Law amending the Energy Law
صدر في 2013-11-21 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Energy
- الكلمات المفتاحية
- education, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година 20131643982 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 ноември 2013 година. Бр. 07-4613/1 Претседател 21 ноември 2013 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА Член 1 Во Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ брoj 16/11, 136/11 и 79/13), во членот 137 став (1) точка 3 зборовите: „согласно со правилникот од членот 135 од овој закон“ се бришат. Ставот (3) се брише. Ставот (4) станува став (3). Ставовите (5) и (6) кои стануваат ставови (4) и (5) се менуваат и гласат: „(4) Агенцијата за енергетика најмалку еднаш на три години објавува повик за избор на правни лица за спроведување на обуки за енергетски контролори, како и обуки за усовршување на енергетските контролори, врз основа на програмата за обука и програмата за усовршување на енергетските контролори, изготвени на начин пропишан со правилникот од членот 135 од овој закон. (5) Агенцијата за енергетика ги изготвува и донесува програмата за обука и програмата за усовршување на енергетските контролори најдоцна до 31 октомври во тековната година за наредниот период од најмногу три години. Програмите се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија” и на веб страницата на Агенцијата за енергетика.“ Ставовите (8) и (9) кои стануваат ставови (7) и (8) се менуваат и гласат: “(7) Агенцијата за енергетика води евиденција на избраните правни лица од ставот (5) на овој член и истата ја објавува на својата веб страница.
1 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (8) Максималната висина на надоместокот за учество на обука и максималната висина на надоместокот за учество на обука за усовршување на енергетските контролори се определува во зависност од просторните и материјалните услови како и за ангажирање на стручни лица за спроведување на обуки, и се определуваат со тарифникот што го донесува Агенцијата за енергетика, а го одобрува Владата на Република Македонија.“ Ставовите (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20) и (21) се бришат. Член 2 Во членот 137-а по ставот (16) се додаваат два нови става (17) и (18), кои гласат: “(17) Стручниот испит од членот 137 став (1) точка 3 од овој закон (во натамошниот текст: испит) се полага заради проверка на потребното стручно знаење. (18) Испит може да полага лице кое ги исполнува следниве услови: - да е државјанин на Република Македонија, - да има живеалиште во Република Македонија, - да има високо образование во областа на градежништвото, архитектурата, машинството или електроенергетика (диплома за завршено високо образование VII/1 или диплома согласно со Болоњската декларација најмалку со 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), - со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и - да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит.“ Член 3 По членот 137-а се додаваат 18 нови члена 137-б, 137-в, 137-г, 137-д, 137-ѓ, 137-е, 137- ж, 137-з, 137-ѕ, 137-и, 137-ј, 137-к, 137-л, 137-љ, 137-м, 137-н, 137-њ и 137-о, кои гласат: “Член 137-б (1) Испитот се состои од два дела, и тоа: - прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и - втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите. (2) Првиот дел од испитот од ставот (1) на овој член се полага писмено по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (3) Вториот дел на испитот се состои од: - практичен пример и - прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализа на практичен пример. (4) Испитот се полага според програма во која се содржани градивото, прописите и литературата. (5) Програмата за полагање на испитот ја донесува министерот за економија.
