓународни договори, конвенции или спогодби и текстови на правни акти донесени од органите за животната средина или кои се однесуваат на неа; 2) документи во кои се содржани политики, како и стратегии, планови и програми кои се однесуваат на животната средина; 3) извештаи за напредокот во спроведувањето на материјалите наведени во точките 1 и 2 од овој став, вклучувајќи ги и извештаите за тоа како истите се подготвени, како и да се чуваат во електронска форма; 4) извештаи за состојбата на животната средина од членот 45 на овој закон; 5) податоци или прегледи на податоци добиени од следење на активностите кои влијаат или постои можност да влијаат негативно на животната средина; 10 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 6) овластувања дадени од субјектите од членот 52 на овој закон чие спроведување може значително да влијание на животната средина, како и договори склучени меѓу правни и физички лица чие спроведување може значително да влијае врз животната средина или да обезбедат упатување на местото каде што такви информации можат да се побараат или најдат во согласно со овој закон и 7) студии за оцена на влијанието на проекти врз животната средина или да упатат на место каде што информациите можат да се побараат или најдат во согласност со овој закон." Член 17 Во членот 58 ставот (3) се менува и гласи: "Владата на Република Македонија ја пропишува висината на надоместокот од ставот (2) на овој член и случаите кога се наплатува надоместокот, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина кој се определува врз основа на реалните трошоци што ги сноси органот заради давањето на информациите." Член 18 Во членот 61 по ставот (4) се додаваат пет нови става (5), (6), (7), (8) и (9), кои гласат: "(5) Органите на државната управа и органите на единиците на локалната самоуправа, заради учество на јавноста во донесувањето на одлуки, се должни да ја известат јавноста за сите предлози за изработување, донесување, изменување или ревидирање на планови и програми, по пат на јавни известувања, или на друг соодветен начин, како што се електронските и печатените медиуми, како и да с овозможат на јавноста пристап до информации за предлозите, вклучувајќи и информации за правото на јавноста да учествува во постапката за одлучување по плановите и програмите и надлежниот орган до кого можат да се поднесуваат забелешки и прашања. (6) Органите од ставот (5) на овој член се должни да и обезбедат на јавноста право да ги изрази своите забелешки, предлози и мислења пред да се донесат одлуките за плановите и програмите, како и се должни при донесувањето на одлуките да ги земат во предвид мислењата од учеството на јавноста. (7) При донесувањето на одлуките по плановите и програмите, органите од ставот (5) на овој член се должни да преземат мерки за информирање на јавноста во врска со донесените одлуки, како и причините и основите на кои се засновуваат тие одлуки, вклучувајќи и информирање за процесот на учество на јавноста. (8) Владата на Република Македонија на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува видовите на планови и програми кои се донесуваат согласно со одредбите од ставот (4) на овој член, начинот и постапката за учество на јавноста при изработувањето, донесувањето, изменувањето или ревидирањето на планови и програми, како и начинот и критериумите врз основа на кои се определува јавноста за учество, вклучувајќи ги и невладините организации. (9) Исклучок од ставовите (5) и (6) на овој член се плановите и програмите чија единствена намена се однесува на националната безбедност, одбраната на земјата и заштитата и спасувањето на населението." Член 19 Во членот 67 по ставот (8) се додаваат два нови става (9) и (10), кои гласат: "(9) Во случај кога стратегиска оцена се спроведува на плански документ кој произлегува од друг повисок плански документ за кој претходно била спроведена стратегиска оцена, органот кој го подготвува планскиот документ треба да ги земе 11 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година предвид релевантните расположливи информации за ефектот на повисокиот плански документ врз животната средина кои биле добиени при донесувањето на тој плански документ. (10) Во случаите од ставот (9) на овој член извештајот за стратегиската оцена на животната средина ги вклучува информациите кои реално се потребни за донесување на понискиот плански документ, а кои согласно со постојните знаења и методи на оценување, содржината и деталноста на повисокиот плански документ, фазата и нивото на донесувањето придонесуваат кон правилна оцена на влијанието на понискиот плански документ врз животната средина и се овозможува избегнување на дуплирање на оценувањето на влијанието врз животната средина." Член 20 Членот 68 се менува и гласи: "Листа на експерти за стратегиска оцена на животната средина (1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина установува и води Листа на експерти за стратегиска оцена на животната средина. (2) Експерт за стратегиска оцена на животната средина може да биде физичко лице кое има високо образование и пет години работно искуство во областа на животната средина. (3) Физичкото лице од ставот (2) на овој член се стекнува со статус на експерт за стратегиска оцена на животната средина доколку поседува потврда за положен стручен испит за стекнување на професионално знаење за стратегиска оцена на животната средина и е вклучено во Листата на експерти од ставот (1) на овој член. (4) Стручниот испит од ставот (3) на овој член се полага според програма пред комисијата за полагање на испит за стратегиска оцена на животната средина формирана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (5) Комисијата од ставот (4) на овој член е составена од најмногу пет члена, од кои еден е претседател. Комисијата има право на надоместок за својата работа кој го определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врз основа на работниот ангажман на комисијата. (6) Физичко лице со завршено високо образование може да го полага стручниот испит од ставот (4) на овој член без право да се стекне со статус на експерт се до исполнувањето на условите од ставот (2) на овој член во однос на годините на работното искуство. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува составот на комисијата и начинот на нејзината работа, програмата и начинот на полагање на стручниот испит, висината на надоместокот за полагање на стручниот испит и на надоместокот за воспоставување и одржување на Листата на експерти, начинот на стекнување и губење на статус на експерт за стратегиска оцена на животната средина, како и начинот и постапката за вклучување и исклучување од Листата на експерти од ставот (1) на овој член. (8) Висината на надоместокот од ставот (7) на овој член се определува во износи кои не ги надминуваат реалните трошоци направени за полагање на стручниот испит." 12 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 21 По членот 71 се додава нов член 71-а, кој гласи: "Член 71-а Стратегиска оцена со прекугранични влијанија Во постапката за стратегиска оцена на плански документи кои можат да имаат прекугранични влијанија, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина може да преземе активности на детални консултации со органите на другата држава или да преземе мерки за склучување на посебни договори со другата држава со кои ќе биде регулирана постапката за меѓусебна консултација во стратегиската оцена на планските документи." Член 22 Во членот 74 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: "(2) Известувањето од ставот (1) на овој член го доставува органот на државната управа надлежен за работите од областа на надворешните работи во кое задолжително се вклучени: изјава во која се сумира како се интегрирани влијанијата врз животната средина на планскиот документ и како е подготвен извештајот за стратегиската оцена на животната средина во однос на учеството на јавноста и резултатите од консултацијата остварени согласно со членовите 69 и 70 од овој закон, причините за избор на планскиот документ во однос на други алтернативи кои постојат и мерките кои се однесуваат на следење на ефектите од спроведувањето на планскиот документ согласно со членот 75 од овој закон." Ставот (2) станува став (3). Во ставот (3) кој станува став (4) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: "или за усвојувањето или неусвојувањето на планскиот документ". Член 23 Во членот 79 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: "(4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа за животната средина, донесува детални упатства за спроведување на постапката за оцена на влијанието врз животната средина кои ќе бидат земени предвид при спроведување на постапката." Член 24 Во членот 81 ставот (2) се менува и гласи: “Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува начинот и постапката за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина, како и формата и содржината на образецот за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина.” Член 25 Во членот 82 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: "(2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина при определување на обемот на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина задолжително се консултира со инвеститорот и со општината, со 13 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година градот Скопје и со општините во градот Скопје на чие подрачје треба да се спроведува проектот, како и другите релевантни органи на државната управа и институции, кои се должни да дадат информации и мислења во рок од 15 дена од денот на доставувањето на барањето за консултација." Ставот (2) станува став (3). Во ставот (3) кој станува став (4) зборовите: "членот 81 став (5) од овој закон" се заменуваат со зборовите: "ставот (2) од овој член". По ставот (4) кој станува став (5) се додадаваат два нови става (6) и (7), кои гласат: "(6) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина може и покрај определувањето на обемот на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, во натамошната постапка за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, да бара дополнителни информации доколку оцени дека е потребно, како и да побара информациите да бидат составени на начин кој соодветствува на современите знаења и методи на процена. (7) Мислењето од ставот (5) на овој член се објавува во рок од пет дена од денот на донесувањето согласно со членот 90 став (1) точка 7 од овој закон." Член 26 Членот 85 се менува и гласи: "Листа на експерти за оцена на влијанието на проектот врз животната средина (1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина установува и води Листа на експерти за оцена на влијание на проекти врз животната средина. (2) Експерт за оцена на влијание на проектот врз животната средина може да биде физичко лице кое има високо образование и пет години работно искуство во областа на животната средина. (3) Физичкото лице од ставот (2) на овој член се стекнува со статус на експерт за оцена на влијание на проектот врз животната средина доколку поседува потврда за положен стручен испит за стекнување на професионално знаење за оцена на влијанието на проектите врз животната средина и е вклучено во Листата на експерти од ставот (1) на овој член. (4) Стручниот испит од ставот (3) на овој член се полага според програма пред комисијата за полагање на испит за оцена на влијанија на проекти врз животната средина формирана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (5) Физичко лице со завршено високо образование може да го полага стручниот испит од ставот (4) на овој член без право да се стекне со статус на експерт се до исполнувањето на условите од ставот (2) на овој член во однос на работното искуство. (6) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува составот на комисијата и начинот на нејзината работа, програмата и начинот на полагање на стручниот испит, висината на надоместокот за полагање на стручниот испит и надоместокот за воспоставување и одржување на Листата на експерти, начинот на стекнување и губење на статус на експерт за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, како и начинот и постапката за вклучување и исклучување од Листата на експерти од ставот (1) на овој член. (7) Висината на надоместокот од ставот (6) на овој член се определува врз основа на реалните трошоци направени за полагање на стручниот испит." 14 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 27 Во членот 90 став (1) по точката 6 се додава нова точка 7, која гласи: "7) кратка содржина на мислењето од членот 82 став (5) на овој закон во најмалку еден дневен весник достапен на целата територија на Република Македонија, на Интернет страницата, како и на огласна табла на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина." Ставот (2) се менува и гласи: "Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во случаите од членот 93 на овој закон, информациите од ставот (1) на овој член ги доставува до надлежниот орган на засегната држава во согласност со членот 93 од овој закон." Во ставот (4) по бројот "4" сврзникот "и" се заменува со запирка, а по бројот "5" се додава бројот "и 7". По ставот (4) се додава нов став (5), кој гласи: "(5) Кога со закон или пропис донесен врз основа на закон е загарантирана доверливоста на трговските и индустриските информации, информациите за интелектуална и индустриска сопственост, вклучувајќи ги информациите од заштита на јавниот интерес, надлежните органи се должни да ја почитуваат доверливоста при постапувањето согласно со ставовите (1) и (2) од овој член, како и при спроведувањето на постапката за оцена на влијанието врз животната средина." Член 28 Во членот 92 став (1) точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите: "организирањето и одржувањето на јавната расправа и трошоците за објавување на информации за оцена на влијанието на проектот врз животната средина на јавноста утврдени во членот 90 став (1) од овој закон". Ставот (2) се менува и гласи: "Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги определува видовите и висината на трошоците за спроведување на постапката за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, кои ги надоместува инвеститорот." Ставот (3) се менува и гласи: "Трошоците од ставoт (2) нa овој член се определуваат врз основа на реалните трошоци кои ги сноси органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за преземање на одделни активности кои настануваат како последица на потребата од спроведување на оцената на влијанието на проектот врз животната средина." Член 29 Членот 93 се менува и гласи: “Оцена на прекуграничното влијание на животната средина на проектот кој се изведува на територија на Република Македонија (1) Доколку при утврдувањето на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина ќе се утврди дека проектот може да предизвика значително прекугранично влијание врз животната средина на територијата на друга/и држава/и (во натамошниот текст: засегната држава), органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина на Република Македонија е должен да ја/ги извести засегнатата/тите држава/и во временскиот рок во кој ја известува и домашната јавност. 15 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (2) Известувањето од ставот (1) на овој член особено содржи: • известување за започнување на постапка за оцена на влијание на проектот врз животната средина, • опис на проектот и информации за можното влијание на проектот врз животната средина, • информации за видот на одлуката која може да биде донесена во врска со постапката за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и • временски рок за одговор на известувањето кој не може да биде пократок од временскиот рок кој го има домашната јавност за доставување на мислења по решението за утврдување на потребата од оцена на влијание на проектот врз животната средина. (3) Доколку засегнатата држава одговори дека нема да учествува во постапката за оцена на влијанието врз животната средина, или не одговори на известувањето во дадениот временски рок органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ја спроведува постапката за оцена на влијанието врз животната средина согласно со овој закон. (4) Доколку засегнатата држава одговори дека е заинтересирана да учествува во постапката за оцена на влијанието врз животната средина, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен на засегнатата држава да и испрати: • информации во врска со постапката за оцена на влијанието врз животната средина, вклучувајќи и временски распоред за поднесување на информации и места каде што информациите се достапни на јавноста и • информации за предложениот проект и можното прекугранично влијание. (5) Документацијата која се испраќа до засегнатата држава, известувањето, како и дополнителните информации се изготвуваат на официјалниот јазик на засегнатата држава. (6) Во постапката за оцена на прекуграничното влијание на проект од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина може да преземе мерки на директни консултации со органите на засегнатата држава или да преземе мерки за склучување на посебни билатерални договори со засегнатата држава со кои детално би се регулирала постапката за меѓусебна консултација во оцената на влијанието на проектот врз животната средина. (7) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, може да бара од засегнатата држава информации во врска со состојбата на животната средина на нејзината територија врз која проектот би можел да има значително влијание, кога тие информации се важни за подготовка на документацијата за оцена на влијанието врз животната средина. (8) Трошоците за преводот на информациите од ставовите (5) и (7) на овој член ги сноси инвеститорот.” Член 30 По членот 93 се додаваат два нови членови 93-а и 93-б, кои гласат: “Член 93-а Учество на јавноста на засегнатата држава (1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во соработка со надлежниот орган на засегнатата држава, е должен да создаде услови за информирање на јавноста и за добивање мислења и коментари од засегнатата јавност на засегнатата држава исто како и за домашната јавност, во согласност со законите на Република Македонија. 