Decision determining the boundaries of the river basin areas
صدر في 2012-08-21 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Одлука за определување на границите на подрачјата на речните сливови.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Water
- الكلمات المفتاحية
- basin/catchment/watershed, classification/declassification, surface water, institution, inland waters, governance
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 1 од 9 20121072770 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 7, став (3) од Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09,83/10, 51/11 и 44/12), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 21.8.2012 година донесе ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА ПОДРАЧЈАТА НА РЕЧНИТЕ СЛИВОВИ Член 1 Со оваа одлука се определуваат границите на подрачјата на речните сливови и тоа на: 1. Сливот на реката Вардар (кој припаѓа на сливот на Егејското Море); 2. Сливот на реката Струмица (во кој прирпаѓаат сливовите на р.Дворишка, р.Лебница и р.Струмица кои се дел од сливот на р.Струма, кој припаѓа на сливот на Егејското Море); 3. Сливот на реката Црн Дрим, (кој е дел од сливот на р.Дрим, кој припаѓа на сливот на Јадранското Море), и 4. Сливот на реката Јужна Морава (во кој припаѓа сливот на р.Биначка Морава, кој заедно со р.Јужна Морава и р.Морава се дел од сливот на р.Дунав, кој припаѓа на сливот на Црното Море). Член 2 Границите на подрачјата на речните сливови спрема соседните држави на одредени делници ја преставуваат државната граница на Република Македонија. Член 3 Сливот на реката Вардар на север се протега до државната граница на Република Македонија со Република Косово и тоа во делот на Шар Планина, сливовите на реките Лепенец, Јужна Морава, потоа до државната граница меѓу Република Македонија и Република Србија во делот на реките Јужна Морава, Пчиња и Караманичка. На исток сливот на р.Вардар се протега до македонско-бугарската граница, сливот на р.Дворишка, сливот на р.Струмица, се до планината Беласица и Дојранското Езеро. На југ границата на сливот на р.Варадар ја прати македонско-грчката граница и то во делот кај гевгелиско, во делот на планините Кожуф и Ниџе се до Пелагонија и Баба Планина. Во делот кај Пелагонија природната граница на сливот на р.Вардар е пресечена со македонско-грчката граница. Од сливот на Преспанското Езеро кај Баба Планина, границата на сливот на р.Вардар продолжува на север, каде западни граници на сливот се сливовите на Преспанското и Охридското езеро и реките Црн Дрим и Радика, се до Шар Планина. Описот на границите на сливот на р.Вардар започнува од планината Враца, која е дел од Шар Планина. Оваа планина е предел каде се среќаваат сливовите на р.Вардар, р.Црн Дрим и р.Бел Дрим (Република Косово). Од тука сливот на Вардар ги прати сртовите на Шар Планина и тоа: Маја (2493), Вртоп (2555), Кобилица (2528), Црн Врв (2585), Бистра (2651). Кај врвот Бистра, сливот на р.Вардар се дели на слив на горен тек на р.Вардар и слив на р.Лепенец која припаѓа на сливот на р.Вардар, чиј горен дел се наоѓа на територија на Република Косово. Границата на сливот на горниот тек на р.Вардар продолжува по сртовите на Шар Планина и тоа: Куќиногледски Врв (2521) и Љуботен (2498). Од оваа точка, која е доопирна точка на сливовите на горен тек на р.Вардар и р.Лепенец, вододелницата поминува во близина на селото Јажинце и се спушта кон југоисток. На север од с.Радуша и Дервентската Клисура, македонско-косовската граница Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 2 од 9 го сече сливот на р.Вардар, поточно сливот на р.Лепенец се до преминот Блаце, продолжувајќи на север до границата меѓу сливовите на р.