Член 137-в (1) Базите на прашања за првиот и базите на практични примери за вториот дел на испитот од членот 137-j од овој закон ги изготвуваат професори од областa на машинството, електроенергетиката, градежништвото и архитектурата кои имаат најмалку десет години работно искуство во соодветната област, определени од министерот за економија. 2 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (2) Прашањата од првиот дел од испитот и прашањата и практичните примери од вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од: - двајца претставници од Министерството за економија, назначени од министерот за економија, - двајца претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, назначени од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, - еден претставник од Комората на овластени архитекти и инженери, назначени од Комората на архитекти и инженери и - двајца претставници назначени од Македонската академија на науките и уметностите. (3) Комисијата од ставот (2) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери од членот 137-ј од овој закон најмалку еднаш годишно. (4) При ревизијата Комисијата особено ги има предвид измените на прописите на кои е засновано прашањето, односно практичниот пример, бројот на кандидати кои го одговарале, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат да влијаат врз подобрувањето на квалитетот на базите од членот 137-ј од овој закон. (5) Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери, Комисијата одлучува прашањата и практичните примери да бидат изменети или целосно отстранети од базите од членот 137-ј од овој закон. (6) Професорите и лицата од ставот (1) на овој член и членовите на Комисијата за верификација од ставовите (1) и (2) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определува министерот за економија. (7) Износот на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања и практични примери, како и сложеноста на материјата. (8) Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член не го надминува нивото на три просечни месечни плати исплатени во Република Македонија за претходната година објавен од Државниот завод за статистика.
Член 137-г (1) Стручните и административните работи за потребите на спроведување на стручниот испит ги врши Министерството за економија, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од министерот за економија. (2) Стручниот испит за енергетски контролор се спроведува најмалку два пати годишно. Член 137-д (1) Барањето за полагање на испит кандидатот го поднесува до Министерството за економија. (2) Со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе докази за исполнување на условите за полагање на стручниот испит пропишани со овој закон. Член 137- ѓ (1) Министерот за економија или од него овластено лице, утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот. (2) Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот, може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. 3 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година Член 137- е (1) На кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на испитот му се определува времето и местото за полагање на испитот, а кандидатот се известува најдоцна во рок од осум дена пред полагање на испитот. (2) На кандидатот му се овозможува да започне да го полага испитот во првиот нареден термин од денот на одобреното барање за полагање на испитот. Член 137- ж (1) Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. (2) Јавноста се информира за датумот и времето на полагањето на испитот најмалку три дена пред одржувањето на испитот. (3) Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за економија, а ако поради технички причини снимањето се прекине, сминката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за економија. (4) Правното лице кое го спроведува испитот треба да ги исполни критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот, кои услови ги пропишува министерот за економија. (5) Во просторијата за полагање на испитот за време на полагање на испитот се присутни двајца претставници од Министерството за економија, еден претставник од Агенцијата за енергетика на Република Македонија, еден претставник од Комората на овластени архитекти и инженери, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата и еден претставник од Министерството за информатичко општество и администрација (информатичар).
Член 137-з (1) Пред почетокот на полагањето на стручниот испит претставник од Министерството за економија го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта. (2) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, подзаконски акти и програми, прирачници и упатства, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. (3) На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) и подзаконски акти кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот, како и софтверски алатки потребни за полагањето. (4) На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарите од членот 137-ж од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот. (5) Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (6) Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (7) Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин. 4 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (8) Во случаите од ставот (7) на овој член се смета дека кандидатот не го положил стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на стручниот испит. (9) Овластените претставници од членот 137-ж став (5) од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути.
Член 137-ѕ (1) Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци. (2) Решение за продолжување на испитот донесува министерот за економија по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци. (3) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. (4) Против решението на министерот за економија од ставот (2) на овој член кандидатот може да поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението. (5) Во продолжувањето на испитот кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано. Член 137-и (1) Испитот започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практичен пример). (2) Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел. (3) Министерот за економија со Правилник го пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот. (4) Првиот дел од испитот содржи најмалку 50 прашања со пет опции за заокружување од кои една е точна, две се слични, една не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени). (5) Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандитатот да го положи првиот дел од испитот. (6) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно со ставот (5) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. (7) Вториот дел од испитот се состои од практичен пример. (8) Практичниот пример се состои од спроведување на една енергетска контрола со примена на софтверска алатка и изработка на извештај за извршена енергетска контрола. (9) Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот ќе се смета дeка испитот не го положил. Член 137-ј (1) Полагањето на првиот дел од стручниот испит се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (2) Прашањата од тестот, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во тестот.
