تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Environmental Investment Programme for 2021

صدر في 2021-01-19 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Програма за инвестирање во животната средина за 2021 година.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Environment
الكلمات المفتاحية
environmental planning, financing, protection of environment, investment, policy/planning

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен В. на Р.М. бр: 17/2021 од 20.01.2021 Влегува во сила на: 21.01.2021 Извор: ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРОГРАМА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2021 ГОДИНА ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 172 став (4) од Законот за животната средина ("Службен Весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 19 јануари 2021 година, донесе ПРОГРАМА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2021 ГОДИНА I Со оваа програма се утврдува намената и се доделуваат средства за финансирање, кофинансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година. II Средствата за реализирање на оваа програма се обезбедуваат од надоместоците утврдени со член 162 од Законот за животната средина, во износ од 98.000.000,00 денари. Дел од средствата од став 1 на овој дел ќе се доделуваат врз основа на Јавен конкурс којшто го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за животната средина, со склучување на договори за доделување на средства. Доделувањето на средствата ќе биде врз основа на дефинирани критериуми кои ќе го земат во предвид и критериумот за рамномерен регионален развој, согласно степенот на развиеност на планските региони во Република Северна Македонија, утврдени во Јавниот конкурс. Дел од средствата од став 1 на овој дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот и за мерки за заштита и унапредување на природата, со спроведување на постапка за јавна набавка. III За начинот и динамиката на реализирање на оваа програма ќе се грижи Министерството за животна средина и просторно планирање. IV Средствата од дел II став 1 на оваа програма се распоредуваат за следните намени: 1. Изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води во износ од 45.000.000,00 денари; 2. Реализирање на проекти и активности за заштита на природата и биолошката разновидност во износ од 5.000.000,00 денари; 3. Реализирање на проекти и активности за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа на животната средина во износ од 8.000.000,00 денари; 4. Поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита и унапредување на животната средина и природата во износ од 7.000.000,00 денари; 5. Поддршка на мерки и активности за намалување на загадувањето на воздухот во Република Северна Македонија во износ од 5.000.000,00 денари; 6. Поддршка на мерки и активности за спроведување на мерки за заштита и унапредување на природата во висина од 1.000.000,00 денари; 7. Реализација на проекти и активности одобрени согласно Програмите за инвестирање за2019 и 2020 година во износ од 25.000.000,00 денари и 8. Трошоци за спроведување на програмата во износ од 2.000.000,00 денари. V (1) Средствата од дел II став 1 на оваа програма врз основа на поднесено и одобрено барање можат да се користат од следните субјекти: 1) Oпштини или здружeнија на општини, општините во градот Скопје и Градот Скопје за намени од дел IV точка 1 на оваа програма; 2) Правни и физички лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции за намени од дел IV точки 2, 3 и 4 на оваа програма. (2) Средствата од дел IV точки 5 и 6 на оваа програма ќе се реализираат со спроведување на постапка за јавна набавка. (3) Средствата од дел IV точка 7 на оваа програма ќе се реализираат согласно Договорите за доделување на средства од Програмите за инвестирање во животната средина за 2019 и 2020 година. (4) Средствата од дел IV точка 8 на оваа програма ќе се реализираат за исплата на трошоци за стоки и услуги за спроведување на оваа програма. VI Со средствата од оваа програма можат да бидат финансирани сите видови на трошоци за реализација на програми, проекти и други активности од областа на животната средина, освен за: 1) Закуп на земјиште; 2) Закуп на постојни згради; 3) Трошоци направени пред 1 јануари 2021 год. 4) Трошоци направени за да се покријат платите на вработените кои работат кај корисникот на средствата; 5) Трошоци за подготовка на Формуларот за аплицирање за добивање средства од Програмата; 6) Општи и административни трошоци на апликантот; 7) Камати на долгови, надоместоци за финансиски операции, и останати чисто финансиски трошоци; 8) Законските обврски, казни и пенали и 9) Трошоци за функционирање на проектот по неговата изведба, а кои не се поврзани со обуката на персоналот или пробното тестирање. VII Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Северна Македонија". Бр. 44-12705/1-20 19 јануари 2021 година Скопје Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, с.р.

Environmental Investment Programme for 2021 · Nelum