تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Decree implementing measures for protection and rescue from floods

صدر في 2010-06-29 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Уредба за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Water
الكلمات المفتاحية
hazards, early warning system, flood, monitoring, public health, risk assessment/management, waterworks, wetlands

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 1 од 6 20100911629 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 50 став 3 од Законот за заштита и спасување („Службен Весник на Република Македонија“ бр.36/04, 49/04 и 86/08) Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29.06.2010 година, донесе УРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКАТА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ПОПЛАВИ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа уредба се уредува спроведувањето на мерката заштита и спасување од поплави во рамките на единствениот систем за заштита и спасување. Планирањето и подготвувањето на активностите за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави се врши од страна на органите на државната управа, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, служби и трговските друштва, во рамките на нивните надлежности (во натамошниот текст: задолжени субјекти). Член 2 Заштитата и спасувањето од поплави опфаќа регулирање на водотеците, изградба на заштитни објекти, одржување и санирање на оштетените делови на заштитните објекти, набљудување и извидување на состојбите на водотеците и високите брани, заштитните објекти и околината, обележување на висинските коти на плавниот бран, навремено известување и тревожење на населението во загрозените подрачја, спроведување на евакуација на населението и материјалните добра од загрозеното подрачје, обезбедување на премин и превоз преку вода, спасување на загрозените луѓе на вода и под вода, црпење на водата од поплавените објекти и извлекување на загрозените и настраданите, обезбедување на населението во поплавените подрачја со основните услови за живот и учество во санирање на последиците предизвикани од поплавата. II. ПЛАНИРАЊЕ И ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА И СПАСУВАЊЕТО ОД ПОПЛАВИ Член 3 Заштитата и спасувањето од поплави опфаќа планирање и подготвување на активности за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. а) Планирање на заштита и спасување од поплави Член 4 Планирањето на заштита и спасување од поплави опфаќа процена на можните загрозувања на населението, материјалните добра и животната средина од поплави, утврдување на потребна организација за спроведување на заштита и спасување од поплави и пропишување на стандардна оперативна процедура за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 2 од 6 Планирањето на заштита и спасување од поплави се остварува во рамките на интегралното планирање за заштита и спасување како посебен документ во плановите. Член 5 Во рамките на планирањето се изработуваат плански документи за заштита и спасување од поплави при што се користи: водостопанската основа на Република Македонија; водостопанската основа на загрозеното подрачје; Просторниот план на Република Македонија; постојната хидротехничка документација за водотеците, за езерата, за браните, односно акумулациите; хидрометеоролошките податоци; прогноза за опасноста од појава на поплави и документација што за таа цел би се изготвила. За акумулации, покрај планските документи за заштита и спасување од поплави на став 1 на овој член, се изработуваат и документи за последиците од евентуално рушење на брана и мерки за превентивно делување за заштита и спасување од поплави. Член 6 Организацијата за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави се утврдува согласно плановите за заштита и спасување. При утврдување на потребната организација за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави детално се разработуваат задачите, улогите, функциите, овластувањата и надлежностите на сите задолжените субјекти вклучени во заштитата и спасувањето од поплави, како и задачите, јачината и видот на силите за заштита и спасување. Член 7 Активностите и постапките учесниците во организираното спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги преземаат согласно стандардните оперативни процедури донесени од страна на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. б) Подготвување на активности за спроведување на заштита и спасување од поплави Член 8 Подготвувањето на активностите за спроведување на заштита и спасување од поплави опфаќа организациски и оперативни мерки и постапки со кои се обезбедуваат потребните предуслови за спроведување на планираните активности за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. За реализација на активностите и мерките од став 1 на овој член, задолжените субјекти кои ја спроведуваат заштитата и спасувањето од поплави во рамките на развојното и оперативно планирање предвидуваат: персонално пополнување на силите за заштита и спасување кои ќе учествуваат во спроведување на мерката; обезбедување на материјални ресурси за потребите за заштита и спасување од поплави; проверка, тековно одржување и сервисирање на обезбедените материјални ресурси, едукација, обука, тренинг и вежби и склучување на потребни договори за извршување на одредени задачи и активности. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 3 од 6 Член 9 Задолжените субјекти во подготвувањето на активностите за успешно и ефикасно спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги спроведуваат планираните активности од член 8 став 2 од оваа уредба и стандардните оперативни процедури. III. СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ПОПЛАВИ Член 10 Во спроведувањето на заштита и спасување од поплави задолжените субјекти и силите за заштита и спасување ги исполнуваат задачите и должностите утврдени во плановите за заштита и спасување според стандардните оперативни процедури. Член 11 Спроведувањето на заштитата и спасувањето од поплави опфаќа активности во функција на превенција и оперативни функции. а) Активности во функција на превенција Член 12 Во функција на превенција, задолжените субјекти за спроведување на заштита и спасување од поплави ја воспоставуваат потребната организација од членовите 5 и 6 на оваа уредба. Во рамките на активностите од став 1 на овој член, задолжените субјекти ги обезбедуваат потребните персонални и материјални ресурси за функционирање во сопствената организација, спроведуваат едукација, обука и вежби со персоналот на задолжените субјекти и силите за заштита и спасување, ги почитуваат и ги спроведуваат техничките прописи, норми и процедури за користење на постројките, инсталациите и опремата, ги одржуваат и сервисираат материјалните средства, наменети за заштита и спасување од поплави и ги склучуваат потребните договори утврдени со Законот. Член 13 Заради превенција се воспоставуваат следните мерки и активности: се определуваат водостопанските, електростопанските, комуналните, хидрометеоролошките и други објекти и постројки што можат да послужат во заштита и спасување од поплави и се прецизира нивната улога и функција, се означуваат нивните локации и правните субјекти кои управуваат со нив; се определуваат местата и бреговите на водотекот, акумулацијата или езерото каде што најчесто се јавуваат излевања на водата и за тие места се предвидуваат најпотребни хидротехнички и други заштитни работи и мерки за брзо спречување на излевањето; кај регулираните водотеци, се определуваат слабите места на насипите или утврдените брегови и се изготвува техничка документација за брзо санирање на тие места; кај нерегулираните водотеци, во зависност од материјалните добра што треба да се заштитуваат од поплавите, се определуваат одбранбените линии кои во зависност од нивната должина и конфигурацијата на теренот се делат на делници и сектори; по делници, односно сектори на загрозеното подрачје, се определуваат места каде ќе се депонира потребниот заштитен материјал; за да се спречат поголеми штети во низ водните делови од подрачјето, се определуваат простори за привремено задржување на излеаните води во низ водните делници или сектори и за тие простори се преземаат потребни активности; Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 4 од 6 се обезбедуваат врски меѓу делниците и секторите во загрозеното подрачје и врски со силите за заштита и спасување; се преземаат активности и мерки на објектите во и покрај коритата и бреговите на водотекот (мостови, подолжни и попречни насипи на патиштата, железничките пруги и др.), кои со своето постоење го попречуваат течењето на големите води; се преземаат активности и мерки за одржување на заштитните објекти и изведба на информатички систем за далечинско набљудување и управување со акумулациите од хидротехничките објекти (темелни испусти, зафати и сл.). б) Оперативни функции Член 14 Задолжените субјекти за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави во рамките на оперативните функции спроведуваат активности и мерки во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и за отстранување на последиците. Член 15 Мерки и активности за заштита и спасување од поплави се преземаат: пред да настане поплавата, кога водостоите во водотеците, акумулациите или езерата, односно количествата на протечните води се во границите на нормална состојба, нема излевање на вода надвор од нивните корита, а хидрометеоролошките прогнози не навестуваат надоаѓање на поголеми води; за време на непосредна опасност од поплави - кога водостоите на водотеците, акумулациите или езерата го достигнале критичното ниво на определените профили односно места, а хидролошките прогнози навестуваат надоаѓање