16 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (2) Информациите добиени од засегнатата држава, заедно со коментарите од нејзината јавност органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги зема предвид при донесување на решението за одобрување на спроведувањето на проектот. (3) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина добие известување од друга држава дека има сознание за тоа дека во Република Македонија би се спроведувал проект кој би можел да има значително прекугранично влијание, а за кој проект истата држава не била известена од страна на Република Македонија во согласност со овој закон е должен, доколку оцени дека постои прекугранично влијание, да ја вклучи другата држава во постапката за оцена на влијанието врз животната средина во согласност со овој закон. Член 93-б Доставување на студија и решение на засегнатата држава (1) По добивањето на студијата за оцена на влијанието врз животната средина органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ја доставува истата до засегнатата/ите држава/и. (2) Студијата од ставот (1) на овој член се доставува на официјалниот јазик на засегнатата држава. Трошоците за превод ги сноси инвеститорот. (3) Доколку надлежниот орган на засегнатата држава организира јавна расправа за студијата за оцена на влијанието врз животната средина, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и инвеститорот се должни да учествуваат. (4) Во текот на подготовката на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина започнува консултации со надлежниот орган на засегнатата држава во врска со мерките за намалување или елиминирање на можното прекугранично влијание од проектот. При консултациите се земаат предвид: а) можните алтернативи на предложениот проект вклучувајќи ја и алтернативата да не се спроведе проектот и можните мерки за ублажување на значајните прекугранични влијанија и/или мониторингот на ефектите од одредени мерки; б) други форми на можна заемна помош во намалувањето на значајните прекугранични влијанија од предложениот проект и в) други прашања поврзани со предложениот проект. (5) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина по донесувањето на решението со кое се дава согласност или се одбива барањето за спроведување на проектот истото го доставува до надлежниот орган на засегнатата држава, заедно со: a) главните причини на кои се базира одлуката и б) опис каде што е потребно, на главните мерки за избегнување, намалување и ако е возможно надоместување на штетните влијанија.” Член 31 Членот 94 се менува и гласи: “Оцена на прекуграничното влијание на животната средина на проектот кој се изведува на територија на друга држава (1) Ако Република Македонија добие известување од надлежниот орган на друга држава за тоа дека проектот кој би се спроведувал на територијата на таа држава може да има влијание врз животната средина во Република Македонија, органот на државната 17 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година управа надлежен за работите од областа на животната средина е должен да одговори на известувањето во дадениот временски рок и истовремено да ја извести јавноста во Република Македонија за добиеното известување. (2) Доколку органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина или некој друг орган или институција на Република Македонија на друг начин дознаат за проектот од ставот (1) на овој член, тие се должни веднаш да го известат органот на државната управа надлежен за работите од областа на надворешните работи на Република Македонија, кој треба да достави официјално известување до надлежниот орган на другата држава, со цел да се овозможи учество во постапката. (3) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ќе ги извести релевантните институции и засегнатата јавност на Република Македонија како да се вклучат во постапката за оцена на влијанието врз животната средина во конкретниот случај и во кој временски рок да ги доставуваат своите мислења и коментари. (4) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина може да организира јавна расправа на подрачјето на Република Македонија кое би било најмногу погодено од спроведувањето на проектот. (5) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за одржување на јавната расправа праќа покани до надлежниот орган на државата во која ќе се спроведува проектот и инвеститорот.” Член 32 Во членот 95 став (1) алинеја 1 бројот “17” се заменува со бројот “36”. Член 33 Во членот 96 став (1) по зборот "дозвола" се додаваат зборовите: "(во натамошниот текст: барање)". Ставовите (3), (4), (5) и (6) се бришат. Член 34 Во членот 97 став (1) на почетокот на реченицата бројот "15" се заменува со бројот "30". Член 35 Во членот 98 став (2) зборовите: "да го достави барањето и до" се заменуваат со зборовите: "да го стави на располагање барањето на". Ставот (3) се менува и гласи: "Органите од ставот (1) алинеи 1, 2, и 3 на овој член имаат право да доставуваат свои мислења и забелешки по однос на барањето и условите утврдени во нацртот А-интегрираната еколошка дозвола согласно со одредбите од овој закон кои се однесуваат за учество на јавноста." Член 36 Во членот 103 став (1) зборот "засегнатата" се брише. Член 37 Во членот 104 ставот (5) се менува и гласи: "По предлог на Комисијата од ставот (1) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесува национални референтни документи за најдобрите достапни техники, кои преставуваат упатства за применување на најдобрите достапни техники во А-интегрираните еколошки дозволи за секој индустриски сектор посебно." 18 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година По ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи: "(7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува работите и критериумите за кои треба да се води сметка при определување на наjдобрите достапни техники, земајќи ги предвид општите и поединечните услови за секој индустриски сектор." Член 38 Во членот 105 став (1) зборовите: "рокот утврден во членот 103 став (1) од овој закон" се заменуваат со зборовите: "крајниот рок во кој може да се доставуваат мислења по барањето". Во ставот (3) по зборовите: "15 дена" се става запирка и се додаваат зборовите: "но не подолго од 30 дена". Член 39 Во членот 107 став (7) зборот "имисиите" се заменува со зборовите: "стандардите за квалитет на животната средина". Ставот (8) се менува и гласи: "Врз основа на граничните вредности на емисиите утврдени во А-интегрираната еколошка дозвола, преку примената на најдобрите достапни техники и согласно со локалните географски и хидрометеоролошки услови, операторот е должен да ги задоволи стандардите за квалитет на животната средина и да го спречи или да го намали, до најмала можна мера, влијанието на инсталацијата врз животната средина, вклучувјаќи го и прекуграничното влијание." Ставот (11) се менува и гласи: "Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува супстанциите, како и нивните емисии од инсталацијата за кои задолжително се води сметка при пропишувањето на граничните вредности во А-интегрираната еколошка дозвола од ставот (5) на овој член, начинот на нивната примена и следење, методите на пресметување и честотата на мерењата, како и граничните вредности на емисиите на супстанциите кога истите не се утврдени со посебните закони." По ставот (13) се додаваат три нови става (14), (15) и (16), кои гласат: "(14) При определувањето на граничните вредности во А-интегрираните еколошки дозволи задолжително се води сметка за задоволување на квалитетот на медиумите на животната средина. (15) Во случај кога не е донесен национален референтен документ за одреден сектор од членот 104 став (5) на овој закон, при утврдувањето на најдобрите достапни техники во издавањето на А-интегрираната еколошка дозвола се земаат предвид Референтните документи на Европската унија, кои соодветно се утврдуваат во А-интегрираната еколошка дозвола. (16) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, донесува детални упатства заради спроведување на постапката за издавање на А-интегрирана еколошка дозвола." Член 40 Во членот 108 ставот (2) се менува и гласи: "Два примерока од А-интегрираната еколошка дозвола ги задржува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, од кои едниот се задржува за Регистарот на А-интегрираните еколошки дозволи, а другиот служи за обезбедување увид на јавноста во дозволата." 19 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Во ставот (7) во првата и втората реченица зборовите: "органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина" се заменуваат со зборовите: "органот надлежен за вршење на стручни работи во областа на животната средина". Член 41 Во членот 111 став (1) алинеjа 2 зборовите: "што имал или можел да има" се заменуваат со зборовите: "несреќа и/или хаварија што имале или би можеле да имаат". По ставот (1) се додаваат два нови става (2) и (3), кои гласат: "(2) Носителот на А-интегрирана еколошка дозвола е должен да ги почитува сите услови од дозволата при користењето и управувањето на инсталацијата. (3) Заради спроведување на обврската од ставот (2) на овој член операторот на инсталацијата е должен да именува лице кое ќе биде одговорно за спроведувањето на условите утврдени во А-интегрираната еколошка дозвола." Член 42 Во членот 115 став (1) алинеjа 3 по запирката на крајот од реченицата се додаваат зборовите: "поради што е потребно промена на граничните вредности на емисии утврдени во дозволата заради почитување на стандардите за квалитет на животната средина". Во ставот (6) зборот "десет" се заменува со зборот "седум". Член 43 Во членот 117 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: "(2) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува начинот и постапката за изменување на А интегрираната еколошка дозвола." Член 44 Во членот 119 ставот (4) се брише. Ставот (5) станува став (4). Член 45 Во членот 120 ставови (4) и (5) бројот "2" се заменува со бројот "3". Член 46 Во членот 121 по ставот (2) се додава нов став (3), кој гласи: "(3) Определувањето на висината на надоместокот од ставот (2) на овој член се врши врз основа на бројот на местата на инсталацијата од кои се испуштаат емисии во животната средина, бројот на задолжителните услови и мерки утврдени во дозволата, видот и големината на емисиите во животната средина, како и врз основа на површината што ја зафаќа инсталацијата. Висината на надоместокот, утврден за секој индустриски сектор одделно, не може да биде помалку од 1.000 денари ни повеќе од 9.000 денари по број, вид, големина и површина по хектар." Ставот (3) станува став (4). Член 47 По членот 121 се додава нов член 121-а, кој гласи: "Член 121-а Вградување на услови од друга дозвола, одобрение и/или согласност (1) Кога за вршење на определена дејност на инсталациите кои треба да поседуваат А интегрирана еколошка дозвола е потребно добивање и на друга дозвола, одобрение и/или согласност од друг орган, операторот е должен да ги достави истите на органот надлежен 20 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година за вршење на работите од областа на животната средина. Условите и мерките утврдени во другата дозвола, одобрение и/или согласност соодветно се вградуваат во А-интегрираната еколошка дозвола. (2) Кога за вршење на определена дејност на инсталациите кои треба да поседуваат А интегрирана еколошка дозвола е потребно добивање и на дозвола, одобрение и/или согласност кои ги издава органот надлежен за работите од областа на животната средина, тогаш условите и мерките за добивање на истите задолжително се вградуваат во А интегрираната еколошка дозвола." Член 48 Во членот 123 став (2) зборовите: "за секој сектор во индустријата што постои на нејзиното/неговото подрачје" се бришат, а по зборовите: "областа на" се додаваат зборовите: "природните и". Член 49 Во членот 125 став (4) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: "доколку не се утврдени со посебен закон". Член 50 Во членот 126 ставот (7) се дополнува со нова реченица која гласи: "Условите и мерките утврдени во другите дозволи соодветно се вградуваат во Б-интегрираната еколошка дозвола.". По ставот (7) се додава нов став (8), кој гласи: "(8) Органот кој ја издал Б-интегрираната еколошка дозвола е должен на секои седум години да ги провери условите утврдени со дозволата и доколку настанале измени во прописите за заштита на животната средина кои можат да влијаат врз работењето на инсталацијата е должен да покрене постапка за измена на Б-интегрираната еколошка дозвола." Член 51 Во членот 127 став (2) зборот "заклучок" се заменува во зборот "решение". Во ставовите (3) и (4) зборот "заклучокот" се заменува во зборот "решението". Во ставот (4) зборовите: "министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина" се заменуваат со зборовите: "комисија на Владата на Република Македонија за решавање во управна постапка во втор степен за прашања од областа на животната средина". Член 52 Членот 129 се менува и гласи: "Надоместоци (1) Операторите на инсталациите се должни да плаќаат надоместок: при поднесување на барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола, при поднесување на барање за измена или пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола, за поседување на Б-интегрирана еколошка дозвола, која се плаќа годишно и за редовен надзор на инсталацијата, во согласност со условите во Б-интегрираната еколошка дозвола. (2) Владата на Република Македонија ја пропишува висината на надоместокот кој треба да го плаќаат операторите од ставот (1) на овој член на предлог на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. 21 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (3) Определувањето на висината на надоместокот од ставот (2) на овој член се врши врз основа на бројот на местата на инсталацијата од кои се испуштаат емисии во животната средина, бројот на задолжителните услови и мерки утврдени во дозволата, видот и големината на емисиите во животната средина, како и врз основа на површината што ја зафаќа инсталацијата. Висината на надоместокот, утврден за секој индустриски сектор одделно, не може да биде помалку од 300 денари ни повеќе од 3.000 денари по број, вид, големина и површина по хектар. (4) Средствата добиени од надоместокот од ставот (1) на овој член се уплаќаат на посебна буџетска сметка, како приход на буџетот на општината, односно како приход на Буџетот на градот Скопје, а се користат за покривање на трошоците за добивање, пренос или измени и контрола на Б-интегрираната еколошка дозвола. (5) Средствата добиени од надоместокот од ставот (1) на овој член за Б-интегрирана еколошка дозвола во заштитено подрачје се уплаќаат на посебна сметка на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, а се користат за покривање на трошоците за добивање, пренос или измена, како и контрола на Б интегрираната еколошка дозвола во заштитено подрачје." Член 53 Во членот 134 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: "(2) Доколку поинаку не е регулирано во оваа глава, во постапката за добивање на дозволи за усогласување со оперативни планови соодветно се применуваат одредбите од Главата XII на овој закон." Член 54 Во членот 136 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: “(4) По исклучок од ставот (2) на овој член надлежниот орган за издавање на дозволата е должен да организира јавна расправа од ставот (2) на овој член, кога до него е доставено барање за одржување на јавна расправа во рок од 20 дена од денот на објавувањето на барањето: од страна на најмалку едно здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина регистрирано на подрачјето на општината каде што се наоѓа инсталацијата, тоа го барале повеќе од 10% од граѓаните кои доставиле мислења и коментари и тоа го барале градоначалникот на општината и/или градоначалникот на општините во градот Скопје, и/или градоначалникот на градот Скопје во случај на издавање на дозволи за усогласување со оперативен план за А-интегрирани еколошки дозволи.” Член 55 Во членот 137 ставот (5) се брише. Член 56 Во членот 139 по ставот (5) се додава нов став (6), кој гласи: “(6) Во случај кога за инсталација од членот 134 на овој закон се утврди дека рокот за постигнување на условите за добивање на интегрирана еколошка дозвола го надминува рокот на оперативност на инсталацијата, во тој случај во дозволата за усогласување со оперативниот план се утврдуваат начинот, условите и мерките за затворање на инсталацијата.” 