Вардар и р.Биначка Морава. Од овој дел на македонско-косовската граница, границата на сливот на р.Вардар се искачува кон врвовите на Скопска Црна Гора. Границата на сливот минува кај месноста Караула над сливот на р.Бањанска и продолжува на исток кон месноста Преслап (1296), се до Црковен Рид (1440), од каде оди кон врвот Кара Чука (1523), па се спушта до врвот Караула (1428), за повторно да се искачи до месноста Гороглед каде се составуваат деловите на четири речни слива на реките: р.Кучевишка, р.Брестјанска, р.Камена и р.Кључева. Река Кључева всушност претставува горен дел на сливот на р.Биначка. Од месноста Гороглед, границата на сливот на р.Вардар продолжува кон север-северозапад до врвот Просечник (1547), па Росен (1426), се до местото викано Абазова Куќарка. Од тука вододелницата продолжува на север-североисток по сртот на планината Копиљача чии врвови ги имаат следните коти: 1443, 1471, Кодра Фура (1492), 1465, 1224 се до врвот Моја со висина од 1256 м.н.м. Од тука границата на сливот на р.Вардар на север го сече локалниот пат кај месноста викана Караманови Ливади, до кота 1205, од каде оди на исток по планината Коларница и ги поминува врвовите со кота 1172, Љакине (1089), кота 1205 и се до кота 1011 кај Ветерник, до границата со Република Косово. Тука, во близина на месноста Белановце, мал дел од сливот на р.Вардар, поточно горниот тек на р.Белановска е пресечен со македонско-косовската граница. Од граничната точка меѓу, Република Македонија, Република Косово и Република Србија, сливот на р.Вардар, поточно сливот на р.Пчиња е пресечен со македонско-српската граница. Еден дел од горниот тек на сливот на р.Пчиња, р.Козјодолска во близина на спојот на р.Германска и р.Неравска како и р.Огут (р.Лесничка) имаат сливни површини кои се дел од територијата на Република Македонија. Во овој дел сливот на р.Вардар, поточно вододелницата меѓу р.Пчиња и Крива Река од Чупино Брдо (1703), оди према врвот Аниште (1786) и Голем Врв (1831), каде границите на сливот на р.Вардар се спојуваат со границите на сливот на р.Караманица која е дел од сливот на р.Струма. Во овој дел сливот на р.Вардар, поточно еден дел од горниот тек на р.Дубровничка (кај Голешко Поле) е пресечен со македонско српската граница се до тромеѓето меѓу Република Македонија, Република Србија и Република Бугарија. Од оваа точка границата на сливот на р.Вардар ја прати македонско бугарската граница и се спушта во правец на исток-југоисток до преминот Деве Баир (1162), од каде повторно се искачува на југоисток до врвот Руен (2252) на Осоговските Планини, така продолжувајќи во ист правец по сртовите на оваа планина ги поврзува врвовите: Ждропаница (1803), Кучевница (1747), Рајкиќ (1731), Шамска Чука (1674), Атанасица (1603), Сива Кобила (1602), Црвена Киселица (1141), Марин Камен (1043), Планиница (1179), се до Влаина Планина (кај Диздарица). Од врвот Диздарица (1138) вододелницата се спушта и го сече патниот правец Делчево-Благоевград (премин Делчево), при што продолжува во правец на југ и ги поврзува следните врвови на Пл.Влаина: Обел (1291), Град (982), Петровец (1146), Градска Могила (1202), Студена Вода (1117), Китка (1103), Хасан Паша (1164), Сараево (1223), Мехмедово Брдо (1336), Врапчик (1384), Тутуровица (1423), Рајковица (1357), Кадиица (1932), Ајдучки Рид (1615) и Џами Тепе (1803). Границата на сливот продолжува по сртот на Малешевските Планини. После врвот Небојша (1681), границата поминува покрај Ченгино Кале каде ја допира најисточната точка на сливот на р.Вардар (р.