5 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (3) Полагањето на вториот дел од стручниот испит се врши со проучување на практичниот пример и одговарање на определен број прашања кои произлегуваат од практичниот пример во вид на електронско софтверско решение (во натамошниот текст: електронски практичен пример). (4) Прашањата од практичниот пример, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во практичниот пример. (5)Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на стручниот испит и нивните одговори, како и практичниот пример и прашањата кои произлегуваат од практичните примери и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит. (6) Електронскиот систем од ставот (5) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 500 прашања, како и јавно достапна база од најмалку 100 практични примери за потребите на вториот дел од испитот. (7) Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот и прописите за вториот дел од испитот. (8) Бројот на прашања и практични примери во базите од ставот (6) на овој член се зголемува за 10% годишно, почнувајќи од 2015 година. (9) Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување. Член 137-к (1) На денот на полагањето на првиот, односно вториот дел од испитот претставник на Министерството за економија му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 137-ј од овој закон. (2) По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот, компјутерски генерирани, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем од членот 137-ј став (5) од овој закон, од базите од членот 137-ј став (6) од овој закон. (3) Првиот и вториот дел од испитот содржат упатство за начинот на решавање на истиот за кое претставник на Министерството за економија дава појаснување, пред да започне полагањето на испитот. (4) Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски практичен пример за вториот дел од испитот во еден термин за повеќе од еден кандидат.
Член 137-л (1) Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем од членот 137-ј од овој закон, полагањето на испитот се прекинува. (2) Доколку причините од ставот (1) на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување. (3) Доколку причините од ставот (1) на овој член не се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член испитот се презакажува за друг термин. (4) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути. (5) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. 6 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (6) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од секоја од практичниот пример од вториот дел изнесува 120 минути. (7) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од практичниот пример постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Член 137-љ (1) На кандидатите кои го положиле испитот им се издава овластување за енергетски контролор во рок од 15 дена од денот на завршувањето на испитот. (2) Формата и содржината на овластувањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за економија. (3) На барање на кандидатот Министерството за економија го информира за направените грешки во тестот за полагање на стручниот испит со овозможување непосреден увид во тестот. Член 137-м (1) Тестовите и практичните примери се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на стручниот испит. (2) Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и практичните примери за полагање на стручниот испит и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот и практичниот пример, како и снимките од одржаните испити се чуваат во Министерството за економија. (3) Министерот за економија формира Комисија за ревизија на одржаните испити која во својата работа ги користи материјалите од ставот (2) на овој член и во која, покрај претставник од Министерството за економија, претставник од Агенцијата за енергетика на Република Македонија и претставник од Комората на овластени архитекти и инженери, членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија. (4) Комисијата од ставот (3) на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку два испита одржани во тековната година. (5) Комисијата има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на испитите одржани во последните пет години до денот на одржувањето на состанокот на Комисијата, но не порано од денот на примена на овој закон. (6) Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членот 137-ј став (5) од овој закон, предлага одземање на овластувањето од членот 137-љ од овој закон. (7) Министерот донесува решение за одземање на овластувањето врз основа на предлогот на Комисијата во рок од три дена од приемот на предлогот. (8) Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.