22 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 57 Во членот 140 став (2) зборовите: “се заменуваат со” се заменуваат со зборовите: “соодветно се интегрираат во”. Член 58 Во членот 141 став (3) во втората реченица по зборовите: “постигне согласност” се додаваат зборовите: “одговорното лице во”. Во ставот (4) по зборовите: “ставот (3) од овој член” се додаваат зборовите: “одговорното лице во”. Член 59 Во членот 142 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: "(2) Постапката за измена на дозволата за усогласување со оперативен план се спроведува во согласност со одредбите од овој закон кои се однесуваат на издавањето на дозвола за усогласување со оперативен план." Член 60 По членот 142 се додава нов член 142-а, кој гласи: "Член 142-а Надоместок за дозвола за усогласување (1) Операторите на инсталациите се должни да плаќаат надоместок: при поднесување на барање за добивање на Дозвола за усогласување со Оперативниот план, за поседување на Дозвола за усогласување со Оперативниот план, кој се плаќа годишно, за измена на Дозволата за усогласување со Оперативниот план, за редовен надзор на инсталацијата, во согласност со Дозволата за усогласување со Оперативниот план и при затвoрање на инсталацијата. (2) Владата на Република Македонија ја пропишува висината на надоместокот од ставот (1) на овој член. (3) Определувањето на висината на надоместокот од ставот (2) на овој член се врши врз основа на бројот на местата на инсталацијата од кои се испуштаат емисии во животната средина, бројот на задолжителните услови и мерки утврдени во дозволата, видот и големината на емисиите во животната средина, како и врз основа на површината што ја зафаќа инсталацијата. Висината на надоместокот, утврден за секој индустриски сектор одделнo и посебно за А и Б интегрирани еколошки дозволи, не може да биде помалку од 200 денари ни повеќе од 7.000 денари по број, вид, големина и површина по хектар. (4) Средствата добиени од надоместокот од ставот (2) на овој член од инсталациите за коишто е потребна А-интегрирана еколошка дозвола, се уплаќаат на посебна сметка на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина . (5) Средствата добиени од надоместокот од ставот (2) на овој член од инсталациите за коишто е потребна Б-интегрирана еколошка дозвола, се уплаќаат на посебна сметка на општината, односно градот Скопје. (6) Средствата добиени од надоместокот од ставот (2) на овој член се користат за покривање на трошоците на надлежниот орган за добивање, пренос и/или измена, како и контрола на Дозволата за усогласување со Оперативниот план." 23 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 61 Членот 165 се менува и гласи: "Ослободување од плаќање на надоместок и враќање на надоместокот (1) Од плаќање на надоместокот од членот 182 став (1) на овој закон се ослободуваат правните и физички лица кои создаваат индустриски неопасен отпад, во висина на надоместокот за количината и видот на отпадот кој е предаден на, односно преработен од правни и физички лица кои поседуваат дозвола за преработка на отпад. (2) Од плаќање на надоместокот од членот 185 став (2) точки 1 и 2 на овој закон се ослободуваат правните и физичките лица кои воспоставиле систем за собирање и повратен прием на искористени производи и пакувања во висина на надоместокот што би се платил за количината на искористени производи и пакувања кои ги собрале и повратиле. (3) Од плаќање на надоместокот од членовите 179 став (5) и 182 на овој закон се ослободуваат правните и физички лица кои извршиле извоз на отпад, отпадоци и остатоци од Република Македонија, во висина на надоместокот што би се платил за количината и видот на извезениот отпад, отпадоци и остатоци за кои се плаќа надоместок. (4) Од плаќање на надоместокот од членот 185 став (2) точки 1 и 3 на овој закон се ослободуваат правните и физички лица кои извршиле извоз на пакувања од пластични маси, на производи со пакувања од пластична маса или на вреќи и ќеси за транспорт на стоки, во висина на надоместокот што би се платил за видот и количината на пакувањата од пластични маси, односно количината на вреќите и ќесите за транспорт на стоки. (5) Обврзникот за плаќање на надоместокот од членовите 183, 184 и 185 на овој закон може, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, да поднесе барање за враќање на надоместокот за количината која е извезена. (6) Во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член, обврзникот за плаќање на надоместоците од членовите 182 и 185 на овој закон може, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, да поднесе барање за ослободување од обврската за плаќање на надоместокот за количината на отпадот која ја предале, односно за количината на искористени производи и пакувања кои ги собрале и повратиле. (7) Во случаите од ставот (3) на овој член, обврзникот за плаќање на надоместокот од членовите 179 став (5) и 182 на овој закон може, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, да поднесе барање за враќање на надоместокот за количината која е извезена. (8) Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите на финансиите, ги пропишува начинот, постапката и потребната документација за ослободување од плаќање и враќање на надоместокот од ставовите (5), (6) и (7) на овој член. (9) Кон барањето од ставовите (5), (6) и (7) на овој член се приложува образложение на барањето и дополнителна документација определена со прописот од ставот (8) на овој член. (10) За барањето од ставовите (5), (6) и (7) на овој член одлучува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (11) Условите што треба да ги испoлнуваат обврзниците за ослободување на обврската за плаќање на надоместоците во случаите од ставот (6) на овој член ги прoпишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите." 24 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 62 Во членот 171 став (1) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: "од членот 179 ставови (1), (2), (4), (5) и (8) и членовите 182 и 185 на овој закон". Член 63 Во членот 172 во ставот (1) бројот "174" се заменува со бројот "162". Во ставот (7) точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: "најдоцна во рок од пет месецa во тековната година". Член 64 Во членот 183 став (4) зборовите: "најдоцна 30 дена од денот на пуштањето на тутунските производи од акцизниот склад во слободно-правниот промет" се заменуваат со зборовите: "во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец во кој се пуштени тутунските производи во слободно правен промет". Во ставот (8) бројот "12" се заменува со бројот "8". Член 65 Во членот 184 ставот (4) се менува и гласи: "Надоместокот од ставот (1) на овој член за обврзникот од ставот (2) на овој член го пресметува производителот кој е должен да го уплати на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец во кој се пуштени нафтените деривати во слободно правен промет и го прикажува одвоено во фактурата." Во ставот (8) бројот "12" се заменува со бројот "8". Член 66 Членот 185 се менува и гласи: "Висината на надоместоците за пластични производи и пакувања од пластични маси (1) Висината на надоместокот што се плаќа за пластични производи и пакувања од пластични маси изнесува: 1) - 0,80 ден./1 кг тежински за пакувања изработени од сите видови полимери (полиетилен терафтелат, полиетилен со голема густина, полиетилен со мала густина, полипропилен, поливинил хлорид и полистирен) и други пластични материјали (ПВЦ и слично), во кои се спакувани производите во течна и цврста состојба и 2) - 0,80 ден./1 кг тежински за вреќи и ќеси за транспорт на стоки. (2) Обврзник за плаќање на надоместокот од ставот (1) на овој член е: 1) домашно правно и/или физичко лице кое произведува производи спакувани во пакувања изработени од материјалите утврдени во ставот (1) и со прописот од ставот (14) на овој член; 2) правно и/или физичко лице кое увезува производи спакувани во пакувања изработени од материјалите утврдени во ставот (1) и со прописот од ставот (14) на овој член; 3) домашно правно и/или физичко лице кое произведува вреќи и ќеси за транспорт на стоки утврдени во прописот од ставот (14) на овој член и 4) правно и/или физичко лице кое увезува вреќи и ќеси за транспорт на стоки утврдени во прописот од ставот (14) на овој член. 25 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (3) Надоместокот од ставот (2) точки 1 и 2 на овој член се пресметува врз основа на просечната единечна нето тежина на пакувањата во кои се спакувани производите определени со прописот од ставот (14) на овој член. (4) Надоместокот од ставот (2) точки 3 и 4 на овој член се пресметува врз основа на нето-тежина на вреќите и кесите кои се определени со прописот од ставот (14) на овој член. (5) Обврзниците од ставот (2) точка 1 на овој член се должни во фактурата со која производите се пуштаат по прв пат во слободно правниот промет и врз основа на која се наплатува надоместокот, да ги искажат посебно нето-тежината и видот на пакувањето и висината на пресметаниот надоместок. (6) Обврзниците од ставот (2) точка 3 на овој член се должни во фактурата со која вреќите и ќесите се пуштаат по прв пат во слободно правниот промет и врз основа на која се наплатува надоместокот, да ги искажат посебно нето-тежината и висината на пресметаниот надоместок. (7) Увозниците на производи на кои се пресметува надоместокот од ставот (1) точка 2 на овој член се должни на увозната фактура да ги искажат посебно нето-тежината и видот на пакувањето. (8) Обврзниците од ставот (2) точки 1 и 3 на овој член се должни да го уплатат надоместокот на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на секој 15 ден во тековниот месец за сите пресметани надоместоци од претходниот месец. (9) Надоместокот за обврзникот од ставот (2) точки 2 и 4 на овој член го пресметува и наплатува царинскиот орган при наплата на царинските давачки за увоз и го уплатува на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка. (10) Под пакување од ставот (1) на овој член се подразбира пакување во кое производот е спакуван поединечно, како и пакувања во кои се спакувани повеќе производи заедно заради транспортирање или продавање. (11) Надоместоците од ставот (1) на овој член не се плаќаат доколку производите, вреќите и ќесите се извезуваат. (12) Во случајот од ставот (11) на овој член производителот што ги фактурирал производите е должен кон фактурата да приложи извозна царинска декларација како доказ дека производите, вреќите и ќесите за кои не е пресметан надоместок се извезени од Република Македонија. (13) Во случај на извоз на производи, вреќи и ќеси на кои се наплатува надоместок определен со прописот од ставот (14) на овој член, за кои претходно е наплатен надоместок од ставот (1) на овој член, обврзникот има право на враќање на уплатениот надоместок за извезената количина на производи во согласност со прописите од членот 165 став (8) на овој закон. (14) Владата на Република Македонија на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, утврдени во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите и министерот кој раководи со органот надлежен за работите од областа на економијата, поблиску ги определува видот на материјалот од кој се изработени пакувањата за кои се пресметува надоместок, начинот на пресметувањето на надоместокот и неговото прикажување, видовите на производи кои се спакувани во пакувања и видовите на вреќи и ќеси за кои се пресметува надоместок од ставот (1) на овој член." 26 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 67 По членот 185 се додава нов член 185-а, кој гласи: "Член 185-а Надоместок за производството на енергија од фосилни горива (1) Висината на надоместокот за производство на енергија произведена со согорување на фосилни горива изнесува: 0,007 ден. за еден киловатчас (kWh) произведена енергија. (2) Обврзници за плаќање надоместокот од ставот (1) на овој член се правните и физичките лица кои управуваат со инсталации коишто произведуваат енергија произведена со согорување на фосилни горива. (3) Владата на Република Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на енергетиката, а во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги утврдува видот и обемот на инсталациите од ставот (2) на овој член. (4) Надоместокот од ставот (1) на овој член е приход на Буџетот на Република Македонија и се уплаќа на соодветна уплатна сметка во рамките на трезорската сметка. (5) Обврзниците од ставот (2) на овој член се должни да го уплатат надоместокот од ставот (1) на овој член на соодветната уплатна сметка во рамките на трезорската сметка на секој 15 во тековниот месец за сите пресметани надоместоци од претходниот месец на произведена енергија. (6) Средствата собрани од надоместокот од ставот (1) на овој член се користат за финансирање на програми и активности за управување со животната средина во однос на влијанијата од енергетскиот сектор и тоа во подрачјата на општините сразмерно на приходот остварен од наплатата на овој надоместок. (7) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на финансиите ги пропишува поблиските услови за начинот и постапката за утврдување, пресметување и уплатување на надоместокот од ставот (1) на овој член. (8) Владата на Република Македонија, на предлог на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на локалната самоуправа , а во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на енергетиката и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина донесува Уредба за методологија за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот од ставот (1) на овој член.” Член 68 По членот 190 се додава нов член 190-а, кој гласи: "Член 190-а Механизам за чист развој (1) Заради спроведување на Националниот план за ублажување на климатските промени, а со цел вклучување на Република Македонија во глобалните напори за намалување на климатските промени и спроведување на обврските преземени со 27 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Рамковната конвенција на Обeдинетите нации за климатски промени и Протоколот од Кјото кон оваа конвенција, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врши оцена и одобрување на проектите во склоп на механизмот за чист развој. (2) За спроведување на надлежностите од ставот (1) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, ги врши следниве работи: одржува база на потенцијални проекти согласно со механизмот за чист развој, ја утврдува постапката, начинот, формата и поблиски услови за утврдување на соодветноста, поднесувањето и одобрувањето на проектите за чист развој, потврдува сообразност на проектот со критериумите за одржлив развој, издава писмо за одобрување на проектот, остварува комуникација и соработка со предлагачот на проектот, овозможува подготвување и спроведување на проекти со поддршка на потенцијалните корисници, врши промотивни активности насочени кон меѓународните инвеститори и фондови за јаглерод и врши други работи неопходни за оцена и одобрување на проектите во склопот на механизмот за чист развој. (3) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, го издава писмото за одобрување на проектот од ставот (2) алинеја 4 на овој член, по претходно прибавено мислење од релевантните органи на државната управа и други научни и стручни институции." Член 69 Членот 194 се менува и гласи: "Надлежни органи (1) Надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (2) Инспекцискиот надзор над примената на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон го врши Државниот инспекторат за животна средина, преку државните инспектори за животна средина и државни инспектори за заштита на природата (во натамошниот текст: државни инспектори). (3) За работите од надлежност на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, утврдени со овој закон, инспекциски надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон вршат овластени инспектори за животна средина на општината, овластени инспектори за животна средина на градот Скопје и овластени инспектори за животна средина на општините во градот Скопје (во натамошниот текст: овластени инспектори). (4) Инспекциски надзор над примена на овој закон во делот на прометот со производи, полупроизводи, суровини, хемиски супстанции и пакувања и означувањето на производите и пакувањата со информации за влијанието врз животната средина врши Државниот пазарен инспекторат, преку државните пазарни инспектори, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, преку државните санитарни и здравствени инспектори, Фитосанитарната управа преку фитосанитарните инспектори и Државниот инспекторат за земјоделство преку државните инспектори за земјоделство. (5) Инспекциски надзор над примената на овој закон во делот на прометот со производи, полупроизводи и суровини наменети за човекова употреба за исхрана и пиење и нивните пакувања и означување со информации за влијанието врз животната средина врши Дирекцијата за храна преку инспекторите за храна." 28 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 70 Членот 195 се брише. Член 71 Членот 196 се менува и гласи: "Државни инспектори за животна средина, инспектори за заштита на природата и овластени инспектори за животна средина (1) Државни инспектори за животна средина во Државниот инспекторат за животна средина, можат да бидат лица со најмалку една година работно искуство и високо образование од следниве области: дипломиран инженер за заштита на животната средина, дипломиран машински инженер, дипломиран инженер технолог, дипломиран инженер металург, дипломиран рударски инженер, дипломиран инженер хемичар, дипломиран инженер метеоролог, доктор по медицина, дипломиран географ, дипломиран градежен инженер, дипломиран инженер по биологија, дипломиран инженер агроном, дипломиран инженер за заштита при работа, дипломиран шумарски инженер, дипломиран електроинженер, дипломиран инженер физичар, дипломиран биотехнолог, дипломиран инженер архитект, дипломиран инженер по хортикултура и дипломиран инженер геолог. (2) Инспекторите за заштита на природата во Државниот инспекторат за животна средина, треба да ги исполнуваат условите утврдени со Законот за заштита на природата. (3) Едно лице може да ги врши работите на државен инспектор за животна средина и на државен инспектор за заштита на природата, доколку ги исполнува условите пропишани за државен инспектор за животна средина утврдени со овој закон и ги исполнува условите пропишани за државен инспектор за заштита на природата утврдени со Законот за заштита на природата, врз основа на решение донесено од страна на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животна средина. (4) Овластени инспектори за животна средина можат да бидат лица со најмалку една година работно искуство и високо образование од областите од ставот (1) на овој член." Член 72 Членот 197 се менува и гласи: “Службена легитимација (1) Службеното својство на државен инспектор за животна средина, државен инспектор за заштита на природата и овластен инспектор за животна средина се докажува со легитимација. (2) При вршење надзор, инспекторите од членот 194 на овој закон се должни да ја покажат легитимацијата од ставот (1) на овој член. (3) Легитимацијата од ставот (1) на овој член за државните инспектори ја издава и одзема министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина . (4) Легитимацијата од ставот (1) на овој член за овластените инспектори ја издава и одзема, градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје, односно градоначалникот на општината во градот Скопје. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го пропишува образецот, формата и содржината на легитимацијата од ставот (1) на овој член, како и начинот и постапката за издавање и за одземање на легитимацијата." 