Decree on types of activities that can be performed as additional activities of family agriculture holdings and on their volume
صدر في 2010-08-17 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Уредба за видовите на дејности кои можат да се вршат како дополнителни дејности на семејните земјоделски стопанства и нивниот обем.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- agricultural development, agricultural extension, family farming, rural employment, traditional knowledge/indigenous knowledge, farming, labour
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
1 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 82 став 2 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 17.08.2010 година, донесе УРЕДБА ЗА ВИДОВИТЕ НА ДЕЈНОСТИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ ВРШАТ КАКО ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕЈНОСТИ НА СЕМЕЈНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА И НИВНИОТ ОБЕМ Член 1 Со оваа уредба поблиску се пропишуваат видовите на дејности кои можат да се вршат како дополнителни дејности на семејните земјоделски стопанства и нивниот обем. Член 2 Видови на дејности кои можат да се вршат како дополнителни дејности на семејно земјоделско стопанство се: А. Традиционално производство а) Преработка на земјоделски производи, мед и пчелни производи, лековити билки, шумско овошје, печурки и други шумски плодови б) Месо и месни производи в) Млеко и млечни производи г) одгледување на птици д) инкубација на јајца ѓ) Зеленчук преработен и конзервиран компир сокови од зеленчук преработен и конзервиран зеленчук и готвење и на друг начин подготвување на производи од зеленчук е) Овошје овошни сокови преработено и конзервирано овошје и јаткасто овошје готвење и на друг начин подготвување на производи од овошје Растителни и животински масла и масти маргарин и слични хранителни масти Млински и скробни производи пченкарно масло и трици и други млински производи ж) Сточна храна з) Друга храна леб свежо пециво и слатки трајно пециво тестенини чај оцет аромати и зачини ѕ) Пијалоци вино други ферментирани пијалоци и овошни вина ароматизирани вина од свежо грозје дестилати од грозје 2 дестилати од овошје дестилати од житни и индустриски култури и пиво и) Дрво стругано, рендано или импрегнирано фурнир, лепени, фибер, иверка, панелни и други плочи столарски и дрводелски изработки дрвена амбалажа и дрвени брикети деланки и цепаници Б. Традиционални услуги и продажба на производи и изработки од други фарми а) Продажба на производи и изработки од околните фарми на семејното земјоделско стопанство б) На друго место преработени или произведени изработки од свои суровини, в) Туризам на семејното земјоделско стопанство, г) Угостителство семејно земјоделско стопанство со сместување семејно земјоделско стопанство со простор за кампување излетничко семејно земјоделско стопанство винарија и бачило д) Дејност различна од угостителство посета на семејното земјоделско стопанство и неговите обележја и фарми во околината приказ на сите активности од основната земјоделска и шумарска дејност приказ на сите активности од останатите типови на дополнителна дејност на семејното земјоделско стопанство туристички превоз на патници во запрежни коли јавање животни жичари, ски лифтови, елеватори изнајмување спортски реквизити и изнајмување површини за пикник В. Традиционални занаетчиски дејности а) Дејност поврзана со традиционални работи на семејното земјоделско стопанство печење на леб печење на македонски колачи и пецива и подготовка на тестенини б) домашни занаетчиски и традиционални производи грнчарија керамика плетење ткаење рачно плетење изработка на плетени везови домашна галантерија од суво дрво и одржување на стара галантерија од суво дрво свеќарство уникатни модерни дизајни од кожа и делови од кожа седларство изработка на налани изработување на уметнички ковачки производи изработка на домашни дрводелски производи домашна столарија резбарство изработка на украси производи од слама уникатно цртање на текстил уникатно шиење и кроење за посебни намени предмети од сушено цвеќе и други растенија производство на вештачко и полувештачко цвеќе казанџиство варџилница 3 уникатно каменарство јажарство изработка на камшици изработка на седла и самари изработка на маски изработка на декоративни и украсни предмети дупликати на авторизирани производи современо дизајнирани, честопати и сложено изработени производи, составени од различни материјали дупликат на производи од нашето наследство уникатни стакларски авторски производи уметнички производи од кристал јагленарство производство на гасена и негасена вар рачно цртање на различни предмети современо излагање на производи од нашето наследство декоративно обликување