Брегалница), за да продолжи на југ југоисток кон Голо Брдо (1563) и Буква (1569). Границата на сливот поминува покрај местото викано Клепало се до кота 1366, од каде зазема правец кон запад до врвот Дивна (1374), за да продолжи во правец југ-југозапад се до кота 1356 над изворниот дел на Арамиски Андак. Оваа кота преставува граничник меѓу сливовите на р.Вардар и р.Дворишка кои се дел од територијата на Република Македонија и р.Кршлата која е дел од територијата на Република Бугарија. Од оваа кота границата на сливот на р.Вардар, Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 3 од 9 продолжува на запад кон Коловски Чукар (1358), Шуманова Ч. (1433), Бабин Чукар (1403), Два Гроба (1325), Пршкаров Чукар (1307), до месноста Бачијата (1205), за да продолжи кон Енеберица (1287), врвовите кај Џами Тепе со коти 1275 и 1384 и од Скриена Полена (1275), вододелницата на р.Вардар продолжи кон Демировец и врвот Губеник (1288), а потоа да продолжи во правец северозапад кон Петлец (1352) и Џизолџе (1369), Каменица (1319), Касаплија (1256) и во близина на врвот Близнаков Чукар вододелницата да продолжи на запад кон врвот Чунговец. Од Чунговец границата на сливот на р.Вардар од Малешевските Планини преминува на планината Плачковица каде ги спојува врвовите: Бела Врба (1223), Грошец (1329), Паруца (1366), (1389), (1345), Чакурец (1438), Обаите (1423), Кара Тепе (1626), се до врвот Момин Преслап (1514), за под врвот Бел Камен (1705), границата на сливот да продолжи кон југ и кота 1577, се до врвот Јаскам (1427), од каде го менува правецот кон југозапад и оди до врвот Чадариште (1464), Картал (1462), Џумаја (1492), па покрај Влашки Гроб до Мамутица (1605), Тикен Чука (1327), Јурто (1306) каде покрај Мичачки Рид поминува на кота 1224 и продолжува до Јајла (1137), Јурт Баир (974), низ месност Супурге (821), па месност Прналија (700) и Ризван (662), Манделек (518), Мочур (480), каде во близина го сече патниот правец Штип Радовиш. Границата на сливот се искачува до Попова Шапка кај рудникот Дамјан, за да продолжи на југоисток кон Самарџица (733), па покрај с.Погулево, Смилевски Скали (554), до над Ињево кота 551, Широк Дол (566), па над Дедино до кота 724, Копита (845), Смрдешник (833), кота 830 над Бачилиште, а кај Билото да се спушти на југ кон Краста (951). Вододелницата одејќи покрај с.Липовик, доаѓа на кота 656 кај Кутла за да покрај Фирадинова Чешма (575), премине од Смрдеш на Градешка Планина на кота 886 кај Горни Адер, и на југ кон Саланџак со врвовите на кота 840 и 822, па Рушитова Брада (821), Веселинова Чука (792) и врвовите на Плавуш Планина Крташ (768) и Кара тепе (996), се до Пурнар Баши (836), Курбан Бурун (741) и од Адбасти (665), границата на сливот да премине на исток кон Милкин Рид, Бабалино (576), се до кота (497) и Голаш (616), каде продолжува и се спушта во близина на Костурино, каде го сече патниот правец Валандово-Костурино, за да продолжи кон планината Беласица до границата со Република Грција. Во овој дел на сливот, македонско-грчката граница го сече сливот на р.Вардар и сливот на Дојранското Езеро, спуштајќи се од планината Беласица на југ кон Дојранското Езеро, за потоа да се искачи кон врвот на Планината Даб, каде македонско-грчката граница продолжува да го сече сливот на р.Вардар и тоа до ридчето Бос Тепе (192), Друбарица (186), па одејќи на запад, после Страпчиња (мал дел од локалниот слив е пресечен со државнат граница), вододелницата продолжува и го сече патот кај граничниот премин Богородоца, а од тука се спушта до левиот брег на р.Вардар, каде ја допира најниската точка на сливот со висина од 45 м.н.м. На десниот брег, границата на сливот на р.Вардар поминува покрај Гевгелија и се искачува на кота 159 и 188 кај Чучулен. Тука сливот на р.Вардар, поточно сливот на р.Љубница е пресечен од граничната линија со РГ, која оди паралелно со самиот слив на р.