Law amending the Law on animal by-products
صدر في 2016-03-15 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на законот за нуспроизводи од животинско потекло.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock, Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- animal by-products, inspection, offences/penalties, food safety and quality
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 1 од 6 20160531345 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 15 март 2016 година. Бр.08-1686/1 Претседател 15 март 2016 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 1 Во Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” број 113/2007, 144/14 и 149/15), во членот 11 по ставот (6) се додаваат девет нови става (7), (8), (9),(10), (11), (12), (13), (14) и (15), кои гласат: „(7) Правното лице за добивање одобрение за објектите од ставот (6) на овој член, доставува барање до Агенцијата за издавање на одобрение на објекти и оператори за производство, обработка и манипулација на нуспроизводи од животинско потекло. (8) Кон барањето од ставот (7) на овој член подносителот на барањето ја доставува следнава документација: 1) имотен лист или договор за закуп на деловен простор, 2) извод од Централен регистер на Република Македонија, 3) доказ дека има одобрен елаборат за заштита на животна средина од Министерство за животна средина, 4) список на опремата со главни технолошко - технички карактеристики и атести за употреба, 5) шематски прикази на објектот, 6) техничко-технолошки елаборат, 7) приказ на организацијата за вршење на инспекциски надзор на објектот и обезбедување на просторија за официјален ветеринар, 8) опис на системот за снабдување со вода, 9) опис на системот за собирање и одстранување на отпадните материи, 10) опис на процедурата за одржување на опремата, Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 2 од 6 11) опис на процедурата за одржување на личната хигиена и мониторинг на здравстениот статус на персоналот, 12) опис на процедурите за чистење и дезинфекција, 13) опис на процедурите за обука на персоналот, 14) опис на процедурата за контрола на штетници, 15) опис на процедурата за означување, идентификација и следливост на нус производите од животинско потекло, 16) опис на процедурите развиени во согласност со принципите на системот на анализа на ризици и критични контролни точки согласно со членот 21 став (2) од овој закон и 17) доказ за уплата за надоместок за одобрување на оператор и за административна такса. (9) Овластеното службено лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите од ставот (8) точките 2) и 3) на овој член во рок од три работни дена од денот на поднесување на барањето од надлежен јавен орган. (10) Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот (9) на овој член да ги достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето. (11) Агенцијата во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за добивање на одобрение од ставот (8) на овој член, го одобрува или одбива барањето за добивање одобрение на објекти и оператори за производство, обработка, и манипулација на нуспроизводи од животинско потекло. (12) Доколку доставената документација заедно со барањето не е во согласност со ставот (8) од овој член, овластеното службено лице од Агенцијата доставува известување за дополнување на документацијата до подносителот на барањето. (13) Документацијата од ставот (12) на овој член подносителот на барањето треба да ја достави до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за дополнување на документацијата. (14) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за дополнување на документацијата не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето за одобрување на објекти и оператори за производство, обработка, и манипулација на нуспроизводи од животинско потекло. (15) Против решението од ставовите (11) и (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.”. Ставот (7) станува став (16). Член 2 Во членот 12 по ставот (1) се додаваат десет нови става (2), (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10) и (11), кои гласат: „(2) Правното лице за добивање на одобрение за увоз, транзит и извоз на нуспроизводи од животинско потекло, нивните деривати и преработените производи од нив доставува барање до Агенцијата. (3) Кон барањето од ставот (2) од овој член подносителот на барањето ги доставува следните документи, и тоа: 1) договор со одобрен објект за нус производите од животинско потекло, нивните деривати и преработените производи кои се цел на увоз, транзитот и извозот од страна на надлежен орган, како крајна дестинација; 2) извод од регистарот на правни лица кои вршат увоз на нуспроизводи од животинско потекло согласно со членот 76 став (1) од Законот за ветеринарно здравство; 3) спецификација на пратката со тарифна ознака на десетоцифрено ниво, наименување на стоката според царинска номенклатура, трговско име на стоката, единечна мерка, единечно пакување, количина на стоката и вкупната количина на стоката изразена во единечна мерка и Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 3 од 6 4) доказ за уплата на административна такса. (4) Правните лица кои вршат увоз, транзит и извоз на нуспроизводи од животинско потекло, нивните деривати и прерботените производи од нив треба да бидат регистрирани од страна на Агенцијата согласно со членот 76 од Законот за ветеринарно здравство. (5) За добивање на одобрение за увоз на нуспроизводи од животинско потекло, нивните деривати и преработените производи