29 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 73 Членот 198 се менува и гласи: "Делокруг на надзор на државниот инспектор (1) Во вршењето надзор од својот делокруг, државниот инспектор има право: 1) да утврди дали се градат или реконструираат инсталации кои ги исполнуваат утврдените норми и стандарди од системот за заштитата на животната средина (член 20); 2) да утврди дали се произведуваат и испуштаат загадувачки материи и супстанции во животната средина, којашто ги надминува пропишаните норми, како и дали се постапува со нив на пропишаниот начин како и да нареди нивно повлекување од правниот промет (член 20); 3) да утврди дали се призведуваат, пуштаат во промет и употребуваат одделни производи, супстанции и се вршат одделни активности и услуги и покрај забраната од членот 21 на овој закон, како и да нареди нивно повлекување од правниот промет; 4) да утврди дали се врши увоз, извоз и транзит во/од/низ Република Македонија на опасните супстанции, штетните материи и производи, спротивно на забраната, ограничувањето или контролата од членот 22 на овој закон; 5) да утврди дали се користи домашна или увезена технологија, или технолошка линија, производ, полупроизвод и суровина којашто не ги исполнува пропишаните норми за заштита на животната средина (член 23); 6) да утврди дали технологиите или технолошките линии, производите, полупроизводите и суровините коишто се увезуваат се забранети во земјата производител или во земјата извозник, од причини за заштита на животната средина (член 23 став (2)); 7) да утврди дали е изработен елаборат за заштита на животната средина утврден со Прописот од членот 24 ставови (4) и (6) на овој закон, како и дали истиот е доставен на одобрување до надлежниот орган, и да изврши увид дали се исполнуваат условите пропишани во елаборатот (член 24); 8) да нареди спроведување на мерка утврдена во елаборатот и го утврди временскиот рок за спроведување на мерката (член 24); 9) да утврди дали се пуштаат во промет производи, полупроизводи, суровини, хемикалии како и нивните пакувања, на кои нема ознака за можноста за загадување или за можно штетно влијание врз животната средина (член 27 став (1)) и за тоа да го извести државниот пазарен инспекторат; 10) да утврди дали се пуштаат во промет, полупроизводи, суровини, хемикалии во пакување кое не е означено согласно со членот 27 став (3) на овој закон и за тоа да го извести државниот пазарен инспекторат; 11) да утврди дали се чуваат податоците за користењето на природните богатства, суровини и енергијата, за емисиите на загадувачки материи и супстанции, видовите, карактеристиките и количеството отпад и другите податоци предвидени со овој или со друг закон (член 28 став (2)); 12) да утврди дали се рекламира, етикетира и пушта во промет производ означен со еколошка ознака, на начините и според критериумите кои не се во согласност со членот 29 од овој закон; 13) да изврши увид и контрола во спроведување на условите од доброволниот договор (член 30); 14) да утврди дали се врши мониторинг на изворите на емисија со која се загадува еден или повеќе медиуми на животната средина, на емисиите, односно на искористувањето на природните богатства (член 36 став (1)), како и да утврди дали се исполнуваат должностите од членот 36 став (5) на овој закон; 30 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 15) да утврди дали при мониторингот се користат уреди и инструменти одобрени во постапката за верификација на мерилата и истите се одржуваат во исправна состојба (член 36 став (2)); 16) да утврди дали се врши мониторинг, во согласност со интегрираната еколошка дозвола (член 36 ставови (4) и (5)); 17) да утврди дали податоците добиени од мониторингот се доставуваат, на начин и под услови што ги пропишува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 37 став (2)); 18) да утврди дали на изготвувачот му се доставуваат потребните податоци за изготвување и одржување на Регистарот на загадувачки материи и супстанции и нивните карактеристики (член 41 став (4)); 19) да утврди дали правните и физички лица доставуваат податоци и информации за животната средина согласно со членот 40-а од овој закон; 20) да утврди дали на изготвувачот му се доставуваат потребните податоци за изготвување и одржување на Катастарот на животната средина (член 42 став (4)); 21) да утврди дали субјектите од членот 52 став (1) алинеи 3 и 4 на овој закон обезбедуваат пристап до информациите за животна средина кои ги поседуваат и дали тоа го сториле во определен рок и форма (членови 52, 53 и 54); 22) да утврди дали е известен органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за намерата за изведување проект (член 80); 23) да утврди дали е изготвена студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и истата е доставена до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 83); 24) да утврди дали за проектот кој се спроведува е донесено решение со кое се дава согласност за спроведувањето на проектот (член 87 став (1)), односно е донесено решение согласно со членот 81 став (4) од овој закон; 25) да изврши увид и контрола дали проектот се спроведува во согласност со мерките утврдени во решението со кое се дава согласност за спроведување на проектот (член 87 став (2)); 26) да утврди дали емисиите на супстанциите определни во дозволата се испуштаат согласно со определените гранични вредности (член 107); 27) да утврди дали е добиена А или Б интегрирана еколошка дозвола и изврши увид и контрола дали операциите во инсталацијата се спроведуваат согласно со условите утврдени во интегрираните дозволи (членови 95, 123 и 127); 28) да утврди дали за време на важноста на А-интегрираната еколошка дозвола и пет години по истекот на важноста се чуваат сите документи и податоци во врска со барањето, издавањето и мониторингот предвиден со обврзувачките услови во интегрираната еколошка дозвола и дали се направени достапни, по барање на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина или на Државниот инспекторат за животна средина (член 110); 29) да утврди дали се исполнуваат обврските за известување од членот 111 на овој закон; 30) да утврди дали е извршена генерална еколошка ревизија како и дали е приложен извештај од извршената еколошка ревизија (член 130); 31) да утврди дали еколошката ревизија е изработена од лице кое е регистрирано и поседува соодветен сертификат (член 131); 32) да утврди дали е добиена дозвола за усогласување со оперативен план за продолжување, односно отпочнување на работата на инсталацијата до исполнување на условите за добивање на интегрирана еколошка дозвола и да изврши увид и контрола дали активностите во инсталацијата се спроведуваат согласно со условите утврдени во дозволата и оперативниот план (член 134); 31 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 33) да утврди дали е доставено барањето за дозвола за усогласување со Оперативниот план во пропишаниот рок (член 135 став (5)); 34) да утврди дали емисиите на супстанциите определни во дозволата за усогласување се испуштаат согласно со определените гранични вредности (членови 134, 137, 138 и 139); 35) да изврши увид и контрола во начинот на спроведување на одделните фази од оперативните планови и утврди дали се спроведуваат во утврдените рокови за реализација (членови 134, 137, 138 и 139); 36) да утврди дали е поднесено известување за реализацијата на оперативните планови и исполнувањето на обврските од оперативниот план заради добивање на интегрирана еколошка дозвола и дали е тоа сторено во определениот рок (членови 138 и 139); 37) да утврди дали операторот поднел известување во случаите од членот 141 став (4) на овој закон; 38) да утврди дали е доставено известување за присуство на опасни супстанции и дали е тоа сторено во определениот рок (член 147); 39) да утврди дали е изготвен извештај за мерките за безбедност со соодветна содржина, дали е доставен во соодветен рок и дали е соодветно анализиран и обновуван во определениот рок (член 148); 40) да утврди дали се преземени неопходните мерки за спречување на хаварии и за ограничување на последиците врз животот и здравјето на луѓето, во производствениот, транспортниот или во системот за складирање во кој се присутни опасни супстанци, во количества поголеми или еднакви на пропишаните (член 148 став (1) точка 2); 41) да изврши увид и контрола и да утврди дали е извршена анализа и ревизија на мерките за безбедност и активностите за спречување на хаварии, како и на извештајот за мерките за безбедноста и дали за тоа е известен надлежниот орган (член 149); 42) да утврди дали информациите за мерките за безбедност се достапни на начин утврден во членот 150 од овој закон; 43) да изврши увид и контрола и да утврди дали е известен надлежниот орган, веднаш, за настанатата хаварија и дали му се доставени, веднаш штом станале достапни, податоците за околностите во кои се случила несреќата, опасните супстанции кои се присутни, податоците кои се потребни за проценување на последиците од несреќата по здравјето на луѓето и по животната средина, како и за преземените вонредни мерки (член 151 ставови (1) и (4)); 44) да утврди дали е известен надлежниот орган за мерките предвидени за ублажување на среднорочните и на долгорочните последици од хаваријата и за спречување на хаваријата и ако не ги дополни предвидените мерки и активности со дополнителни факти откриени во истрагата (член 151 став (2)); 45) да изврши увид и контрола и да утврди дали е изготвен внатрешен план за вонредни состојби и дали е доставен на надлежниот орган во согласност со членот 154 од овој закон; 46) да утврди дали се анализирани и тестирани, обновувани и ревидирани внатрешните планови за вонредни состојби, водејќи сметка за новите технички достигнувања на полето на справувањето со хавариите, во период не подолг од три години (член 154 став (9)); 47) да утврди дали се постапило согласно со членот 157 од овој закон во случај на штета врз животната средина предизвикана од работата на инсталациите (член 157) и 48) да утврдува и други состојби заради обезбедување на спроведување на овој и друг закон. (2) При вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор може да побара присуство на лице од органот надлежен за вршење на стручни работи во животната средина. 32 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (3) Редовниот надзор над инсталацијата утврден во интегрираната еколошка дозвола се спроведува од страна на државен инспектор, а по потреба и со присуство на службено лице од органот надлежен за вршење на стручни работи во животната средина. (4) На барање на државниот инспектор, овластено службено лице на органот на државната управа надлежен за внатрешни работи е должно да учествува во извршувањето на работите од ставот (1) на овој член. (5) За определени работи за кои согласно со одредбите во овој или друг закон се утврдени како надлежност на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, државниот инспектор може да врши надзор и над инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи, како и над објектите кои вршат други активности и дејности." Член 74 Членот 199 се менува и гласи: "Други надлежности на државниот инспектор (1) Во вршењето инспекциски надзор од својот делокруг, државниот инспектор има право да врши надзор над примената на мерките за заштита на почвата од загадување и пренамена на користењето на почвата, и тоа дали: се преземени сите мерки за спречување на загадувањето и дали е сведено во пропишаните граници, се почитуваат пропишаните проекти за рекултивирање на почвата, се преземаат мерки за заштита на почвата од загадување, се исправни уредите/апаратите за мониторинг и се утврдуваат и други состојби од негова надлежност. (2) При вршењето на надзорот на спроведувањето на мерките за заштита од нејонизирачко зрачење, државниот инспектор има право да врши надзор дали: се преземаат мерки за заштита од нејонизирачко зрачење во природата и заштитените подрачја, со поставувањето на објекти кои емитираат нејонизирачко зрачење се нарушуваат и/или вознемируваат природните живеалишта и вообичаените движења, престојувања и поставеност на видовите, со поставувањето на објекти кои емитираат нејонизирачко зрачење се нарушуваат особините и естетските карактеристики на пределот и утврдува и други состојби од негова надлежност. (3) При вршењето на надзорот на спроведувањето на мерките за заштита од непријатна миризба од инсталации со А-интегрирана еколошка дозвола и Б-интегрирана еколошка дозвола во заштитени подрачја, државниот инспектор има право да врши надзор дали: се преземаат мерки за заштита од непријатна миризба во просторијата и околината каде што престојува и се движи човекот, дејноста се врши на начин на кој се обезбедува спречување на ширење на непријатна миризба во околината, се отстрануваат работите и се спречуваат активностите кои предизвикуваат непријатна миризба и утврдува и други состојби од негова надлежност. (4) Во вршењето надзор од својот делокруг, државниот инспектор има право да врши надзор во сите инсталации, системи, постројки и објекти за кои имаат сознание дека од истите се испушта и/или истекуваат емисии во животната средина, а за што постои основано сомнение дека со испуштањата и/или истекувањата може да настане загадување на животната средина или загрозување на здравјето на луѓето." 33 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 75 Членот 200 се менува и гласи: “Донесување на решенија од државниот инспектор (1) При вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор со решение: 1) ќе определи мерки со цел да се отстранат причините за настанувањето на загадувањето на животната средина; 2) ќе нареди да се отстранат штетните последици што настанале со загадувањето или со деградацијата на животната средина и на природата и доведување на животната средина во претходна состојба; 3) ќе определи мерки за превенција и за отстранување на загадувањето и враќање на животната средина во задоволителна состојба; 4) ќе ја забрани изградбата или реконструкцијата на инсталација ако не се почитуваат утврдените норми и стандарди за заштита на животната средина, во траење од 90 дена во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 5) ќе ја ограничи работата на објектите, постројките и инсталациите, поради штетните дејствија со кои се врши загадување или деградација на животната средина и на животот и здравјето на луѓето, без оглед на тоа дали се обезбедени услови за нивното работење и дали се обезбедени дозволи, одобренија и согласности, пропишани со закон, во траење од најмногу 90 дена, во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 6) ќе ја забрани работата на објектите, постројките и инсталациите, поради штетните дејствија со кои се врши загадување или деградација на животната средина и на животот и здравјето на луѓето, без оглед на тоа дали се обезбедени услови за нивното работење и дали се обезбедени дозволи, одобренија и согласности, пропишани со закон, во траење од најмногу 90 дена, во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 7) ќе ја ограничи и/или забрани работата и/или употребата на технологија, технолошка линија на производи, полупроизводи, суровини, опрема, апарати и уреди кои имаат штетно дејство и кои не ги исполнуваат пропишаните услови, односно до донесувањето на правосилна одлука на надлежниот суд или прекршочниот орган; 8) привремено ќе одземе опрема, производи, уреди и апарати кои претставуваат извори на загадување или деградација на животната средина, или не ги исполнуваат пропишаните услови, сй до отстранување на недостатоците, односно до донесувањето на правосилна одлука на надлежниот суд или прекршочниот орган; 9) ќе ги задолжи правните и физички лица да изработат елаборат за влијанијата на проектот врз животната средина во рок од најмногу 90 дена од денот кога е констатирано дека немаат изработено елаборат, односно од денот кога го примиле решението; 10) ќе го задолжи правното или физичкото лице кое не поднело барање за добивање интегрирана еколошка дозвола да го стори тоа во рок од најмногу 90 дена; 11) ќе ја ограничи или забрани работата на правно или физичко лице кое не поднело барање за добивање интегрирана еколошка дозвола, а најмногу до 90 дена во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба, односно до донесувањето на правосилна одлука на надлежниот суд или прекршочниот орган; 12) ќе го задолжи правното или физичкото лице кое не доставило известување за присуството на опасни супстанции, да го стори тоа во рок од најмногу 90 дена; 13) ќе го задолжи правното и физичкото лице да подготви план за вонредни состојби да го стори тоа во рок од најмногу 90 дена; 14) ќе го задолжи правното или физичкото лице да преземе мерки за исполнување на условите предвидени во интегрираните еколошки дозволи, дозволите за усогласување со оперативни планови, елаборатите за влијанијата на проектот врз животната средина, студиите за оцена на влијанието врз животната средина и плановите за заштита од хаварии; 34 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 15) ќе ја ограничи или забрани работата на правно или физичко лице кое не ги исполнува условите предвидени во интегрираните еколошки дозволи, дозволите за усогласување со оперативни планови, елаборатите за влијанијата на проектот врз животна средина, студиите за оцена на влијанието врз животната средина, плановите за заштите од хаварии, со до исполнувањето на условите, а најмногу до 90 дена во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 16) привремено ќе ги одземе производите, полупроизводите, суровините и хемикалиите кои не се означени за можноста за загадување или можното штетно влијание врз животната средина, како и не обезбедат податоци за нивните особини и ефекти; 17) ќе го задолжи правното или физичкотo лице да ги достави и/или доставува информациите од мониторингот и други информации за животната средина во рок од најмногу 30 дена; 18) ќе ги задолжи правните и физичките лица да спроведат мониторинг на загадувањето во животната средина во период од најмногу 90 дена, во случај на појава на загадување во околината на објектот на правното и физичко лице во кој се спроведува активноста за која се претпоставува дека го предизвикува загадувањето; 19) ќе ја ограничи или забрани работата на правно и физичко лице кое не го спроведува мониторингот на начин пропишан со закон, во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 20) ќе ги задолжи правните и физичките лица да ги доставуваат потребните податоци од мониторингот и за Регистарот и Катастарот во рок од најмногу 30 дена од денот на констатирањето на недостатокот; 21) ќе го ограничи или забрани спроведувањето на проект за кој не е добиено решение за оцена на студијата за влијанијата на проектот врз животната средина со кое се дава согласност за спроведување на проектот, без оглед дали надлежниот орган издал дозвола за спроведување на проектот, во траење од 90 дена во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 22) ќе го задолжи правното или физичкото лице кое не поднело барање за добивање дозвола за усогласување со оперативен план да го стори тоа во рок од најмногу 90 дена; 23) ќе ја ограничи или забрани работата на правно и физичко лице кое не поседува интегрирана еколошка дозвола и дозвола за усогласување со оперативен план во траење од 90 дена во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 24) ќе ја ограничи или забрани работата на правно или физичко лице кое испушта емисии во животната средина поголеми од оние пропишани со закон или пропис донесен врз основа на закон и/или емисии утврдени со интегрираните еколошки дозволи, а најмногу до 90 дена во кој рок треба да се остранат причините за настанатата состојба и 25) заради заштита на здравјето на луѓето, ќе ја ограничи или забрани работата на правно или физичко лице кое испушта емисии во животната средина, или ќе ги ограничи нивните емисии, во случај кога во околината на правното или физичкото лице, се нарушени стандардите за квалитет на животната средина, во временски период сй додека квалитетот на животната средина не биде доведен во рамките на утврдените стандарди за квалитет. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор утврди дека правните и физичките лица не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди и други општи акти, со записник ги констатира утврдените неправилности и во решението го определува рокот во кој истите треба да се отстранат. (3) Мерките за отстранување на штетните последици што настанале со загадувањето или со деградација на животната средина и на природата, за доведување на животната средина во претходна или задоволителна состојба од ставот (1) точки 1, 2 и 3 на овој член, државниот инспектор може да ги определи во соработка со органот надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина. 35 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (4) Доколку субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член не постапат согласно со решението на државниот инспектор за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, државниот инспектор за животна средина поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд, како и отпочнува постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања. (5) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор утврди дека правните и физичките лица не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди и други општи акти и покрај определувањето на рокот во кој неправилностите треба да се остранат, државниот инспектор има право да поднесе барање за поведување прекршочна, односно кривична постапка пред надлежен суд, односно орган. (6) Во случаите од ставот (5) на овој член, државниот инспектор постапува според видот на прекршокот утврден во прекршочните одредби од овој закон. (7) Во случај кога ќе се утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, државниот инспектор за животна средина издава усна наредба за итно и неодложно отстранување на утврдените недостатоци кои записнички ги констатира во соработка со Државниот санитарно-здравствен инспекторат, како и ги известува и другите надлежни инспектори или други државни органи за утврдените неправилности и ќе побара нивна интервенција. (8) Ако констатираните неправилности од ставот (7) на овој член, преставуваат опасност за животната средина, животот и здравјето на луѓето, државниот инспектор за животна средина веднаш издава усна наредба со која ја забранува работата на инсталацијата, објектот, постројката, уредот, како и употреба на средствата и опремата за вршење на дејноста. (9) Во случаите од ставот (8) на овој член, државниот инспектор за животна средина донесува писмено решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. (10) Трошоците за чување и складирање на одземената опрема, производи, уреди и апарати кои се извори на загадување или деградација на животната средина, паѓаат на товар на лицето од кои се одземени." Член 76 Членот 201 се менува и гласи: "Делокруг на надзор на овластениот инспектор (1) Во вршењето на инспекциски надзор од својот делокруг, овластениот инспектор има право: 1) да утврди дали е изработен елаборат за заштита на животната средина утврдени со Прописот од членот 24 ставови (4) и (5) на овој закон, како и дали истиот е доставен на одобрување до надлежниот орган, како и да изврши увид дали се исполнуваат условите пропишани во елаборатот (член 24); 2) да нареди спроведување на мерките утврдени во елаборатот и да го утврди временскиот рок за спроведување на мерката (член 24); 3) да утврди дали се врши мониторинг во согласност со условите содржани во Б интегрираната еколошка дозвола (член 36 став 4); 4) да утврди дали на изготвувачот му се доставуваат потребните податоци за изготвување и одржување на Регистарот на загадувачки материи и супстанции и нивните карактеристики (член 41 став (3)); 5) да утврди дали е поднесено барање и/или дали инсталацијата има Б- интегрирана еколошка дозвола (членови 122 став (1) и 124 став (1)); 36 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 6) да изврши увид и контрола дали операциите во инсталацијата се спроведуваат согласно со условите утврдени во B-интегрираната еколошка дозвола (член 127); 7) да утврди дали е добиена дозвола за усогласување со оперативен план за продолжување, односно отпочнување на работата на инсталацијата до исполнување на условите за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола и да изврши увид и контрола дали активностите во инсталацијата се спроведуваат согласно со условите утврдени во дозволата и оперативниот план (член 134); 8) да утврди дали е доставено барањето за добивање дозвола за усогласување со оперативен план во пропишаниот рок, кога се работи за инсталација за која се издава Б интегрирана еколошка дозвола (член 135 став (5)); 9) да утврди дали емисиите на супстанциите определни во дозволата за усогласување се испуштаат согласно со определените гранични вредности (членови 134, 137, 138 и 139); 10) да изврши увид и контрола во начинот на спроведување на одделните фази од оперативните планови и утврди дали се спроведуваат во утврдените рокови за реализација на дозволите за усогласување, за инсталациите со Б- интегрирана еколошка дозвола (членови 134, 137, 138 и 139); 11) да утврди дали емисиите на супстанциите определни во дозволата за усогласување се испуштаат согласно со определените гранични вредности (членови 134, 137, 138 и 139); 12) да утврди дали е поднесено известување за реализацијата на оперативните планови и исполнувањето на обврските од оперативниот план заради добивање на интегрирана еколошка дозвола и дали е тоа сторено во определениот рок (членови 138 и 139); 13) да утврди дали е доставено известувањето до надлежниот орган во определениот рок (член 147 став (4)); 14) да утврди дали се изработени и/или доставени внатрешни планови за вонредни состојби до општината и до градот Скопје (член 154) и 15) да утврдува и други состојби заради обезбедување на спроведување на овој и друг закон. (2) На барање на овластениот инспектор, овластено службено лице на органот на државната управа надлежен за внатрешни работи е должно да учествува во извршувањето на работите од ставот (1) на овој член." Член 77 Членот 202 се менува и гласи: “Други надлежности на овластениот инспектор (1) Во вршењето на надзор од својот делокруг, овластениот инспектор има право да врши надзор над примената на мерките за заштита на почвата од загадување и пренамена и тоа дали: се преземени марки за спречување на загадувањето на почвата со испуштања на моторни масла од возилата и/или нафтени деривати и/или течности кои содржат нафтени деривати во почвата (сервиси за миење возила, други сервиси за возила и слично), се преземени соодветни мерки во случај на пречекорување на загадувањето и утврдува и други состојби од негова надлежност. (2) При вршењето на надзорот на спроведувањето на мерките на заштита од непријатна миризба, овластениот инспектор за животна средина има право да врши надзор над примената на мерките за заштита од непријатна миризба, и тоа дали: се преземаат мерки за заштита од непријатна миризба во просторијата и околината каде што престојува и се движи човекот, 37 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година угостителската и туристичката дејност се врши на начин на кој се обезбедува спречување на ширење на непријатна миризба во околината, дали се отстрануваат работите и се спречуваат активностите кои предизвикуваат непријатна миризба и утврдува и други состојби од негова надлежност." Член 78 Членот 203 се менува и гласи: “Донесување решенија на овластениот инспектор (1) При вршењето на инспекцискиот надзор овластениот инспектор со решение: 1) ќе определи мерки со цел да се отстранат причините за настанувањето на загадувањето на животната средина; 2) ќе нареди да се отстранат штетните последици што настанале со загадувањето или со деградацијата на животната средина и ќе определи мерки за доведување на животната средина во претходна состојба; 3) ќе определи мерки за превенција и за отстранување на загадувањето и враќање на животната средина во задоволителна состојба; 4) привремено ќе ја забрани работата на објектите, постројките и инсталациите, поради штетните дејствија со кои се врши загадување или деградација на животната средина и на животот и здравјето на луѓето, без оглед на тоа дали се обезбедени услови за нивното работење и дали се обезбедени дозволи, одобренија и согласност, пропишани со закон, во траење од најмногу 30 дена, во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 5) привремено ќе одземе опрема, уреди, производи и апарати кои претставуваат извори на загадување или деградација на животната средина, сй до отстранување на недостатоците, односно до донесувањето на правосилна одлука на надлежниот суд или прекршочниот орган; 6) ќе ги задолжи правните и физичките лица да изработат елаборат за влијанијата на проектот врз животната средина во рок од најмногу 90 дена од денот кога е констатирано дека немаат изработено елаборат; 7) ќе го задолжи правното или физичкото лице кое не поднело барање за добивање Б интегрирана еколошка дозвола или дозвола за усогласување со оперативен план да го стори тоа во рок од најмногу 90 дена; 8) ќе ја ограничи или забрани работата на правно и физичко лице кое не поднело барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола во траење од 30 дена во кој рок треба да се отстранат причините за настанатата состојба; 9) ќе ја ограничи или забрани работата на правно или физичко лице кое не ги исполнува условите предвидени во B-интегрираните еколошки дозволи, дозволите за усогласување со оперативни планови за инсталациите кои треба да добијат Б-интегрирани еколошки дозволи, елаборатите за влијанијата на проектот врз животната средина, а најмногу до 30 дена во кој рок треба да се остранат причините за настанатата состојба и 10) ќе ја ограничи или забрани работата на правно или физичко лице кое испушта емисии во животната средина поголеми од оние пропишани со закон или пропис донесен врз основа на закон, и/или емисии утврдени со Б-интегрираните еколошки дозволи, а најмногу до 30 дена во кој рок треба да се остранат причините за настанатата состојба. (2) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор овластениот инспектор за животна средина утврди дека правните и физичките лица не се придржуваат кон законите и 38 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година другите прописи, стандарди, препораки и други општи акти, со записник ги констатира утврдените неправилности и во решението определува рок во кој треба да се отстранат. (3) Доколку субјектите од ставовите (1) и (2) на овој член не постапат согласно со решението на овластениот инспектор за животна средина и не ги отстранат причините за настанатата состојба утврдени со решението, овластениот инспектор за животна средина поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд, како и започнува постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања. (4) Ако при вршењето на инспекцискиот надзор, овластениот инспектор утврди дека правните и физичките лица не се придржуваат кон законите и другите прописи, техничките прописи, стандарди и други општи акти, и покрај определувањето на рокот во кој неправилностите треба да се остранат, овластениот инспектор има право да поднесе барање за поведување на прекршочна, односно кривична постапка пред надлежен суд, односно орган. (5) Во случаите од ставот (4) на овој член овластениот инспектор постапува според видот на прекршокот утврден во прекршочните одредби од овој закон. (6) Во случај кога ќе утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, овластениот инспектор за животна средина издава усна наредба за итно и неодложно отстранување на утврдените недостатоци кои записнички ги констатира во соработка со Државниот санитарно-здравствен инспекторат, како и го известува Државниот инспекторат за животна средина, како и другите надлежни инспектори или други државни органи за утврдените неправилности и ќе побара нивна интервенција. (7) Ако констатираните неправилности од ставот (6) на овој член, преставуваат опасност за животната средина и животот и здравјето на луѓето, овластениот инспектор за животна средина веднаш издава усна наредба со која ја забранува работата на инсталацијата, објектот, постројката, уредот, како и употреба на средствата и опремата за вршење на дејноста. (8) Во случаите од ставот (7) на овој член, овластениот инспектор за животна средина донесува писмено решение во рок од 48 часа од издавањето на усната наредба. (9) Трошоците за чување и складирање на одземената опрема, производи, уреди и апарати кои се извори на загадување или деградација на животната средина, паѓаат на товар на лицето од кои се одземени." Член 79 Членот 204 се менува и гласи: "Делокруг на надзор на Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Дирекцијата за храна, Фитосанитарната управа и Државниот инспекторат за земјоделство (1) Во вршењето надзор од својот делокруг, државниот пазарен инспектор, државниот санитарен инспектор, инспекторот за храна, фитосанитарниот инспектор и државниот инспектор за земјоделство има право: 1) да утврди дали се врши призводство, промет и употреба на одделни производи, супстанции и вршење на одделни активности и услуги согласно со прописот од членoт 21 на овој закон; 2) да утврди дали се пуштаат во промет опасните супстанции, штетните материи и производи, како и супстанциите и производите чијшто увоз, извоз и транзит во/од/низ Република Македонија е ограничен, забранет или строго контролиран согласно со членот 22 став (1) од овој закон; 39 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 3) да утврди дали прометот, увозот, извозот и транзитот на опасните супстанции, штетни материи и производи, како и одделни полупроизводи, суровини и стоки кои се под посебен режим на увоз, извоз и транзит во/од/низ Република Македонија се врши согласно со прописот од членот 22 став (2) на овој закон; 4) да утврди дали се пуштаат во промет производи, полупроизводи суровини и хемикалии, како и нивни пакувања на кои не е означена можноста за загадување или влијанието што може да го имаат врз животната средина и здравјето на луѓето согласно со членот 27 став (1) од овој закон; 5) да утврди дали се пуштаат во промет полупроизводи, суровини, хемикалии во пакување кое не е означено согласно со членот 27 став (3) од овој закон; 6) да утврди дали се пуштаат во промет производи и услуги со еколошка ознака која не е добиена на начин утврден согласно со членот 29 од овој закон и 7) да утврди дали се рекламира, етикетира и пушта во промет производ означен со еколошка ознака, на начините и според критериумите кои не се во согласност со членот 29 од овој закон. (2) Државниот пазарен инспекторат инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член го врши согласно со Законот за пазарна инспекција и овој закон. (3) Државниот санитарен и здравствен инспекторат инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член го врши согласно со Законот за санитарна и здравствена инспекција и овој закон. (4) Дирекцијата за храна инспекцискиот надзор од ставот (1) точки 1, 3 и 4 на овој член, го врши согласно со Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната и овој закон. (5) Фитосанитарната управа инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член го врши согласно со Законот за здравје на растенијата и Законот за средства за заштита на растенијата и овој закон. (6) Државниот инспекторат за земјоделство инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член го врши согласно со Законот за земјоделска инспекција и другите посебни закони од областа на земјоделството и овој закон." Член 80 Членот 205 се менува и гласи: "Право на пристап (1) При вршењето инспекциски надзор, државните и овластените инспектори имаат право на пристап - онаму каде што сметаат дека е неопходно и во секое време, во простори и деловни простории во јавна и во приватна сопственост, локации и транспортни средства, и непречено да ја разгледаат целокупната потребна документација на правното, односно на физичкото лице. (2) За вршење на работите од ставот (1) на овој член во станбени простории, државните и овластените инспектори обезбедуваат судски налог. (3) При вршењето на инспекцискиот надзор, државните и овластените инспектори имаат право на пристап во технолошките, производствените и други процеси коишто се дел од активностите на правното или физичкото лице кое е предмет на инспекциски надзор. (4) При вршењето на инспекцискиот надзор, државните и овластените инспектори имаат право да запечатат простории и/или предмети во временски период потребен за обезбедување на докази потребни за спроведување на прекршочната или кривична постапка. 