Љубница. Границата на сливот на р.Вардар продолжува на кота 279 покрај Чучулен, па кота 375 и 411, по која скршнува на север до Мал Крш кој се наоѓа до самата линија на државната граница и продолжува кон Јака (651), Мала Јака (666), котите 776, 957, од каде се спушта на југ до кота 1032, за повторно кај Брезник (1014) да продолжи на север се до Хума, од каде во правец на запад со мали отстапки ја следи македонско-грчката граница по сртовите на планините Кожуф и Ниџе. На Кожуф Планина ги спојува котите со висина 1088, 1515, 2004, 1904, 2012 до Зеленбек (2165), 1876, врвот Порта (2097) (на територија на МК), Шаренка (1873), Дудица (2132), Дудички Колиби (1747) (МК), Коњска Глава (1836), Орлов Вис (1665), Коприва (1638), Блатец, Стена (1561), Прашник (1595). Кај превојот Пулевец (1165) границата на сливот на р.Вардар преминува на Ниџе Планина со врвовите: Мал Козјак (1777), Голем Козјак (1814), Добро Поле (1813), Бела Земја (1877), Сокол (1822), Ниџе (2361), Кајмакчалан Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 4 од 9 (2520). Кајмакчалан е гранична точка на три локални слива и тоа р.Коњарка (МК), горниот тек на р.Елешка (ГР) и Белица (ГР). Границата меѓу сливовите на р.Коњарка и горен тек на р.Елешка, кои се дел од сливот на р.Вардар, продолжува кон Старков Гроб (1876), Шипково (1610), Тумбата (1251), Рогош (1353), Прлиќ (1143), Рашков Рид (759), пратејќи ја македонско-грчката граница покрај с.Кралеви Штали, која во овој дел го дели сливот на р.Елешка на слив на р.Елешка пред влив во р.Црна (МК) и р.Елешка возводен дел од граница со Република Грција (ГР). Линијата на така поделениот слив се спушта до десниот брег на р.Елешка (583), за да од левиот брег на реката продолжи до кота 586 и Ајдар Гали (603) (МК). Во овој дел на сливот на р.Вардар, се среќаваат води кои припаѓаат на сливовите на р.Кременичка, р.Граешка дел од сливот на р.Црна чии сливови се пресечени со македонско-грчката граница, која поминува покрај Лажец во правец кон Баба Планина на запад, поминувајќи ги котите 1293 и 1354 во близина на Преслап делејќи го горниот слив на р.Граешичка на два дела, од каде продолжува до кота 2140 кај Крив Камен за да од Бојаџиев Врв (2329) ја напушта македонско-грчката граница и продолжи во северен правец по сртот на Баба Планина поврзувајќи ги врвовите Шкамби и Рофес (2196), Лош Камен (2081), Муса (2350), Ветерница 2420, Партизански Врв (2349), Широко Стопало (2415), Два Гроба (2124), Голема Чука (2179), Мала Чука (2009), Кодра (1739), Вртешка (2010), за преку кота 1500 границата на сливот на р.Вардар (р.Црна Река), преку превојот Ѓавато (1167), да премине од Баба Планина на планината Бигла со врвовите Кале (1569) и Голем Камен (1656). Од тука вододелницата продолжува кон Карагучица (1573), Мечкин Камен (1565) до Плакенска Планина со врвовите Црн Врв (1921), Сталев Камен (1998), Дамов Гроб (1962), Грамада (1879), Гроб (1897), Камче (1902), Вршнико (1918), Стража (1842), па продолжува на Илинска Планина со врвовите Св.Илија (1544), Иглар (1684), Лиска (1908), Ветерник (1902) Стирни Камен (1898), Магарево (1702), Старцине (1576), Чукар (1554), Рамнигос (1431), Мрамор (1244), Бели Камен (1361), Караџица (1345), Прута (1349), Горна Кривача (1313), Задел (1221), Мијалечка Краста (1298), Дупчишта, Гола Краста (1465), Облец (1251), се до превојот Пресека (1082), каде се двојат сливовите на р. Сатеска (притока на р.Црн Дрим) и р.Треска (притока на р.