Decree on the content of the annual programme for the sale of state-owned agricultural land
صدر في 2013-09-18 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Уредба за содржината на годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- agricultural land, policy/planning, public land
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 8 став {3) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост {,,Службен весник на Република Македонија" бр. 87 /2013 и 106/2013), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 18.9.2013 година, донесе УРЕДБА ЗА СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Член 1 Со оваа уредба се уредува содржината на Годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. Член 2 Програмата од член 1 на оваа уредба содржи: 1) вкупна површина на земјоделско земјиште во државна сопственост предмет на продажба изразена во метри квадратни; 2) максималната и кумулативна површина пресметана согласно Методологијата за утврдување на максимална и кумулативна површина на земјоделско земјиште во државна сопственост што е предмет на продажба; 3) површини на земјоделското земјиште во државна сопственост кое ќе биде предмет на продажба во наредната година парцелизирано во блокови со површина до 10 хектари; 4) површини на земјоделското земјиште во државна сопственост кое ќе биде предмет на продажба во наредната година парцелизирано во блокови со површина над 10 хектари; 5) катастарски податоци содржани во имотниот лист и тоа: број на катастарска парцела; место викано; катастарска култура; катастарска класа; површина изразена во метри квадратни, број на имотен лист и катастарска општина. 6) намена на земјиштето; 7) податоци за тоа дали има склучено договор за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост; 8) податоци за времетраење на закупот доколку го има; 9) службености или други товари на земјиштето; 10) состојба во која се наоѓа земјиштето (под култура или не) и 11) условите од член 21 од Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. Член 3 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.41-6453/3 18 септември 2013 година Скопје Претседател на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, с.р.