од нив, оператор кој е веќе одобрен за производство, обработка и манипулација на нуспроизводи од животинско потекло од Агенцијата, кон барањето од ставот (2) на овој член ја доставува следнава документација и тоа: 1) одобрение за објект и оператор за производство, обработка и манипулација на нуспроизводи од животинско потекло; 2) извод од регистарот на правни лица кои вршат увоз на нуспроизводи од животинско потекло согласно со членот 76 став (1) од Законот за ветеринарно здравство; 3) спецификација на пратката со тарифна ознака на десетоцифрено ниво, наименување на стоката според царинска номенклатура, трговско име на стоката, единечна мерка, единечно пакување, количина на стоката и вкупната количина на стоката изразена во единечна мерка и 4) доказ за уплата на административна такса. (6) Овластеното службено лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите од ставот (5) точки 1) и 2) на овој член од службената евиденција која ја води Агенцијата. (7) Агенцијата во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за одобрение од ставовите (2) и (5) на овој член, го одобрува или одбива барањето за одобрување за увоз, транзит и извоз на нуспроизводи од животинско потекло, нивните деривати и преработените производи од нив. (8) Доколку доставената документација заедно со барањето не е во согласност со ставовите (2) и (5) на овој член, овластеното службено лице од Агенцијата за храна и ветеринарство доставува известување за дополнување на документацијата до подносителот на барањето. (9) Документацијата од ставот (8) на овој член подносителот на барањето треба да ја достави до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за дополнување на документацијата. (10) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за дополнување на документацијата не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето за добивање на одобрение за увоз, транзит и извоз на нуспроизводи од животинско потекло, нивните деривати и преработените производи од нив. (11) Против решението од ставовите (7) и (10) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен.”. Ставовите (2) и (3) и стануваат ставови (12) и (13). Член 3 Во член 14 ставот (3) се менува и гласи: „Агенцијата регистрира и одобрува објект и/или активности и води регистар на објектите и/или активностите, со иклучок на генераторите на нуспроизводите од животинско потекло во примарното производство на храна и кај операторите со храна кои се регистрирани и/или одобрени во согласност со Законот за безбедност на храната, за: 1) ракување со нуспроизводи од животинско потекло и деривати од нуспроизводи од животинско потекло за цели надвор од синџирот на исхрана; 2) производство на олео-хемиски производи; Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 4 од 6 3) корисници на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати за специфични цели, под услови кои обезбедуваат контрола на ризиците по здравјето на животните и здравјето на луѓето; 4) центри за собирање и 5) други објекти и активности.”. По ставот (6) се додаваат 19 нови става (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21), (22), (23), (24) и (25), кои гласат: „(7) За добивање на одобрение од ставовите (3) и (4) на овој член правните лица треба да поднесат барање до Агенцијата за издавање на одобрение на објекти и оператори за производство, обработка и манипулација на нуспроизводи од животинско потекло. (8) Кон барањето од ставот (7) на овој член правните лица ја доставуваат следнава документација и тоа: 1) имотен лист или договор за закуп на деловен простор; 2) извод од Централен регистер на Република Македонија; 3) доказ дека има одобрен елаборат за заштита на животната средина од Министерство за животна средина; 4) список на опремата со главни технолошко - технички карактеристики и атести за употреба; 5) шематски приказ на објектот; 6) техничко-технолошки елаборат; 7) приказ на организацијата за вршење на инспекциски надзор на објектот и обезбедување на просторија за официјален ветеринар; 8) опис на системот за снабдување со вода; 9) опис на системот за собирање и одстранување на отпадните материи; 10) опис на процедурата за одржување на опремата; 11) опис на процедурата за одржување на лична хигиена и мониторинг на здравстениот статус на персоналот; 12) опис на процедурите за чистење и дезинфекција; 13) опис на процедурите за обука на персоналот; 14) опис на процедурата за контрола на штетници; 15) опис на процедурата за означување, идентификација и следливост на нус производите од животинско потекло; 16) опис на процедурите развиени во согласност со принципите на системот на анализа на ризици и критични контролни точки согласно со членот 21 став (2) од овој закон и 17) доказ за уплата за надоместок за одобрување на оператор и за административна такса. (9) Овластеното службеното лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност ги прибавува доказите од ставот (8) точки 2) и 3) на овој член во рок од три работни дена од денот на поднесување на барањето од надлежен јавен орган. (10) Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараните докази од ставот 9) на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето во електронска форма. (11) Агенцијата во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за одобрение од ставот (8) на овој член, го одобрува или одбива барањето за одобрување на објекти и оператори за производство, обработка и манипулација на нуспроизводи од животинско потекло. (12) Доколку доставената документација заедно со барањето не е во согласност со ставот (8) на овој член, овластеното службено лице од Агенцијата доставува известување за дополнување на документацијата до подносителот на барањето. Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 5 од 6 (13) Документацијата од ставот (12) на овој член подносителот на барањето треба да ја достави до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за дополнување на документацијата. (14) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за дополнување на документацијата не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето. (15) Против решението од ставовите (11) и (14) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен. (16) За да биде регистриран објектот и/или активностите од членот 14 став (3) од овој закон, правното лице треба да поднесе барање до Агенцијата за добивање решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и/или активности со нуспроизводи од животинско потекло. (17) Кон барањето од ставот (16) на овој член подносителот на барањето ја доставува следнава документација: 1) доказ за уплатена административна такса; 2) доказ за надоместок за регистрирање на објект и оператор со нуспроизводи од животинско потекло; 3) извод од Централен регистар на Република Македонија; 4) имотен лист за објектот или договор за закуп на објект; 5) опис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата; 6) опис на постапката на работење со сите помошни фази; 7) проценети дневни, годишни и максимални капацитети за производство, преработка, транспорт и складирање; 8) опис на процедурата за одржување на хигиената и контрола на штетници и 9) опис на процедурата на системот на внатрешна контрола. (18) Овластеното службено лице од Агенцијата кое ја води постапката по службена должност го прибавува доказот од ставот (17) точка 3) на овој член во рок од три работни дена од денот на поднесување на барањето од надлежен јавен орган. (19) Овластено службено лице од надлежниот јавен орган е должно бараниот доказ од ставот (18) на овој член да го достави во рок од три дена од денот на приемот на барањето во електронска форма. (20) Овластеното службено лице од Агенцијата го одобрува или одбива барањето за добивање решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и/или активностите со нуспроизводи од животинско потекло во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, врз основа на поднесените документи и извештајот од извршениот увид од страна на официјален ветеринар за исполнување на условите од ставот (17) на овој член. (21) Рокот од ставот (20) на овој член престанува да тече од денот кога овластеното службено лице од Агенцијата ќе достави известување за докомплетирање на документацијата до подносителот на барањето и рокот продолжува да тече од денот на постапување на подносителот. (22) Доколку доставената документација заедно со барањето не е во согласност со ставот (17) од овој член, овластеното службено лице од Агенцијата доставува известување за докомплетирање на документацијата во рок од 15 дена од приемот на барањето. (23) Подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето за докомплетирање на документацијата, потребно е истата да ја достави до Агенцијата. (24) Доколку подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето не постапи по истото, Агенцијата го одбива барањето. Службен весник на РМ, бр. 53 од 21.03.2016 година 6 од 6 (25) Против решението од ставовите (20) и (24) на овој член подносителот на барањето може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен.”. Ставовите (7) и (8) стануваат ставови (26) и (27). Во ставот (9) кој станува став (28) зборовите: „ставот (7)“ се заменуваат со зборовите: „ставот (26)“. Ставовите (10), (11), (12), (13) и (14) стануваат ставови (29), (30), (31), (32) и (33). Член 4 Членот 25 се менува и гласи: „Одземање на одобрението за работа Член 25 (1) На правното лице, кое има одобрение за работа согласно со членовите 11 и 14 од овој закон, ако по втор последователен пат му се изрече глоба согласно со членот 29 од овој закон во период од една година, Агенцијата донесува решение за одземање на одобрението за работа. (2) Против решението од ставот (1) на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.”. Член 5 По членот 30 се додава нов член 30-а, кој гласи: „Член 30-а (1) Глоба во висина од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице од Агенцијата ако не ги побара доказите по службена должност во рокот утврден во членовите 11 став (9) и 14 ставови (9) и (18) од овој закон. (2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластено лице од надлежен јавен орган, ако не ги достави бараните докази во рок утврден во членовите 11 став (10) и 14 ставови (10) и (19) од овој закон. (3) За прекршоците од ставовите (1) и (2) на овој член прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.”. Член 6 Во членот 31 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Глоба во висина од 25 до 50 евра во денарска противредност ќе му се изрече за прекршок на овластено службено лице од Агенцијата ако не реши по барањето во рок утврден во членовите 11 став (11) и 14 ставови (11) и (20) од овој закон.”. Член 7 Започнатите постапки од денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно со законот по кој биле започнати. Член 8 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија’’, а ќе започне да се применува со започнувањето на примената на Законот за општата управна постапка согласно со членот 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15).