Вардар). Границата продолжува на запад кон Брдо (1312), Стапичарник (1287), Мирослаица (1459), кон Планината Стогово и врвовите Фурка (1819) и Еџупски Гробишта (2001), од каде продолжува на североисток до Болници (1692), Црн Камен (1692), Тодоровачка Краста (1658), Јама (1507), каде го сече планинскиот пат Кичево-Дебар, од каде продолжува кон Барбара со кота (1652) до Чуловец (1713), па до кота 1832 и Думовица (2023 и 2042), врвови на планината Бистра. Од кота 2101 границата на сливот на р.Вардар продолжува на север до Пашница од каде врти кај кота 1964 на запад до Коњски Гроб, од каде продолжува на североисток кон Ахметовица (1901 и 1944), за да заврти на запад до Мал Шар, заобиколувајќи го Мавровското Езеро и кај Влаиница да дојде на кота 1304, каде во близина на Бунец го сече патниот правец Гостивар-Маврово и се искачува до кота 1713, Бунец (1595), се до Врбенска Планина и котите 1830, 1991, 2065, 2130, 2080, Лера (2194), Фудан Брдо (2086 и 2221). Од овие точки, границата на сливот на р.Вардар продолжува на североисток до кота 2141, 2100, 2230 и 2333 на запад кон Венец (2263), па на север кон Расанѓул (2386) и Црна Карпа (2376) се до планината Враца и понапред спомнатиот врв Голема Враца (2582). Член 4 Сливот на реката Струмица во кој припаѓаат сливовите на р.Дворишка, р.Лебница и р.Струмица се дел од сливот на р.Струма и на исток овој слив е пресечен со македонско бугарската граница. На север, северозапад и југ, овој слив граничи со сливот на р.Вардар. Описот на границите на сливот започнува на самата македонско-бугарска граница на кота 1356 над изворниот дел на Арамиски Андак, кај местото викано Плошица. Оваа кота Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 5 од 9 преставува граничник меѓу сливовите на р.Вардар и р.Дворишка кои се дел од територијата на Република Македонија и р.Кршлата која е дел од територијата на Република Бугарија. Од оваа кота границата на сливот на р.Дворишка, продолжува на запад кон Коловски Чукар (1358), Шуманова Ч. (1433), Бабин Чукар (1403), Два Гроба (1325), Пршкаров Чукар (1307), до месноста Бачијата (1205), за да продолжи кон Енеберица (1287) и врвовите кај Џами Тепе кои се всушност граничник меѓу три слива и тоа сливот на р.Дворишка, р.Струмица и р.Вардари. Вододелницата меѓу сливот на р.Вардар и р.Струмица, од Скриена Полена (1275), продолжува кон Демировец и врвот Губеник (1288), а потоа во правец северозапад кон Петлец (1352) и Џизолџе (1369), Каменица (1319), Касаплија (1256) и во близина на врвот Близнаков Чукар продолжува на запад кон врвот Чунговец. Од Чунговец границата на сливот на р.Струмица од Малешевските Планини преминува на планината Плачковица каде ги спојува врвовите: Бела Врба (1223), Грошец (1329), Паруца (1366), (1389), (1345), Чакурец (1438), Обаите (1423), Кара Тепе (1626), се до врвот Момин Преслап (1514), за под врвот Бел Камен (1705), границата на сливот да продолжи кон југ и кота 1577, се до врвот Јаскам (1427), од каде го менува правецот кон југозапад и оди до врвот Чадариште (1464), Картал (1462), Џумаја (1492), па покрај Влашки Гроб до Мамутица (1605), Тикен Чука (1327), Јурто (1306) каде покрај Мичачки Рид поминува на кота 1224 и продолжува до Јајла (1137), Јурт Баир (974), низ месност Супурге (821), па месност Прналија (700) и Ризван (662), Манделек (518), Мочур (480), каде во близина го сече патниот правец Штип-Радовиш. Границата на сливот се искачува до Попова Шапка кај рудникот Дамјан, за да продолжи на југоисток кон Самарџица (733), па покрај с.Погулево, Смилевски Скали (554), до над Ињево кота 551, Широк Дол (566), па над Дедино до кота 724, Копита (845), Смрдешник (833), кота 830 над Бачилиште, а кај Билото да се спушти на југ кон Краста (951). Вододелницата одејќи покрај с.