40 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (5) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор на државните и овластените инспектори им е попречено правото на пристап, имаат право да побараат помош од овластени лица на органот надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи." Член 81 По членот 205 се додава нов член 205-а, кој гласи: "Член 205-а Обврска на правните и физички лица при вршење на надзор (1) Секое физичко лице, кое се нашло на местото на инспекцискиот надзор, е должно при спроведувањето на инспекцискиот надзор, по барање на државниот и овластениот инспектор да се легитимира и да ги даде своите лични податоци. (2) Лицата од ставот (1) на овој член се должни да дадат точни податоци и да ги направат достапни, на државниот и овластениот инспектор, сите потребни информации и документи неопходни за спроведување на инспекцискиот надзор. (3) Одговорните, овластените лица и вработените во правните и физички лица над кои се спроведува инспекцискиот надзор се должни на државните и овластените инспектори да им овозможат право на пристап и увид во просториите на правното и физичкото лице со цел да се спроведе инспекцискиот надзор. (4) Одговорните и овластените лица во правните и физички лица над кои се спроведува инспекцискиот надзор се должни на државните и овластените инспектори да им ги достават веднаш за време на инспекцискиот надзор, а најдоцна во рок од 24 часа, сите документи и информации кои се неопходни за утврдување на фактичката состојба. (5) Лицата од ставовите (1) и (3) на овој член по барање на државните и овластените инспектори се должни да дадат изјави за она што го знаат во врска со факти и настани кои се поврзани со инспекцискиот надзор. (6) Лицата од ставот (3) на овој член се должни да му овозможат на државниот и овластениот инспектор да врши мерења, земање примероци, спроведување забележувања, како и да собира докази и документи неопходни за спроведување на инспекцискиот надзор. (7) Правното лице е должно по барање на државниот и овластениот инспектор да определи лице кое ќе биде присутно при вршење на мерењето и земање на примероци, спроведувањето на забележувања, како и собирање на докази и документи.” Член 82 Членот 206 се менува и гласи: "Мерење и земање примероци и собирање на докази (1) Секое физичко или правно лице, по барање на државниот и овластениот инспектор ги прави достапни сите информации, вклучувајќи ги и економските податоци, кои се важни за проценување на загадувањето и за одредување на мерките за превенција и за заштита. (2) Државниот односно овластениот инспектор, со цел да го утврди влијанието врз животната средина, има право од субјектите од ставот (1) на овој член : да побара да му се достават резултатите од извршените испитувања, анализи и мерења извршени од правното или физичкото лице, 41 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година да земе примероци, да ги анализира и да ги измери супстанциите и материите што се испуштаат во животната средина, како и бучавата и енергијата, да земе примероци и да ги анализира материјалите и производите, употребени или процесирани, како и отпадните производи, доколку има такви, да врши фотографирање или на друг начин да спроведува забележување на настанатата состојба, да ги разјасни причините кои предизвикуваат загадување и деградација на животната средина, да земе изјави од одговорните, службените, овластените и лицата затекнати, како и од други лица, што се релевантни за утврдување на нивото и видот на загадувањето, да побара спроведување на пробна работа или активност заради утврдување на ниво или вид на минато или идно загадување. да побара расклопување на производи или спроведување на тест заради утврдување на загадување и да преземат и други дејствија или активности со цел за обезбедување на докази кои се релевантни за утврдување на нивото и видот на загадувањето. (3) Доколку резултатите од испитувањата, анализите и мерењата од ставот (2) алинеи 2 и 3 на овој член не се совпаѓаат со податоците дадени од физичкото или правно лице, трошоците за испитувањата, анализите и мерењата се на товар на операторот. (4) Мерењата, примероците, забележувањата, изјавите и доказите, како и другите активности спроведени при вршењето на инспекцискиот надзор се земаат, евидентираат и чуваат на начин и во постапка пропишани од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина." Член 83 Членот 208 се менува и гласи: “Постапка за вршење на инспекциски надзор (1) Инспекцискиот надзор над правните и физичките лица коишто вршат активност која има или е веројатно дека има влијание врз животната средина се врши редовно и по добиена пријава и/или сознание од страна на други државни органи, организации, институции, правни и физички лица, како и од средствата за јавно информирање. (2) Директорот на Државниот инспекторат за животна средина, односно градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје, се должни секоја година да донесуваат план за вршење на инспекциски надзор од ставот (1) на овој член. (3) Планот од ставот (2) на овој член градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје, го доставуваат до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, ја пропишува содржината, формата и начинот на донесување на планот за вршење на инспекциски надзор. (5) Во вршењето на инспекциски надзор, државниот и овластениот инспектор во рамките на својата надлежност, утврдена со овој и другите закони е самостоен и независен во вршењето на инспекцискиот надзор и во преземањето на управни и други мерки утврдени со закон. (6) Државниот инспектор е овластен да врши инспекциски надзор над правни и физички лица, во секое време и на лице место, без претходна најава во деловните простории, инсталациите, објектите, како и на средствата и опремата за вршење на 42 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година активноста за која е потребно А-интегрирана еколошка дозвола и за кои е потребна Б интегрирана еколошка дозвола согласно со членот 95 од овој закон, како и врз правните и физички лица кои вршат активности и дејности во согласност со прописот од членот 24 став (4) на овој закон. (7) Овластениот инспектор за животна средина на општината и овластениот инспектор за животна средина на градот Скопје е овластен да врши инспекциски надзор, над правни и физички лица, во секое време и на лице место, без претходна најава во деловните простории, инсталациите, објектите, како и на средствата и опремата за вршење на дејноста и активноста за кои е потребно Б-интегрирана еколошка дозвола. (8) Овластениот инспектор за животна средина на општината и овластениот инспектор за животна средина на општините во градот Скопје е овластен да врши инспекциски надзор над правни и физички лица, во секое време и на лице место, без претходна најава во деловните простории, инсталациите, објектите, како и на средствата и опремата за вршење на дејноста и активноста за кои не е потребна интегрирана еколошка дозвола. (9) За определени работи за кои согласно со одредбите од овој или друг закон се утврдени како надлежност на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, државниот инспектор може да врши надзор и над инсталациите со Б-интегрирани еколошки дозволи, како и над објектите кои вршат други активности и дејности. (10) Државниот инспектор е овластен да врши инспекциски надзор во секое време и на лице место, без претходна најава во деловните простории, инсталациите, објектите, како и на средствата и опремата за вршење на дејноста и активноста за кои е потребно Б интегрирана еколошка дозвола и за други активности за кои не е потребна интегрирана еколошка дозвола, доколку добие сознание или е известен дека овластениот инспектор за животна средина не постапил по основ на добиена пријава и/или сознание од страна на други државни органи, организаци, институции, правни и физички лица, како и од средствата за јавно информирање. (11) Доколку овластениот инспектор за животна средина при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека има неправилности во поголем обем или во инсталациите со А интегрирана еколошка дозвола, или кај друго правно и физичко лице, должен е без одлагање да го информира Државниот инспекторат за животна средина. (12) Против решението на државниот и овластениот инспектор со кое се определува управна мерка, може да се изјави жалба до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во рок од осум дена од денот на приемот на решението. (13) Жалбата од ставот (12) на овој член не го одлага извршувањето на решението, ако со одлагањето би настанала опасност за загрозување на животната средина и животот и здравјето на луѓето." Член 84 По членот 208 се додава нов член 208-а, кој гласи: "Член 208-а Постапување на државниот инспектор по пријава од физичко или правно лице (1) Во случај кога до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина пристигне пријава од правно или физичко лице за дејствија или активности на инсталации, системи, капацитети, објекти или постројки со кои се загадува 43 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година животната средина, а за кои Државниот инспекторат за животна средина не е надлежен да врши надзор по службена должност, Државниот инспекторат за животна средина е должен пријавата да ја достави, до надлежниот градоначалник на општината, градоначалникот на градот Скопје и општините во градот Скопје, за натамошно постапување во рок од седум дена од денот на добивањето на пријавата. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член, државниот инспекторат е должен за тоа да го извести правното или физичкото лице. (3) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина добие известување од правното или физичкото лице од ставот (1) на овој член дека органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје не постапиле по пријавата, во тој случај, Државниот инспекторат доставува укажување до градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и општините во градот Скопје со цел за преземање на мерки по пријавата, при што ќе определи рок, кој не може да биде подолг од 30 дена, во кој рок градоначалникот е должен да преземе соодветни мерки или надзор, како и да го извести Државниот инспекторат за резултатите од преземените мерки или спроведениот надзор во определениот рок. (4) Во случај кога градоначалник на општината, градоначалникот на градот Скопје и општините во градот Скопје не постапат согласно со укажувањето од ставот (3) на овој член, државниот инспектор е должен самиот да ги преземе неопходните мерки или да го спроведе надзорот, за што го известува градоначалникот. (5) Трошоците од спроведените мерки и/или надзор од ставот (4) на овој член се на товар на општината и се определуваат согласно со трошоците утврдени во членот 207 од овој закон. (6) Трошоците од ставот (5) на овој член, градоначалник на општината, градоначалникот на градот Скопје и општините во градот Скопје се должни да ги уплатат, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на фактурата, на посебна сметка на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина." Член 85 Членот 209 се менува и гласи: "Обврски на државниот инспектор и на овластените инспектори (1) Државниот инспектор и овластениот инспектор е должен да води евиденција за надзорите и увидите извршени на правните и физичките лица. (2) Државниот инспектор и овластениот инспектор е должен да ги чува како службена тајна податоците до кои ќе дојде при вршењето на надзорот или што ќе му ги достават правните и физички лица во согласност со закон. (3) Државниот инспекторат за животна средина и овластениот инспектор е должен еднаш годишно, на крајот на јануари во тековната година, да изготви годишен извештај за извршениот инспекциски надзор и наодите од истиот, за управните мерки, како и за поднесените пријави и резултатите од истите, за претходната година и истиот да го достави до органот на државна управа надлежен за работите од областа на животната средина, заради негово усвојување. (4) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, ја пропишува содржината на извештајот од ставот (3) на овој член, како и начинот и рокот за негово доставување. (5) Врз основа на извештаите од ставот (3) на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина подготвува годишен извештај за извршен инспекциски надзор за спроведувањето на мерките за заштита на животната средина за претходната година и го доставува за информирање до Владата на Република Македонија, најдоцна до март во тековната година." 44 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 86 По членот 209 се додава нов член 209-а, кој гласи: “Член 209-а Одговорност на службените лица (1) Службените лица во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, вклучувајќи ги и органите во состав, како и службените лица во органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје се должни, како одговорни лица, навремено и ефикасно да ги презема сите неопходни мерки и постапки за спроведување на овој закон. (2) Доколку при спроведувањето на постапките утврдени во овој закон, се утврдат прекршувања од страна на правно или физичко лице направени со дејствие и/или несторувања и/или пропуштање на должен надзор над друго лице кое било овластено да постапува во името на правното лице, како и изнесување на неточни и лажни податоци и документи, службените лица се должни да покренат иницијатива или барање за покренување на прекршочна постапка согласно со одредбите на овој закон. (3) Правните и физички лица за кои се предвидени права и обврски утврдени со овој закон, доколку утврдат постоење на прекршување или пречекорување на овластувањата од страна на службените лица од ставот (1) на овој член, направени со дејствија и/или несторувања, се должни за тоа да го известат министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје. (4) Во случај на утврдување на прекршувања на надлежностите на службените лица од ставот (1) на овој член министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, односно градоначалникот на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје е должен да покрене постапка за утврдување на одговорноста на службеното лице согласно со овој или друг закон.” ХХI. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ВРШЕЊЕ НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА ОРГАНИТЕ НА ОПШТИНАТА, ГРАДОТ СКОПЈЕ И ОПШТИНИТЕ ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ Член 87 Членот 210 се менува и гласи: "Надзор на законитоста на работата на органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје (1) Надзорот над законитоста на работата на органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје се заснова на начелото на законитост, одговорност и самостојност во остварувањето на нивните надлежности. (2) Надзорот од ставот (1) на овој член го врши органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Во остварувањето на надзорот над спроведувањето на овој закон, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врши и надзор над работата на органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје." 45 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 88 Членот 211 се менува и гласи: "Надлежности во вршењето на надзорот (1) При вршењето на надзорот над работата на органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги врши следниве работи: 1) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје изрекуваат мерка забрана за вршење на активностите и за враќање на животната средина во задоволителна состојба, врз основа на прописот од членот 20 став (2) на овој закон; 2) оценува дали градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје, односно општините во градот Скопје ја информира јавноста за случаите на надминување на дозволените емисии и во другите случаи за загадување на животната средина на нивната територија (член 26); 3) врши надзор над делегиран мониторинг (член 35); 4) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје доставуваат податоци од мониторингот (член 37); 5) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, доставуваат податоци за одржување на регистарот на загадувачките материи и супстанции и на нивните карактеристики (член 41); 6) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, доставуваат податоци за одржување на соодветните катастри (член 42); 7) оценува дали градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и на општините во градот Скопје го доставуваат во определениот рок извештајот од членот 45 на овој закон до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина; 8) оценува дали органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје обезбедуваат пристап до информации за животна средина кои ги поседуваат и дали тоа го сториле во определен рок и форма (членови 53 и 54); 9) оценуваат дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје го донеле локалниот акционен план за животна средина согласно со методологијата и доставиле извештај за неговото спроведување (член 60); 10) оценува дали советот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје формирале тело за следење на имплементација на локалниот акционен план за животна средина (член 60 став (5)); 11) оценува дали органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје го припишале начинот на информирање на јавноста за спроведувањето на локалниот акционен план за животна средина и оценува дали доставуваат податоци на јавноста (член 62); 12) оценува дали локалниот акционен план е донесен согласно со содржината пропишана во членот 64 од овој закон; 13) оценува дали стратегиите, плановите и програмите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје се донесени на начин и во постапка утврдена со одредбите во Главата X од овој закон; 14) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје доставиле податоци релевантни за изработка на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина (член 83); 46 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 15) оценува дали општините и градот Скопје ги исполниле условите за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи и дозволи за усогласување со оперативни планови (член 123); 16) дали градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје води општински регистар на Б-интегрирани еколошки дозволи за своето подрачје и дали доставува копија до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 126 став (4)); 17) оценува дали се проверени условите утврдени во дозволата согласно со членот 126 став (8) од овој закон; 18) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје го објавиле барањето за дозвола за усогласување со оперативен план во најмалку еден дневен весник достапен на целата територија на Република Македонија (член 136); 19) дали градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје води општински регистар на дозволи за усогласување со оперативен план за инсталациите кои треба да добијат Б-интегрирани еколошки дозволи за своето подрачје и дали доставуваат податоци до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 140 став (5)); 20) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје објавиле во најмалку еден дневен весник достапен на целата територија на Република Македонија дека е издадена дозвола за усогласување со оперативен план и дали дозволата е издадена во пропишаната содржина (член 140); 21) оценува дали општината, градот Скопје ги издаваат Б-интегрираните дозволи и дозволите за усогласување со оперативен план, на начин, услови и во постапка во согласност со главите XII и XIV од овој закон; 22) оценува дали општината, градот Скопје и општините во градот Скопје изработиле надворешен план за вонредни состојби (член 154); 23) дали ги анализираат и ги тестираат, а онаму каде што е потребно и ги обновуваат и ревидираат надворешните планови за вонредни состојби во определениот рок (член 154 став (9)); 24) дали донеле plan за спроведување инспекциски надзор и истиот го доставиле до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 208 став (2)); 25) дали поднеле годишен извештај за спроведен инспекциски надзор и дали тоа го сториле во определениот рок (член 209 ставови (3) и (4)); 26) ја следи законитоста на работата на органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје и презема мерки и активности и поднесува иницијативи за остварување на надлежностите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје во согласност со овој и друг закон од областа на животната средина; 27) оценува дали органите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје обезбедуваат нивните надлежности да се извршуваат согласно со стандардите и постапките утврдени со овој закон; 28) им укажува на органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за пречекорување на нивните надлежности утврдени со овој закон и друг пропис и им предлага соодветни мерки за надминување на таквата состојба; 29) укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје кои би можеле да го оневозможат вршењето на работите од јавен интерес од локално значење; 30) дава препораки за доследно спроведување на надлежностите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје на нивно барање определени со овој закон; 47 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 31) го следи навременото донесување на прописите, кои општината, градот Скопје и општините во градот Скопје ги донесуваат согласно со овој закон; 32) поднесува иницијативи и предлози до општината, градот Скопје и општините во градот Скопје доколку констатира неспроведување на овој закон; 33) поднесува иницијативи и предлози до општината, градот Скопје и општините во градот Скопје доколку констатира неспроведување на овој закон како последица на судир на надлежности меѓу органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје; 34) ја следи законитоста на решенијата што градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалниците на општините во градот Скопје ги донесуваат при решавањето на поединечните права, обврски и интереси на физички и правни лица; 35) дава мислење и стручна помош по предлог на прописите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје на нивно барање; 36) го следи остварувањето на јавноста во работата на органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, особено од аспект на редовно, навремено, вистинито и потполно известување на граѓаните; 37) го следи остварувањето на претходниот надзор над прописите на општината, градот Скопје и општините во градот Скопје и 38) навремено ги известува органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за констатираните состојби во нивната работа и за преземените мерки при вршење на надзорот. (2) За преземените мерки и активности од ставот (1) точки 26, 31, 34 и 37 на овој член, органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го информира органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на локалната самоуправа. (3) При вршењето на работите од ставот (1) на овој член, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина е должен на органите на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје да им достави укажување и да им определи рок во кој треба да ги отстранат констатираните недостатоци во остварувањето на нивната надлежност.” Член 89 Во насловот на Главата XXII зборот “КАЗНЕНИ” се менува со зборот “ПРЕКРШОЧНИ” и се додаваат осум нови члена 212-а, 212-б, 212-в, 212-г, 212-д, 212-ѓ, 212 е и 212-ж, кои гласат: “Член 212-а Прекршочен орган (1) За прекршоците утврдени во членовите 212-ѓ и 212-е од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (во натамошниот текст: Прекршочен орган). (2) Прекршочната постапка од ставот (1) на овој член пред Прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по прекршок (во натамошниот текст: Прекршочна комисија) формирана од страна на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. 48 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (3) Прекршочната комисија е составена од овластени службени лица вработени во органот на државната управа надлежен за вршење на работите во областа на животната средина, од кои едно ја врши функцијата на претседател на Прекршочната комисија. (4) Прекршочната комисија е составена од три члена од кои: двајца дипломирани правници, од кои еден со положен правосуден испит со пет години работно искуство во својата област и еден член со висока стручна подготовка од областа на природните науки со пет години работно искуство во својата област. (5) Прекршочната комисија се избира за времетраење од три години со право на реизбор на членовите. (6) За претседател на Прекршочната комисија може да биде избран само дипломиран правник. (7) Прекршочната комисија за Прекршочниот орган одлучува по прекршоците утврдени во овој или друг закон и изрекува прекршочни санкции утврдени со овој закон, Законот за прекршоците и/или со друг закон. (8) Покрај членовите на Прекршочната комисија министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина може да определи секретар на Прекршочната комисија кој врши административни работи за комисијата и заменици членови, кои по исклучок, учествуваат во работата на Прекршочната комисија во случај на отсуство на некој од членовите. (9) Прекршочната комисија донесува деловник за својата работа. (10) Против решенијата на Прекршочната комисија, со кои се изрекува прекршочна санкција може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежниот суд. Член 212-б Работа на Прекршочната комисија (1) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина може да формира повеќе прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочната постапка за прекршоци за одделни области и/или за одделни подрачја од Република Македонија. (2) Член на Прекршочната комисија може да се разреши: 1) со истекот на времето за кое е именуван за член; 2) по негово барање; 3) со исполнување на условите за старосна пензија согласно со законот; 4) ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело; 5) ако му се утврди трајна неспособност; 6) ако се утврди прекршување на прописите за водење на прекршочната постапка со правосилна одлука; 7) ако не ги исполнува обврските кои произлегуваат од работењето во Прекршочната комисија и 8) ако не пријавил постоење на конфликт на интереси за случај за кој решава Прекршочната комисија. (3) Предлог за разрешување на член на комисија за случаите од ставот (2) точки од 3 до 8 на овој член поднесува претседателот на Прекршочната комисија до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. 49 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (4) Прекршочната комисија има право да изведува докази и собира податоци кои се неопходни за утврдување на прекршокот, како и да врши други работи и презема дејствија утврдени со овој закон, Законот за прекршоците и/или со друг закон. (5) Членовите на Прекршочната комисија се самостојни и независни во работата на Прекршочната комисија и одлучуваат врз основа на своето стручно знаење и самостојно убедување. (6) Прекршочната комисија работи во совет, а одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. (7) Прекршочната комисија води единствена евиденција на прекршоците, изречените санкции и донесените одлуки на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот надлежен за вршење на работите од областа на правдата. (8) Со актот од ставот (7) на овој член се пропишува и начинот на пристап до информациите кои се содржани во евиденцијата. (9) Членовите на Прекршочната комисија имаат право на награда за својата работа во Прекршочната комисија што ја определува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работата од областа на животната средина која треба да биде разумна и соодветна на значењето, обемот на работа на членовите и сложеноста на прекршоците. Член 212-в Порамнување (1) За прекшоците утврдени во членот 212-ѓ од овој закон, државните и овластените инспектори се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за порамнување пред да поднесат барање за прекршочна постапка. (2) Кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на постапка за порамнување, државниот/овластениот инспектор составува записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието на прекршокот и лицата затекнати на самото место. (3) Во записникот се утврдува начинот на кој ќе се остранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последиците од сторувањето на прекршокот. (4) Државниот и овластениот инспектор можат да му предложат на сторителот надминувањето на последиците од прекршокот да се стори со вршење или сторување на општокорисна работа или доделување на средства за вршење општокорисна работа. (5) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина го утврдува видот, висината на чинењето на општокорисната работа за секој прекршок одделно, како и начинот на нејзиното извршување во согласност со министерот кој ракводи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на правдата. Висината на средствата наменети за општокорисна работа не може да биде повисока од висината на пропишаната глоба за прекршокот. (6) Државниот и овластениот инспектор можат во постапката за порамнување на сторителот на прекршокот да му дадат платен налог. (7) Доколку сторителот го прими платниот налог, е должен истиот да го потпише. Примањето на платниот налог од сторителот на прекршокот се забележува во записникот. 50 од 59www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (8) Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и платниот налог го потпишува службено, односно одговорното лице кое се нашло на лице место при инспекцискиот надзор или друго службено или одговорно лице кое изјавило дека има право да го потпише записникот и да го прими платниот налог. (9) Изјавата од ставот (8) на овој член се забележува во записникот. (10) Државниот и овластениот инспектор се должни да водат евиденција за покренатите постапки за порамнување и за нивниот исход. Член 212-г Посредување (1) За прекршоците од членот 212-е на овој закон, државните и овластените инспектори можат на сторителот на прекршокот да му понудат посредување и постигнување согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги острани последиците од прекршокот. (2) Државниот и овластениот инспектор за случаите од ставот (1) на овој член составува записник во кој се констатира согласноста на двете страни за покренување на постапка за посредување на кој се потпишува и сторителот на прекршокот. (3) Постапката за посредување се покренува со барање од страна на државниот и овластениот инспектор во рок од осум дена од денот кога е констатирано сторувањето на прекршокот . (4) Согласноста за посредувањето треба да се постигне во рок од осум дена од денот кога е започната постапката за посредување. (5) Постапката за посредување се води пред комисија за посредување формирана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина. (6) Комисијата е составена од три члена, од кои еден ја врши функцијата на претседател. Членовите на комисијата се избираат од редот на државните службеници вработени во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина од кои еден е дипломиран правник. (7) Претседателот е должен да ја започне постапката на комисијата во рок од 24 часа од денот кога е пристигнато барањето од ставот (3) на овој член. (8) Комисијата работи на седница на која задолжително присуствуваат претставници на сторителот на прекршокот и државниот или овластениот инспектор. (9) За склучената согласност по посредувањето се составува спогодба во која се констатира согласноста на двете страни. (10) Во спогодбата се утврдуваат обврските на сторителот на прекршокот, а особено висината и начинот на плаќање на глобата, висината и начинот на плаќање на други давачки и трошоци и мерките кои треба да ги преземе сторителот со цел да ги отстрани последиците од прекршокот. (11) Во случаите во кои е постигната согласност за посредување, глобата на сторителот може да биде намалена најмногу за една половина од максимум пропишаната глоба за прекршокот. (12) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина донесува деловник и трошковник за работа на комисијата. 51 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година (13) Членовите на комисијата за посредување имаат право на награда за својата работа во комисијата која треба да биде разумна и соодветна на значењето, обемот на работа на членовите и сложеноста на прекршоците. (14) Висината и видот на трошоците утврдени во трошковникот од ставот (12) на овој член се определуваат врз основа на реалните трошоци што ги има органот заради обезбедување на работа на комисијата за посредување. (15) Комисијата за посредување е должна да води евиденција за поведените постапки за посредување и за нивниот исход. (16) Спогодбата од ставот (9) на овој член има сила на извршна исправа. Член 212-д Медијација (1) За прекршоците од членот 212-ж на овој закон, државните и овластените инспектори, како и сторителите на прекршок можат да се согласат за започнување на постапка на медијација пред да поднесат барање за покренување на прекршочна постапка. (2) Со медијацијата задолжително се утврдуваат обврските на сторителот на прекршокот, а особено висината и начинот на плаќање на голбата, висината и начинот на плаќање на други давачки и трошоци, мерките кои треба да ги преземе сторителот со цел да ги острани последиците од прекршокот и мерките што треба да ги преземе соторителот со цел да се спречи загадување на животната средина. (3) Постапката за медијација се спроведува согласно со Законот за медијација. Член 212-ѓ Прекршоци од I категорија (1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правното лице доколку: 1) не изработи елаборат за заштита на животна средина утврден со прописот од членот 24 ставови (4) и (6) на овој закон, како и истиот не го достави на одобрување до надлежниот орган, не ги исполнуваа условите пропишани во елаборатот (член 24); 2) се пуштаат во промет производи, полупроизводи, суровини, хемикалии како и нивните пакувања, на кои нема ознака за можноста за загадување или за можно штетно влијание врз животната средина (член 27 став (1)); 3) се пуштаат во промет полупроизводи, суровини, хемикалии во пакување кое не е означено согласно со членот 27 став (3) од овој закон; 4) се рекламира, етикетира и пушта во промет производ означен со еколошка ознака, на начините и според критериумите кои не се во согласност со членот 29 од овој закон; 5) не се користат уреди и инструменти одобрени во постапката за верификација на мерилата и истите не се одржуваат во исправна состојба (член 36 став (2)); 6) на изготвувачот не му се доставуваат потребните податоци за изготвување и одржување на Регистарот на загадувачки материи и супстанции и нивните карактеристики (член 41 став (4)); 7) на изготвувачот не му се доставуваат потребните податоци за изготвување и одржување на Катастарот на животната средина (член 42 став (4)); 52 од 59www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 8) субјектите од членот 52 став (1) алинеи 3 и 4 на овој закон не обезбедуваат пристап до информациите за животна средина кои ги поседуваат или не го сториле тоа во определениот рок и форма (членови 52, 53 и 54); 9) субјектите информациите за животна средина кои ги поседуваат, не ги ажурираат и не ги одржуваат информациите согласно со членот 56-а од овој закон; 10) не е доставено барањето за дозвола за усогласување со оперативен план во пропишаниот рок (член 135 став (5)); 11) не е добиена дозвола за усогласување со оперативен план за продолжување, односно започнување на работата на инсталацијата; 12) не е поднесено известување за реализацијата на оперативните планови и исполнувањето на обврските од оперативниот план заради добивање на интегрирана еколошка дозвола и/или тоа не е сторено во определениот рок (членови 138 и 139) и 13) операторот не поднел известување во случаите од членот 141 став (4) на овој закон. (2) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече на службеното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (4) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (5) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе се изрече за физичкото лице доколку: 1) не им овозможуваат право на увид на државните и овластените инспектори за животна средина; 2) не ги обезбеди сите потребни информации неопходни за спроведување на надзорот во определениот рок 3) дава лажна изјава и неточни податоци и 4) не се легитимира на местото на инспекцискиот надзор и не ги дава своите лични податоци на барање на државниот и овластениот инспектор. (6) Надлежен орган за изрекување на прекршоците од ставовите (1) до (5) на овој член е Прекршочната комисија. (7) Доколку со дејностите од ставот (1) точки 2, 3 и 5 на овој член настане поголема штета по животот и здравјето на луѓето се пропишува санкција сразмерна на висината на причинетата штета, но најмногу до трикратен износ од износот утврден во ставот (1) на овој член. (8) Кога прекршокот од ставот (1) на овој член е сторен со цел сторителот за себе или за друго лице да прибави имотна корист или прекршокот е сторен од организирана група на лица составена од најмалку три лица, Прекршочната комисија може да изрече глоба во висина од 15.000 евра во денарска противвредност. (9) Доколку постои опасност правното лице од ставот (1) точки 1, 2 и 4 на овој член да изврши повторен прекршок опасен по животот или здравјето на луѓето, може да му се изрече санкција привремена забрана на вршење одделна дејност во траење од најмногу 30 дена. (10) За прекршоците од ставот (5) на овој член државниот и овластениот инспектор прекршочната санкција можат да ја изречат на лице место со врачување на покана за плаќање на глоба која сторителот е должен да ја плати во рок од осум дена. (11) Доколку глобата од ставот (10) на овој член не се плати во определениот рок, државните и овластените инспектори се должни да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред Прекршочната комисија. 