Член 137-н (1) Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот доколку институцијата каде што е вработен не ги плати. (2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува министерот за економија врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија. 7 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (3) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за економија. (4) Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметка на Министерството за економија најдоцна 15 дена пред денот определен за спроведување на испитот на кандидатот не му се дозволува полагање на испитот. (5) Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот, уплатените средства се враќаат согласно со закон. Член 137-њ (1) Издадените, одземените и продолжените овластувања за енергетски контролори, како и овластувањата за енергетските контролори кои престанале да важат, се евидентираат во Регистарот кој го води Министерството за економија. (2) Регистарот од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата и на огласната табла на Министерството за економија и на веб страницата на стопанските комори. (3) Формата и содржината на Регистарот и начинот на неговото водење ги пропишува министерот за економија. Член 137-о (1) Овластување или друг соодветен документ за енергетски контролор издаден од надлежно тело на друга држава може да се признае од страна на Министерството за економија на барање на носителот на овластувањето или другиот соодветен документ за енергетски контролор. Во постапката за признавање на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор издаден од надлежно тело на друга држава, Министерството за економија наплаќа административни такси согласно со Законот за административни такси. (2) Признавањето на овластувањето или другиот соодветен документ за енергетски контролор го спроведува Комисијата за признавање на овластување или друг соодветен документ за енергетски контролор издаден од надлежно тело на друга држава, што ја формира министерот за економија имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници. (3) Комисијата од ставот (2) на овој член е составена од три члена, од кои по еден претставник од Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и министерството надлежно за работите од областа на градежништвото. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години. Комисијата донесува деловник за својата работа. (4) Барањето за признавање на овластувањето или друг соодветен документ од ставот (1) на овој член се доставува до Министерството за економија. Кон барањето носителот на овластувањето или другиот соодветен документ за енергетски контролор издаден од надлежно тело на друга држава треба да достави: 1) оригинал од овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор и заверен превод на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор на македонски јазик и 2) заверен превод на писмен документ врз основа на кој надлежното тело може да издава таков вид на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор. (5) Ако Комисијата од ставот (2) на овој член утврди дека барањето за признавање на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор е комплетно, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето ќе предложи на министерот за економија да донесе решение за признавање на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор од ставот (1) на овој член. (6) Ако Комисијата од ставот (3) на овој член утврди дека барањето за признавање на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор не ги исполнува условите за признавање на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски
8 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година контролор, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето ќе предложи на министерот за економија да донесе решение со кое се одбива барањето за признавање на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор. Против решението со кое се одбива барањето за признавање на овластувањето или друг соодветен документ за енергетски контролор може да се поведе управен спор. (7) Министерот за економија со решение го одзема овластувањето за енергетски контролор, ако: 1) енергетскиот контролор не ја врши енергетската контрола независно, самостојно и објективно, односно во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон; 2) на енергетскиот контролор му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија; 3) делумно ја изгуби деловната способност и 4) не посетува утврден број на обуки согласно со програмата за усовршување на енергетски контролори. (8) Против решението за одземање на овластувањето од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор. 9) Енергетскиот контролор на кого му е одземено овластувањето врз основа на ставот (7) точки 1 и 4 на овој член не може да поднесе барање за издавање на ново овластување пред истекот на период од една година сметано од денот на одземањето на овластувањето. (10) Енергетскиот контролор на кого му е одземено овластувањето врз основа на ставот (7) точки 2 и 3 на овој член по истекот на времето за која е изречена прекршочната санкција, односно по престанок на причините за делумно губење на деловната способност, со доставување на соодветен акт од надлежен орган може да побара издавање на ново овластување. (11) Министерството за економија води регистар на признаени овластувања за енергетски контролори. Листата на признаени овластувања се објавува на веб страницата на Министерството за економија.“ Член 4 Во членот 157 став (1) на крајот од реченицата се додаваат зборовите: “(во натамошниот текст: испит)“. Ставовите (2), (3), (4), (5) и (6) се бришат. Член 5 По членот 157 се додаваат 24 нови члена 157-а, 157-б, 157-в, 157-г, 157-д, 157-ѓ, 157-е, 157-ж, 1 57-з, 157-ѕ, 157-и, 157-ј, 157-к, 157-л, 157-љ, 157-м, 157-н, 157-њ, 157-о, 157-п, 157-р, 157-с, 157-т и 157-ќ, кои гласат:
“Член 157-а Право на полагање на испит стекнуваат ракувачите на одделни видови на енергетски уреди и постројки, ако ги исполнуваат следниве услови за: 1) ракување со парни турбини: - над 10 MW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки и - до 10 MW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и девет месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки под надзор; 9 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година 2) ракување со гасни турбини кои служат за производство на електрична енергија, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки; 3) ракување со хидротурбини кои служат за производство на електрична енергија, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со турбински постројки; 4) ракување со котларници со АТК (автоматска термичка команда) инсталирана моќност: - над 20 MW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки, - до 20 MW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки и - до 5 MW, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки; 5) ракување со котли: - со механизирано палење, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки и - со рачно палење, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со котловски постројки; 6) ракување со парни клипни машини, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со парни клипни машини; 7) ракување со мотори со внатрешно согорување во вкупна моќност: - над 200 KW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со мотори и - до 200 KW, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со мотори; 8) ракување со компресори и разладни постројки: - со вкупна моќност над 200 KW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро, машинска или хемиско-технолошка струка и 12 месеци под надзор со компресори и разладни постројки и - со вкупна моќност до 200 KW, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро, машинска или хемиско-технолошка струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со компресори и разладни постројки; 9) ракување со црпни станици: - со вкупна моќност над 200 KW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под вадзор на ракување со црпни станици и - со вкупна моќност до 100 KW, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро, машинска или хемиско-технолошка струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со црпни станици; 10) ракување со генератори на гас, со стручно оспособување со двегодишно траење од електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со генераторите на гас; 11) ракување со котли за централно греење: - со инсталирана моќност над 1 MW работен притисок 0,5 бара, температура до 110 C на излезната вода, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со котли и
10 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година - со инсталирана моќност од преку 0,2 MW до 1 MW работен притисок од 0,5 бара, температура од 110 C на излезната вода, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка, 12 месеци работа под надзор, од кои шест месеци на ракување со котли или завршено основно училиште и 18 месеци работа под надзор, од кои шест месеци ракување; 12) ракување со климатизација, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со климатизацијата; 13) ракување со уредите за подготвување на напојна, котловска и разладна вода преку 15 м3 на час, со стручно оспособување со двегодишно траење од хемиско-технолошка или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со уредите за подготвување на напојната котловската и разладната вода; 14) ракување со уредите за полнење и манипулација со технички гасови, со стручно оспособување со двегодишно траење од електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор или завршено основно училиште и 12 месеци работа под надзор; 15) ракување со садови под притисок од прва и втора класа, со стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување за работниците со енергетска струка, односно 12 месеци за работниците со електро или машинска струка; 16) ракување со трафостаници и разводни електропостројки стручно образование од четиригодишно траење од електро или енергетска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со трафостаници разводни електропостројки; 17) ракување со диспечерски центри и електрокоманди, стручно образование од четиригодишно траење од електро или енергетска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со диспечерски центри и електрокоманди; 18) ракување со енергетскиот блок за производство на електрична енергија, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со енергетскиот блок; 19) ракување со уредите за сушење на топлотниот ефект: - над 500 KW, стручно образование од четиригодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со уредите за сушење и - до 500 KW, стручно оспособување со двегодишно траење од енергетска, електро или машинска струка и шест месеци работа под надзор на ракување со уредите за сушење и 20) ракување со технолошки печки со ефект мад 0,5 MW што се палат со течно и гасно гориво, стручно образование од четиригодишно траење од енергетика, електро или машинска струка и 12 месеци работа под надзор на ракување со технолошките печки.