Липовик, доаѓа на кота 656 кај Кутла за да покрај Фирадинова Чешма (575), премине од Смрдеш на Градешка Планина на кота 886 кај Горни Адер и на југ кон Саланџак со врвовите на кота 840 и 822, па Рушитова Брада (821), Веселинова Чука (792) и врвовите на Плавуш Планина Крташ (768) и Кара Тепе (996), се до Пурнар Баши (836), Курбан Бурун (741) и од Адбасти (665), границата на сливот да премине на исток кон Милкин Рид, Бабалино (576), се до кота (497) и Голаш (616), каде продолжува и се спушта во близина на Костурино, каде го сече патниот правец Валандово-Костурино, за да продолжи кон планината Беласица до границата со Република Грција на кота 1477. Од оваа кота, границата на сливот оди генерално на исток и во главно ја прати македонско-грчката граница, при што ги спојува врвовите на Пл.Беласица со коти: 1378, 1517, 1557, 1378, Висок Врв (1643), Висока Чука (1845), 1876, Самар (1869), до врвот Тумба (1881), која претставува тромеѓе меѓу Република Македонија, Република Грција и Република Бугарија. Од оваа кота, границата на сливот оди на североисток и ја прати македонско-бугарската гранична линија, при што самата државна граница сече дел од сливот на р.Струмица и тоа кај Караула Равниште, за повторно да се искачи до кота 1100, од каде зазема правец кон север и се спушта кон десниот брег на р.Струмица. Границата на сливот од левиот брег на реката, источно од с.Ново Коњарево, го сече патниот правец Струмица-Петрич кај граничниот премин Царинарница и продолжува кон север до кота 501, 654, Атанасова Тумба (1019), кота 1264, се до Хаџиица (1474), каде сливот на р.Струмица се спојува со сливот на р.Лебница, па сливот на р.Лебница продолжува кон Калуѓерот со коти 1295 и 1219, се до коритото на р.Лебница, од каде вододелницата ја прати повторно македонско-бугарската граница, одејќи до Балтак (1274) кој е граничник меѓу сливовите на р.Лебница и р.Дворишка. Од тука сливот на р.Дворишка оди по сртовите на планината Огражден и тоа на кота 1082, Дршански чукар (1077) и се спушта до коритото на р.Дворишка, за повторно да се искачи пратејќи ја Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 6 од 9 македонско-бугарската граница, до кота 1123, 1176, 1218, Гробишки Чукар (1297), за да дојде повторно до кота 1356 кај местото викано Плошица. Член 5 Сливот на реката Црн Дрим е дел од сливот на р.Дрим, чија сливна површина припаѓа на Јадранското Море. Сливот на р.Црн Дрим на исток се протега до сливот на р.Вардар, на југ до македонско-грчката и македонско-албанската граница. На запад се протега до македонско-албанската граница, а на север до македонско-косовската граница. Во сливот на Црн Дрим во јужниот дел, со свои сливни површини се вклучени езерата Преспанско и Охридско, а на север со своја сливна површина е вклучена и р.Радика. Описот на границата на сливот на р.Црн Дрим започнува од Бојаџиев Врв (2329), каде сливот на Преспанското Езеро (р.Црн Дрим) граничи со сливот на р.Црна (р.Вардар) од каде напуштајќи ја македонско-грчката граница продолжува на север по сртот на Баба Планина, поврзувајќи ги врвовите Шкамби и Рофес (2196), Лош Камен (2081), Муса (2350), Ветерница 2420, Партизански Врв (2349), Широко Стопало (2415), Два Гроба (2124), Голема Чука (2179), Мала Чука (2009), Кодра (1739), Вртешка (2010), за преку кота 1500, границата на сливот на Преспанско Езеро (р.Црн Дрим), преку превојот Ѓавато (1167), да премине од Баба Планина на планината Бигла со врвовите Кале (1569) и Голем Камен (1656). Од тука вододелницата продолжува кон Карагучица (1573), Мечкин Камен (1565) до Плакенска Планина со врвовите Црн Врв (1921), Сталев Камен (1998), Дамов Гроб (1962), Грамада (1879), Гроб (1897), Камче (1902), Вршнико (1918), Стража (1842), па продолжува на Илинска Планина со врвовите Св.