на тесто и други нови материјали рачна изработка на играчки и кукли и уникатно уметничко леење на метал (леарство) в) покривки од слама, шиндра и шкрилец г) изработка на слама за покривки д) изработка на шолји ѓ) кршење на камен; е) традиционално производство на билки и мирудии и з) потковување на коњи и други видови домашни животни со ковачница Г. Производство и продажба на енергија од обновливи извори а) Стопанисување и продажба на енергија од обновливи извори дрвна биомаса ѓубрива и ѓубрење извор на вода извор на ветер и соларен извор Д. Услуги со земјоделска и шумарска механизација, опрема, алати и животни а) Услуги со земјоделска механизација работа со трактори и други машини на фарма одржување на патиштата и чистење на снег одржување на зеленило и превоз на млеко со трактор. б) Услуги со шумарска механизација сеча на дрва транспорт на стебла и дрва од шума и дрва за огрев, деланки в) Работа со животни г) Услуги од опрема за сеча на дрва производство на дрвени брикети гмечење мелење сушење пакување преработка на месо и преработка на млеко. д) Закуп на земјоделска механизација земјоделска опрема шумарска механизација шумарска опрема и домашни животни 4 Ѓ. Собирање и компостирање на отпадни органски материи лисја гранки плодови отпадоци од преработки од дрвна маса и отпадоци од преработки од овошје, зеленчук, грозје, поледелски и индустриски култури Е. Одгледување и преработка на слатководни видови риби, жаби и ракови а) аквакултура (риби, жаби и ракови) и б) преработка на риби, жаби и ракови Ж. Одгледување на цвеќе З. Алтернативно земјоделско производство а) градинарство зеленчук и украсни растенија б) овоштарство в) печуркарство г) маслинарство д) производство на консумни јајца и подмладок од алтернативни видови на живина ѓ) одгледување на дивеч е) производство на консумни јајца и подмладок од алтернативни видови на живина ж) производство на полжави з) одгледување на животни за производство на крзно (чинчили и нутрии) и ѕ) одгледување на куникули и) одгледување на положави ј) производство на ноеви и к) одгледување на биволи Ѕ. Пчеларство а) одгледување на матици б) одгледување на роеви и в) производство на мед, полен, прополис и млеч. Член 3 (1) Дополнителна дејност на семејно земјоделско стопанство може да се врши во максимален обем, која по полнолетен член на семејство не треба да надмине 1,5 пати од просечната бруто плата по вработен во Република Македонија за изминатата календарска година, односно три просечни плати по вработен во подрачјата со ограничени можности за земјоделско производство во Република Македонија. (2) На семејното земјоделско стопанство можат истовремено да се вршат неколку видови на дополнителни дејности доколку за тоа постојат услови кои се утврдени во ставот 1 од овој член, а не влијаат негативно на безбедноста на храна, здравјето на луѓето и животната средина. Член 4 (1) Во максималниот обем на вршење на дополнителна дејност од член 3 на оваа уредба треба: за дополнителна дејност производство на вино, да се обезбеди најмалку 30% сопствена суровина наменета за краен потрошувач за дополнителна дејност производство на пиво да се обезбеди најмалку 30% сопствена суровина наменета за краен потрошувач за дополнителна туристичка дејност на семејно земјоделско стопанство - да се обезбеди најмалку 20% суровини од сопствено производство, а најмногу 40% суровини од други семејни земјоделски стопанства за дополнителна дејност преработка на храна од растително потекло семејното земјоделско 5 стопанство да има најмалку 30% сопствени суровини, а остатокот да се обезбеди од други семејни земјоделски стопанства за дополнителна дејност преработка на храна од животинско потекло да се обезбеди најмалку 50% сопствена суровина а која е наменета за крајните потрошувачи за дополнителна дејност продажба на производи изработени на семејното земјоделско стопанство, вредноста на продажбата на производите изработени на семејното земјоделско стопанство да биде најмалку 30% од вкупната вредност на продажбата на семејното земјоделско стопанство за дополнителна дејност преработка на други шумски производи и плодови на семејно земјоделско стопанство, суровини од сопствено производство да се обезбедат најмалку 20% од потребните суровини дополнителна дејност одгледување и преработка на аквакултурата да се обезбеди со дозвола за аквакултура. (2) Кога има 30% неуспех на реколтата поради природни елементарни непогоди или појава на болести или штетници во тој случај се зема во предвид 50% од наведените вредности во став 1 во втората, третата, четвртата и петтата алинеја од овој член. Член 5 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 51-4353/1 Заменик на претседателот 17 август 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.