53 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 212-е Прекршоци од II категорија (1) Глоба во износ од 6.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за прекршок доколку: 1) гради или реконструира инсталации, без добивање на дозвола и без притоа да се исполнат утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина (член 20); 2) произведува и увезува превозни средства кои не ги исполнуваат условите пропишани за емисиите кај мобилните извори на загадување и за бучава (член 20); 3) произведува, пушта во промет и употребува одделни производи, супстанции и врши одделни активности и услуги и покрај забраната од членот 21 на овој закон; 4) користи домашна или увезена технологија, или технолошка линија, производ, полупроизвод и суровина којашто не ги исполнува пропишаните норми за заштита на животната средина (член 23); 5) увезува технологии или технолошки линии, производи, полупроизводи и суровини коишто се забранети во земјата производител или во земјата извозник, од причини за заштита на животната средина (член 23 став (2)); 6) не се чуваат податоците за користењето на природните богатства, суровини и енергијата, за емисиите на загадувачки материи и супстанции, видовите, карактеристиките и количеството отпад и другите податоци предвидени со овој или со друг закон (член 28 став (2)); 7) не се почитуваат условите утврдени од доброволниот договор (член 30); 8) не се врши мониторинг, во согласност со интегрираната еколошка дозвола (член 36 ставови (4) и (5)); 9) податоците добиени од мониторингот не се доставуваат или не ги доставуваат на начин и под услови што ги пропишува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 37 став (2)); 10) правните и физички лица не доставуваат податоци и информации за животната средина согласно со членот 46 од овој закон; 11) не го известил органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за намерата за изведување проект (член 80); 12) не е изготвена студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и истата не е доставена до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 83); 13) не е донесено решение со кое се дава согласност за спроведувањето на проектот (член 87 став (1)), односно не е донесено решение согласно со членот 81 став (4) од овој закон; 14) не е добиена А или Б-интегрирана еколошка дозвола (членови 95 и 123); 15) утврди дека за време на важноста на А-интегрираната еколошка дозвола и пет години по истекот на важноста не се чуваат сите документи и податоци во врска со барањето, издавањето и мониторингот предвиден со обврзувачките услови во интегрираната еколошка дозвола и дали се направени достапни, по барање на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина или на инспекторатот за животна средина (член 110); 16) спроведувањето на одделните фази од оперативните планови не се спроведуваат во утврдените рокови за реализација (членови 134, 137, 138 и 139); 17) не постапиле согласно со издадените решенија од државниот или овластениот инспектор; 54 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 18) започне со активности за реализација на проектот без добиено решение за спроведување на проектот; 19) не го пресмета и/или неточно го пресмета надоместокот и/или надоместокот не го уплати во пропишаните рокови согласно со Главата XVIII од овој закон и 20) не поднесе извештај за реализација на средствата определени со договорот за доделување на средства (член 178). (2) Глоба во износ од 800 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствија од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе се изрече на службеното лице во правното лице за дејствија од ставот (1) на овој член. (4) Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичкото лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (5) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе се изрече на службеното лице во правното лице кое е одговорно за спроведување на дејствијата утврдени во овој закон доколку: 1) не ги чува податоците за користењето на природните богатства, суровини и енергијата, за емисиите на загадувачки материи и супстанции, видовите, карактеристиките и количеството отпад и другите податоци предвидени со овој или со друг закон (член 28 став (2)); 2) податоците добиени од мониторингот не ги доставува на начин и под услови што ги пропишува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 37 став (2)); 3) лицето овластено за посредување со информации од областа на животната средина не постапува согласно со одредбите од овој закон; 4) службеното лице не води евиденција согласно со одредбите на овој закон; 5) службеното лице податоците не ги чува како службена тајна ако тоа е определено со овој закон; 6) дава лажна изјава и неточни податоци при инспекцискиот надзор; 7) не ги обезбедат сите потребни информации неопходни за спроведување на надзорот на барање на државниот и овластениот инспекторат за животна средина; 8) не им овозможува право на увид на државните и овластените инспектори за животна средина; 9) не се исполнуваат обврските за известување од членот 111 на овој закон; 10) не е извршена генерална еколошка ревизија, како и не е приложен извештај од извршена еколошка ревизија (член 130); 11) еколошката ревизија е изработена од лице кое не е регистрирано и не поседува соодветен сертификат (член 131); 12) активностите во инсталацијата не се спроведуваат согласно со условите утврдени во дозволата и оперативниот план (член 134); 13) информациите за мерките за безбедност не се достапни на начин утврден во членот 150 од овој закон; 14) одговорното лице не определи лице кое ќе биде присутно за време на надзорот; 15) не ги обезбедат сите потребни информации неопходни за спроведување на надзорот и 16) не им овозможува право на увид на државните и овластените инспектори за животна средина. (6) Глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност ќе се изрече на службеното лице во органите кое е одговорно за спроведување на овој закон, како и на лицето кое е овластено за спроведување на дејствијата утврдени во овој закон доколку: 55 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 1) службеното лицо во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, вклучувајќи ги и органите во состав, како и службените лица во органите на општината, на градот Скопје и општините во градот Скопје не ги презело навремено и ефикасно сите неопходни мерки и постапки за спроведување на овој закон; 2) службеното лице во органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, вклучувајќи ги и органите во состав, општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, не го извести министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина дека не е постигната согласност за содржината и рокот на реализација на оперативниот план; 3) лицето овластено за посредување со информации од областа на животната средина не постапува согласно со одредбите од овој закон; 4) службеното лице не води евиденција согласно со одредбите од овој закон; 5) службеното лице податоците не ги чува како службена тајна, ако тоа е определено со овој закон; 6) не ги обезбедило сите потребни информации неопходни за спроведување на надзорот на барање на државниот и овластениот инспекторат за животна средина; 7) не им овозможува право на увид на државните и овластените инспектори за животна средина; 8) експертот во подготовката на планските документи даде неточни податоци (членови 67 и 68); 9) експертот за оцена на влијанието врз животната средина во подготовката на документите за оцена на влијанието врз животната средина даде неточни податоци; 10) ја потпише како одговорно лице студијата за оцена на влијанието врз животната средина без да е вклучено на листата за експерти за оцена на влијанието врз животната средина (член 83 став (2)); 11) изработило еколошка ревизија, а не е регистрирано и не поседува соодветен сертификат (член 131) и 12) не поднесе барање за поведување на прекршочна постапка кога се исполнети условите за тоа или кога е утврдено дека не е платена глоабата од членот 212-ѓ став (11) на овој закон. (7) Барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците од ставот (7) на овој член може да поднесе раководителот на органите надлежни за спроведување на овој закон, непосредниот раководител на службеното лице, како и државниот службеник кој учествува во спроведувањето на постапките од главите XI, XII и XIV на овој закон. (8) Надлежен орган за изрекување на прекршоците од ставовите (1) до (6) на овој член е Прекршочната комисија. (9) Доколку поради прекршокот од ставот (1) и/или став (5) на овој член настане поголема штета врз животот и здравјето на луѓето, се изрекува санкција сразмерна на причинетата штета, но најмногу до петкратен износ од износот утврден во ставовите (1) и (5) од овој член. (10) Кога прекршокот од ставот (1) на овој член е сторен исклучиво сторителот за себе или за друго лице да прибави имотна корист или прекршокот е сторен од организирана група на лица составена од најмалку три лица, Прекршочната комисија може да изрече глоба во висина од 22.000 евра во денарска противвредност. (11) За прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице од ставот (1 ) точки 17 и 18 на овој член му се изрекува дополнителна санкција забрана на вршење на дејност на правното лице во траење од најмногу 30 дена. (12) Доколку постои опасност правното лице од ставот (1) точки 1, 2 и 3 на овој член да изврши повторен прекршок опасен по животот или здравјето на луѓето, може да му се изрече санкција привремена забрана на вршење одделна дејност во траење од најмногу 30 дена. 56 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година Член 212-ж Прекршоци од III категорија (1) Глоба во износ од 8.000 до 20.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за прекршок доколку: 1) произведува и испушта загадувачки материи и супстанции во животната средина, коишто ги надминуваат пропишаните норми, како и не постапува со нив на пропишаниот начин (член 20); 2) врши увоз, извоз и транзит во/од/низ Република Македонија на опасните супстанции, штетните материи и производи, спротивно на забраната, ограничувањето или контролата од членот 22 на овој закон; 3) емисиите на супстанциите определни во дозволата не се испуштаат согласно со определените гранични вредности (член 107); 4) проектот не се спроведува во согласност со мерките утврдени во решението со кое се дава согласност за спроведување на проектот (член 87 став (2)); 5) не е добиена А или Б-интегрирана еколошка дозвола согласно со закон и/или операциите во инсталацијата не се спроведуваат согласно со условите утврдени во интегрираните дозволи (членови 95, 123 и 127); 6) емисиите на супстанциите определни во дозволата за усогласување не се испуштаат согласно со определените гранични вредности (членови 134, 137, 138 и 139); 7) емисиите што се испуштаат или истекуваат во животната средина не се во рамките на определените гранични вредности утврдени со овој или друг закон или пропис донесен врз основа на закон; 8) не е доставено известување за присуство на опасни супстанции и/или тоа не е сторено во определениот рок (член 147); 9) не е изготвен извештај за мерките за безбедност со соодветна содржина, и/или не е доставен во соодветен рок и/или не е соодветно анализиран и обновуван во определениот рок (член 148); 10) не се преземени неопходните мерки за спречување на хаварии и за ограничување на последиците врз животот и здравјето на луѓето, во производствениот, транспортниот или во системот за складирање во кој се присутни опасни супстанции, во количества поголеми или еднакви на пропишаните (член 148 став (1) точка 2); 11) не е е извршена анализа и ревизија на мерките за безбедност и активностите за спречување на хаварии, како и на извештајот за мерките за безбедност и за тоа не е известен надлежниот орган (член 149); 12) надлежниот орган не е известен, веднаш, за настанатата хаварија и не му се доставени веднаш штом станале достапни податоците за околностите во кои се случила несреќата, опасните супстанции кои се присутни, податоците кои се потребни за проценување на последиците од несреќата по здравјето на луѓето и по животната средина, како и за преземените вонредни мерки (член 151 ставови (1) и (4)); 13) надлежниот орган не е известен за мерките предвидени за ублажување на среднорочните и на долгорочните последици од хаваријата и за спречување на хаваријата и/или не ги дополни предвидените мерки и активности со дополнителни факти откриени во истрагата (член 151 став (2)); 14) не е изготвен внатрешен план за вонредни состојби и не е доставен на надлежниот орган во согласност со членот 154 од овој закон; 15) не се анализирани и тестирани, обновувани и ревидирани внатрешните планови за вонредни состојби, водејќи сметка за новите технички достигнувања на полето на справувањето со хавариите, во период не подолг од три години (член 154 став (9)); 57 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година 16) не постапило согласно со членот 157 од овој закон во случај на штета врз животната средина предизвикана од работата на инсталациите (член 157) и 17) покрај ограничувањето или забраната за работа изречена од државниот инспектор правното или физичкото лице продолжило со своите активности, или не ги ограничува своите емисии сй додека квалитетот на животната средина не биде доведен во рамките на утврдените стандарди за квалитет. (2) Глоба во износ од 1.400 до 2.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) на овој член. (3) Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на службеното лице во правното лице за дејствијата од ставот (1) точки 3, 6, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 15 на овој член. (4) Надлежен орган за изрекување на прекршочните санкции од ставовите (1), (2) и (3) на овој член е надлежниот суд. (5) Доколку поради прекршокот од ставот (1) на овој член настане поголема штета врз животот и здравјето на луѓето се изрекува санкција сразмерна на причинетата штета, но најмногу до седумкратен износ од износот утврден во ставот (1) од овој член. (6) За прекршокот од ставот (1) на овој член на правното лице од став (1) точка 17 на овој член му се изрекува дополнителна санкција забрана на вршење на дејност на правното лице. (7) Кога прекршокот од ставот (1) на овој член е сторен исклучиво сторителот за себе или за друго лице да прибави имотна корист, надлежниот суд може да изрече глоба во висина од 25.000 евра во денарска противвредност. (8) Доколку се утврди дека прекршокот од ставот (1) на овој член е сторен од организирана група на лица составена од најмалку три лица, надлежниот суд може да изрече глоба во висина од 30.000 евра во денарска противвредност.” Член 90 Членовите 213 и 214 се бришат. Член 91 Во насловот на Главата “XXIII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ” бројот “XXIII” се заменува со бројот “XXIV”. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 92 Во членот 222 зборот “три” се заменува со зборот “четири”. Член 93 Во членот 226 зборовите: “од 1 јануари 2008 година” се заменуваат со зборовите: “во рок од шест месеца од денот на донесувањето на подзаконските акти од членот 145 став (2) и членот 154 на овој закон”. Член 94 Членот 216 се менува и гласи: “Елаборат за заштита на животната средина Постојните правни и физички лица кои вршат дејности и активности определени со прописите од членот 24 ставови (4) и (5) на овој закон, освен оние кои имаат обврска до добијат дозвола за усогласување со оперативен план, се должни истиот да го изготват и 58 од 59 www.pravdiko.com „Службен весник на РМ“ бр. 24 од 01.03.2007 година достават на одобрување до надлежниот орган во рок од една година од денот на донесувањето на подзаконските акти од членот 24 на овој закон и се должни да го усогласат своето работење со пропишаните стандарди за квалитет на животната средина во рок од пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон." Член 95 Примена на одредбите од овој закон Одредбите од членовите 212-а, 212-б, 212-в, 212-г, 212-д, 212-ѓ, 212-е и 212-ж на овој закон ќе започнат да се применуваат од 8 мај 2007 година. До денот на започнување на примена на одредбата од ставот (1) на овој член ќе се применуваат одредбите од Главата XXII КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ на Законот за животната средина (“Службен весник на Република Македонија” број 53/2005 и 81/2005). Одредбите од членот 66 на овој закон, со кој се менува членот 185 од основниот текст на законот, ќе започнат да се применуваат во рок од еден месец од донесувањето на подзаконскиот акт од членот 185 став (14) на овој закон. До денот на започнување на примена на ставот (3) од овој член ќе се применуваат одредбите од членот 185 на Законот за животната средина (“Службен весник на Република Македонија” број 53/2005 и 81/2005). Одредбите од членот 185-а на овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 мај 2007 година. Член 96 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за животната средина. Член 97 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". 59 од 59 www.pravdiko.com

Law amending the Law on environment · Nelum