Law amending the Energy Law
صدر في 2011-09-28 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Закон за дополнување на Законот за енергетика.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- قانون
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Energy
- الكلمات المفتاحية
- institution, legal proceedings/administrative proceedings, energy conservation/energy production, governance
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година 20111362996 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА Се прогласува Законот за дополнување на Законот за енергетика, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 28 септември 2011 година. Бр. 07- 4013/1 Претседател 28 септември 2011 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА Член 1 Во Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ број 16/11), по членот 40 се додава нов член 40-а, кој гласи: “Член 40-а (1) Доколку Регулаторната комисијата за енергетика не одлучи во рокот од членот 40 став (1) од овој закон, подносителот на барањето може во рок од три работни дена да поднесе барање за издавање на времена лиценца до писарницата на Регулторната комисијата за енергетика. (2) Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува Регулаторната комисијата за енергетика. (3) Регулаторната комисијата за енергетика е должна во рок од пет работни дена од приемот на барањето од ставот (1) на овој член да одлучи по барањето за издавање на времена лиценца. (4) Доколку Регулаторната комисијата за енергетика не одлучи во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (5) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (4) на овој член да изврши инспекциски надзор во Регулаторната комисијата за енергетика и да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот инспекциски надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
1 од 3 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година (6) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое ја задолжува Регулаторната комисија за енергетика во рок од десет дена да одлучи по барањето, односно да го уважи или одбие барањето и за преземените мерки во истиот рок да го извести испекторот и да му достави примерок од актот со кој е одлучено по барањето. (7) Доколку Регулаторната комисијата за енергетика не одлучи во рокот од ставот (6) на овој член инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција против претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи по барањето за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по барањето. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (8) Доколку Регулаторната комисија за енергетика не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (7) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (9) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (10) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (9) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (4) или не поднесе барање, односно пријава согласно со ставовите (7) и (8) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција за испекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој испекторот ќе изврши надзор во Регулаторната комисија за енергетика дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (11) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (10) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (12) Во случајот од ставот (11) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (13) Во случаите од ставот (12) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (11) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (15) Доколку Регулаторната комисија за енергетика не одлучи во рокот од ставот (3) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (16) Постапката пред Управниот суд е итна.“
2 од 3 www.pravdiko.com Службен весник на РМ, бр. 136 од 3.10.2011 година Член 2 Подзаконскиот акт од членот 1 од овој закон Регулаторната комисија за енергетика ќе го донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. По влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот 1 на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб локацијата на Регулаторната комисија за енергетика. Член 3 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. 3 од 3 www.pravdiko.com