Член 157-б (1) Испитот се состои од два дела, и тоа: - прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и - втор дел (практичен дел), со кој се проверува способноста на кандидатите за ракување на соодветни енергетски уреди и постројки за кои се пријавил кандидатот за полагање. (2) Испитот од ставот (1) на овој член се полага писмено по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (3) Првиот дел од испитот се полага по прашања утврдени согласно со Програмата за полагање на испит за стручна оспособеност. (4) Вториот дел на испитот се полага на соодветни енергетски уреди и постројки со симулација или по пат на непосредна работа од страна на кандидатите. 11 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година Член 157-в (1) Испитот се полага според програма во која се содржани градивото и областите во зависност од видот на енергетските уреди и постојки. (2) Програмата за полагање на испитот ја донесува министерот за економија. Член 157-г (1) Едукаторите определени од министерот за економија ги изготвуваат базите на прашања за првиот и базите на прашања за вториот дел на испитот од членот 157-м од овој закон. (2) Прашањата за првиот дел од испитот и прашањата за вториот дел на испитот ги верификува Комисија составена од: - претставник од Министерството за економија, сектор енергетика, - претставник од Државниот инспекторат за техничкa инспекција, - претставник од АД ЕВН Македонија, - претставник од АД ЕЛЕМ, - вработен од АД Македонски енргетски ресурси и - вработен од АД ТЕ-ТО Балкан Енерџи Груп. (3) Комисијата ја формира и разрешува министерот надлежен за работи од областа на енергетиката. (4) Комисијата од ставот (2) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања од членот 157-м од овој закон најмалку еднаш годишно. (5) При ревизијата Комисијата особено ги има предвид измените на техничките прописи на кои е засновано прашањето, бројот на кандидати кои го одговориле, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат да влијаат врз подобрувањето на квалитетот на базите од членот 157-м од овој закон. (6) Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања Комисијата одлучува прашањата да бидат изменети или целосно отстанети од базите од членот 157-м од овој закон. (7) Едукаторите и членовите на Комисијата од ставовите (1) и (2) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определува министерот за економија. (8) Износот на паричниот надоместок од ставот (7) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања, како и сложеноста на материјата. (9) Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (7) на овој член не го надминува нивото на три просечни месечни плати исплатени во Република Македонија за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика.
Член 157-д Стручните и административните работи за потребите на спроведување на испитот ги врши Министерството за економија, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од министерот за економија. Член 157-ѓ Испитот се полага во мартовска, мајска, септемвриска и декемвриска испитна сесија. Член 157-е (1) Барањето за полагање на испит кандидатот го поднесува до Министерството за економија. 12 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (2) Со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе заверен препис од дипломата за стручна подготовка, извод од матична книга на родени и потврда за работно искуство на соодветни енергетски уреди и постројки под надзор согласно со овој закон, како и доказ за платен надоместок за полагање на стручниот испит. Член 157-ж (1) Министерот за економија или од него овластено лице со решение утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот. (2) Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. Член 157-з (1) На кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на испитот му се определува времето и местото за полагање на испитот, а кандидатот се известува најдоцна во рок од осум дена пред полагањето на испитот. (2) На кандидатот мора да му се овозможи да започне да го полага испитот во првата наредна сесија од денот на одобреното барање за полагање на испитот. (3) Kандидатот е должен да го пријави учеството на испитна сесија од 1 до 15 ден од месецот кој претходи на месецот во кој се одржува испитна сесија (февруари, април, август и ноември). Член 157-ѕ (1) Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето. (2) Јавноста се информира за датумот и времето на полагањето на испитот најмалку три дена пред одржувањето на испитот. (3) Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за економија, а ако поради технички причини снимањето се прекине, сминката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за економија. (4) Правното лице кое го спроведува испитот треба да ги исполнува критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот кои услови ги пропишува министерот за економија. (5) Во просторијата за полагање на испитот за време на полагање на испитот се присутни еден претставник од Министерството за економија, еден претставник од Државниот инспекторат за техничка инспекција, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на претседаталот на Владата и двајца претставници на Министерството за информатичко општество и администрација (информатичари).
Член 157-и (1) Пред почетокот на полагањето на испитот претставникот од Министерството за економија го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта. (2) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на литература, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично. (3) На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот му се дозволува користење заштитна опрема за безбедност при манипулација. 13 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (4) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарите од членот 157-ѕ став (5) од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот. (5) Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку нема да бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (6) Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот. (7) Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија. (8) Во случаите од ставот (7) на овој член се смета дека кандидатот не го положил испитот и истото се констатира во записникот за полагање на испитот. (9) Овластените претставници од членот 157-ѕ став (5) од овој закон за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути. Член 157-ј (1) Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци. (2) Решение за продолжување на испитот донесува министерот за економија по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци. (3) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. (4) Против решението на министерот за економија од ставот (2) на овој член кандидатот може да поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението. (5) Во продолжувањето на испитот кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано.
