Law amending the Law on animal food safety
صدر في 2011-04-11 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за дополнување на законот за безбедност на храна за животни.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal feed/feedstuffs, animal health, residues, inspection, internal trade, international trade, institution, governance
- الفئات
- *
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 1 од 3 20110531488 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА НА ЖИВОТНИ Се прогласува Законот за дополнување на Законот за безбедност на храна на животни, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 април 2011 година. Бр. 07-2016/1 Претседател 11 април 2011 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. З А К О Н ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА НА ЖИВОТНИ Член 1 Во Законот за безбедност за храна на животни („Службен весник на Република Македонија“ број 145/10), во членот 26 по ставот (3) се додаваат 20 нови става (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21), (22) и (23), кои гласат: „(4) Агенцијата за храна и ветеринарство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на решение за регистрација во Регистарот на објекти и Регистарот на оператори со храна и животни донесува решение, со кое одлучува по барањето за регистрација во регистрите. (5) Доколку Агенцијата за храна и ветеринарство не донесе решение за регистрација во регистрите, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, за донесување решение по поднесеното барање. (6) Формата и содржината на барањето од ставот (4) на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. (7) Кон барањето за издавање решение за регистрација во Регистарот на објекти и Регистарот на оператори со храна и животни подносителот на барањето доставува и копија од барањето од став (4) на овој член . (8) Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (5) на овој член до писарницата на Агенцијата за храна и ветеринарство да донесе решение со кое барањето за издавање на Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 2 од 3 решение за регистрација во Регистарот на објекти и Регистарот на оператори со храна и животни е уважено или одбиено. Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Агенцијата. (9) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство не донесе решение во рокот од ставот (7) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (10) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (9) на овој член да изврши надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (11) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. (12) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство не одлучи во рокот од ставот (11) на овој член испекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (13) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (11) на овој член, испекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (11) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (15) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (14) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (10) и (11) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (12) и (13) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (16) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок и во дополнителниот рок од ставот (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против испекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Во случајот од ставот (16) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.4.2011 година 3 од 3 (18) Во случаите од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (19) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (15) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (20) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство не одлучи во рокот од ставот (13) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (21) Постапката пред Управниот суд е итна. (22) Подзаконскиот акт од ставот (6) на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на донесувањето на овој закон. (23) По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот (6) на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство.“ Ставот (4) станува став (24). Член 2 Подзаконскиот акт предвиден со овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 3 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.