Илија (1544), Иглар (1684), Лиска (1908), Ветерник (1902), Стирни Камен (1898), Магарево (1702), Старцине (1576), Чукар (1554), Рамнигос (1431), Мрамор (1244), Бели Камен (1361), Караџица (1345), Прута (1349), Горна Кривача (1313), Задел (1221), Мијалечка Краста (1298), Дупчишта, Гола Краста (1465), Облец (1251), се до превојот Пресека (1082), каде се двојат сливовите на р. Сатеска (притока на р.Црн Дрим) и р.Треска (притока на р.Вардар). Границата продолжува на запад кон Брдо (1312), Стапичарник (1287), Мирослаица (1459), кон Планината Стогово и врвовите Фурка (1819) и Еџупски Гробишта (2001), од каде продолжува на североисток до Болници (1692), Црн Камен (1692), Тодоровачка Краста (1658), Јама (1507), каде го сече планинскиот пат Кичево-Дебар, од каде продолжува кон Барбара со кота (1652) до Чуловец (1713), па до кота 1832 и Думовица (2023 и 2042), врвови на планината Бистра. Од кота 2101 границата на сливот на р.Црн Дрим продолжува на север до Пашница од каде врти кај кота 1964 на запад до Коњски Гроб, од каде продолжува на североисток кон Ахметовица (1901 и 1944), за да заврти на запад до Мал Шар, заобиколувајќи го Мавровското Езеро и кај Влаиница да дојде на кота 1304, каде во близина на Бунец го сече патниот правец Гостивар-Маврово и се искачува до кота 1713, Бунец (1595), се до Врбенска Планина и котите 1830, 1991, 2065, 2130, 2080, Лера (2194), Фудан Брдо (2086 и 2221). Од овие точки, вододелницата меѓу сливовите на р.Црн Дрим и р.Вардар продолжува на североисток до кота 2141, 2100, 2230 и 2333 на запад кон Венец (2263), па на север кон Расанѓул (2386) и Црна Карпа (2376) се до планината Враца од каде продолжува на запад до планината Кораб со кота 2105 и врвот Капи Џамија (2118), од каде границата на сливот оди на југ и главно ја прати македонско-албанската граница до Корабска Врата (2064), Црна Чука (2572) и Голем Кораб (2764), кој е најголем врв во сливот на р.Радика (р.Црн Дрим). Сливот на р.Радика (р.Црн Дрим), од другата страна на Кораб Планина граничи со сливот на долниот тек на р.Црн Дрим, чија сливн површина се наоѓа на територијата на Р.Албанија. Од највисокиот врв Голем Кораб, границата на сливот продолжува кон југ и ги спојува врвовите Кепи Бард (2683), Боази (2495), Цигански Премин (2398), кота 2403, Дерза (2403), Шупла Карпа (2431), Плоча (2233), за преку Високо Брдо (2245) да премине на планината Дешат со врвовите на кота Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 7 од 9 2045, 2037 и 2050, па врвот Веливар (2373), Св.Недела (2078), кота 2141 и преку кота 2177 да премине на Крчин Планина со врвот Голем Крчин (2341), за да продолжи на кота 2174 и да се спушти на југозад преку кота 686 до десниот брег на р.Црн Дрим. Сливот на р.Црн Дрим од левиот брег на реката, е пресечен со албанско-македонската граница во делот кај р.Мирошница. Сливот на Црн Дрим е одвоен со сливот на р.Мирошница со ридестиот предел наречен Врабич се до врвот Коста Корија (772), од каде сливот на р.Црн Дрим е пратен со македонско-албанската граница, која поторно го сече сливот во делот источно од Голема Краста, па потоа го сече сливот на р.Требишка, се до кота 1027, од каде границата на сливот на р.Црн Дрим продолжува на југ до врвот Главје (1258) (МК), од каде по ивиците на сливот на р.Дреночка оди до врвот Ветерник (1441), од каде границата на сливот на р.Црн Дрим продолжува до котите 1348, 1402, 1710, 1979 кај Радуч. Вододелницата во овој дел на сливот врти околу сливот на р.Лакајчка по врвовите со котите 1646, 1536, Три Буки (1580), се до Сув Трап (1540) на Пл.Јакупица со врвовите 1939, Камењар (2055), 2120, 2185, 2148, пратена со македонско-албанската граница до Црн Камен (2257), 1955, Чумин Врв (2125) (МК), Мало Седло (2029), Кокало (1919), Мал Кокал 1872, Беличко Брдо, Мечкина Дупка, Краста Брдо, (1641), се до кота 1231 од каде на исток границата го сече сливот на Охридското Езеро (р.