Член 157-к (1) Испитот започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практричен дел). (2) Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел. (3) Министерот за економија со Правилник го пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот. Член 157-л (1) Првиот дел од испитот се полага по прашања утврдени согласно со Програмата за полагање на испит за стручна оспособеност и содржи 30 прашања со пет опции за заокружување од кои една е точна, две се слични, една не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени). 14 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година (2) Кандидатот мора да го положи првиот дел од испитот за да може да го полага вториот дел од испитот. (3) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно со ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил. Член 157-љ (1) Вториот дел од испитот се состои од пет прашања од соодветната област за манипулација и работа во соодветниот енергетски уред и постројка согласно со Програмата за полагање на испит за стручна оспособеност, кои кандидатот по случаен пат ги извлекува од припремените 50 прашања. (2) Вториот дел од испитот покрај одговор на прашањата вклучува и практична работа со соодветната постројка. (3) Во зависност од областа за која се полага испитот практичната работа со соодветната постројка ја оценува Комисија формирана од министерот за економија составена од: - претставник од Министерството за економија, сектор енергетика, - претставник од Државниот инспекторат за техничкa инспекција, - претставник од АД ЕВН Македонија, - претставник од АД ЕЛЕМ, - вработен од АД Македонски енергетски ресурси и - вработен од АД ТЕ-ТО Балкан Енерџи Груп. (4) Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот ќе се смета дeка испитот не го положил. Член 157-м (1) Полагањето на првиот дел од испитот се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. (2) Прашањата од тестот, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во тестот. (3) Полагањето на вториот дел од испитот се врши со симулација или по пат на непосредна работа со енергетски уред и постројка за која кандидатот се пријавил за полагање. (4) Прашањата од вториот дел од испитот, зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени од членовите на комисијата. (5) Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на испитот и нивните одговори, како и прашањата од практичниот дел на испитот и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на испитот. (6) Електронскиот систем од ставот (5) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 200 прашања од областа на која кандидатот се пријавил за полагање за потребите на првиот и вториот дел од испитот од кои дел од прашањата се од општиот дел, стручен дел и делот за заштита при работа. (7) Во електронскиот систем е содржано и посочување на Програмата и литература во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот и за вториот дел од испитот. (8) Бројот на прашања за вториот дел од испитот се зголемува за 10% годишно, почнувајќи од 2016 година. (9) Резултатите од полагањето на првиот дел од испитот му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот веднаш по неговото завршување.
15 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година Член 157-н (1) На денот на полагањето на првиот дел од испитот претставникот од Министерството за економија му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 19 од овој закон. (2) По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за првиот дел од испитот, компјутерски генериран, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем од членот 157-м став (5) од овој закон, од базите од членот 157-м став (6) од овој закон. (3) Првиот дел од испитот содржи упатство за начинот на решавање на истиот за кое претставникот од Министерството за економија дава појаснување пред да започне полагањето на испитот. (4) Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот во една сесија за повеќе од еден кандидат. Член 157-њ (1) Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем или постројката каде што треба да манипулира кандидатот, полагањето на испитот се прекинува. (2) Доколку причините од ставот (1) на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување. (3) Доколку причините од ставот (1) на овој член не се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член испитот се презакажува за друг термин. Член 157-о (1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути. (2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 60% од вкупниот број предвидени позитивни поени. Член 157-п (1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од вториот дел на испитот изнесува 15 минути. (2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.