на поголеми води; за време додека трае поплавата - кога водостоите во водотеците, акумулациите или езерата го надминале критичното ниво на еден или повеќе од определените профили, односно места и започнало излевање на водата надвор од нивните корита, или кога се појавуваат знаци за уривање на насипи и на други заштитни објекти, поради што може да се излеат значителни количини на вода во загрозеното подрачје, а хидролошките прогнози навестуваат за натамошно надоаѓање на големи води и кога е прогласена непосредна опасност од уривање на брана, или се урнала брана која што се наоѓа во, или возводно од загрозеното подрачје. б-1) Активности и мерки во случај на непосредна опасност Член 16 Во случај на непосредна опасност од поплави се преземаат следните активности и мерки: се утврдуваат водостоите и протоците на вода во водотеците, односно водостоите во акумулациите и во езерата на определените профили, односно места и се прогласува состојба на непосредна опасност од поплави; за определените објекти и постројки што ќе служат за заштита и спасување од поплави се утврдува начинот на извршување на нивната функција и се врши празнење или сопирање на испуштањето на водата од низводни акумулации кои што имаат непосредно влијание на загрозеното подрачје; се следи и известува за промените на водостоите и нивоата на акумулациите и езерата на определените профили, односно места; се отстрануваат објектите што го попречуваат течењето на надојдените води; се воспоставува и активира системот за врски помеѓу силите за заштита и спасување; се преземаат и други активности и мерки на соодветно настаната состојба на теренот. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 5 од 6 б-2) Активности и мерки за време траење на опасноста Член 17 За време на траење на опасноста од поплавата, задолжените субјекти за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги спроведуваат следните активности и мерки: ги насочуваат и координираат самозаштитните активности на населението; учествуваат во спроведување на заштита и спасување од поплави со силите за заштита и спасување, механизацијата и транспортните средства по делници, односно сектори; во зависност од водостојот во водотекот, акумулацијата или езерото, односно количината на вода што може да се излие надвор од коритата, односно од одбранбените линии, се преземаат активности и мерки за спроведување на заштитата и спасувањето од поплави и се евакуира населението и материјалните добра од загрозеното подрачје; во поплавените подрачја се обезбедува премин и превоз преку вода, спасување на загрозените луѓе на вода и под вода, црпење на водата од поплавените објекти и извлекување на загрозените и настраданите; се врши празнење или сопирање на испуштањето на вода од узводните хидроакумулации и активирање на други објекти и постројки предвидени да служат за заштита од поплави; обезбедување на персонални и матерјални ресурси; се преземаат и други активности и мерки за поуспешна заштита од поплави. Член 18 За време на опасност од рушење на брана се врши навремено известување и тревожење на населението во загрозеното подрачје, се спроведува евакуација на населението и материјалните добра на релативно побезбедни простори. б-3) Активности и мерки во отстранување на последиците Член 19 Во отстранувањето на последиците задолжените субјекти кои учествуваат во спроведување на заштита и спасување од поплави преземаат мерки и активности за санирање на состојбата и намалување на настанатите загуби и штети кај населението, санирање на оштетените делови на заштитните објекти и другите материјалните добра и животната средина. Член 20 Раководниот персонал во задолжените субјекти и командниот персонал на силите за заштита и спасување, врз основа на водената евиденција за спроведување на активностите за заштита и спасување од поплави најдоцна четири часа по завршувањето на активностите, го анализираат и изработуваат извештајот за своето учество во спроведување на заштитата и спасувањето од поплави. Извештајот за извршената анализа и евиденцијата за употребата на службите и силите за заштита и спасување во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и во отстранување на последиците од страна на раководниот персонал во задолжените субјекти се доставува до Дирекцијата за заштита и спасување најдоцна два дена по завршувањето на активностите. Службен весник на РМ, бр. 91 од 07.07.2010 година 6 од 6 IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 21 Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за спроведување на заштита и спасување од поплави ("Службен весник на Република Македонија" бр. 93/05). Член 22 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.51-2923/1 Заменик на претседателот 29 јуни 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р.

Decree implementing measures for protection and rescue from floods · Nelum