Црн Дрим), кај кота 1040 по што се спушта до брегот на самото езеро, од каде македонско-албанската граница го сече езерото во правец исток, па југоисток се до извориштето на р.Црн Дрим кај Св.Наум. Сливот на езерото и тука е пресечено со македонск-албанската граница која се искачува до кота 2265 и 2073 врвови на Пл.Галичица која ги двои сливовите на Охридското и Преспанскот Езеро, а самата гранична линија која ги дели локалните сливови, се спушта до езерото Преспа и поминува преку него во близина на островот голем Град (МК) каде е и тромеѓето меѓу Република Македонија, Република Албанија и Република Грција, за да од брегот на езерото покрај Маркова Нога продолжи да се искачува кон врвовите на Баба Планина и тоа: Фасов Рид (1261), 1609, Црвени Стени (1949), Цуце (2120), и Балтан (2117) се до Бојаџиев Врв (2329) порано спомнат на спојот со сливовите на р.Црн Дрим и р.Црна. Член 6 Сливот на реката Јужна Морава во кој припаѓа сливот на р.Биничка Морава кој заедно со р.Морава се дел од сливот на р.Дунав, чиј слив припаѓа на сливот на Црното Море. Сливот на реката Јужна Морава го опфаќа горниот слив на р.Биначка Морава, кој е распослан на територијата на Република Македонија на север е пресечен со граничната линија меѓу Република Македонија и Република Косово. Границите на сливот на р.Биначка Морава (р.Јужна Морава), на територијата на Република Македонија граничи со сливот на р.Вардар. Описот на на границата на сливот на р.Биначка Морава започнува од државната граница меѓу Република Македонија и Република Косово, од каде се искачува кон врвовите на Скопска Црна Гора. Границата на сливот минува кај месноста Караула над сливот на р.Бањанска и продолжува на исток кон месноста Преслап (1296), се до Црковен Рид (1440), од каде оди кон врвот Кара Чука (1523), па се спушта до врвот Караула (1428), за повторно да се искачи до месноста Гороглед каде се составуваат деловите на четири речни слива на реките: р.Кучевишка, р.Брестјанска, р.Камена и р.Кључева. Река Кључева всушност претставува горен дел на сливот на р.Биначка. Од месноста Гороглед, сливот на р.Биначка Морава продолжува кон север-северозапад до врвот Просечник (1547), па Росен (1426), се до местото викано Абазова Куќарка. Од тука сливот продолжува на север североисток по сртот на планината Копиљача чии врвови ги имаат следните коти: 1443, 1471, Кодра Фура (1492), 1465, 1224 се до врвот Моја со висина од 1256 м.н.м. Од тука границата на сливот на р.Биначка Морава на север го сече локалниот пат кај месноста викана Караманови Ливади, до кота 1205, од каде оди на исток по планината Коларница и Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 8 од 9 ги поминува врвовите со кота 1172, Љакине (1089), кота 1205 и се до кота 1011 кај Ветерник, до границата со Република Косово. Во продолжение кон исток, уште еден дел од горниот слив на р.Јужна Морава, т.е. р.Карадак е дел од територијата на Република Македонија, поточно изворниот дел на р.Црвена Вода, која се наоѓа во близина на месноста Белановце. На исток, во близина на граничникот меѓу Република Македонија, Република Косово и Република Србија, уште еден мал дел од сливот на Јужна Морава припаѓа на Република Македонија. Член 7 Картографскиот приказ на границите на подрачјата на речните сливови од член (1) на оваа одлука е даден во Прилог кој е составен дел на оваа одлука. Член 8 Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 41-6099/1 Заменик на претседателот 21 август 2012 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р. Службен весник на РМ, бр. 107 од 27.8.2012 година 9 од 9