Член 157-р (1) На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение за положен стручен испит во рок од 30 дена од денот на завршувањето на испитот за ракување со определен вид на енергетски уреди и постројки. (2) Формата и содржината на уверението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за економија. Член 157-с На барање на кандидатот Министерството за економија го информира за направените грешки во тестот за полагање на испитот со овозможување непосреден увид во тестот. 16 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година Член 157-т (1) Тестовите и прашањата од практичниот дел на испитот се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на испитот. (2) За постапката на спроведување на стручниот испит се води трајна документација која се состои од евиденција на пријавени кандидати и кандидати кои ги исполниле условите за полагање на испитот, досиеја на пријавените кандидати со прилози од документација, книга за евиденција за овластените претставници, книга за записниците за резултатите од испитот и евиденција на издадени уверенија за положен стручен испит, како и снимките од одржаните испити кои се чуваат во Министерството за економија. (3) Министерот за економија формира Комисија за ревизија на одржаните испити која во својата работа ги користи материјалите од ставот (2) на овој член и во која, покрај другите членови, членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија. (4) Комисијата за ревизија од ставот (3) на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши ревизија на начинот на спроведување на најмалку две сесии одржани во тековната година. (5) Комисијата за ревизија има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на испитите одржани во последните пет години до денот на одржувањето на состанокот на Комисијата, но не порано од денот на примената на овој закон. (6) Доколку Комисијата за ревизија утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членот 15 од овој закон, предлага одземање на уверението од членот 157-р од овој закон. (7) Министерот донесува решение за одземање на уверението врз основа на предлогот на Комисијата за ревизија во рок од десет дена од приемот на предлогот. (8) Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.
Член 157-ќ (1) Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот доколку институцијата каде што е вработен не ги плати. (2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува министерот за економија врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија. (3) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за економија. (4) Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметка на Министерството за економија најдоцна 15 дена пред денот определен за почеток на испитната сесија, на кандидатот нема да му се дозволи полагање на испитот. (5) Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот, уплатените средства се враќаат согласно со закон.“ Член 6 За прекршоците пропишани со овој закон во делот на спроведување на испити прекршочна постапка ќе води и прекршочна санкција ќе изрече надлежен суд. Член 7 По членот 190 се додаваат два нови члена 190-а и 190-б, кои гласат: 17 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година “Член 190-а (1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 137-г од овој закон доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на Министерството за економија и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на Министерството за економија (член 137-ж став (3)). (2) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на овластената институција која го спроведува испитот од членот 137-г од овој закон, доколку не го прекине испитот (член 137-з ставови (5) и (6)). (3) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот претставник од членот 137-ж став (5) од овој закон доколку постапи спротивно на членот 137-з став (9) од овој закон. (4) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на министерот за економија ако не го донесе решението во рокот утврден во членот 137-м став (7) од овој закон.
Член 190-б (1) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 157-д од овој закон доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на Министерството за економија и доколку не ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на Министерството за економија (член 157-ѕ став (3)). (2) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на овластената институција која го спроведува испитот од членот 157-д од овој закон, доколку не го прекине испитот (член 157-и ставови (5) и (6)). (3) Глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на овластените претставници од членот 157-ѕ став (5) од овој закон, доколку постапи спротивно на членот 157-и став (9) од овој закон. (4) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на министерот за економија ако не го донесе решението во рокот од членот 157-т став (7) од овој закон. Член 8 Подзаконскиот акт предвиден со членот 137-и став (3) од овој закон ќе се донесе во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Подзаконските акти предвидени со членовите 137-њ став (3) и 137-о став (11) од овој закон се донесуваат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Подзаконските акти од членовите 157-ѕ, 157-к и 157-р од овој закон ќе се донесат најдоцна 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 9 Министерството за економија во соработка со Агенцијата за администрација го воспоставува единствениот електронски систем за полагање на испитите предвидени со овој закон најдоцна еден месец пред денот на примена на овој закон. Член 10 Започнатите постапки за полагање на испити до денот на започнувањето на примена на овој закон ќе завршат според одредбите на прописите по кои започнале. 18 од 19 Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година Член 11 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да се применува по една година од влегувањето во сила на овој закон.
19 од 19